Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Потпишан договор за соработка помеѓу МВР и Управата за финансиска полиција за електронска размена на податоци преку Платформата за интероперабилност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6256

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (27.08.2024) оствари работна средба со директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски. На средбата беше потпишан договор за соработка и давање на податоци во електронска форма преку Националната платформа за интероперабилност, со што соработката на овие две институции во борбата со организираниот криминал, перењето пари и сите други надлежности кои заеднички ги имаат ќе биде многу побрза и поефикасна.

— реклама —

„Со потпишување на овој договор ќе овозможиме целиот процес на размена на документи во истраги и друг вид на соработки да се води преку Платформата на интероперабилност, наместо со физичка размена како што беше до сега. Министерството за внатрешни работи ја препознава потребата од водење на финансиските истраги паралелно со истрагите за организиран криминал и во таа насока градење на ефикасен систем кој ќе обезбеди конкретни резултати“, потенцираше министерот Тошковски.

— реклама —

Во Министерството за внатрешни работи, поточно во рамките на Одделот за криминалистичка полиција и во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал веќе успешно функционираат организациони единици во чија надлежност меѓу другото се и финансиските истраги.

— реклама —

„Со овој меморандум се овозможува побрза и поефикасна меѓуинституционална соработка која е потребна за постапките кои се водат преку управата за финансиска полиција и министерството за внатрешни работи, како и олеснување на процесот на пристап до базите на податоци. Сметам дека овој меморандум е само почеток на успешната соработка помеѓу двете наши институции.”, истакна директорот Ивановски, по денешната средба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 4 часа

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 8 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 10 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања