Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

МВР

DSC_0289

Две апсења ноќеска во центарот на Скопје

На 20.07.2024 во 23.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 20.07.2024 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-19-8240PM

Уапсен млад скопјанец: низ град се шетал со пиштол и прашкаста материја

Денеска (21.07.2024) во 05.20 часот во село Кадино, општина Илинден, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.П.(22) од с.Марино, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја и пиштол.По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

loru5bcabbkptivbtymx

Девет уапсени на забава во велешко: се журкале со прашкаста, тревкаста и грутческа материја

Во периодот од 22.00 часот на 20.07. до 01.30 часот на 21.07.2024, за време на одржување на забава на место викано „Бабуна“, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Т.Ѓ.(29), Ф.Ј.(30), Ф.Ѓ.(29), сите од Скопје, М.Н.(22) од Прилеп, Н.А.(23), И.С.(28), двете од Скопје и тројца малолетници. При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, зелена тревкаста материја, бела грутчеста материја, таблети и други предмети. Исто така, Т.Ѓ. се однесувал агресивно и ги спречувал полициските службеници при преземањето службени дејствија. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 година

2-1

Тошковски: Благодарност до сите што учествуваат во гаснење на пожарите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска беа на планината Серта, каде изминатите денови се справуваме со активен пожар од голем размер."Состојбата е значително подобрена, но се уште има жаришта кои горат, како што е жариштето зад военото стрелиште Пенуш во правец на Криволак. Благодарност до сите што учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија нашата Македонија. Вашата пожртвуваност и напорна работа се непроценливи. Посебна благодарност до Даре, доброволец од Дирекцијата за заштита и спасување, кој денеска при гаснењето на пожарот ја скршил раката, но и покрај тоа остана со своите колеги до крајот на денот. Даре е вистински херој и пример за сите нас, а неговата храброст и посветеност инспирираат“, рече министерот Тошковски.Министерот Тошковски исто така беше и во селото Пухче, кое се наоѓа од другата страна на Серта во правец на Штип, каде исто така има пожар.„Апелирам до сите граѓани да избегнуваат движење во шумите и секое сомнително движење или сомнителна активност од било кого да го пријават во полиција. Шумите се нашето природно богатство и заедно треба да ги чуваме и штитиме.“, потенцираше министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

Приведен разбојник од Тетово

На 19.07.2024 во 21.05 часот на подрачје на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров го лишиле од слобода М.Н.(25) од Тетово.Тој бил баран по локален распис од СВР Тетово поради постоење основи на сомнение дека на 18.07.2024 во три наврати со закана кон сопственикот на продажен објект во Тетово и физички напад врз неговата сопруга одзел пари од дневниот промет.Лицето било предадено во СВР Тетово и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-10-0970PM

Скопјанец удрил во отворена шахта со мотоцикл, заврши во болница со тешки повреди

На 18.07.2024 во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на тротоар од бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, мотоцикл управуван од А.Б.(69) од Скопје удрил во отворена шахта.Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.Увид бил извршен.

Скопје | пред 1 година

DSC_0288

Ужасна несреќа: Се судриле две возила, трето удрило во пешаци кои со повреди завршија во болница

На 19.07.2024 во 16.55 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосницата од ул.„Љупчо Сантов“, ул.„Браќа Ставреви“ и ул.„Раде Кратовче“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Е.А.(42) од Кочани и патничко возило „бмв“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.И.(32) од Кочани, по што возилото „фолксваген поло“ удрило во пешаците Р.К.(50) од Кочани и М.Р.(20) од с.Оризари, кочанско, и во паркирано патничко возило „рено“ со кочански регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.К., додека со телесни повреди се здобиле М.Р и двајцата возачи, констатирани во Јавна здравствена установа Кочани.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-45-4430PM

Возач на мопед е во болница, откако се судрија со „мерцедес“ - тешка несреќа и во Гевгелија

На 19.07.2024 во 05.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Вардарски рид“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од З.К.(63) од Гевгелија и мопед со гевгелиски регистарски ознаки, управвуван од М.П.(45) од Гевгелија.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

Македонија | пред 1 година

soobrakjajka-izletano-vozilo

Скопјанец и прилепчанец со тешки повреди: сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола

На 20.07.2024 во 00.18 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп - Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило марка „фолксваген голф“ со привремени регистарски ознаки, управувано од И.Б.(47) од Скопје и патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.С.(34) од Прилеп.Во несреќата двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Градска болница Прилеп.Увидот на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Македонија | пред 1 година

guzva-granica

Србин наместо во затвор, тргнал на пат: го барала Франција оти се занимавал со продажба на дрога

На 19.07.2024 во 05.45 часот на Граничниот премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода Н.М.(38) од Република Србија затоа што при гранична проверка било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Франција за сторено кривично дело „недозволена трговија со дрога''.Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Струмица за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-50-7110PM

Тројца уапсени во Охрид: полиција запрела автомобил со скопјани, па проверила што имаат во него

На 20.07.2024 во 00,10 часот на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Е.И.(19) од селото Житоше, општина Долнени, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 19.07.2024 во 15.00 часот на улица „Гоце Делчев“ во Охрид, Полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги привеле Д.Н.(42) од Охрид и А.Г.(49) од Скопје затоа што при преглед на патничко возило „опел“, сопственост на А.Г., во кое биле двајцата, кај Д.Н. била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Охрид | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Претрес во куќа во Центар: скопјанец заглави во станица, одземени му се неколку работи

На 19.07.2024 во 15.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција - Единица за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода Г.С.(43) од Скопје.При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 1 година

IMG_4251

Полицијата вратена на улиците низ Скопје, се води грижа за редот и мирот: казнети 28 возачи, приведено едно лице

Во текот на изминатата вечер (19/20.07.2024) во периодот од 18.00 до 02.00 часот полициски службеници од СВР Скопје продолжија со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на територија на СВР Скопје, преку превентивно присуство на полицијата.При тоа приведено е едно лице поради нарушување на јавниот ред и мир, а била спроведена и сообраќајна контрола при што санкционирани биле 28 возачи, 14 возила биле отстранети со специјално возило Пајак.

Скопје | пред 1 година

DSC_0718

Приведен разбојник во Скопје: го фатиле на дело, се заканувал кога му ставале лисици

На 19.07.2024 во 12.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Д.Р.(31) од Скопје поради сомнение дека извршил кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик.Тој бил фатен веднаш по извршување на делото во продажен објект на подрачјето на Драчево во Скопје, од каде со употреба на сила од вработената одзел производи. Откако бил приведен во полициска станица агресивно се однесувал и упатил закани кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија.Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

451865297_122166797864197509_5229675161542937771_n

Средба на министерот Тошковски со Гуалано де Годој, претставник на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР)

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со Габриел Гуалано де Годој, претставник на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во нашата држава.На средбата беше потврдена добрата соработка на МВР со УНХЦР, заедничките постигнати резултати, а соговорниците разговараа и за актуелни прашања, како и за натамошната соработка.„Заеднички го истакнавме фактот дека Македонија е држава во која во многу прилики сме ја истакнале својата солидарност и хуманост во справување со хуманитарни кризи кои предизвикале раселувања и бегалци“, рече министерот Тошковски.Од страна на Габриел Гуалано де Годој беше потенциран проблемот на лицата кои се уште се без државјанство а од страна на министерот беше потенцирано дека ќе се преземе се што е во надлежност на МВР што поскоро да се реши нивниот статус.„Наш план е и зајакнување на системот на баратели на азил со стандардни оперативни процедури преку кои граничната полиција ќе постапува во насока на олеснување на проблемите кои ги имаат барателите на азил“, истакна министерот Тошковски.На средбата беше истакната заедничката заложба за натамошно унапредување на соработката во сите области во рамките на мандатот на УНХЦР.Притоа, во однос на досега постигнатото, г. Габриел Гуалано Де Годој ги пренесе благодарноста, но и, како што посочи, признанието дека нашата држава се цени како вистински лидер, не само во регионот во прашањата на заштита на правата на бегалците.

Македонија | пред 1 година

42640656_562758944144168_2859654620848848896_n

Удрен велосипедист, со тешки повреди однесен во болница

На 18.07.2024 во 20.50 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на локалниот пат Пробиштип-с.Плешенци, во с.Плешенци, патничко возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.З.(57) од с.Долни Стубол, пробиштипско, удрило во велосипед, управуван од Т.В.(38) од с.Плешенци.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-06-4870PM

Несреќа на патот Скопје-Куманово: Повредени четири лица

На 18.07.2024 во 18.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.Џ.(22) од Скопје, удрило во запрено патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, паркирано од Л.С.(20) од Куманово.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а двајца сопатници од запреното возило, М.М.(20) и М.Т.(20), двајцата од Куманово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

158 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 санкции, 36 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, седум мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

2

Средба Тошковски-Ониди: Поддршка во забрзување на процесот на интеграција кон ЕУ со креирање на нови програми

Денеска (18.07.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и државниот секретар во МВР Сашо Петрушевски, остварија средба со заменик генералниот директор на Генералниот директорат на ЕУ за миграција и внатрешни работи при Европската комисија, Оливие Ониди, придружуван од амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Н.Е. Дејвид Гир.Министерот Тошковски се заблагодари на за помошта што ја добиваме во гасењето на пожари преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ.Заменикот генерален директор Ониди потсети дека еден од основните постулати на постоењето на Европа е солидарноста и взаемната помош на државите. Ониди потенцираше дека со сите сили ќе се стремат за забрзување на процесот на интеграција во ЕУ, ќе ги поддржат во чекор сите наши заложби преку помош и поддршка со постојните механизми на ЕУ и креирање нови програми.„Изразив подготвеност и очекување во иднина уште повеќе да ја интензивираме соработката во имплементацијата на суштински реформи кои уште повеќе ќе не доближат до највисоките стандарди на функционирање кои важат во Европската Унија. Тука би ја потенцирал реформата на граничното управување и имплементација на вистински модерен систем на гранично управување кој ќе овозможи ефикасност на штитење на границата, посебно бидејќи нашата држава се наоѓа на една од најразвиените и најкористени миграциски рути.“, потенцираше министерот Тошковски.На средбата беше потврдена потребата од зајакнување на размената на информации преку механизмите на ЕВРОПОЛ, бидејќи тоа е клучно во борбата со транснационалниот организиран криминал.Заменикот генерален директор и амбасадорот ги потенцираа точките на кои што треба да се фокусираме и во иднина со цел исполнување на сите европски стандарди кои гарантираат владеење на правото и ефикасност на државата за своите граѓани во сите аспекти.

Македонија | пред 1 година

IMG_5051

Оперативна акција „Пожар 2024“: Целосна мобилизација на МВР во спречување и справување со пожарите

Денеска во Mинистерството за внатрешни работи се одржа координативен состанок на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и началниците на секторите за внатрешни работи и други организациски единици во МВР на кој тема беше целокупната состојба со пожарите кои ја зафатија нашата држава, активностите што ги презема МВР заедно со другите институции за нивно гасење и активностите за превенција од настанување на нови пожари.На состанокот е донесен заклучок за целосно мобилизирање на сите расположливи човечки и технички ресурси на МВР под оперативна акција „Пожар 2024“. Со оваа оперативна акција сите материјално-технички средства со кои располага МВР, ќе бидат ставени во функција на справување со пожарите. Секторите за внатрешни работи како регионални единици на МВР ќе бидат постојано на терен со зголемено присуство и тесно ќе соработуваат со останатите сектори како Одделот за специјални полициски операции, Одделот за воздухопловни единици, Одделот за гранични работи и миграција, Крим полицијата и други оддели при Бирото за јавна безбедност.Присуството на полицијата на терен ќе биде зголемено. Постојат индиции дека дел од пожарите се подметнати и ќе бидат преземени сите неопходни мерки за расчистување на случаите и санкционирање на сторителите.Апелираме до граѓаните да бидат исклучително внимателни кога се движат во природа. Исто така, ако граѓаните забележат било какво сомнително движење или активности, веднаш да пријават во најблиската полициска станица или на телефонот 112.Секоја активност во насока на намерно или ненамерно предизвикување на пожари ќе биде санкционирана најстрого во рамките на законските норми.

Македонија | пред 1 година

velosiped

Прегазен малолетен велосипедист во Штип, однесен во болница со тешки повреди

На 17.07.2024 во 14.48 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Лакавица, штипско, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Д.(30), удрило во велосипед, управуван од малолетник, двајцата од с.Лакавица.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Штип.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен 39-годишен дилер од струмичко

На 17.07.2024 во 19.00 часот во село Василево, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Т.М.(39) од село Василево, бидејќи кај него биле пронајдени амфетамин и марихуана.Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес и во неговиот дом во село Василево, при што биле пронајдени и одземени една тегла и неколку пакувања со марихуана, повеќе пакувања со амфетамин и една дигитална вага.Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против Т.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

ambulanta

Во вчерашното пукање во Чаир повреден 31-годишен скопјанец

Во синоќешната престрелка во Чаир повреден е 31-годишен маж Д.Б. од Скопје.Според информациите на МВР тој вчеравечер пред 22 часот бил пренесен во Градската општа болница „Наум Охридски“ откако се здобил со повреда од огнено оружје.МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

IMG_5086

Уапсен Блерим Рамадани, поранешен припадник на ОВК по потерница од Србија, Косово од македонската полиција бара ослободување

Македонската полиција го успси Блерим Рамaдани, поранешен припадник на ОВК, соопшти Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово.Рамадани е поранешен припадник на оперативната зона Неродиме на Ослободителната војска на Косово, соопштува Министерството за правда на Косово.Организацијата на воени ветерани на Косово упати повик до институциите на Северна Македонија веднаш да го ослободат Блерим Рамадани.Амбасадорот на Косово и косовските властите работат на брзо ослободување на Рамадани.,,Нашиот амбасадор во Северна Македонија, Флоријан Ќехаја, интензивно се заложи за постапување по овој случај и како Министерство за надворешни работи работиме со македонските власти за брзо ослободување на Рамадани”, велат косовските власти.Рамадани е уапсен во Северна Македонија, врз основа на налог за апсење издаден од Србија.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

107 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола девет санкции, 12 мерки за некористење на сигурносен појас, осум санкции за користење мобилен телефон при возење...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања