Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

МВР

Нема фотографија

Приведени две лица од Штип, кај нив пронајдена марихуана и поголема сума на пари

На 23.07.2024 во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода А.Џ.(36) и Ќ.Х.(22) од Штип.При претрес во домот на А.Џ., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, поголема сума пари во различни валути и апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.Додека, при претрес во домот на Ќ.Х., извршен исто така со судска наредба, била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана.Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветени пријави.

Македонија | пред 1 година

IMG_5157

Приведени дрвокрадци во Куманово

На 23.07.2024 околу 22.30 часот во населба „Ајдучка чешма" во Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода А.Ѓ. од Куманово и С.Н. од Крива Паланка.При преглед на товарно возило „там“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал А.Ѓ., а сопатник бил С.Н., било утврдено дека превезувале шест кубни метри нежигосано огревно дрво без документација. Возилото и дрвата биле одземени, а лицата биле приведени во полициска станица.По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

policija-policaec-35

110 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 110 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола седум санкции, седум мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 13 мерки за непочитување на брзината на движење, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-02-03-at-09.58.20

Расчистено убиството во Гостивар: убиениот е пукан со автоматска пушка, а најдено е и возилото

„Расчистено убиството во гостиварско Дебреше, лишени од слобода три лица“, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и додава:Полициски службеници од СВР Тетово попладнево (23.07.2024) лишија од слобода три лица и го расчистија убиството кое се случи денеска во гостиварско Дебреше околу 17.15 часот.Веднаш по добиената пријава дека е пукано врз Р.К.(35) од Дебреше воспоставена е оперативна акција “обрач” за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите. По кратко време, сторителите се лишени од слобода и тоа Б.В.(28), Ј.В (31) и Љ.Б.(32), а пронајдена е и автоматската пушка од која е пукано, како и возилото “волво” со кое сторителите се одддалечиле од местото на настанот“.По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО.

Македонија | пред 1 година

brza-pomos-51

Почина 19-годишник на забава во Радишани: излегол од базен да пушти музика, паднал по струен спој

На 23.07.2024 во 23.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека на домашна забава во Радишани, скопско, од струен удар починал Љ.Љ.(19) од Скопје. Според пријавеното, откако излегол од базенот, Љ.Љ. преку миксетата сакал да пушти музика и во тој момент паднал од краток спој.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Чаир.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-55-5960PM

Полицаец ќе одговара за убивање на куче: го оставил во кола, умрело од топлотен удар

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.М., полициски службеник на работно место водич на службено куче, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „убивање и мачење на животни“, по член 233 од Кривичниот законик.Пријавениот на 12.06.2024 година од 10.00 до 12.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, по завршување на работните задачи со службеното куче, согласно наредба за вршење на служба, во задниот дел од службеното возило „дачија“, во боксот за транспорт го сместил службеното куче, раса белгиски овчар, го паркирал возилото со исклучени мотор и клима, а вклучена вентилација и го напуштил возилото на час и половина. Откако се вратил назад, забележал дека кучето било во лоша здравствена состојба, по што се упатил во ветеринарна станица каде било констатирано дека кучето веќе угинало.По извршена обдукција од страна на Факултет за ветеринарство било утврдено дека причина за угинувањето на кучето е угушување, предизвикано од топлотен удар. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди согласно своите надлежности и овластувања против полицискиот службеник Д.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска и на материјална одговорност.

Скопје | пред 1 година

2-2

Министерот Тошковски на увид во градбата на нова Полициска станица во Аеродром

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески, денеска (23.07.2024) извршија увид во градбата на новата Полициска станица од општа надлежност Аеродром. Градбата на новата Полициска станица беше започната минатата година во јули со план за завршување за 30 месеци од денот на воведување во работа на економските оператори изведувач и надзор. Констатирано беше на лице место дека изградбата на станицата е во планираната динамика и граѓаните во општина Аеродром во планираниот рок ќе добијат нова и модерна полициска станица во која полициските службеници ќе ги извршуваат своите обврски а граѓаните ќе ги добиваат очекуваните услуги.„На предлог на градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески во Полициската станица да предвидиме простории за управни служби, дадов уверување дека ќе направиме сериозни напори тоа да биде остварено, за граѓаните да не мора да одат во МТВ за некоја од услугите на управните служби како вадење на лични документи, возачки дозволи и други услуги важни за нив. Зголемувањето на брзината, квалитетот и достапноста на услугите кои ги нудат управни служби е еден од приоритетите на ова раководство на МВР бидејќи граѓаните секогаш треба навремено и квалитетно да ја добиваа услугата од својата држава која постои за нив“, потенцираше министерот Тошковски.

Скопје | пред 1 година

1-2

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведени две лица

На 22.07.2024 во Скопје полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и преземени оперативно тактички мерки, лишија од слобода две лица Ц.Д. од Скопје и Т.А. од Битола, кои се затекнати при купопродажба на околу 500 грама марихуана.По извршена консултација со јавен обвинител и обезбедена наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во дом кај Ц.Д во Скопје, при што е пронајдена тегла со марихуана, празни тегли со остатоци од марихуана и дигитална вага. Лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица и против нив по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

Скопје | пред 1 година

mobilen-telefon

Тетовец пратил лична карта на непознат човек, добил долг за кредит: полицијата ја истражува измамата

На 22.07.2024 во 13.00 часот во СВР Тетово, 64-годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен од едно лице. Според пријавеното, во мај 2024 година преку социјална мрежа, лицето го довело во заблуда така што побарало од него на негова сметка да му бидат испраќани пари од страна на роднина на лицето од странство.Како што е пријавено, тој испратил слика од неговата лична карта и трансакциска сметка и потоа во два наврата на сметката му стигнале вкупно 45.000 денари кои во Скопје ги дал на машко лице, по што бил блокиран од профилот со кој комуницирал.Исто така, според пријавеното, вчера на домашна адреса му пристигнало писмо од финансиско друштво дека должел пари за рата од брз кредит, кој никогаш не го подигнал, по што сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

javna-soba-960x536-1

Нов страотен случај во Скопје: Малолетник злоупотребен да праќа експлицитни видеа, од него и семејството на соученици

На 22.07.2024 во 16.10 часот во Полициската станица Бит Пазар, 37 – годишен жител на Скопје пријавил дека во текот на јуни 2024 година, неговиот син од страна на малолетници од основно училиште во кое учел, бил ставен во група на социјална мрежа со негово име, слики и видеа со експлицитна содржина.Според пријавеното, малолетниците со закани го присилувале неговиот син да ги прави фотографиите и видеата, кои потоа ги објавувале во групата.Како што е пријавено, истите лица злоупотребиле и фотографија од пријавителот и неговата сопруга и без согласност ја објавиле на социјалната мрежа.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Разбојништво, групни тепачки, ограбен дом - полицијата расчистува неколку крими настани во Скопје од изминативе денови

Денеска (23.07.2024) во 02.10 часот во СВР Скопје, Н.Е.(39) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од А.Ќ.(32) од Скопје.На 22.07.2024 во 19.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, К.Р.(27) и Е.О.(32) физички ги нападнале С.М.(41), С.М.(43) и С.М.(18), сите од Скопје.На 22.07.2024 во 13.40 часот во СВР Скопје, И.П.(53) од Скопје пријавил дека на 20.07.2024 околу 21.00 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од З.М. од Скопје.На 19.07.2024 во 14.52 часот во СВР Скопје, З.Ј. од Скопје пријавил дека околу 14.15 часот едно лице со употреба на сила и погоден алат влегол во неговата куќа на подрачјето на Карпош, а потоа со закана му одзело личен предмет.СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.В.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 10.07.2024 на бензинска станица на ул. „Македонско-косовска бригада“ во Скопје, пријавениот со закана со остар предмет од вработениот го одзел дневниот промет и му го оштетил мобилниот телефон.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-57-4930PM

Крими-Тетово: нападнат вработен во болницата, сопруг се заканувал на сопруга, на пазар нападнат маж со нож

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(44) од с.Копачиндол, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“. На 08.11.2023, пријавениот агресивно се однесувал кон вработен во Клинички центар Тетово и му се заканувал со остар предмет.СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Т.(38) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 20.06.2024 во семејниот дом, пријавениот се заканувал на неговата сопруга.СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.В.(30) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 09.04.2024 на Градскиот пазар во Тетово, по претходна расправија, пријавениот со нож се заканил и се обидел да го нападне С.Ф..СВР Тетово поднесе кривична пријава против поднесе кривична пријава против Б.З.(42) од с.Горно Седларце, општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 05.06.2024 во просториите на Полициското одделение Камењане, пријавениот се заканувал на полициски службеник и се обидел да го нападне. Подоцна, при преглед во неговото возило била пронајдена секира.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-42-7280PM

Несреќа во Охрид: Тешко повреден возач на мопед

На 22.07.2024 во 17.45 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во с.Велешта, струшко, се случила сообрaќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.В.(67) од с.Велешта и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од И.К.(61) од с.Велешта, со живеалиште во Република Австрија.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Се судриле камион и автомобил во Драчево, две лица се повредени

На 22.07.2024 во 06.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат од населбата Драчево кон село Зелениково, пред влезот за с.Студеничани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка, управувано од М.Х.(62) од с.Семениште, општина Сарај и патничко возило „сеат алхамбра“ без регистарски ознаки, управувано од Г.К.(31) од с.Зелениково, скопско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил О.С.(22) од с.Смесница, општина Зелениково, сопатник од возилото „сеат алхамбра“, а возачот Г.К. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен дилер на дрога од Битола

На 23.07.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Т.(37) од Битола.При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис, халуциногени печурки и предмети со остатоци од прашкаста материја.А.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен дрвокрадец во Скопје

На 22.07.2024 во 17.45 часот на магистралниот пат за Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода И.А.(49) од Скопје. При преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, било утврдено дека врши нелегален транспорт на нежигосани огревни дрва, со истечена регистрација на возилото и без важечка возачка дозвола.Возилото и дрвата биле одземени, а лицето било приведено и предадено во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 1 година

Apsenje-1

Приведен 31-годишник, обвинет за шест кражби

На 22.07.2024 во 20.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода И.А.(31) од село Габревци, општина Конче.Тој се сомничи дека во април и јули 2024 на подрачје на општина Конче извршил шест кривични дела „тешка кражба“, од кои пет во куќи и една во викенд куќа.Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

140 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, 20 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест санкции за користење мобилтен телефон при возење, шест мерки за некористење сигурносен појас.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

655-402-zatvor

Фатен бегалец од КПУ Идризово, осуден на казна затвор од 12 години и 10 месеци

На 21.07.2024 во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Ј.С.(34) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд, поради бегство од КПУ Идризово. Ј.С. е осуден на казна затвор од 12 години и 10 месеци, а во врска со член 188 ст.1 и чл. 236 ст. 1 т.1 в.в чл. 22 и чл. 24 од КЗ,Лицето ќe биде спроведенo во надлежната казнено поправна установа.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

35-годишник со мопед излетал од патот, однесен во болница со тешки повреди

На 21.07.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат во Маврови Анови, К.С.(35) од Скопје, управувајќи мопед без регистарски ознаки, излетал од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.С., констатирани во Општата болница Гостивар.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Македонија | пред 1 година

uapsen

Приведен криминалец од липковско, осуден на пет години и седум месеци затворска казна

На 22.07.2024 во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.И.(35) од село Никуштак, општина Липково.Тој бил осуден на пет години и седум месеци затворска казна за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215, „трговија со луѓе“ по член 418 - а и „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница за доиздржување на три години од казната.Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на затворската казна.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

100 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола девет санкции, 42 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за некористење сигурносен појас...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-52-2770PM

Прегазени скопјани, едниот со тешки повреди е во болница: несреќа во Чаир

На 20.07.2024 во 12.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Зеф Љуш Марку“ во Скопје, патничко возило „форд ка“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(26) од Скопје, удрило во А.М.(82) двајцата од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.М., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-45-7310PM

Девет повредени во несреќа на патот Гостивар-Кичево - сите однесени во болница

На 20.07.2024 во 11.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на с.Трапчин Дол, кичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.Ф.(74) од Скопје и патничко возило „тојота“ со чешки национални ознаки, управувано од П.Х.(44) од Република Чешка.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Т.Ф. и А.Х.(78) од Република Чешка, сопатничка од возилото „тојота“, додека со телесни повреди се здобиле возачот П.Х. и тројца негови сопатници, П.С.Х.(44) и двајца малолетници, сите од Република Чешка, констатирани во Медицински центар Кичево.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-52-0060PM

Трагична несреќа во Скопје: загина мотоциклист, се судриле со Холанѓанец

На 20.07.2024 во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„518“, ул. „516“ и бул.„Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со холандски национални ознаки, управувано од Б.С.(43) од Холандија и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.С.(50) од Скопје.Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што подоцна починал. Лекар констатирал смрт, а увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања