Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

МВР

policija-policaec-35

Пукање во Чаир, еден повреден: тргнале да се смируваат, па почнало пукање

Син на сопственик на позната чајџилница има престрелна рана по вчерашното пукање, кое вчеравечер се случи во Чаир.Првичните неофицијални информации се дека оваа пресметка се врзува со обид за помирување на две семејства од кои едното е од Сингелиќ.Полицијата дознала за настанот по пријава на чаирчанец кој чул пукање на улицата „Дижонска“. Сведоци посочуваат дека на локацијата имало траги од крв.Последните информации за повредениот се дека тој е опериран и е во стабилна состојба.Деталите за лоцирање на убиецот се очекуваат од МВР.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2023-09-14-at-20.56.30

Затвореник од Идризово прескокнувал ограда, му се слошило и паднал - заврши во болница

На 16.07.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот М.П.(35) од с.Мојанци, скопско, при пад од ограда се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Имено, според пријавеното, во 19.00 часот, откако му завршила смената во јавно претпријатие лоцирано веднаш до установата, за да излезе, се обидел да ја прескокне оградата затоа што главната капија била заклучена, а откако се качил на оградата, му се слошило и паднал.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

DSC_0292

Момче се самозадоволувало на кејот на Вардар, скопјанка го пријавила

На 16.07.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје 47-годишна скопјанка пријавила дека на кеј на река Вардар во Скопје, на територија на Карпош, забележала машко лице на возраст од околу 20 години како се самозадоволува, по што го напуштил местото.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-6500PM

Нотарка од Куманово заработи кривична

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Л.(43) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.Пријавената, нотар за подрачје на Основен суд Куманово, заверила договор за купопродажба на недвижен имот помеѓу В.Т. од Велес како продавач и А.С. и А.М. од Куманово како купувачи, а врз основа на договорот направила потврда за солемнизација и на тој начин постапила спротивно на Закон за сопственост и други права, бидејќи како сопственик на имотот, покрај В.Т., се јавуваат и О.А. од Куманово и државата Република Северна Македонија.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-52-5250PM

Драма во скопско Ѓорче Петров

На 16.07.2024 во 18.50 часот во СВР Скопје, К.А.(39) од Скопје пријавила дека во ходник во зграда на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, нејзиниот син К.А.(20) бил физички нападнат од С.О.(30) од Скопје.Исто така, С.О.(50) од Скопје пријавил дека К.А. физички го нападнала неговиот син С.О..По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

Момчето кое уби војник во Македонски брод заврши во притвор

На 16.07.2024, полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола извршија спровод до Основното јавно обвинителство Кичево на Д.Д.(21) од с.Суводол, општина Македонски Брод, кој претходно беше лишен од слобода, поради основано сомнение за извршено кривично дело „убиство” по член 123 став 1 од Кривичиот законик.На лицето му е определена мерка притвор во траење од 30 дена и ќе ја издржува во Казнено - поправната установа Затвор Битола.

Македонија | пред 1 година

DSC_0289

Уапсени питачи во Гостивар

На 16.07.2024 во периодот од 10.00 до 13.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар во соработка со Центарот за социјални работи Гостивар постапиле по претходно изготвен план и презеле мерки и активности за спречување на питачење на подрачјето што го покрива ОВР Гостивар.Притоа, на улица „Борче Јованоски“ била затекната З.У.(35) од гостиварски Балиндол како питачи, на улица „Илинденска“ била затекната Б.Т.(46) од Гостивар и на улица „Седек Костоски“ била затекната Д.Т.(48) од Гостивар како питачи.На лицата им биле изготвени соодветни поднесоци и биле предадени на службеници од Центарот за социјални работи Гостивар за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведени крадци од Куманово, демонтирале два големи мотори

На 16.07.2024 околу 22.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Е.Б.(29) и Е.И.(25), двајцата од Куманово.Тие биле затекнати со уште едно лице при извршување „тешка кражба“ во објект на поранешна, сега напуштена свињарска фарма во с.Речица, кумановско, каде што со алат демонтирале два големи мотори.Од лицата бил одземен алатот со кој го извршиле делото, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.По целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-59-0540PM

Се судриле мотоцикл и товарно возило во струмичко, мотоциклистот со тешки повреди однесен во болница

На 16.07.2024 во 22.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека околу 21.40 часот на локален пат помеѓу селата Банско и Муртино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од Д.К.(19) од село Банско и товарно возило „там“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.С.(41) од село Банско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица.Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-23-7720PM

Несреќа во Радишани: Тешко повреден 18-годишен возач на мопед

На 16.07.2024 во 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од пат кој води кон ул.„50“ во с.Радишани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан“, управувано од А.Л.(56) и мопед „пијаџо“, управуван од М.Н.(18), двајцата од Скопје, а двете возила со скопски регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

krazba

Физички нападнат и ограбен прилепчанец, разбојниците приведени

На 16.07.2024 во 21.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.А.(20) и В.А.(22), двајцата од Прилеп. Тие се сомничат дека околу 16.30 часот во Прилеп физички го нападнале А.Ш.(30) од Прилеп и му одзеле пари.Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица.За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 237 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Расчистен случајот со обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново, поднесена е кривична пријава

СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан од 01.04.2024 во с. Арачиново, скопско, кога беше пријавено дека кон градоначалникот на општина Арачиново Р.И. и други лица вработени во општината, додека вршеле увид во градежни работи, од страна на НН лице од автоматско оружје биле испукани повеќе проектили, при што со повреди се здобиле Е.С. (39) и А. А.(22). Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, преземени се бројни оперативно тактички и истражни дејствија, при што е утврден идентитетот на сторителот.По целосното комплетирање на службените материјали и извршените вештачења, на 16.07.2024 до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против М.А. (36) за сторено кривично дело "убиство во обид", предвидено и казниво по чл. 123 во врска со чл.19 од К3.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Приведен охриѓанец поради уцена и изнуда

Денеска (16.07.2024) на Меѓуградската автобуска станица во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид во содејство со Одделот за криминалистичка полиција и во координација со СВР Штип го лишија од слобода Б.П.(37) од Охрид, постапувајќи по претходно испратена телеграма од ОВР Кочани во врска со извршени кривични дела „уцена“ и „изнуда“ по член 259 и член 258 од Кривичниот законик.Имено, на автобуската станица тој ја подигнал пратката наменета за него во која имало 300 евра во апоени од по 50 евра, кои претходно биле криминалистичко – технички обработени по наредба на ОЈО Кочани. По претходно добиена наредба од судија за претходна постапка од Охрид, извршен е претрес врз лицето, при што се пронајдени банкнотите.Исто така, со судска наредба е извршен претрес во неговиот дом, при што се пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.По целосно документирање на случајот, а во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

290631767_568149508353300_3194982847569814433_n

Трагедија во Крива Паланка: загина младо момче, починат бил донесен во Брза помош

На 15.07.2024 во 11.54 часот во Полициската станица Крива Паланка, од Итна медицинска помош Крива Паланка било пријавено дека кај нив бил донесен починат Р.М.(25) од Крива Паланка.Според кажување на очевидци, околу 11.30 часот Р.М. бил забележан како стои на оџакот од напуштен објект на ул.„Единство“, од каде паднал, а по него паднала и бетонската конструкција на оџакот, по што веднаш повикале Итна медицинска помош.Лекар констатирал смрт, увид бил извршен од екипа од ОВР Крива Паланка, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Македонија | пред 1 година

265977177_3016460471943246_1124475499600049127_n

Бизнисменот Радомировиќ има рана од куршум во глава: полицијата објави детали

Бизнисменот Чедомир Радомировиќ имал прострелна рана во главата, објави МВР и додава:На 15.07.2024 во 18.50 часот во с.Орман, скопско, до патничко возило „лексус“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Скопје, полициски службеници од СВР Скопје со повреда на главата од огнено оружје го пронашле Р.Ч.(67) од Скопје.Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што починал.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и на местото бил пронајден пиштол „Црвена застава“ и чаура.По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-39-2180PM

„Ми го одзеде ковертот со пари пред да влезам во такси“ - грабеж во Чаир

На 15.07.2024 во СВР Скопје, И.Н.(57) од Скопје пријавила дека околу 11.15 часот пред продажен објект на подрачје на Чаир едно лице ѝ го одзело ковертот со дневниот промет од фирмата во која била вработена.Според пријавеното, друго машко лице, кое вршело достава на производи, му го одзело ковертот на сторителот пред да влезе во такси возило и ѝ го вратил со целата сума во него.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

IMG_8164

Се трага по маж од Непал, се изгубил во Скопје

На 15.07.2024 во 20.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, С.Л.Х.(41) од Скопје, претставник на правно лице, пријавил дека од местото каде престојувал се оддалечил О.Б.(34) од Непал.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-25-7780PM

Скопјанец и тројца малолетници натепани во Драчево

На 15.07.2024 во СВР Скопје, Н.Д.(36) од Скопје пријавил дека во 22.30 часот во населба Драчево во Скопје, тој и тројца малолетници од Скопје биле физички нападнати од неколку лица, кои со тврди предмети го оштетиле неговото возило „фолксваген шаран“ со скопски регистарски ознаки.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Измама во Тетово: маж требало да добие мебел во замена за „голф“, а останал без двете

На 15.07.2024 во СВР Тетово, 35 – годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од А.А. од тетовски Порој и Ф.С.(30) од тетовско Ларце.Според пријавеното, во мај 2022 година тој се договорил со А.А. да му направи мебел за куќата во вредност од 3500 евра, а како компензација му го дал неговото возило „фолксваген голф“, кое ќе му го префрли на негово име откако А.А. ќе го направи и испорача мебелот.Како што е пријавено, до денот на пријавување А.А. не го направил мебелот и не му го вратил возилото, туку возилото го продал на авто плац на Ф.С., кој пак, го продал во отпад. Ф.С. бил лишен од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-59-0540PM

Уште едно убиство во Македонија: 21-годишник убил војник од АРМ

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник од селото Суви Дол, Македонски Брод за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело- Убиство според член 123 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот со умисла лишил од живот едно лице во двор на куќа во селото Калуѓерец, нанесувајќи му огнострелна повреда со куршум од ловна пушка.Жртвата е 31-годишен професионален војник во АРМ, но повод за убиството е банална вербална расправија од приватна природа.Надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-21-1720PM

Тешко повредено 19-годишно момче, со возилото излетал од патот

На 15.07.2024 во 06.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот А1, кај место викано „Милци“, гевгелиско, Д.Т.(19) од Гевгелија, управувајќи патничко возило „мазда“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од патот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Несреќа во Скопје: Тешко повреден мотоциклист, однесен во болница

На 15.07.2024 во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Александар Македонски“, ул.„16. Македонска бригада“ и ул.„Интернационални бригади“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „рено“, управувано од Н.О.(30) од с.Побожје, скопско и мотоцикл управуван од С.Ф.(39) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

117 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 117 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за некористење на сигурносен појас...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

МВР: Полициски хеликоптер исфрли над 35 тони вода врз пожарот на планината Серта

Денеска (15.07.2024), полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици продолжи да дејствува врз пожар што е се уште активен на планината Серта.Хеликоптерот во 23 налети исфрли над 35 тони вода, а се дејствуваше во атарот на с. Калањево, општина Неготино.

Македонија | пред 1 година

3

Тошковски: Пристигнуваат „ер трактори“ и хеликоптери од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора

Денеска (15.07.2024), во Центарот за управување со кризи се одржа седница на Управувачкиот комитет за координација на системот за управување со кризи, со која претседаваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а присуствуваа и министрите за одбрана Владо Мисајловски и за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, како и раководителот на Групата за процена на ризици и опасности Стојанче Ангелов.„На седницата беше утврдена потребата да се активираат меѓународните механизми за обезбедување на помош во воздухоплови, кои ќе се вклучат во гаснењето на пожарите кои деновиве ја зафатија државата. Денеска претпладне од Турција пристигнаа два „ер трактори“ и еден хеликоптер, кои веќе активно работат на терен. Во текот на утрешниот ден ќе пристигнат два хеликоптери од Словенија и по еден хеликоптер од Србија и од Црна Гора“, потенцираше министерот Тошковски. Министрите изразија благодарност до пријателските земји кои ни помагаат во справувањето со огнената стихија.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања