Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

МВР

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-49-6440PM

Приведен 30-годишен крадец кој бил баран со потерница

Денеска (30.07.2024) околу 07.15 часот на ул.„Отокар Кершовани“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги го лишиле од слобода А.Б.(30) од Скопје.Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ пo член 236 од Кривичниот законик.Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено – поправна установа.

Скопје | пред 1 година

policaec-policija-6

115 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 115 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, шест за некористење сигурносен појас, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло).Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Приведен 23-годишен криминалец, баран со потерница за казна затвор од четири години

Денеска (29.07.2024) околу 13.30 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С.(23) од Скопје.Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Скопје | пред 1 година

IMG_5224

Претреси низ Скопје: Приведени шест лица, најмладиот 20-годишен

На 28.07.2024 во 22.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 28.07.2024 во 17.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.Р.(37) и А.Е.(22), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 28.07.2024 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(21) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 28.07.2024 во 12.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода С.С.(20) од с.Трубарево, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 28.07.2024 во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(26) од с.Арачиново, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-51-1800PM

Загина маж од Струмица: Изгубил контрола над возилото и удрил во паркиран автобус

На 28.07.2024 во 15.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Нов булевар Гевгелија“ во Гевгелија, И.К.(76) од Струмица, управувајќи патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во паркиран автобус „волво“ со гевгелиски регистарски ознаки. И.К. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Гевгелија.Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија.По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Прегазена малолетничка во Кондово: Однесена во болница со тешки повреди

На 28.07.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1“ во с.Кондово, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(51) од с.Кондово, удрило во малолетничка од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-59-0540PM

Несреќа на патот Скопје-Куманово: Повреден возач и неговиот малолетен сопатник

На 28.07.2024 во 12.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје– Куманово, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(49) од Скопје, излетало надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот малолетен сопатник, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 1 година

IMG_5168

Приведени двајца крадци во демирхисарско

На 28.07.2024 во с.Железнец, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода О.М.(30) и Е.Ш.(36), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати при извршување на „тешка кражба“ во каменолом во атар на с.Железнец.За настанот бил известен јавен обвинител, а од нив биле одземени предмети поврзани со кривичното дело.Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

policija-policaec-35

Изминатиов викенд 226 санкционирани возачи на подрачје на СВР Битола, 157 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (26/27/28.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола изречени се вкупно 226 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 157 санкции, 16 мерки за возење под дејство на алкохол, 17 мерки за возење без возачка дозвола.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-46-9970PM

Пронајдена дрога кај затвореник кој бил пуштен на викенд отсуство

На 28.07.2024 во 17.10 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(43) од Гостивар. Тој се сомничи дека околу 16.45 часот со закана се обидел да одземе пари од спортска обложувалница на подрачјето на Центар во Скопје.Тој бил приведен во полициска станица и при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, било констатирано дека Д.С. издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Идризово – отворено одделение Велес и бил пуштен на викенд отсуство.Лицето било спроведено во установата, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-52-3040PM

111 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (28.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 111 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Уапсени се девет лица: најмногу се од Скопје, најмладиот има 20 години

Денеска (28.07.2024) во 02.00 часот на локалниот пат во с.Камењане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода А.М.(35) од с.Равен, гостиварско. При преглед во возилото во кое се превезувал, кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (28.07.2024) во 02.30 часот на бул.„Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода С.А.(20) од Швајцарија, со престој во село Дебреше, гостиварско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 27.07.2024 во 01.00 часот во хотел во Нов Дојран, полициски службеници ги лишиле од слобода М.С.(41) и М.С.(31) двајцата од Гевгелија, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, пари и мобилен телефон. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.Денеска (28.07.2024) во 00.25 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.И.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 27.07.2024 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 27.07.2204 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Т.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 27.07.2024 во 23.00 часот на влез во с.Бојане, општина Сарај, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.У.(24) од с.Желино, тетовско. При преглед на патничко возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана, метална дробилка и нож. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.На 27.07.2024 во 23.20 часот на паркинг простор кај Градскиот стадион во Виница, полициски службеници од ОВР Виница ги лишиле од слобода Е.Ј.(19) и Б.М.(18), двајцата од Штип, затоа што до патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Б.М., била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-45-4430PM

„Ауди“ се судри со мотоцикл во гостиварско: со тешки повреди едниот возач е однесен во болница

На 27.07.2024 во 10.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с.Градец, гостиварско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, управувано од Л.А.(32) од с.Градец и мотоцикл без регистраски ознаки, управуван од Д.С.(25) од с.Боговиње, тетовско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Клиничка болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар. .

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-11-10-at-12.58.42

Се судрија мотоцикл и автомобил во Куманово, тешки повреди има мотоциклистот и е во болница

На 27.07.2024 во 11.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул. „Ѓорче Петров“ и ул.„620“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(39) и мотоцикл „сузуки“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.Д.( 50), двајцата од Куманово.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Ургентен центар Куманово.Извршен бил увид од увидна екипаод СВР Куманово.

Македонија | пред 1 година

soobrakajka

Тројца повредени во сообраќајка пред Вевчани

На 27.07.2024 во 19.10 часот во ОВР Струга било пријавено дека на крстосница од регионален пат Р1201 со регионален пат Р2240, пред село Вевчани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(76) од с.Велебрдо, општина Маврово и Ростуше и патничко возило „смарт“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Ќ.(52) од с.Велешта, струшко.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.Ќ. и неговата сопатничка Ф.Ќ.(46) од село Велешта, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Додека возачот Р.Р. се здобил со телесни повреди констатирани во Медицински центар Струга.Извршен бил увид од ОВР Струга.

Македонија | пред 1 година

6

Претрес во скопско, пронајдено оружје и муниција

На 25.07.2024, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стадарди и СВР Скопје - Единица за недозволена трговија беше извршен претрес во дом кај две лица - полициски службеници за кои претходно беше утврдено дека на социјалните мрежи објавуваат фотографии со оружје.При претресот, извршен со судска наредба, во нивниот дом во село Сингелиќ, скопско, беа пронајдени една автоматска пушка, два пиштоли, 19 куршуми 9 мм, еден рап во кој има четири рамки за автоматска пушка, пет празни рамки за автоматска пушка, 125 куршуми калибар 7.62×39, пет куршуми непознат калибар, еден револвер, една празна рамка и шест празни рамки кои ги поседуваат без дозвола. Исто така, при претресот во домот и при преглед на возилото на еден од нив беше пронајдено и друго оружје и муниција кои ги поседуваат со дозвола.Подоцна, исто така, со судска наредба, беше извршен и претрес во викенд куќа во село Стрима, општина Липково, каде претходно беше утврдено дека е направена фотографијата и објавена на социјална мрежа, но во неа не беа пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело.Со двајцата полициски службеници и нивниот родител, во присуство на адвокат, беа извршени службени разговори, по што беа извршени консултации со јавен обивнителе од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-07-27-at-16.06.00

(Видео) Малолетници запалија катна гаража карши ГТЦ

На 26.07.2024 во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода четири малолетници од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека предизвикале пожар на кров од катна гаража.Тие биле затекнати на местото и од нив бил одземен предметот со кој го предизвиклае пожарот.Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 1 година

IMG_4243

Сообраќајки, тепачки, напади, но и закани кон полицајци: неколку апсења во Скопје

На 26.07.2024 во 15.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Трета македонска бригада“ во Скопје, Н.П.(55) од Скопје, управувајќи мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.П. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипаод СВР Скопје.На 26.07.2024 во 23.35 часот пред трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници го привеле Ј.А.(31) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 26.07.2024 во 18.00 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници при СВР Скопје го привеле М.М.(21) од село Љуботен, скопско, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 25.07.2024 во 23.30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.Б.(32) од прилепско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом упатувал закани кон својата 62-годишна мајка и се обидел физички да ја нападне. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (27.07.2024) во 00.30 часот во населба Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го привеле С.Џ.(20) од с.Цветово, скопско, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 27.07.2024 во 03.00 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(18) од Скопје поради сомнение дека на 26.07.2024 околу 22.30 часот допирал по телото 20 – годишна девојка од Република Франција. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Денеска (27.07.2024) во 01.45 часот во СВР Скопје, С.Ј.(43) од Скопје пријавил дека во 01.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од Д.Ј.(34) од Скопје, кој употребил и метален предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 26.07.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје, Џ.А.(21) од Скопје пријавил дека околу 14.40 часот на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 26.07.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, К.Т.(30) од Скопје пријавил дека околу 18.15 часот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од три машки лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

apsenje

Уапсени прилепчани: пробале да ги натепаат ќерката и сопругата

На 26.07.2024 во 23.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода О.З.(34) и М.Ѓ.(67), двајцата од Прилеп. О.З. се сомничи дека физички ја нападнал својата 41-годишна поранешна сопруга, додека М.Ѓ. се обидел фиизчки да ја нападне својата 41- годишна ќерка, но бил спречен од нејзиниот поранешен девер. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-53-3340PM

Скопјанец удри во Германец кој возел тротинет

На 26.07.2024 во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Словенија“ во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(61) од Скопје, удрило во електричен тротинет управуван од А.Т.(46) од Скопје, со престој во Сојузна Република Германија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Т. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски “ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

По 32 и 24 години имаат убијците од Батинци, а 26-години има скопјанецот кој проба да изврши убиство во Чаир

Единицата за насилен криминал - Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Н.(32) и М.Џ.(24) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство" по член 123 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали" по член 396 од Кривичниот законик.По преземени мерки и активности во координација со јавен обвинител, утврдено е дека на 01.07.2024 во с.Батинци, скопско, пријавените со автоматски пушки пукале кон возилото „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв, при што на местото починал А.Б.И., а З.И. се здоби со повреди и беше пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар Скопје.Единицата за насилен криминал - Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, исто така, поднесе кривична пријава и против В.И.(26) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.По преземени мерки било констатирано дека на 17.07.2024 на подрачјето на Чаир во Скопје, тој со пиштол пукал кон Д.Б.(31) и му нанел тешки телесни повреди.

Скопје | пред 1 година

453042909_463001919779824_8105024484227013833_n-1

(Видео) Сообраќајни полицајци од Скопје со цел арсенал оружје по дома: се фалеа со пушки „Инстаграм“, па беа претресни

Навидум полицајци од сообраќајното одделение на МВР, а дома чувале цел арсенал на пиштоли и пушки. Фотографија на социјалните мрежи им пресуди на двајца припадници на полицијата, кои вчера беа уапсени. „Скопје1“ дознава дека координираната акција при која се запленети пиштоли, пушка, куп рамки и куршуми се реализирала по допрен глас, односно објава на мрежата „Х“.Полицајците кои се уапсени, со пушките кои ги поседувале се фотографирале во селото Стрима во Липково и се пофалиле на социјалните мрежи. На едната фотографија, сообраќајниот полицаец носи и качулка на глава. Кога МВР дознала за случајот, била координирана и акцијата. Интересно е што истите овие полицајци се фалеле и дека поседуваат скапи, луксузни возила – за кои до овој момент не се знае дали се нивна сопственост. Веќе е утврдено дека оружејто било нивно, но го поседувале без дозвола.[caption id="attachment_297732" align="alignnone" width="481"] Алармот по кој се покренала акцијата[/caption]„При претресот, извршен со судска наредба, во нивниот дом во село Сингелиќ, скопско, беа пронајдени една автоматска пушка, два пиштоли, 19 куршуми 9 мм, еден рап во кој има четири рамки за автоматска пушка, пет празни рамки за автоматска пушка, 125 куршуми калибар 7.62×39, пет куршуми непознат калибар, еден револвер, една празна рамка и шест празни рамки кои ги поседуваат без дозвола. Исто така, при претресот во домот и при преглед на возилото на еден од нив беше пронајдено и друго оружје и муниција кои ги поседуваат со дозвола“, велат од МВР.Тие ќе добијат кривична пријава, а не се знае дали обвинител побарал да се одреди и притворска мерка.

Македонија | пред 1 година

policija

Се испотепале соседи, парнтери, малолетници - кражби и малтретирања вчера низ Скопје

На 25.07.2024 во 18.20 часот во СВР Скопје, А.Д.(35) од с.Батинци, скопско, пријавил дека околу 15.20 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од Ф.К., кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 25.07.2024 во 18.05 часот во СВР Скопје, 29 - годишна жена пријавила дека на 21.07.2024 околу 02.00 часот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Б.И.(22) од скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 25.07.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје, А.Б.А.(76) од Скопје пријавил дека на 22.07.2024 околу 19.30 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од неговиот сосед Б.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 25.07.2024 во 20.30 часот во СВР Скопје, Б.Б.(49) од Скопје пријавил дека околу 17.10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Гази Баба, двајца малолетници физички го нападнале неговиот малолетен син и му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 25.07.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје, Е.Г.(41) од Скопје пријавила дека околу 13.15 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, била физички нападната од нејзиниот сосед К.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 25.07.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, Д.Ѓ.(19) од Скопје пријавил дека околу 18.00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од В.Н., кој му се заканувал и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 25.07.2024 во 14.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу оставинска постапка, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ј.(59) и С.С.(67), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 25.07.2024 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 22.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, две лица фрлиле шишиња со запалива течност и предизвикале пожар на бетонска подлога пред гаражи од станбена зграда. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

konji-pazar-gjorce

Кавадарчанец украл коњи кои требало да учествуваат на Илинденскиот марш

На 25.07.2024 во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци.Кај него бил пронајден и одземен коњ, за кој претходно во Полициската станица Аеродром во Скопје било пријавено дека е украден, заедно со уште два други коњи, кои биле ангажирани за учество во Илинденскиот марш. На ливада во близина на улица „Клинска“ во Кавадарци биле пронајдени и другите два коња и биле вратени на сопственикот.По документирање на настанот против И.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-52-0060PM

Малолетници тепале скопјани во трговски

СВР Скопје поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.На 06.04.2024 во Градскиот трговски центар во Скопје, пријавените физички ги нападнале Л.Т. и С.А. од Скопје и им нанеле повреди.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања