Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

МВР

275926904_5352769051423821_3726905035675435954_n

Групна тепачка во Аеродром

На 25.07.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ѓ.Д.(54) и А.Д.(35), од една страна, и В.Д.(33), М.Д.(56), М.Д.(35) и М.Д.(56), од друга страна, сите од Скопје.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

sobranie-sala

Пратеници добиле закани

На 25.07.2024 во 13.58 часот во Полициската станица Центар, претставник на една политичка партија пријавил дека на 23.07.2024 околу 18.15 часот од непозната електронска адреса на службените електронски адреси на неколку пратеници во Собранието на РСМ била испратена порака со заканувачка содржина.За настанот е известена Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-57-1100PM

Три апсења во Охрид: на плажа, во кафуле, на булевар

На 25.07.2024 во 19.30 часот на плажа на брегот на Охридското Езеро во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле А.Ј.(20) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 25.07.2024 во 16.40 часот во угостителски објект на брегот на Охридското Езеро во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле А.Б.С.(31) од Данска, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, грендер со остатоци од марихуана и други предмети. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 25.07.2024 во 23.30 часот на булеварот ,,Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле М.К.(22) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Охрид | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-33-9710PM

Петмина малолетници нападнати од врсник и 24-годишен скопјанец: среде трговски пробале да ги ограбат

На 25.07.2024 во 20.00 часот на подрачјето на Центар полициски службеници ги лишиле од слобода С.Џ.(24) и малолетник, двајцата од Скопје.Тие се сомничат дека околу 17.00 часот во трговски центар во Скопје со закана со остар и со тврд предмет се обиделе од петмина малолетници да одземат пари. Со нив бил извршен службен разговор во полициска станица.По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво во обид“ по чл. 237 в.в. со чл.19 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 1 година

besjan-ahmeti

Внукот на Али Ахмети да биде вратен од Брисел каде седи на државен трошок, оти не направил ништо и има кривична за злоупотреби, бара министерот за економија

Откако Министерството за внатрешни работи поднесе против браќата Дрин и Бесиан Ахмети за злоупотреба со концесија за минерални суровини – министерот за економија, Бесар Дурмиши, во чие министерство од 2022 година е вработен Бесиан кој во моментов е испратен на дипломатска мисија во Брисел, побарал од МНР внукот на Ахмети најдоцна до крајот на август да биде вратен во земјава на своето работно место.Според министерот, Бесијан Ахмети за една година во амбасадата во Брисел, каде бил задолжен за привлекување на инвестиции од Белгија, Луксембург и Холандија не направил ништо, дополнително согласно новата реорганизација на министерствата тој треба да биде преместен во министерството за енергетика, како помлад соработник за мониторинг и следење на договорите за концесии за геолошки истражувања на минерални суровини. Во однос на кривичната, но и концесијата за експлоатација на минерални суровини, која му била дадена во 2016 година, во време на ДУИ, кога тогаш на чело на министерството бил Дритон Кучи, Дурмиши вели пријави се веќе поднесени и за тоа ќе се погрижат органите на прогон.„Тој е вработен во министерството за економија и труд, и министерството има поденсено барање кај МНР за да се врати на работно место бидејќи тоје однесен таму во мисија во дипломатска функција во амбасадата во Брисел како прв секретар за кој треба да ги надворешни инвестиции Белгија, Холандија, Луксембургние видовме дека до сеганема постигнати резулатати баравмед а биде вратен на работното место.“, изјави Бесар Дурмиши – министер за економија .

Македонија | пред 1 година

close-up-man-preparing-steal-from-young-woman

Разбојници од Скопје се обиделе да украдат пари од петмина малолетници

На 25.07.2024 во 20.00 часот на подрачјето на Центар полициски службеници ги лишиле од слобода С.Џ.(24) и малолетник, двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 17.00 часот во трговски центар во Скопје со закана со остар и со тврд предмет се обиделе од петмина малолетници да одземат пари.Со нив бил извршен службен разговор во полициска станица. По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво во обид“ по чл. 237 в.в. со чл.19 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 1 година

pistol

Приведен 51-годишен маж: Со пиштол се заканувал поради недоразбирање, кај него пронајдени и други пиштоли и муниција

На 25.07.2024 во 10.00 часот на улица „146“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(51) од тетовско, затоа што околу 08.50 часот, поради недоразбирање околу паркирање на возила, со пиштол му се заканил на Н.А.(54) од тетовска Мала Речица.При приведувањето, кај А.А. бил пронајден и одземен пиштол кубура, додека подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ калибар 7.62мм, две рамки за пиштолот и 46 куршуми калибар 7.62мм.Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-35-6640PM

Несреќа во Скопје: Едно лице тешко повредено, три лица со полесни повреди

Денеска (26.07.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат с.Драчево-с.Морани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од И.С.(26) од с.Зелениково, скопско и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Ф.И.(43) од с.Страхојадица, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.Во несреќата сопатничка од возилото „фолксваген голф“, Х.К.(36) од с.Морани, скопско, се здобила со тешки телесни повреди, а И.С., нејзиниот малолетен сопатник и уште една сопатничка С.А.(42) од Скопје од возилото „голф“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Soobrakjajka-Kacanicki-1

Возило прегазило пешак, па удрило во друго паркирано возило и во излог од вулканизерска работилница

На 25.07.2024 во 13.25 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с.Чегране, кај с.Форино, гостиварско, патничко возило „сузуки“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(19) од Австрија, удрило во пешакот Џ.И.(71) од с.Форино, а потоа во паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со германски национални ознаки, сопственост на И.Е.(63) од с.Форино, како и во излог од вулканизерска работилница.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Македонија | пред 1 година

uapsen

Приведен гостиварец за издржување тригодишна затворска казна

На 25.07.2024 во 14.40 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ф.Т.(55) од Гостивар.Тој бил баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од три години, за сторено кривично дело „трговија со луѓе“ по член 418 - а став 3 од Кривичниот законик.Ф.Т. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово-Скопје за издржување на затворската казна.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Полициските хеликоптери исфрлија над 65 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“

Денеска (25.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.Во 12 налети исфрлени се над 65 тони вода со што се локализирани жариштата од едниот реактивиран крак на пожарот и спречено е ширење на огнот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Претрес во Велес, приведен дилер

На 24.07.2024 во 14.25 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода А.Т.(26) од Велес.При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени марихуана, хашиш, семки од канабис, растение канабис сатива, дигитална вага и пари во различни валути и апоени.А.Т. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и против него е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-51-1800PM

Приведени седум странски државјанки, нелегално работеле и престојувале во државата

На 24/25.07.2024, во периодот од 23.00 часот до 03.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово - Полициско одделение Галате извршиле акциска контрола во угостителски објект во близина на автопатот Тетово-Гостивар, сопственост на Р.Б.(49) од Гостивар, а со цел пронаоѓање на странски државјани кои илегално престојуваат и работат на подрачјето и на лица кои се бараат по разни основи, присуство во угостителски објекти на малолетници по полноќ, контрола на возила и сл.При контролата биле приведени сопственикот Р.Б. и Ф.Б.(48) од гостиварски Добридол, кои биле барани по распишана потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. При контролата, исто така, биле приведени 4 странски државјанки од 33 до 49-годишна возраст од Албанија и Косово, кои непријавено престојувале на подрачјето и го злоупотребиле туристичкиот престој.Во текот на контролата, во друг угостителски објект во Неготино, полошко, биле затекнати и приведени три државјанки на Република Албанија на возраст од 31 до 33 години, кои немале регулиран престој на подрачјето.Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-22-7060PM

Сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и мотоцикл, двајца малолетници се тешко повредени

На 24.07.2024 во 22.50 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на крстосница од регионален со локален пат, помеѓу струшките села Боровец и Лабуништа, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл, управуван од малолетник од с.Лабуништа и патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од Ф.Н.(53) од с.Лабуништа, двете со струшки регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мотоциклот и неговиот малолетен сопатник констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-55-5960PM

(Видео) Кривична пријава против тројца полициски службеници: Рафално пукале со автоматска пушка

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против А.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце, Д.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце и Ј.Б., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Јажинце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот законик.Имено, првопријавениот А.Д. на 23.05.2022 и второпријавениот Д.Д. на 24.05.2022 во текот на работното време додека биле ангажирани во шумски предел кај место викано „Ѓинов Камен“, без да бидат исполнети законските услови за употреба на огнено оружје, пукале со службена автоматска пушка, која ја задолжиле пред излегувањето на смена, во присуство на други полициски службеници кои заедно со нив биле работно ангажирани.Исто така, првопријавениот А.Д. на 29.02.2024 и третопријавениот Ј.Б. на 08.03.2024, во време кога не биле работно ангажирани, во шумски предел во близина на место викано „Ѓинов Камен“, во присуство на неколку лица, рафално пукале со автоматска пушка.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник Ј.Б. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка. За полициските службеници А.Д. и Д.Д., поради изминување на роковите за водење на дисциплинска постапка, нема да биде поднесен предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.?si=_v_9-4rGePXsE--k

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога

На 24.07.2024 во 15.30 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Ј.Н.(48) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени стебла канабис и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.За настанот бил запознаен јавен обвинител и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

kradec-1

Битолчанец украл накит од 74-годишна жена

На 24.07.2024 во 16.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.Р.(23) од Битола. Тој се сомничи дека околу 15.30 часот влегол во дворот на С.Б.(74) од Битола и со употреба на сила ѝ одзел личен накит.Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

06

108 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола осум санкции, десет мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 15 мерки за непочитување на брзината на движење, три мерки за користење на мобилен телефон при возење.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Лишени двајца косовски државјани, во автобус криумчареле стока без соодветна документација

Денеска (24.07.2024) околу 03.50 часот на магистрален пат Крива Паланка – Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле автобус, сопственост на компанија за превоз на патници од Косово.При извршениот преглед на возилото и патниците, пронајдени се повеќе кутии со лекови со вкупно 5.942 таблети, 100 пакувања со кафе, 36 чанти со натпис од заштитени брендови, 104 машки парфеми и други предмети за кои немало соодветна документација.Г.Ќ.(28) и Џ.М.(27), двајцата од Косово, се лишени од слобода, поради сомнение за сторено кривично дело по член 278 Б и член 353 од Кривичниот законик, а увид извршила Единицата за економски криминал при СВР Куманово и по консултација со јавен обвинител автобусот со пронајдените предмети е одземен за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

siluvanje

Нови детали за битолчанецот кој уценувал девојка на секс: Ја принудил да му исплати пари, стекнувајќи се со имотна корист од околу 5.500 евра

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против В.Т.(25) и од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уцена“, казниво по член 259 и „полов напад и силување“, казниво по член 186 став 1, а во врска со став 4 од Кривичниот законик и против Б.Т.(33) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“, казниво по член 24, во врска со кривично дело по член 259 од Кривичниот законик.Првопријавениот В.Т., во периодот од август 2023 до 22.07.2024, заканувајќи се на тогаш 17-годишна девојка од Битола дека на социјална мрежа ќе објави фотографии со кои ќе ѝ наштети на нејзината и честа и угледот на нејзиното семејство, извршил обљуба врз неа. Покрај ова, тој на истиот начин ја принудил да му исплати пари, стекнувајќи се со имотна корист од околу 5.500 евра. Во извршување на ова дело му помагал второпријавениот Б.Т., кој внимавал некој да не наиде при подигање на парите, кои подоцна ги делеле.Двајца се лишени од слобода, а со судска наредба, полициски службеници од СВР Битола извршија претрес во домот кој го користат, при што беа пронајдени докази и предмети за кои постои сомнение дека со поврзани со делата.Судија на претходна постапка на В.Т. му определи мерка притвор, а на Б.Т. мерка на претпазливост

Македонија | пред 1 година

uploads_thumbs_resize_800x420_360322

Скопјанец нападнал маж: Му го оштетил автомобилот и му го украл телефонот

На 23.07.2024 во 13.10 часот на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(34) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 12.45 часот на паркинг простор пред хотел на подрачјето на Центар му го одзел мобилниот телефон на С.Ј.(62) од Пробиштип. Според пријавеното, при обид да си го врати одземеното, С.Ј. бил нападнат со тврди предмети од А.Б., кој му го оштетил возилото.Со А.Б. бил извршен службен разговор во полициска станица и кај него бил пронајден одземениот предмет.По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 1 година

velosiped

Удрен велосипедист во Тетово, со тешки повреди однесен во болница

На 23.07.2024 во 11.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек од булевар „Видое Смилевски Бато“ со улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.З.(69) од Тетово, удрило во велосипед, управуван од С.У.(28) од Тетово.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Тетово.Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Малолетник со мопед прегазил 57-годишна жена

На 23.07.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„532“ со ул.„526“ во с.Кадино, општина Илинден, мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Кадино, удрил во пешакот О.М.(57) од с.Миладиновци.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила О.М., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

traktor-1

Загина 60-годишен маж: Изгубил контрола над тракторот и излетал од патот

На 23.07.2024 во 06.55 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на место викано „Цигански рид“ во Виница, В.М.(60) од с.Градец, виничко, додека управувал трактор „масеј фергусон“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот.Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот В.М., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.По наредба на Јавен обвинител од ОЈО Кочани телото на починатиот било дадено на обдукција.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

Македонија | пред 1 година

IMG_5160

Девет млади лица фатени со дрога во Охрид

На 22.07.2024 во 23.45 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишија од слобода Т.М.(19), А.С.(18), Т.Ч.(28), Д.А.(23), К.С.(20), А.С.(18), Х.П.(18) и двајца малолетници, сите од Скопје.При претрес во камп приколка во автокамп на брегот на Охридското Езеро, која ја користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 23 пакувања со бела грутчеста материја, повеќе метални кутии со бела грутчеста материја, марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид на полнолетните лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, а по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања