Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

МВР

Нема фотографија

Кривична пријава за предизвикување шумски пожар, сторителот е лишен од слобода

Денеска (09.08.2024) Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Македонски Брод до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Д.Т.(57) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, казниво по член 227 став 5 од Кривичниот законик.Пријавениот во повеќе наврати, на 15.07.2024, на 30.07.2024, 02.08.2024, на 05.08.2024 и на 07.08.2024 во атарите на с.Слатина и с.Грешница, општина Македонски Брод, предизвикувал пожар на отворен простор, кој се проширувал и настанувале пожари на поголема површина, каде горела трева и нискостеблести растенија.Сите пожари биле изгаснати од екипи на Територијалната противпожарна единица Македонски Брод и Подрачното шумско стопанство „Сандански“ - Македонски Брод. При преземање на мерки во врска со пожарите, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го затекнале пријавениот Д.Т. на местото на настанување на пожар и при преглед кај него биле пронајдени предмети со кои може да се предизвика пожар. Со пријавениот бил извршен службен разговор, при што тој ги признал делата.

Македонија | пред 1 година

arsovska-mitkovski

Запален „мерцедесот“ кој го возел Драги Книга, екссоработникот на Арсовска

Автомобилот на Драги Митковски, познат како Драги Книга е ноќеска опожарен во скопската населба Ѓорче Петров. Автомобилот не бил вво негова сопственост, а станува збор за „мерцедес“. На местото имало увид од полиција, но и група негови пријатели.Драги Книга важеше за близок соработник на скопската градоначалничка Данела Арсовска. Неофицијално, тие имаат нарушени односи од пред скоро повеќе од месец.Засега непознато е кој стои зад опожарувањето и од која причина.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен маж од тетовско, пронајдена голема количина стока без соодветна документација

Денеска (08.08.2024) во 07.30 часот во с.Мала Речица, тетовско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода А.С.(44) од с.Долно палчиште, тетовско.При преглед во патничкото возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека без соодветна документација превезува 204 штеки цигари од различни брендови, 24 кутии со тутун од еден килограм и 145 кутии со тутун од 500 грама, пиротехнички средства, 20 машинки за правење на цигари и 36 кутии со вкупно 18.000 филтри за цигари.Возилото било одземено и заедно со лицето биле предадени во СВР Тетово за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 278Б од Кривичниот законик.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Возач од струмичко вршел јавен превоз на патници без лиценца, поднесени соодветни поднесоци

На 07.08.2024 околу 23.20 часот во близина на Граничен премин Табановце, во правец кон граничниот премин, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на возило комби „мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Т. од с.Пиперево, струмичко.Притоа, било констатирано дека со возилото се врши јавен превоз на патници без лиценца издадена од надлежен орган.За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, од чија страна на возачот му и издаден записник за извршен инспекциски надзор, одземена е сообраќајната дозвола, издадено е решение за исклучување од сообраќај и издаден е прекршочен платен налог.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Санкционирани возачи поради вршење превоз без лиценца, несоодветна документација

Денеска (07.08.2024) од страна на Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на наплатна станица Глумово, запрено е товарно моторно возило “мерцедес” со гостиварски регистарски ознаки, сопственост и управувано од Ќ.Р. од Гостивар.Од извршената контрола, утврдено е дека истиот превезува огревно дрво( со соодветна документација), но не поседува лиценца за вршење на јавен превоз на стока. За истото од страна на Мобилната единица за компезаторни мерки е известен Државниот инспекторат за транспорт од чија страна е изречена глоба во висина од 500 евра.Исто така, денеска на наплатна станица Глумово, запрено е товарно моторно возило “ман” со тетовски регистарски ознаки сопственост на правно лице од Желино а управувано од Ш.Љ. од Тетово. Од извршената контрола, утврдено е дека возачот ја нема потребната документација, односно нема патен налог и товарен лист.Од извршените дополнителни проверки, исто така е утврдено и дека тахографот на возилото е небаждарен, по што за истото е известен Државниот инспекторат за транспорт од чија страна е изречена глоба во висина од 3.900 евра.

Македонија | пред 1 година

viber_image_2024-08-07_14-33-45-535

Средба на заменик министерот за внатрешни работи д-р Астрит Исени со амбасадорот на Република Албанија во Република Северна Македонија Н.Е. Денион Мејдани

Денеска (07.08.2024) заменик министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, д-р Астрит Исени оствари работна средба со амбасадорот на Република Албанија во Република Северна Македонија Н.Е. Денион Мејдани.На средбата се разговараше за унапредување и продлабочување на билатералната и оперативна меѓународна соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Албанија, изразена, меѓу другото преку заложбите за подобрување и развивање на регионалната соработка, подобрувањето на меѓународните билатерални односи и продлабочување на прекуграничната соработка.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-07-at-10.55.53

(Видео) Началници и полицајци затекнале возач кој летал со 272 километри на час и не го казниле - сега ќе одговараат

Поведена постапка против началници и полициски службеници што не санкционирале возач кој возел со 272 километри на часОдделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди достави известување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против четворица полициски службеници кои не презеле мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата против возач кој се движел со брзина од 272 километри на час, туку учесникот во сообраќајот бил само предупреден.По извршените проверки, преглед во службениот материјал и увид во видео снимките од радар за ден 06.05.2024, констатирано е дека двајца полициски службеници, постапувајќи по наредба за мерење на брзината на движење на возила со радар на автопатот Скопје-Велес, констатирале сообраќаен прекршок, односно измериле брзина на движење на моторно возило „порше“ од 272 километри на час, на место каде движењето било ограничено на 120 километри на час со сообраќаен знак.Наместо да изготват записник за констатиран прекршок и прекршочен платен налог, имајќи предвид дека за ваков вид на прекршок согласно член 36 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е предвидена глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност и забрана за управување со моторно возило од шест до 12 месеци, на сторителот му изготвиле само предупредување за сторен сообраќаен прекршок.Началникот на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата побарал од началникот на Оддел за униформирана полиција - Сектор за сообраќајни работи да не биде напишана казна за сторениот прекршок, поради што началникот на Оддел за униформирана полиција - Сектор за сообраќајни работи извршил влијание врз полициските службеници да не констатираат прекршок по член 36 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, туку само да изречат предупредување.Против четворицата полициски службеници поднесен е и предлог за поведување на постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведено лице барано со потерница за казна затвор од три години и шест месеци

Денеска (05.08.2024) полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 14:40 часот на територија на општина Гази Баба во Скопје го лишија од слобода Л.Т. (20) од Скопје, лице барано со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд-Скопје за казна затвор од три години и шест месеци, за кривично дело во врска со чл.300 ст.2 в.в. член 297 ст.1 од КЗ.Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Лишен од слобода криминалец баран со потерница

Денеска (05.08.2024) околу 13.15 часот на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во општина Аеродром, Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода П.Ќ.(52) од Скопје.Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

Македонија | пред 1 година

aerod-haos

Кривична за обезбедувањето на Гаши: го извадил пиштолот, го репетирал, се дерел, туркал за Вјоса Османи

„Кривична пријава и отстранување од работното место за полицискиот службеник кој предизвика инцидент на Меѓународниот Аеродром Скопје“, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластување и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против С. С., началник на Одделение за лично обезбедување на претседател на Собрание поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело “Загрозување на сигурноста“ по член 144 од КЗ и кривично дело “Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 од КЗ.Пријавениот С.С. на ден 01.08.2024г. околу 10:30 часот на Меѓународен Аеродром Скопје на паркингот пред ВИП салонот пристигнал со возило со поставени ротациони светла, излегол од возилото и од појасот го извадил пиштолот, го репетирал и повторно го вратил во појасот, а на полицискиот службеник од ПС за ГП Меѓународен Аеродром Скопје кој извршувал работни задачи пред вратата на ВИП салонот му се обратил на висок тон, го турнал наназад со двете раце и заканувајќи му се го спречил полицискиот службеник како службено лице во извршување на неговите службени дејствија.Пријавениот С.С. бил испратен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на претседателот на Собрание со цел надминување на недоразбирањето кое настанало со претседателката на Косово во врска со безбедносните процедури за преглед на багаж и електронски уреди при летање со комерцијални летови.Потоа, заедно со уште двајца полициски службеници од Секторот за обезбедување на личности влегол во ВИП салонот и движејќи се во простории каде немал овластување за движење и престој, на присутните вработените на ТАВ-Скопје, полициски службеници од граничната полиција и Одделот за заштита на определени личности и објекти почнал да им се заканува по животот, водено барајќи да ја спроведе претседателката со возило до авионот.ОВККИПС согласно своите надлежности и овластувања ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник С.С. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место - суспензија до завршување на дисциплинската постапка, а против полициските службвеници С.Р. и Н.Б. ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина поради извршување на незаконита наредба, несовесно извршување на работни задачи и рушење на угледот на полицијата.Како министер, секогаш цврсто ќе се залагам за еднакво применување на законот за сите. Секој мора да го почитува законот, а особено полициските службеници мора да бидат пример за почитување на законите и професионалните стандарди, бидејќи нивната одговорност е клучна за одржување на довербата на јавноста во институциите“.

Македонија | пред 1 година

2-4

Јанев: Благодарност за сите што помагаат во гасењето на пожарите, најстрого ќе бидат санкционирани оние што ги предизвикуваат

Денеска (04.08.2024) директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев заедно со дел од неговиот тим беа на терен во месноста ,,Буково", на тромеѓата помеѓу с. Расино , с. Косел и с. Опејнца, каде гори борова шума.Директорот Јанев се заблагодари на пожртвуваноста на сите вклучени чинители во справувањето со огнената стихија.Воедно, благодарност упати и за ангажираноста и посветеноста на хеликоптерските единици при МВР и МО, без чија воздушна поддршка не може да се стават под контрола пожарите, заради тешко пристапните терени.Директорот Јанев упатува апел до граѓаните:“Внимавајте кога се движите по шумите, по нивите, полињата, да не се фрлаат отпушоци, да не се палат стрништа, сепак, општото здравје и човечките животи се нешто најскапоцено, а подметнувањето на пожари е криминал од највисок степен!”Директорот Јанев најави дека ќе бидат ангажирани сите расположливи дронови, кои ќе бидат во функција 24 часа, заедно со термалните камери, се со цел откривање на можни сторители-подметнувачи на пожари.

Македонија | пред 1 година

3-1

Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода врз пожарот кај Косел

Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР и хеликоптерот Х215 од хеликоптерската единица на Српското министерство за внатрешни работи дејствуваа на пожарот кај с.Косел, охридско.Во 29 циклуси хеликоптерот Бел 412 исфрли над 43 тони вода , со што дел од краците на пожарот беа ставени под контрола.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-52-2470PM

Шест повредени во четири сообраќајки во Скопје: двајца малолетници меѓу петмината со тешки повреди

На 03.08.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Маџари“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Булачани, скопско и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од село Црешево, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и неговата малолетна сопатничка од село Арачиново-скопско, а со телесни повреди се здобила С.Т., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.На 03.08.2024 во 16.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Бранко Заревски“ во Скопје, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(51) удрило во С.Л.(64), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Л., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.На 03.08.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат Горно Коњари- Средно Коњари, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(44) од Штип и трактор управуван од А.Р.(51) од село Долно Коњари, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Р., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.На 03.08.2024 во 10.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Васил Ѓоргов“ во Скопје патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(44) удрило во Н.Ј.(74), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Fabric

Полициска акција во тетовски клуб: странски државјанки од Србија, Украина, Албанија биле без документи

На 04.07.2024 од 01 до 04 часот полициски службеници од СВР Тетово спровеле акциска контрола во ноќен клуб во тетовско Желино, со цел откривање на странски државјани со нерегулиран престој во подрачјето или злоупотреба на престојот.При тоа биле затекнати и приведени 18-странски државјанки на возраст од 24 до 26 години и тоа: две од Србија, седум од Украина, 10 од Албанија, а приведено е и едно машко 46-годишно лице од Албанија, кои престојувале на подрачјето спротивно на целта, односно немале соодветна документација.Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе следат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен криминалец баран со меѓународна потерница

Денеска (03.08.2024) околу 13.00 часот, на Граничниот премин Богородица при излез од РСМ, од страна на полициски службеници од слобода е лишен Е.А.(44) од Република Косово.Е.А. бил баран со меѓународна потерница од Интерпол, Тирана - Албанија за сторено кривично дело “недозволена трговија со дрога”. Е.А. е задржан за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен крадец во Куманово

Денеска (03.08.2024) во 08.00 часот во Куманово полициски службеници го лишиле од слобода Н.З.(58) од Куманово поради тоа што околу 06.30 часот на автобуска постојка во с.Пезово, со уште едно женско лице со употреба на физичка сила од С.П.(84) од с.Пезово, кумановско, одзеле пари и го напуштиле местото на настанот со патничко возило „форд галакси“ со кумановски регистарски ознаки, кое на 02.08.2024 околу 16.30 часот го одзеле пред викенд куќа во с.Скачковце, кумановско, сопственост на Ј.М.(47) од Куманово.Возилото и дел од одземените предмети се вратени на оштетените. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-49-6440PM

Полицијата: Ја најдовме Клара на Железничката станица во Скопје, избегала по расправија

Денеска (03.08.2024) околу 12.50 часот на Железничката станица во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа К.Р. (14), за која од страна на нејзината мајка И.Т. (33) од н.Илинден, Скопје, на 02.08.2024 околу 23.45 часот беше пријавено дека по претходна расправија, се оддалечила од домот.Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од СВР Скопје и девојчето е пронајдено и ќе биде предадено на родителот.

Македонија | пред 1 година

20180510_213816

Пронајдена Клара, која се бараше откако ја немаше цела ноќ

Клара, која беше исчезната од вчеравечер, е пронајдена во близина на Железничката станица во Скопје, потврдуваат од МВР за „Скопје1“. Таа избегала по семејна расправија и според пријавата има здравствени проблеми.Според првичните информации, девојчето преспало под отворено небо.Девојката е во добра здравствена состојба и е со мајката.Детали се очеквуаат од МВР.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-03-at-09.35.47

Детали за скопјанецот кој беше најден мртов:Нема насилство, најден е во Карпош

На 02.08.2024 во 16.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош бил пронајден починат Т.Б.(86) од Скопје, кој на 29.07.2024 во Полициската станица Карпош беше пријавен дека се оддалечил од домот.Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство.Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

isceznata-klara

Исчезнатата Клара има здравствени проблеми, избегала по расправија

Исчезнатата Клара е пријавена и во полиција, а од МВР има и потрага. Девојчето од Илинден има здравствени проблеми.„На 02.08.2024 околу 23.45 часот И.Т. (33) од н.Илинден, Скопје пријавила дека на 02.08.2024 околу 18 часот нејзината малолетна ќерка К.Р. (14) се оддалечила од домот. К.Р. имала здравствени проблеми, а причина за оддалечувањето била претходна расправија помеѓу К.Р. и И.Р“, велат од МВР за „Скопје1“.Се преземат мерки за пронаоѓање на лицето.

Македонија | пред 1 година

66605774_2222377197878574_7224951237521702912_n

Трагична несреќа на патот Радовиш-Штип: загина струмичанец кој излетал со мотор

На 02.08.2024 во 22.05 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Штип, мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од С.М.(35) од с.Василево, струмичко, излетал надвор од коловозот.По несреќата, мотоциклистот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош, каде од страна на лекар констатирана била смрт.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-45-4430PM

Тешка несреќа на патот Битола-Драгош

На 02.08.2024 во 12.43 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола–Драгош, во близина на с.Бистрица, кај место викано „Длабок Дол“, патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.К.(20) од с.Бистрица, битолско, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 1 година

soobrakjajka-tajmishte-960x720-1

Тешко повредени возачи, меѓу кои малолетник кој возел „ауди“ - несреќа во Кичево

На 02.08.2024 во 18.10 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Кичево и патничко возило „сеат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.С.(65) од село Јагол, кичевско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Македонија | пред 1 година

ohrid-turisticka-1

Четворица повредени во сообраќајка во Охрид: има и со тешки повреди, однесени се во болница

На 01.08.2024 во 10.10 часот, на улицата „15 корпус“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген“ со австриски национални ознаки, управувано од А.И.(50) од Р.Австрија и патничко возило „поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(40) од Охрид, како и паркирано товарно возило „фиат“ со охридски регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „поло“ Н.М.(43) од Охрид, констатирани во Општата болница Охрид, а со телесни повреди се здобиле А.И. и неговиот сопатник И.И.(50) од Охрид, како и уште една сопатничка од возилото „поло“ К.М.(22) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Охрид | пред 1 година

Screenshot-2024-08-02-at-12.51.38

Охриѓанец отишол да ја слуша Пријовиќ со опивка и „бело“

На 01.08.2024 година во 23 часот, при контроли извршени на музички концерт на спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај Х.В.(21) од Охрид, пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Охрид | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања