Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

МВР

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Несреќа во Скопје: Се судриле автомобил и мопед, сопатничката на мопедот со тешки повреди

На 22.08.2024 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„2“ во населбата Илинден во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(47) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Ш.(43), двајцата од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од мопедот Е.Ш.(46) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот Е.Ш., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-19-8240PM

Се судриле „сеат леон“ и „ауди а 6“, двајцата возачи со тешки повреди

Денеска (23.08.2024) во 01.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип–Плачковица, кон с.Караорман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(68) и патничко возило „ауди а 6“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(27), двајцата од Штип.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „ауди“, В.Д.(24) од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

пред 1 година

IMG_4639

Претрес во Охрид: Приведен 53-годишен маж, пронајдена дрога

На 22.08.2024 во 19.20 часот во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од З.Р.(53) од Охрид. По преземени мерки и активности и добиена наредба од Основен суд Охрид, бил извршен претрес во неговиот угостителски објект во Охрид, при што била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.Подоцна, исто така со судска наредба, бил извршен претрес и во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и бела прашкаста материја.За настанот бил запознаен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

IMG_5168

31-годишен маж удрил во паркирано возило и камион: Повредени се четири лица од кои еден е малолетник

На 21.08.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1“ во с.Арачиново, скопско, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(31) од с.Орланци, скопско, удрило во паркирано патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, паркирано од Н.М.(50) од с.Арачиново и паркирано товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Ф.М.(37) од с.Арачиново.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“, З.К.(70), а со телесни повреди се здобиле уште двајца сопатници А.М.(35) и еден малолетник од истото возило, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Момче со возилото излетало од патот на Средно Водно, сопатничката со тешки повреди

На 21.08.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат кој води кон Средно Водно, патничко возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(23) од Скопје, излетало надвор од патот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Повредени три лица во сообраќајна несреќа во Дебар

На 21.08.2024 во 23.25 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека во близина на браната „Шпиље“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Е.П.(31) од Дебар и патничко возило „фолксваген голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.И.(24) од Дебар.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.И., а со телесни повреди се здобиле возачот Е.П. и неговата сопатничка Д.Д.(28), констатирани во Општата болница Дебар.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Дебар.

Македонија | пред 1 година

prilepski-kradec-ograbil-stan-vo-skopje-250484

Приведен крадец: Со употреба на сила и алат влегол во дом на 84-годишен велешанец

На 21.08.2024 во 20.00 часот, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Велес го лишиле од слобода Е.А.(33) од Велес. Тој се сомничи дека од со употреба на сила и алат влегол во домот на 84 - годишен велешанец и одзел предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Е.А. бил приведен во полициска станица.Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

655-402-zatvor

Криминалец од Тетово осуден на казна затвор од шест години

На 22.08.2024 во 01.10 часот на улица „107“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Б.(31) од с.Слатино, тетовско. Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторени кривични дела „тешка кражба“, „разбојништво“, „уцена“, „загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство“ и „загрозување на безбедноста во сообраќајот“, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од установата.Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа затвор Идризово за доиздржување на две години и шест месеци од казната.

Македонија | пред 1 година

Kradec

Приведени двајца разбојници од Тетово: Со огнено оружје им се заканувале на вработени во брза пошта

Во 20.45 часот на ул.„Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ш.(19) и Х.Ш.(22), двајцата од Тетово. Тие се сомничат дека околу 20.20 часот пред објект на приватна фирма - брза пошта во Тетово со закана со огнено оружје кон вработениот и уште едно лице, од возилото кое го товарале одзеле три коверти со пари и документи.При приведувањето кај Х.Ш. бил пронајден и одземен нож. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 година

mavrovka1111

Помагачот на убиецот на скопјанецот кај Мавровка сам се пријавил во станица - сега е во ПС Кисела Вода

Сам се пријавил во станица осомничениот помагач на убиецот на скопјанецот кај Мавровка на паркинг, дознава “Скопје1”. Според нашите извори, лицето е во полициската станица во Кисела Вода.Ова доаѓа откако убиецот беше спроведен во суд и му се одреди притвор. Во Шутка ќе остане 30-дена. Двете лица се роднини. Обвинителство сподели детали.

Скопје | пред 1 година

apsenje-ubistvo-mavrvoka

(Видео) Снимка од апсењето на убиецот на скопјанецот кај Мавровка: помагачот во бегство, третото лице ослободено

„СВР Скопје целосно ги расчисти кривичните дела „убиство" и „убиство во обид“, кои беа извршени на 20.08.2024 на паркинг просторот позади трговскиот центар Мавровка, каде што со употреба на огнено оружје беше убиен В.Е.(58) од Скопје и на ул.„Стојна Стефкова“, каде со пиштол беше пукано кон полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје“, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.Тој додава:„Имено, по преземени мерки и брза реакција на СВР Скопје, специјалните полициски сили, хеликоптери и дронови беше фатен и лишен од слобода сторителот на кривичните дела Е.К.(39) од Скопје.Веднаш потоа, од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје беа извршени увиди на местата, беа извршени разговори со сведоци како и претреси во домови на неколку локации, беа прегледани видео записи и беше извршена претрага на терен за обезбедување на материјални докази како што се возила, пиштол, чаури и други одземени предмети. Од страна на Одделот за форензички испитувања при МВР извршено е вештачење на чаури и пиштол со кое вештачење се поврзуваат двете кривични дела со сторителот Е.К.По обезбедување на целокупниот доказен материјал, Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, против Е.К. поднесе кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство” казниво по член 123 став 2 точка 4, кривично дело „убиство” во обид, казниво по член 123 во врска со член 19 и кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали” казниво по член 396 од Кривичниот законик.За второто лице кое беше лишено од слобода вчера до овој момент не е утврдена поврзаност со настанот и е ослободен, а се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање и на уште едно инволвирано лице за кое постои сомневање дека помагало во извршувањето на кривичното дело “Убиство““.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-52-5250PM

Тешко повреден малолетен мотоциклист: Возел без регистарски ознаки и направил сообраќајка

На 20.08.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Ристо Шуклев“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски таблици, управуван од малолетник од Гевгелија и патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки. управувано од З.К.(42) од с.Богородица, гевгелиско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Гевгелија.Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.

Македонија | пред 1 година

IMG_5168

19-годишник со возилото излетал од патот, однесен во болница со тешки повреди

На 20.08.2024 во 06.00 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Струмица, на место викано „Џердови воденици“,патничко возило „фиат добло“ со беровски регистарски ознаки, управувано од П.В.(19) од с.Ратево, беровско, излетало надвор од коловозот.Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Здравствен дом Берово.Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Берово.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пронајдена дрога кај три млади лица од гостиварско

На 21.08.2024 во 01.00 часот на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.Л.(22), Е.И.(23) и Б.Р.(24) сите од с.Топлица, гостиварско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Прегазена 67-годишна жена во Штип: Возачот избегал од местото на несреќата

На 20.08.2024 во 13.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Сутјеска“ во Штип, патничко возило „опел корса“ без регистарски ознаки удрило во пешакот Ц.К.(67) од Штип, по што возачот со возилото го напуштило местото.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.К., констатирани во Клиничката болница Штип.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-20-at-17.38.54

Убиениот кај Мавровка не носел злато, МВР потврдува дека сите убијци се со криминално досие

Во возилото на 60-годишниот скопјанец Васил Ефтимов кој вчера беше убиен кај Мавровка, не било пронајдено злато. Ова го потврдуваат и од Министерството за внатрешни работи. Оттаму посочуваат дека се спроведуваат активности за апсење на третиот осомничен кој учествувал во ликвидацијата.„Во возилото не беше пронајдено злато, извршено е вештачење на сите предмети кои се од интерес на истрагата. Лицата кои беа инволвирани во убиството извршено на паркинг простор пред ТЦ “Мавровка”, каде беше застрелан В.Е.(59), се со криминално досие“, велат од МВР за „Скопје1“.„Скопје1“ веќе во детали објави за профилот на убијците. Причината за убиството е изнуда, според првичните информации.

Скопје | пред 1 година

mavrovka1111

„Скопје1“ дознава: Осомничените убијци се од исто семејство од Чаир, еден е затвореник кој од април е во бегство

Изнуда е причината за убиството кај Мавровка, каде убиен е 60-годишниот Васил Ефтимов, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата. Осомничени остануваат три лица, од кои две се уапсени и се на распит, по што Обвинителството ќе одлучи дали ќе се бара притвор.„Скопје1“ дојде до детали околу уапсените лица, осомничени дека го извршиле убиството. Тројцата осомничени доаѓаат од исто семејство, кое живее во Чаир. Неофицијално, еден од осомничените по кој е во бегство и по кој се трага е затвореник, кој порано извршил тешки кражби. Станува збор за лице кое издржува затворска казна во „Идризово“, а кое од април е во бегство.Друг од осомничените, кој веќе е уапсен, е негов внук од брат, додека третиот е нивни роднина. Според непотврдени информации, станува збор за група која и претходно била во судир со законот. Фамилијата е озогласена како склона кон криминални активности.Дел од медиумите објавија дека иницијалите на убиеното лице е В.Е. и дека се работи за адвокат, што набргу беше демантирано. Станува збор за скопјанец кој имал своја фирма, со седиште во скопски Аеродром.По убиството МВР затвори дел од градското подрачје, изврши преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила. Во операцијата беа вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови.Иако дел од медиумите објавија дека возилото со убијците, со белгиски регистерски таблици е пронајдено во Гази Баба, МВР соопшти дека на подрачјето на општина Чаир, забележено е патничко возило со лица во обид да побегнат, при што лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје.Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода.При преземањето понатамошни мерки, од слобода било лишено уште едно лице, а на полицијата е познат и идентитетот на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Пронајдена дрога кај 39-годишен маж од Скопје

На 19.08.2024 во 22.35 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(39) од Скопје. При претрес во неговиот дом и помошни простории на подрачјето на Бит Пазар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, две дигитални ваги со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана.Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Товарно возило излетало од патот, возачот тешко повреден

На 19.08.2024 во 08.55 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на патниот правец Демир Капија – Неготино, во близина на место викано „Острово“, товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(61) од Неготино, излетало надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општата болница Кавадарци.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-6500PM

Несреќа во Скопје: Мотоциклист си тешки повреди однесен во болница

На 19.08.2024 во 22.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а 4“ со германски национални ознаки, управувано од Ј.Х.(47) од Сојузна Република Германија и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од О.Б.(23) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

ubitstvo-mavrovka1

МВР за убиството: уапсени две лица

Денеска (20.08.2024) во СВР Скопје било пријавено кривично дело убиство на паркинг простор пред трговски центар „Мавровка“ во Скопје, при што со огнено оружје е застрелано едно лице и починало на местото.Од страна на полицијата веднаш се преземени оперативно - тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои се вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови. Имено, на подрачјето на општина Чаир, забележено е патничко возило, кое се обидело да побегне, при што лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје. Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода. При преземањето понатамошни мерки, од слобода било лишено уште едно лице, а на полицијата е познат и идентитетот на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово пронаоѓање.Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот што следува во некои делови од град Скопје ќе има зголемено полициско присуство со цел целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-49-6440PM

Се судриле мотоцикл и автомобил во Скопје: Мотоциклистот со тешки повреди

На 18.08.2024 во 07.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Финска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(43) од с.Арачиново, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(61) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Пронајдена марихуана кај 21-годишен скопјанец

На 18.08.2024 во 09.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Л.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

IMG_5168

Сообраќајна несреќа во тетовско: Повредени седум лица, од кои две се малолетни

На 18.08.2024 во 16.06 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат с.Сиричино - с.Желино, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ка“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Г.(82) од с.Сиричино и патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.А.(30) од с.Теарце, тетовско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Г., а со телесни повреди се здобил возачот В.А. и уште пет негови сопатнички од с.Теарце, од кои две малолетни, констатирани во Клиничката болница Тетово.Извршен бил увид од увидна екипа од увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Струшки инспектор во МВР крадел струја: фатен кабелот кој доаѓал директно од бандера

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против В.Р. - инспектор за прекуграничен криминал и миграции Струга во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија во Регионалниот центар за гранични работи Запад, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ по член 235-а од Кривичниот законик.На 11.06.2024, вработени во ЕВН Струга констатирале дека пријавениот В.Р. врши неовластено преземање на електрична енергија на трифази во неговата куќа во с.Делгошти, струшко. Пријавениот, кражбата на електрична енергија ја вршел од бандера на ЕВН преку електрично броило поставено во куќата на неговиот починат татко, од каде бил пуштен кабел за електрична енергија до неговата куќа.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против В.Р. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања