Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

МВР

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-22-9750PM

62-годишен маж прегазил малолетник и 42-годишен маж

На 30.08.2024 околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип- Кочани, на влез во с.Чардаклија, штипско, патничко возило „даеву матиз“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(62), удрило во пешаците Б.Т.(42) и еден малолетник, сите од с.Чардаклија.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, додека со телесни повреди се здобила Б.Т., констатирани во Клиничка болница во Штип.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.

Македонија | пред 1 година

IMG_5168

Загина 46-годишен мотоциклист од село Банско

На 30.08.2024 во 21.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавенно дека на регионален пат Р1402, на делница од с.Габрово до с.Банско, струмичко, се случила сообракајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.К.(42) од село Баница и мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од М.Н.(46) од село Банско.Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Струмица.

Македонија | пред 1 година

IMG_4969

Приведен маж од гостиварско, предизвикал пожар

На 29.08.2024 во 14.00 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Б. (55) од с. Градец, гостиварско, поради сомнение дека на гробиштата во селото Градец предизвикал пожар со палење на сува трева.По целосно расчистување на случајот, против С.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Прегазена 78-годишна жена во Тетово

На 29.08.2024 во 18.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Тетово патничко возило „џип“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(28) од Тетово удрило во М.Г.(78) од Тетово.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г., констатирани во Клиничката болница Тетово.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-34-6630PM

49-годишен маж од кумановски со тешки повреди: Со возилото излетал од патот, удрил во бетонска ограда и паркирано возило

На 29.08.2024 во 21.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„1“ во с.Долно Којнаре,кумановско, патничко возило „хјундаи“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.М.(49) од с.Лопате, кумановско, излетало надвор од коловозот и удрило во бетонска ограда и паркирано патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово

Македонија | пред 1 година

IMG_6295

60 санкционирани возачи на мотоцикли во Скопје за еден ден

Во текот на вчерашниот ден (29.08.2024) од страна на Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување во соработка со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 19.00 до 00.00 часот, во рамките на планот за зголемено присуство на полицијата и зголемување на безбедноста во градот Скопје, беше реализирана зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.Во акцијата беа контролирани повеќе од 90 мотоцикли и мотори, а санкционирани се 60 возачи. Од нив, 28 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 10 возачи возеле без возачка дозвола, 12 возачи имале несоодветна категорија, пет мотоцикли не биле регистрирани, едно патничко возило било задржано поради сомнение за техничка неисправност и предизвикување голема бучава.Акциските контроли во рамките на оперативната акција ќе продолжат и во идниот период со засилен интензитет. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Се судриле „пежо“ и „фолксваген транспортер“, двајцата возачи со тешки повреди

На 28.08.2024 во 17.15 часот во Полициската станица Струга, било пријавено дека на локалниот пат с.Мороишта кон с.Волино, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(69) од с.Требеништа, охридско и патничко возило „фолксваген транспортер“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Џ.М.(37) од с.Могорче, дебарско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобил сопатникот Г.М.(50) од с.Требеништа, охридско, констатирани во Медицинскиот центар Струга и Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.

Македонија | пред 1 година

IMG_5168

Мотоциклист прегазил 58-годишен пешак од Велес

На 29.08.2024 во СВР Велес било пријавено дека околу 04.55 часот на улица ,,Андон Шурков" во Велес, мотоцикл ,,пијаџо беверли" со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.И.(24) од Велес, удрил во пешакот Т.А.П (58) од Велес.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во болницата во Велес.По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-21-1720PM

Несреќа во Струмица: Три лица со тешки повреди однесени во болница

На 28.08.2024 во 12.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во Струмица, на крстосница од ул. „Агро берза“ и локален пат за село Просениково, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тико“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.И.(42) од Штип, и патничко возило „дфск“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.С.(21) од село Просениково, струмичко.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките во возилото „тико“ Б.И.(44), Р.И.(73) и М.И.(23), сите од Штип.Повредите биле констатирани од страна на лекар од Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Македонија | пред 1 година

IMG_6302

(Видео) На Граничниот премин Богородица приведен 38-годишен маж од Босна и Херцеговина: Пронајдени 15 мигранти од Кина

Hа 28.08.2024 во 22.45 часот на Граничниот премин Богородица, на излез од државата, полициски службеници од РЦГР Југ го лишија од слобода М.А.(38) од Босна и Херцеговина, кој управувал товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со босански национални ознаки, затоа што при извршена проверка, во полуприколката биле пронајдени 15 мигранти од Кина, од кои едно е малолетно лице.Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“ по чл. 418-б ст.4, а во врска со ст.2 од КЗ, против М.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија.

Македонија | пред 1 година

IMG_6296

56 санкционирани возачи на мотоцикли во Скопје за еден ден

Во текот на вчерашниот ден (28.08.2024) од страна на Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување во соработка со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 19.00 до 00.00 часот, во рамките на планот за зголемено присуство на полицијата и зголемување на безбедноста во градот Скопје, беше реализирана зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.Во акцијата беа контролирани повеќе од 115 мотоцикли и мотори, а санкционирани се 56 возачи. Од нив, 17 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, девет возачи возеле без возачка дозвола, 11 возачи имале несоодветна категорија, четири мотоцикли не биле регистрирани, три возачи не носеле со себе сообраќајна дозвола, еден возач бил под дејство на алкохол, еден не застанал на даден знак СТОП.Акциските контроли во рамките на оперативната акција ќе продолжат и во идниот период со засилен интензитет. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни патишта.

Скопје | пред 1 година

20211127082647

Ново пукање вечерва: таргет било младо лице од Арачиново кое е во болница

Пукање во Арачиново, еден повреден. Ова е епилогот од вооружената пресметка во Скопје, вечерва. Таргет бил 24-годишен жител на општината.“Денеска (28.08.2024) околу 21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Арачиново било пукано кон А.И. (24) од с.Арачиново, кој се здобил со повреди и е пренесен во комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување помош”, велат од МВР за “Скопје1”Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-07-8240PM

Приведен маж од струшко поради предизвикување пожар

На 27.08.2024 во 17.40 часот на локалниот пат с.Велешта кон с.Октиси, полициски службеници од Полициското одделение Велешта при ОВР Струга, го лишиле од слобода М.В.(38) од с.Велешта, струшко поради тоа што во атарот на селото предизвикал пожар.Од страна на Територијалната противпожарна единица Струга пожарот бил изгаснат.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-52-3040PM

(Видео) Низ Скопје, полиција на „секој чекор“, Тошковски: Лично ја иницирав акцијава

,,63 санкционирани возачи на мотоцикли во Скопје за еден ден, ja враќаме безбедноста на улиците.Во последниот период, до Министерството за внатрешни работи пристигнаа многу поплаки од граѓаните за несовесно и агресивно возење, особено на возачи на мотоцикли во централното градско подрачје на Скопје. Исто така и самиот сум бил сведок на такво непримерно однесување кое ги нарушува јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните.Поради овие причини, лично иницирав спроведување на акциска контрола, насочена кон санкционирање на овие прекршоци и враќање на безбедноста на нашите улици.Во тој контекст во текот на вчерашниот ден (27.08.2024) од страна на Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување во соработка со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 19.00 до 00.00 часот, во рамките на планот за зголемено присуство на полицијата и зголемување на безбедноста во градот Скопје, беше реализирана зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. Во акцијата беа контролирани повеќе од 130 мотоцикли и мотори, а санкционирани се 63 возачи. Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, шест возачи возеле без возачка дозвола, 12 возачи имале несоодветна категорија, два мотоцикли не биле регистрирани и еден возач поминал на црвено светло. Акциските контроли во рамките на оперативната акција ќе продолжат и во идниот период со засилен интензитет.Статистиките на жртви во сообраќајот покажуваат дека во Македонија има повеќе жртви споредено со земјите од ЕУ и МВР презема мерки, во склоп на своите надлежности, тоа да се промени. Во текот на минатата 2023 година имало 127 жртви во сообраќајни незгоди на територијата на цела држава, од кои 39 се во Скопје. За првите шест месеци од оваа година пак, има 57 жртви, од кои 14 се во Скопје.Министерството за внатрешни работи почнува бескомпромисна борба против сите видови криминал и нарушувања на јавниот ред и мир. Никој нема право да го нарушува мирот и спокојот на граѓаните како во Скопје, така и во целата држава, без разлика дали се работи за криминална нарко банда или несовесен возач на мотор кој го нарушува мирот и безбедноста на булеварот „Партизански одреди“. Законот мора и ќе важи за сите и секој што го крши, ќе биде казнет.", напиша министерот за внатреши работи, Панче Тошковски.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-07-16-at-19.16.33

Прилепчанец предизвикал пожар: Во метални буриња запалил предмети и ѓубре

На 27.08.2024 во 11.35 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода П.П.(77) од Прилеп поради тоа што предизвикал пожар. Околу 11 часот било пријавено дека настанал пожар на површина од околу 300 метри квадратни во близина на Прилеп, откако претходно П.П. во двор од својата викендица во две метални буриња запалил непотребни предмети и ѓубре, но огнот се проширил наоколу.Пожарот е локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.По документирање на настанот, против сторителот ќе следува кривична пријава.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-39-4140PM

Несреќа во Тетово: Се судриле мотоцикл и камиом, мотоциклистот со тешки повреди однесен во болница

На 27.08.2024 во 15.35 часот во СВР Тетово, било пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно возило „ман“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(44) од с.Ларце, тетовско, мотоцикл управуван од Р.И.(64) од Тетово и патничко возило „форд фокус“ со тетовски регистарски ознаки, паркирано од Н.М.(57) од Тетово.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Тетово.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.

Македонија | пред 1 година

IMG_6256

Потпишан договор за соработка помеѓу МВР и Управата за финансиска полиција за електронска размена на податоци преку Платформата за интероперабилност

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (27.08.2024) оствари работна средба со директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски. На средбата беше потпишан договор за соработка и давање на податоци во електронска форма преку Националната платформа за интероперабилност, со што соработката на овие две институции во борбата со организираниот криминал, перењето пари и сите други надлежности кои заеднички ги имаат ќе биде многу побрза и поефикасна.„Со потпишување на овој договор ќе овозможиме целиот процес на размена на документи во истраги и друг вид на соработки да се води преку Платформата на интероперабилност, наместо со физичка размена како што беше до сега. Министерството за внатрешни работи ја препознава потребата од водење на финансиските истраги паралелно со истрагите за организиран криминал и во таа насока градење на ефикасен систем кој ќе обезбеди конкретни резултати“, потенцираше министерот Тошковски.Во Министерството за внатрешни работи, поточно во рамките на Одделот за криминалистичка полиција и во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал веќе успешно функционираат организациони единици во чија надлежност меѓу другото се и финансиските истраги.„Со овој меморандум се овозможува побрза и поефикасна меѓуинституционална соработка која е потребна за постапките кои се водат преку управата за финансиска полиција и министерството за внатрешни работи, како и олеснување на процесот на пристап до базите на податоци. Сметам дека овој меморандум е само почеток на успешната соработка помеѓу двете наши институции.”, истакна директорот Ивановски, по денешната средба.

Македонија | пред 1 година

IMG_4639

Претреси низ Скопје: Приведени пет лица, најмладиот 20-годишен

На 26.08.2024 во 20.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.На 26.08.2024 во 19.10 часот во с.Сопиште, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(25) од Берово, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.На 26.08.2024 во 12.20 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ц.(41) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.На 26.08.2024 во 21.20 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Т.(29) од с.Шишево, скопско, и Д.С.(23) од с.Орман, скопско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

42640656_562758944144168_2859654620848848896_n

Малолетен велосипедист со тешки повреди: Автомобил удрил во него и избегал од местото на надтанот

На 26.08.2024 во 15.35 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на бул.„Ослободување“ во Кичево, патничко возило удрило во велосипед управуван од малолетник од Кичево, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

policija-policaec-35

Санкции за превозно претпријатие поради неправилности при вршење јавен превоз со автобус

На 26.08.2024 во 21.00 часот на наплатната рампа Романовце, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на автобус со струшки регистарски ознаки, сопственост на превозно претпријатие од струшко Велешта, а управуван од А.Д.(54) од Куманово.При контролата било утврдено дека возачката картичка вметната во тахографот не е во сопственост на возачот кој го управувал автобусот.За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрече глоби за возачот, правното лице и управителот на правното лице по член 23 став 5, а казниво по член 55 став 1 и член 60 став 1 од Законот за работното време на мобилните работници со патниот сообраќај и уредите за запишување во висина од 7.500 евра.Исто така, одземена е и возачката картичка.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-52-3040PM

Возач од скопско вршел јавен превоз без лиценца, без возачка дозвола

Денеска (26.08.2024) околу 12.25 часот во с.Кучевиште, општина Чучер Сандево, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(33) од с.Сингелиќ, скопско. При контролата било утврдено дека возилото не поседува лиценца за јавен превоз и дека му е истечена важноста на тахографскиот уред, пак возачот не поседувал возачка дозвола.На возачот му е издаден записник за констатиран прекршок по член .225 став 9 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а од Државниот инспекторат за транспорт дополнително ќе му биде изречена глоба за истечена важност на тахографскиот уред и непоседување лиценца.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Пронајдена дрога кај шест лица во Скопје, еден од нив малолетен

Денеска (26.08.2024) во 00.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.П.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 25.08.2024 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Н.(31) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 25.08.2024 во 08.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.А.(20) од Косово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 25.08.2024 во 20.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.С.(46) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 25.08.2024 во 13.55 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и боксирач. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 25.08.2024 во 12.50 часот во с.Глумово, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.А.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Пет лица повредени откако со возилото излетале од патот

На 25.08.2024 во 19.00 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Подмољје - Струга, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(36) од с.Батинци, скопско, излетало надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Н.З.(27), малолетник и возачот, констатирани во Медицинскиот центар Струга.Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

36-годишен мотоциклист излетал од патот, се здобил со тешки повреди

На 25.08.2024 во 22.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат кој води за с.Речица, кумановско, мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Ф.Н.(36) од Куманово, излетал надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-49-6440PM

Прегазен малолетен пешак, однесен во болнца со тешки повреди

На 24.08.2024 во 07.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„4“во с.Ржаничино, скопско, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.М.(31) од с.Петровец, удрило во малолетен пешак од с.Ржаничино.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања