Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

МВР

Нема фотографија

Несреќа во Охрид: Тешко повреден 67-годишен велосипедист

На 15.08.2024 во 18.25 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата од бул.„Туристичка“ и ул.„Стив Наумов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено мастер“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Љ.Н.(58) од с.Горно Лакочереј, охридско и велосипед управуван од В.К.(67) од Охрид.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.К., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Возило удрило во бетонски ѕид, возачот и неговиот малолетен сопатник со тешки повреди

Денеска (16.08.2024) во 02.09 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во с.Оризари, кочанско, патничко возило „хонда“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Б.С.(19) од Кочани, удрило во бетонски ѕид.Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот малолетен сопатник со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Несреќа во Куманово: 17-годишник со „ауди“ удрил во мотоцикл, мотоциклистот со тешки повреди

Денеска (16.08.2024) околу 00.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 17- годишник од с.Отља, општина Липково, со место на живеење во Швајцарија и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.С.(30) од с.Грушино, општина Арачиново, по што мотоциклот удрил во паркирано патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, паркирано од А.Ш.(39) од с.Оризари, липковско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Куманово.По наредба на Јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Кривична пријава против виш полициски советник и началничка на Сектор за управување со човечки ресурси

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против М.Б. и М.С. поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело ,,повреда на правата од работен однос“ по член 166 од Кривичниот законик.Првопријавениот М.Б. - виш полициски советник за контрола, надзор и превенција на полицијата, стандарди и управување со квалитет во БЈБ, а во моментот на сторување на делото на работно место државен советник – шеф на кабинет на Министерот за внатрешни работи и второпријавената М.С. - началник на Сектор за управување со човечки ресурси, стручно оспособување и усовршување во Оддел за правни работи и управување со човечки ресурси, не придржувајќи се на законските одредби од Законот за внатрешни работи, кои се однесуваат на засновање на работен однос, повредиле, одзеле или ограничиле право што на работникот му припаѓа.Имено, М.Б., свесно и со намера да не се склучи договор за работа помеѓу Министерството за внатрешни работи и С.Т. од Прилеп, на 27.10.2023 издал наредба на второпријавената М.С. да го повлече веќе изработениот, потпишан од Министерот за внатрешни работи и заведен во писарницата на МВР, договор за работа на С.Т., а второпријавената М.С. постапила по издадена наредба од првопријавениот и го повлекла веќе изработениот и потпишан договор за работа.На тој начин на С.Т. ѝ го одзеле и ограничиле правото да заснова работен однос во МВР како дипломиран криминалист на Факултетот за безбедност Скопје, а била вклучена во постапката за вработување како еден од најдобрите студенти од факултетот по препорака на Деканот на факултетот за безбедност, а која воедно успешно ги поминала сите фази од постапката за вработување и ги исполнила сите потребни услови за засновање на работен однос во МВР.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М.Б. и М.С. ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки да бидат отстранети од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Македонија | пред 1 година

1

Хеликоптер на МВР фрли 130 тони вода врз пожарите кај Јасен, Дупјани-кичевско и Галичица

Денеска (15.08.2024) хеликоптерот Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици, дејствуваше врз три пожари и тоа во реонот на Јасен, Дупјани-Кичевско и Галичица.Во текот на денот во 52 налети се исфрлени 130 тони вода.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-56-3270PM

Од Охридското Езеро извадена рачна бомба

На 13.08.2024 во 18.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридското езеро кај охридското село Пештани извадена е стара рачна бомба.Подоцна била безбедно подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка.

Охрид | пред 1 година

2

Хеликоптер на МВР фрли 83 тони вода врз пожарите близу Кочани и Маврови Анови

Денеска (13.08.2024), хеликоптерот Ми-171 од хеликоптерската единица за посебни намени при МВР од Одделот за воздухопловни единици, дејствуваше врз пожарите во околината на Кочани и Маврови Анови.Во 31 налет исфрлени се 83 тони вода.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Се трага по 15-годишно девојче од Скопје

Денеска (13.08.2024) во 02.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.Т.(48) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка С.Т.(15).Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 1 година

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

22-годишен скопјанец најден починат пред зграда

На 12.08.2024 во 22.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во влез на станбена зграда на подрачјето на Центар бил пронајден починат И.С.(22) од Скопје.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Скопје | пред 1 година

soobrakajka

Три лица со тешки повреди: со автомобил излетале од патот во струшко

На 11.08.2024 околу 15.20 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат на влезот на с.Лабуништа, струшко, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од О.А.од с.Лабуништа, излетало надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците Е.Х. од Ресен, А.Ш. од Охрид и А.Х. од Охрид, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Струга.

Македонија | пред 1 година

pozarna

Скопјанец се обидел да ја запали ќуката на родителите среде ноќ, го спречиле соседи

На 12.08.2024 во 05.00 часот, полициски службеници од Единциата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(32) од Скопје.Тој се сомничи дека околу 03.30 часот, по претходна расправија со неговиот 55 – годишен татко, во дворот од семејната куќа со запаливо средство опожарил мотоцикл сопственост на неговата мајка.Според пријавеното, тој се обидел со запаливо средство да предизвика пожар и на куќата, но бил спречен од соседите.А.М. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 1 година

317150794_1265692203988399_3418978141005225156_n

Скопјанец мета на изнуда: криминалецот “падна” со обележани пари

На 10.08.2024 година од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - СОНК во содејство со Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција од слобода е лишен Д.М.(39) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело по член 258 од Кривичниот законик - “изнуда”.Имено, на 08.08.2024 година, од страна на оштетениот, 39 годишно лице во Министерство за внатрешни работи било пријавено дека подолг временски период Д.М. со закани се обидувал од него да изнуди непостоечки долг во висина од 16.500 евра во име на трето лице. Според пријавата оштетениот на 11.08.2024 година во кафе бар во Скопје требало да му ја даде првата рата, односно 7.000 евра.По добиени насоки од Основното јавно обвинителство Скопје, извршена е крим техничка обработка на паричните средства при што вчера (10.08.2024), при предавање на наводниот долг од страна на полициски службеници од Единицата за Интервентна полиција лицето е лишено од слобода и кај него се пронајдени одбележаните 7.000 евра. По добиена наредба од Основен суд Скопје извршени се претреси во домот и други простории на осомничениот.Против Д.М. е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело “измама”. Од страна на Судија за претходна подтапка на лицето му се одредени мерки за претпазливост.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-11-at-09.15.35

Полицајци, жители, кучиња, 50 жители: макотрпно се трага по исчезнатиот маж од Дорфулија

На 10.08.2024 година во временски период од 07.00 до 15.00 часот во атар на с.Дорфулија, општина Лозово, полициски службеници од ОВР Свети Николе со службено куче од Единицата за обука на службени кучиња и вклучени 50 жители од с.Дорфулија трагале по исчезнато лице И.М.(35) од село Дорфулија кој бил пријавен за исчезнат истиот ден.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Македонија | пред 1 година

restoran-kovid-920x600-1

Во два ресторани во Скопје, „летале“ боксови

На 10.08.2024 година во 10.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.В.(20) и С.М.(36) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.На 10.08.2024 година во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Т.(44) и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

Во Куманово, две несреќи во еден ден

На 10.08.2024 година во 10.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Куманово - Свети Николе со бул.„Трета Македонска Ударна Бригада“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Тојота“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(50) од село Проевце, кумановско и мотоцикл марка „Томос“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.Т.(56) од село Буковљане, општина Старо Нагоричане. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.На 10.08.2024 година во 18.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат од браната „Липково“ кон центарот на селото Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Шкода“ со косовски национални ознаки, управувано од Б.Б.(47) од Косово и мотоцикл „Хонда“ без регистарски ознаки, управуван од Ш.Б.(32) од село Матејче, општина Липково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 1 година

apsenje

Апсења во Скопје: еден од Волково и втор од Трубарево завршија во станица

На 10.08.2024 година во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Т.(26) од село Трубарево, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 10.08.2024 година во 19.40 часот во село Ново Село на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.П.(23) од село Волково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

received_1118155755629459

На патот Охрид-Ресен, мотоциклист заврши со повреди - однесен е во болница

На 10.08.2024 година во 18.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид - Ресен, во атарот на село Свињишта, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „Триумф“ со ресенски регистарски ознаки, управуван од А.А.(48) од Ресен и патничко возило „Хјундаи“ со битолски регистраски ознаки, управувано од П.Т.(49) од Битола.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведени две лица кои се барале по потерница

На 09.08.2024 година во 17,40 часот од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, во село Студеничани,скопско, приведено е лицето М.А.(41) од Скопје. Лицето се барало со Централна потерница а по Наредба од Основен кривичен суд-Скопје од 15.03.2024 година за приведување поради сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик на РСМ - „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и истиот е осуден на казна затвор во траење од седум години и шест месеци, при што за доиздржување има уште една година, шест месеци и 20 дена.Лицето е предадено во ПС ОН Драчево за понатамошна постапка. Денеска (10.08.2024 година) од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен Д.Д.(39) од Скопје. Лицето се барало со Централна потерница а по Наредба од Основен кривичен суд-Скопје од 26.06.2024 за Бегство од Казнено поправна установа Идризово, каде издржувал казна за сторено кривично дело по член 247 став 3 од Кривичниот законик на РСМ - “измама”, осуден на казна затвор во траење од пет години и девет месеци.Лицето е предадено во ПС Аеродром за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Скопјанец со пушка се шетал кон Водно, апсења и во Центар и Гази Баба

Денеска (10.08.) во 00.55 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода М.П.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 09.08.2024 година во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.С.(21) од село Инџиково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 09.08.2024 година во 20.30 часот на патот Средно Водно кон туристички објект „Македонско село“ во Скопје, на подрачјето на ПС Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полција при СВР Скопје го привеле П.П. (21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена воздушна пушка „Славија 624“ и дијаболи калибар 4.5. По целосно документирање на случјат ќе следува соодветент поднесок по чл.80 ст.1 од Законот за оружје.

Скопје | пред 1 година

286888220_5313051732126326_1454981420611626797_n

Шест повредени, меѓу нив и малолетници: тешка несреќа во тетовско

На 09.08.2024 година во 13.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово - село Брвеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило марка „Фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.К.(56) од село Горна Речица, тетовско, со патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(36) од село Желино, тетовско, како и паркирано патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, сопственост на М.Ќ.(38) од село Боговиње, тетовско.Во несреќата од движечкото возило „мерцедес“ со тешки телесни повреди се здобиле две сопатнички - З.Р.(52) и една малолетничка, додека со телесни повреди од истото возило се здобиле возачот Б.З. како и уште две негови сопатнички - Р.З.(34) и Р.З.(26) сите од село Желино. Повредите се констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-53-3340PM

Тротинет удри во возрасен скопјанец: викната полиција, повредениот во болница

На 09.08.2024 година, во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улица „11-ти Октомври“ со булевар „Кочо Рацин“ во Скопје, електричен тротинет „шаоми“ управуван од В.Ј. (34) од Скопје удрил во пешакот В.М. (64) исто така од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.М. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

454737778_122172490790197509_7205572417307375243_n

Приведени три лица во скопско поради предизвикување пожар

Денеска (09.08.2024) околу 13 часот од страна на полициски службеници од ЕВР Кисела Вода при СВР Скопје, на место викано „Дупки“ во с.Патишка река, скопско, биле лишени од слобода С.А. (59), А.А. (31) и И.А. (25) од Скопје поради основано сомнение дека предизвикале пожар.Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-09-at-17.55.53

(Фото) Скопјани со гориво тргнале да предизвикаат пожар - фатени на дело!

Денеска (09.08.2024) околу 13 часот од страна на полициски службеници од ЕВР Кисела Вода при СВР Скопје, на место викано „Дупки“ во с.Патишка река, скопско, биле лишени од слобода С.А. (59), А.А. (31) и И.А. (25) од Скопје поради основано сомнение дека предизвикале пожар.Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Полицискиот хеликоптер исфрли над 25 тони вода врз пожарот во реонот на Јасен

Денеска (09.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Хеликоптерската единица за полициски намени и припадниците на Специјалната антитерористичка единица - Тигар, дејствуваа на пожарот во реонот на Јасен.Благодарение на одличната соработка помеѓу овие две единици, со координирани дејствија од воздух и од земја, под контрола е ставен фронтот кој имаше опасност да го загрози резерватот Јасен. Во 17 циклуси на хеликоптерот Бел 412, исфрлени се над 25 тони вода.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен лихвар од Гостивар

На 08.08.2024 во 23.40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Д.(69) од Гостивар поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.Претходно, во 17.30 часот тој бил пријавен од 34-годишник од гостиварско дека М.Д., заедно со Ф.М., на таткото на пријавителот во 2010 година на заем му дале поголема сума на пари, а потоа го принудиле да плати двојно поголем износ.Откако пријавителот го расчистил и платил долгот на неговиот татко, М.Д. и Ф.М. побарале уште пари за камата и му се заканувале.М.Д. е задржан во полициска станица Гостивар за понатамошна постапка и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања