Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

МВР

Нема фотографија

Крими-Скопје: Грабеж, мигранти, натепани малолетници, натепана вработена на Клинички, групни пресметки

Денеска (01.08.2024) во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 06.00 часот во казино на подрачјето на Центар, две лица со закана со остар предмет од вработената одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 31.07.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје од касарната Илинден било пријавено дека во кругот на касарната биле затекнати три лица-мигранти од Египет, од кои едното лице било малолетно. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.Денеска (01.08.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје, Н.М.(49) од Скопје пријавил дека на 31.07.2024 околу 23.00 часот пред казино на подрачјето на Центар, тој и неговиот син Д.М.(26) биле физички нападнати од Е.К., А.К. и уште едно лице кое се заканувало со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 31.07.2024 во 23.55 часот во СВР Скопје, А.Ш.(54) од Скопје пријавил дека околу 21.55 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, едно лице физички го нападнало неговиот малолетен син и уште еден вработен во објектот В.Л.(22) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Денеска (01.08.2024) во 07.40 часот во СВР Скопје, Н.Т.(58) од Скопје пријавила дека на 30.07.2024 околу 13.00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека извршувала работни задачи како вработена во Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација, била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Денеска (01.08.2024) во 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од куќа во Студеничани-скопско, по претходно семејно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.С.(28) и С.С.(35) од една страна и С.С.(41) и О.С.(38) од друга страна, сите од с.Студеничани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 31.07.2024 во 03.15 часот во с.Глуво-скопско полициски службеници од СВР Скопје го привеле Н.А.(31) од с.Чучер Сандево-скопско поради тоа што околу 01.30 часот заедно со негов пријател, физички го нападнале А.С.(19) од с.Мирковци, скопско. Исто така околу 10.00 часот било пријавено дека Н.А. му упатувал и закани и на И.С.(49) (татко на А.С.). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.Б. (35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 14.11.2023 во с.Ласкарци, општина Сарај, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени еден пиштол-марка „Валтер ППК“ , две рамки и шест куршуми.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-50-7110PM

Дрога и тепачка на булевар во Охрид - инцидентите кои се пријавени вчера

На 31.07.2024 околу 22 часот, за време на музички концерт на отворен простор на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, при извршени прегледи кај А.Д.(20) и А.Ј.(21), двете од Тетово, пронајдоа и одзедоа марихуана, додека кај Н.Г.(33) од Струга, пронајдоа бела прашкаста материја. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.На 01.08.2024 во 02 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во угостителски објект лоциран на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, едно лице физички ги нападнало С.С.(21) и Б.П., двајцата од Охрид. По целосно расчистување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.На 31.07.2024 во 18,50 часот, на пешачката патека после каналот „Студенчишта“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, при извршен преглед врз П.В.(20) од Нови Сад, Република Србија, пронајдоа и одзедоа марихуана. Против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 31.07.2024 во 22.50 часот, на улицата „15 корпус“ во Струга, приведен е Б.Р.(19) од Струга. При извршен преглед, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Охрид | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Ужасен случај во Велес: Малолетник грабнал и полово нападнал врсничка, а двајца возрасни ја тепале

СВР Велес до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против 17-годишник со привремено престојувалиште во Велес поради постоење на основи за сомнение за сторени две кривични дела „грабнување“, казниво по член 141 од Кривичниот законик и „полов напад и силување“, казниво по член 186 од Кривичниот законик и против К.Е.(39) и А.Е. (46-годишна), двајцата со привремено место на живеење во Велес, поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“, казниво по член 130 ст.2 од Кривичниот законик.Во текот на месец мај 2024, малолетникот против нејзината волја однел во својот дом во Велес 17-годишна малолетничка од Скопје, каде во текот на два месеци во неколку наврати имал сексуален однос со неа, а К.Е. и А.Е. во неколку наврати физички ја нападнале.Тие биле лишени од слобода и по документирање на случајот, поднесена е кривична пријава.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Обид за убиство во Радовиш

На 31.07.2024 СВР Струмица – ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против А.Ј.(30) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 став 1, а во врска со член 19 од Кривичниот закон и Д.С.(31) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ по чл. 22 од Кривичниот закон, а во врска со кривично дело „убиство во обид“.На 31.07.2024 околу 01:30 часот на тротоар на раскрсницата помеѓу улиците „22-ри Октомври“ и „Партизанска“ во Радовиш, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица А.Ј. со остар предмет му нанел убодна рана на Ѓ.А. од Радовиш, а истовремено Д.С. активирал солзавец кон Ј.Т. од Радовиш.Лицата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Во текот на вчерашниот ден лицата биле изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Македонија | пред 1 година

IMG_0969

Пунктовите во објектот на МРТВ и „Беко“ во Скопје ќе работат на издавање на готови лични документи

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека утре (02.08.) Одделот за граѓански работи, односно сите подрачни единици во рамки на Одделот, како и пунктовите во објектот на МРТВ и „Беко“ во Скопје ќе работата на издавање на готови лични документи на граѓаните (патни исправи, лични карти и возачки дозволи).Притоа во Скопје (МРТВ и „Беко“) управните служби ќе работат во периодот од 08 до 16 часот, додека низ државата подрачните управни служби ќе работат во периодот од 08 до 12 часот

Македонија | пред 1 година

loru5bcabbkptivbtymx

Апсења во Чаир и Карпош

Денеска (01.08.2024) во 01.20 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Ш.(20) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 31.07.2024 во 19.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Б.(25) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

261841615_1886698118206195_1276732134771307123_n

Седум повредени лица: тешка несреќа на патот Неготино-Гостивар

На 01.08.2024 во 00.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат с.Неготино-Гостивар, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ,,мерцедес“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од С.Ш.(51) од Неготино, и патничко возило ,,џип“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од Н.Д.(46) од гостиварско Горјане.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле патниците од возилото „џип“ С.Н.(25) и С.Н.(40) од Горјане и С.Ш., додека Н.Д. и три малолетни сопатници се здобиле телесни повреди, констатирани во медицински центар во Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ОВР-Гостивар.

Македонија | пред 1 година

nesrekja1-1

Сопатничка повредена: се судрија две возила близу Тетово

На 31.07.2024 во 22.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце кај с.Слатино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Х.(23) од Тетово и патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(18) од с.Слатино.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од првото возило К.З., констатирани во Клиничката болница Тетово.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Бугарско „Ауди“ и „опел“ се судрија во Карбинци: возач е во болница со тешки повреди

На 31.07.2024 во 01.00 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на регионалниот пат Пробиштип–село Крупиште, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел вектра“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(66) од Пробиштип и патничко возило „ауди“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.М.(32) од Пробиштип.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Р.Р., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-01-at-11.35.22

Драма во ИЈЗ: Вработен ги исклучил коморите со реагенси!

Вчера (31.07.2024) околу 17 часот во СВР Скопје од Институт за јавно здравје било пријавено дека во временскиот период од 14.30 до 16.00 часот од страна на вработен биле исклучени сите склопки на коморите каде се чувале реагенси за испитување на заразни и незаразни болести.Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

290631767_568149508353300_3194982847569814433_n

Жена тешко повредена во несреќа: итно однесена во прилепската болница

На 31.07.2024 околу 11 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул. „Архиепископ Доситеј” со ул.„Ристо Секирчанец” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пасат” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(27) од с. Гостиражни и патничко моторно возило марка „поло” со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.М.(40) од Прилеп.По несреќата М.М. со возило на Итна медицинска помош Прилеп е пренесена во Градска болница Прилеп каде и се констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

Македонија | пред 1 година

viber_image_2024-08-01_09-21-01-846

(Фото) Двајца уапсени во Скопје: Фатени кутии со патики од брендови без документација, најден и пиштол

Вчера (31.07.2024) околу 22.20 часот на локален пат во с. Побожје кон место викано Рамно, од страна на мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, запрено е товарно моторно возило "мерцедес спринтер" со скопски регистарски ознаки.При извршен преглед на возилото, пронајдени се 110 пакети во кои имало 1.320 кутии со обувки-патики, различна величина и натписи од различни брендови за кои лицата немале соодветна документација. Исто така, при извршениот преглед на возилото пронајден е и пиштол.Љ.И.(38) од с. Танушевци, скопско и Р.И.(63) од с. Визбегово, скопско се лишени од слобода, поради сомнение за сторено кривично дело по член 278 и член 396 од Кривичниот законик и истите се спроведени во ПО Мирковци за понатамошна постапка.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-08-01-at-09.39.28

(Видео) Среде Синѓелиќ полицаец извадил пушка за да прослави: го пријавиле, сега е уапсен, а дома го „тресеа“ полицајци

Вчера (31.07.2024) по претходно добиени информации дека полициски службеник, вработен во Полициското одделение Петровец при СВР Скопје, извршил кривично дело "предизвикување општа опасност", предвидено и казниво по член 288 од КЗ, пукајќи на веселба во дворот од својот дом, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дроги, оружје и опасни материи во координација со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и СВР Скопје - Единица за насилен криминал и Единица за интервентна полиција, по претходно издадена наредба за претрес на дом од страна на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд, извршен е претрес во домот на полицискиот службеник В. И. во с. Синѓелиќ, скопско.При претресот е пронајдена пушката "хуглу" модел ХР 7 (користена при кривичното дело) и пиштол за светлосно звучна сигнализација "екол", кои ги поседува со дозвола и потврда за поседување на овој вид оружје.Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје, а В.И. е лишен од слобода. По насоки од јавен обвинител, против В.И. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело "предизвикување општа опасност" по член 288 од КЗ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4639

Претрес во скопско: Пронајден кокаин, лишен од слобода криминалец кој бил баран со потерница

На 30.07.2024 во с.Страчинци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција заедно со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица Тигар го лишија од слобода Т.Ф.(33) од с.Страчинци, кој бил баран по распис, а од Основен кривичен суд Скопје е донесено решение со кое му е одредена мерка притвор. Притоа, кај него бил пронајден и одземен кокаин.После тоа, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, беше извршен претрес во неговиот дом, при што беа пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицето е предадено во Полициската станица Гази Баба, од каде е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-51-1800PM

Загина 44-годишен маж: Изгубил контрола и удрил во друго паркирано возило

На 31.07.2024 во 02.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица ,,Лазар Лазаревски“, на Б.З.(44) од гостиварско Неготино, кој управувал патничко возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, му се слошило, по што изгубил контрола и со возилото удрил во паркирано возило „нисан“ со гостиварски регистарски ознаки, паркирано од А.С.(62) од Гостивар. Б.З. бил пренесен во Медицински центар во Гостивар, каде што лекар констатирал смрт.За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа при ОВР Гостивар.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

34-годишник удрил во паркирано возило и во метални столбчиња

На 30.07.2024 во 18.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Христијан Карпош“ во Штип, патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(34) од Скопје, удрило во паркирано возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на И.С.(51) од Штип, по што удрило во И.С., кој бил до неговото возило и во метални столбчиња.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.С., констатирани во Клиничката болница Штип.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Несреќа во Битола, повредени три лица

На 30.07.2024 во 21.24 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Македонска фаланга“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со дански национални ознаки, управувано од К.Ц.(21) од Данска и патничко возило „хонда“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.М.(38) од с.Бистрица, битолско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.М. и неговата сопатничка Л.М.(60) од с.Бистрица, додека со телесни повреди се здобил возачот К.Ц., констатирани во Клиничка болница Битола.Во несреќата било оштетено и паркирано возило „опел“ без регистарски ознаки, паркирано од Б.С.(59) од Битола.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-21-1720PM

Приведен маж од радовишко, обвинет дека подметнал пожар на две места

На 30.07.2024 полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишија од слобода С.Р. од с. Али Коч, радовишко, затоа што подметнал пожари во близина на с. Али Коч.На 30.07.2024 во 12:00 во ОВР Радовиш од страна на ТППЕ Радовиш е пријавено дека на две места во близина на с.Али Коч настанале пожари, при што горела дабова шума.По преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници од ОВР Радовиш утврдено е дека С.Р. ги подметнал пожарите односно сторил кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност“ и кривично дело „предизвикување шумски пожар“ по чл.227 од КЗ. С.Р е лишен од слобода и во службен разговор признал дека ги сторил кривичните дела, по што е задржан во ОВР Радовиш.По документирање на случајот, ОВР Радовиш до надлежното ОЈО Струмица ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 1 година

IMG_5248

(Видео) Кривична пријава против полициски службеници: Со службениот пиштол пукале во воздух

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против М.К. и А.Д., двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот законик.На 25.07.2024 околу 00.00 часот во дворно место во Радовиш, првопријавениот М.К., полициски службеник во ОВР Радовиш, кој не бил на работа, со службениот пиштол испукал пет куршуми во воздух, по што второпријавената А.Д., држејќи го пиштолот заедно со првопријавениот, испукале четири куршуми во воздух, со што предизвикале опасност за животот и телото на присутните. Настанот бил снимен со мобилен телефон од трето лице, кое ја пратило снимката на А.Д., која пак ја објавила на социјална мрежа.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против М.К. и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.?si=v7ybK3BaCoi0ATYy

Македонија | пред 1 година

IMG_5244

Toшковски: Претрес во Скопје, пронајдени над 140 паковки со дрога, одреден притвор

По претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба за претрес, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес во дом на Р.Џ. (54) во Скопје.При претресот пронајдени се: 73 паковки со марихуана, 56 паковки со кафеава прашкаста материја, 13 паковки со бела прашкаста материја, 14 таблети, една голема кеса со кафеава прашкаста материја и пари во различни апоени со вкупна вредност од 9060 евра и 14100 денари. Р.Џ. е лишена од слобода заедно со М.А. (37) од Скопје.Против Р.Џ. е поднесена кривична пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка и е определена мерка притвор во траење од 30 дена во КПУ Затвор Скопје.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

145 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 145 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 10 за некористење сигурносен појас.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-33-4360PM

26-годишник изгубил контрола и паднал од мопед, со тешки повреди однесен во болница

На 29.07.2024 во 21.50 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Радовиш - село Ињево, радовишко, Р.Р.(26) од Радовиш, управувајќи мопед „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Р.Р., констатирани во Медицински центар Струмица.Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-39-4140PM

Повредени две лица од Штип, со возилото излетале од патот

На 29.07.2024 во 14.43 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип-Плачковица, во близина на влез во с.Стар Караорман, штипско, патничко возило „фолксваген поло“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.И.(23) од Штип, излетало надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот И.Ј.(23) од Штип, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 1 година

grabez

Приведен крадец во Битола

На 29.07.2024 на ул.„Таку Димитровски” во Битола, по претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.М.(28) од Битола. Тој се сомничи дека во периодот од 26 до 29.07.2024 извршил „тешка кражба“ во објект на правно лице во Битола, при што одзел повеќе предмети.Притоа, во неговиот дом биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

policija-policaec-35

265 санкции за брзо возење на територијата на Република Македонија

Во текот на вчерашниот ден (29.07.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 265 возачи. Од нив 41 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 110 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 155 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања