Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

МВР

Screenshot-2024-07-15-at-12.31.59

(Видео) Полицајци фатени со поткуп: За да не казнат возач од Скопје, им пазарат во маркет за да им се заблагодарат

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.С., Ф.Ѓ. и Д.Ј., полициски службеници во Полициска станица Центар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 1 од Кривичниот законик.Тие се сомничат дека на 04.07.2024 околу 23.00 часот на ул.„Даме Груев“ во Скопје, при вршење службени задачи побарале и примиле подарок за себе за да не извршат службено дејствие, односно да не констатираат сообраќаен прекршок и на тој начин го нарушиле угледот на Министерството за внатрешни работи.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Четири лица фатени со дрога, најмладиот 20-годишен

На 13.07.2024 на плажа во туристичката населба во Долно Дупени, ресенско, полициски службеници од СВР Битола во соработка со полициски службеници од ОВР Ресен ги лишиле од слобода А.И.(22) од с.Лешок, тетовско, Д.З.(20) од с.Јанковец, ресенско, М.И.(33) и А.Л.(35), двајцата од Штип, затоа што кај нив била пронајдена марихуана.Тие биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

traktor-1

Се судриле возило и трактор: Повредени четири лица од кои еден малолетник

На 14.07.2024 во 20.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека помеѓу село Ропотово и село Сарандиново, општина Долнени се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд галакси“, управувано од А.Ч.(44) од с.Дебреште, прилепско и трактор „тафе“ со приколка, управуван од Ж.В.(62) од Прилеп, и двете со прилепски регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот Ж.В., а со телесни повреди се здобиле тројца сопатници од возилото „форд галакси“, А.Ч.(71), М.Ч.(74) и една малолетничка, сите од село Дебреште, констатирани во Градската болница Прилеп.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Уапсено младо момче во Штип: со пиштол во рацете позирал за на „Фејсбук“, фотографијата стигна до полицијата

На 14.07.2024 во 01.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција го лишиле од слобода Г.П.(22) од с.Козјак, општина Карбинци, постапувајќи по претходна пријава дека на социјална мрежа биле објавени фотографии на кои едно лице, во урбана средина, држел пиштол во рацете.По преземени оперативни мерки лицето било пронајдено и приведено, а по извршениот увид на местото кое го посочил биле пронајдени чаури. Во врска со настанот од М.Т.(27) од Штип бил одземен пиштол „Зораки“, кој по наредба на јавен обвинител бил даден на вештачење. Г.П. бил задржан во полициска станица и во координација со Основното јавно обвинителство Штип, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „предизвикување на општа опасност“.

Македонија | пред 1 година

5

Тошковски: Правиме се за гасење на пожарот во неготинско

Активностите за гасење на пожарот во неготинско продолжуваат со засилено темпо. Денеска (14.07.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и градоначалниците на Кавадарци Митко Јанчев и Неготино Горан Стојанов беа на терен со цел кооординирање на активностите за побрзо совладување на огнот.„Со здружени напори и координација меѓу сите релевантни институции, правиме сè што е во наша моќ за да го ставиме пожарот под контрола и да ја заштитиме безбедноста на граѓаните и нивниот имот. Благодарност до сите вклучени во акцијата за нивната посветеност и професионализам“, истакна министерот Тошковски.Министерството за внатрешни работи останува посветено на својата мисија за заштита на безбедноста на граѓаните и поддршка на сите активности насочени кон справување со вакви непогоди.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-50-2020PM

Прилепчани уапсени на паркинг во Охрид, а двајца стружани среде центарот на градот

На 13.07.2024 во 21.45 часот, на паркинг простор во близина на плажа во Охрид, приведени се М.М.(25) од Струга и Г.Ј.(30) од Прилеп. При извршен преглед, полициските службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај нив, пронајдоа и одзедоа марихуана, како и предмети со остатоци од марихуана.На 13.07.2024 на улицата „15 корпус“ во Струга, приведен е Е.Р.(21) од Струга. При извршен преглед, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.На 13.07.2024 во 00.50 часот, на улицата „15 корпус“ во Струга, приведен е А.М. (20) од Струга. При извршен преглед, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа четири паковки со марихуана.

Охрид | пред 1 година

ebr2411.mp4.00_01_08_10.Still002

Апсења во Скопје: четири лица со лисици, најмладиот има 18 години

Денеска (14.07.2024) во 02.15 часот во Скопје, пред угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Т.(18) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.На 13.07.2024 во 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(24) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.На 13.07.2024 во 19.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(28) од Тетово, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.На 13.07.2024 во 19.45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.П.(34) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

МВР: Кривична пријава за тешки дела против здравјето на луѓето, СВР Скопје го расчисти случајот со четирите малолетни лица

СВР Скопје целосно го расчисти кривично правниот настан од вчера (12.07.2024) кога во куќа во Скопје беа пронајдени четири малолетни лица, од кои две во безсознание, кои со возило на Итна медицинска помош веднаш беа пренесени на Клиниката за токсикологија. Од страна на полициски службеници на СВР Скопје веднаш се преземени голем број на оперативно тактички мерки и дејствија, со цел расветлување на настанот и утврдување на точната фактичка состојба.Притоа, од страна на увидна екипа од ЕУМНА во присуство на јавен обвинител и доктори од ИСМК беше извршен увид, при што се подигнати повеќе материјални траги кои се предадени за вештачење.Од извршените разговори со малолетните лица е констатирано дека тие во текот на вечерта на 11.07.2024, пристигнале на наведената адреса, во куќа во која понекогаш престојувало едно од малолетните лица, а куќата е сопственост на Д.Ѓ. (40), кој бил во пријателска врска со роднина на малолетникот.Во текот на вечерта, малолетните лица консумирале поголема количина на алкохолни пијалоци, а во еден момент, од страна на Д.Ѓ. на четирите малолетни лица им било понудено и овозможено консумирање на одредени медикаменти.Со тоа, малолетните лица се довеле до полусвесна состојба, со неконтролирано однесување, при што искршиле дел од инвентар во дневната соба во која престојувале, и при тоа се здобиле со повреди.Д.Ѓ. е лишен од слобода и со него е извршен разговор во кој ги потврди исказите од малолетните лица.Од страна на полициски службеници од Единица за насилен криминал - Одделение за крвни и сексуални деликти до ОЈО Скопје, против Д.Ѓ. е поднесена кривична пријава во брза постапка, за кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето“ по чл.217 ст.1, а во врска со кривично дело "производство и пуштање во промет средства за лекување“ предвидено и казниво по член 212 ст.1 од КЗ.Д.Ѓ. (1984) е изведен пред Судија на претходна постапка.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-39-4140PM

Маж и жена уапсени, се карале со полиција

На 12.07.2024 во 14.25 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(58) од Скопје поради тоа што во Полициската станица Кисела Вода агресивно се однесувал кон полициски службеници.Исто така полициски службеници ја привеле и А.И.(57) од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

Ужас: Србинка со повреди оставена на автопатот Демир Капија-Неготино

На 12.07.2024 во 19.50 часот на автопатот А1 Демир Капија-Неготино, после наплатна станица „Демир Капија“, покрај десната коловозна лента, полициски службеници од ОВР Неготино ја пронашле С.М.(49) од Р.Србија, која била со повреди на телото.Извршен е разговор со нејзиниот сопруг Б.М. (52) од Р. Србија кој кажал дека враќајќи се со С.М.(49) и нивните малолетни син и внука од одмор од Р.Грција, С.М., која имала здравствени проблеми физички го нападнала, по што настанала физичка пресметка и тој го запрел возилото, ја оставил С.М. покрај патот и заминал со децата кон Граничен премин „Табановце“.Од страна на Итна медицинска помош Неготино на С.М. и била укажана лекарска помош, по што е пренесена во здравствена установа „Негорци“. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување.

Македонија | пред 1 година

293927-0.basic-veles

Бебе оставено на улица во Велес: сега е во тешка состојба, го нашол случаен минувач

Бебе во тешка здравствена состојба било оставено во центарот на Велес, случаен минувач го однел во болница, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.– Синоќа во 17.40 часот во СВР – Велес, од болница во градот било пријавено дека од страна на случаен минувач, кај нив било донесено бебе, кое било оставено во велешкото централно градско подрачје. Извршен бил разговор со докторка од болницата, која рекла дека бебето било во тешка здравствена состојба и дополнително се чекаат резултати од здравствено испитување. Според докторката, по кратко време во болницата дошла С.К., на околу 20-годишна возраст и се претставила дека била мајка на бебето, но, потоа ја напуштила болницата, појаснија од СВР – Велес.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

286888220_5313051732126326_1454981420611626797_n

По полноќ: Мотоциклист во болница, откако се судрил со „мазда“ во Прилеп

Денеска (13.07.2024) во 01.00 часот во Полициската станица Прилеп, било пријавено дека на крстосница од ул.„Иво Лола Рибар“ и ул.„Цане Кузманоски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мазда“, управувано од Д.П.(34) од Прилеп и мотоцикл управуван од В.М.(18) од с.Беровци, прилепско, двете возила со прилепски регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-53-3340PM

Судир меѓу возачи на „опел“ и електричен тротинет: тешки повреди има 20 годишник од Африка

На 12.07.2024 во 10.50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„11-ти Октомври“ и ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(74), и електричен тротинет управуван од М.Ф.Ц.(20) од Камерун (централна АфрикаВо несреќата возачот на електричниот тротинет се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

soobrakajka

Малолетничка и скопјанец во болница: тешка несреќа во Чаир

На 12.07.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки (такси возило) управувано од Ќ.М.(57) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од О.М.(21), двајцата од Скопје.Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а неговата малолетна сопатничка се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

DSC_0737

Детали за издрогираните тинејџери: Влегле во двор на скопјанец и го тепале - тој викнал полиција

На 12.07.2024 во 13.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, во двор од куќа, сопственост на Д.Ѓ.(40) од Скопје, тој бил физички нападнат со тврд предмет од малолетник.Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот, при што затекнале четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци, а на местото на настанот биле пронајдени и остатоци од работи кои ги консумирале, за кои дополнително ќе се врши вештачење за да се утврди нивната содржина.Малолетните лица со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Известен бил јавен обвинител, кој излегол на лице место. Во 16 часот полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ѓ.. Денеска (13.07.2024) во тек е увид под раководство на јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Не се самозапалил под присила, ниту бил киднапиран - МВР со детали за момчето од Скопје кое почина по пожар близу аеродромот

СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан за кој на 04.07.2024 околу 00.30 часот беше пријавено дека во индустриска зона Ќојлија, во близина на Меѓународен аеродром Скопје, избувнал пожар на плац од агенција за рент-а-кар, во кој со изгореници по телото се здобил Б.А. (24) од Скопје, по што на 07.07.2024, како последица на изгорениците Б.А. починал.Според пријавата од Б.А.,тој наводно бил насилно пренесен од две лица со возило од нас.Ченто до Ќојлија,а таму наводно го натерале да се самозапали. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презедоа сите неопходни мерки и активности за расчистување на случајот.Извршен е увид на местото на настанот, при што се подигнати материјални траги, за кои се изготвени соодветни вештачења, а обезбедени се и видео записи од безбедносни камери, повикани се на разговор повеќе лица, едно лице е лишено од слобода, како и други оперативно тактички мерки, при што е утврдено дека Б.А. доброволно отишол на местото на настанот, со запалива течност го полеал контејнерот на агенцијата и го запалил, при што од настанатата експлозија, кај Б.А. настанале повреди по телото-изгореници, од кои на 07.07.2024 Б.А. починал.Со ова е констатирано дека првичната изјава која Б.А. ја дал на полициските службеници, дека наводно истиот бил киднапиран од две лица и насилно пренесен со возило до местото на настанот и притоа истите наводно го натерале да се полие со запалива течност и да се самозапали, не е точна. Од страна на СВР Скопје случајот е расчистен и поднесено е известување до ОЈО Скопје.

Македонија | пред 1 година

IMG_4728

Разрешената директорка Бесија Иљази доби кривична: ќе одговара за противправното ангажирање на работници

На 12.07.2024 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за корупција во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, поднесе кривична пријава против Б.И. (29) од Тетово, заради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 ст.3 вв ст.1 од Кривичниот законик.Пријавената Б.И. во својство на в.д. организациски директор на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника за токсикологија, пречекорувајќи ги своите службени овластувања во период од 14.02.2024 до 24.06.2024, а со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица, на 15.05.2024 склучила 15 договори за дело со 15 лица кои биле работно ангажирани на Универзитетската клиника за токсикологија (и други лица без регулиран правен основ за нивно присуство на клиниката), по што, ретроактивно, за лицата наводно работно ангажирани, за месеците април и мај 2024 година издала два платни налози и извршила исплата на месечен надомест на ден 31.05.2025 и 14.06.2024 за наводниот работен ангажман во вкупен износ од 659.781 денари со вклучен персонален данок на доход.Наведените исплати се извршени противправно, за период кога со истите лица клиниката немала склучено договори за дело и за период на избори, односно исплатите биле извршени спротивно на наведените законски одредби, при што за наведените исплати бил пресметан и исплатен персонален данок во износ од 23.334 денари за месец април и 42.647 денари за месец мај 2024 година, со што пријавената Б.И. ја оштетила ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија за вкупен износ на извршените исплати со платен данок од 659.781 денари, овозможувајќи им противправна имотна корист на претходно наведените лица во поединечни износи како претходно наведените месечни плаќања.Имено пријавената Б.И., иако знаела дека истиот ден кога е назначена за в.д. организациски директор во ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија, распишани се претседателски и парламентарни избори, како и дека согласно член чл.34 ст. 1 алинеа 3 од Закон за спречување корупција и судир на интереси, член чл.8а ст.1 алинеа 3 од Изборниот законик, како и член чл.109 ст. 2 од Закон за здравствена заштита таа не смее да склучува договори за вработување на лица, договори за дело на работно ангажирање на лица, како и вонредни исплати за време на избори, и дека истите за да бидат употребени во правен промет задолжително треба да бидат потпишани од двајца директори, таа сепак склучила 15 договори за дело.Исто така, на Б.И. и било познато дека од страна на в.д. медицинскиот директор на ЈЗУ Клиника за токсикологија на 28.03.2024 година се известени сите работници на Клиниката чии договори се истечени дека нивните обврски со Клиниката се завршени, се до нивно повторно ангажирање, согласно забраните предвидени во член од Изборниот законик, но и покрај тоа 11 здравствени работници со знаење на пријавената и без склучен договор за вработување или договор на дело, продолжиле да доаѓаат на работа во Универзитетска клиника за токсикологија.Согласно наведеното, пријавената извршила службени дејствија кои што не смеела да ги изврши, односно Б.И. сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 ст.3 вв.1 од КЗ, оштетувајќи ја Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за токсикологија за износ 659.781 денари.

Македонија | пред 1 година

avtobus

Сообраќајка на патот Градско-Прилеп: Се судриле комбе и автобус, повредени четири лица

На 11.07.2024 во 06.50 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, пред авто сервис во Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко комбе „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.С.(55) од село Кравари, битолско, и автобус „темса“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Т.О.(31) од Кавадарци.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.П. (63), а 60-годишната Л.К., Д.П.(70) и М.А.(49), сите од Битола, патници во комбето, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци.По насоки на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Македонија | пред 1 година

42640656_562758944144168_2859654620848848896_n

Возило удрило во 81-годишен велосипедист

На 10.07.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 10.00 часот на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(52) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од П.Т.(81) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

kompjuter

(Видео) Аларм: Лажна кампања на платформи за тргување со крипто валути, граѓаните да не отвараат сомнителни линкови

Секторот за Компјутерски криминал алармира за зачестена појава каде што непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни е-маил адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку која се ветува лесна заработка со тргување на лажни берзи за криптовалути.Кампањата започнува со објави на Фејсбук и Инстаграм кои се прикажани како информации од познати македонски портали .„Во објавите се наведува дека се „избришани интервјуа затоа што централната банка не сака да ја знаете оваа тајна“ и спомнуваат познати личности од нашата држава, дури и објавуваат фотографии од истите со цел поголема легитимност на објавата, каде што е наведено дека може да се стекнете со значителни парични средства со тргување на крипто валути, а сè што треба да направите е да се посети дадениот УРЛ линк.УРЛ линкот односно врската води до веб-локација која претставува платформа за тргување со крипто валути, но нема официјални детали за регистрација на компанија, нема информации за јурисдикцијата или нешто што покажува како да се поврзете со правното лице на кое ќе му ги доверите парите.Регистрацијата е тривијална, не е потребна лозинка. Влегувате веднаш и од вас се бара да префрлите пари односно да купите криптовалути. Тие се законски покриени бидејќи на нивната страница имаат оградување дека го прифаќате ризикот од губење средства при тргување.Не постои начин да се знае дали ова е вистинска платформа за тргување, но сите показатели укажуваат на многу сомнителна операција.Моментално оваа кампања е доста распространета на социјалните мрежи Facebook и Instagram ширум Европа и се прилагодува по земја, односно се користат имиња на познати личности за поголема легитимност на истата .Постојат стотици лажни сајтови, лажни објави кои тврдат дека се платформи за тргување со крипто валути.Почетната објава има форма на имитирање на порталот Кајгана (официјален сајт https://kajgana.com/ ), на линк кој води до страница на страницата minishouts.com .Објавата тврди дека е „избришано“ интервју во кое се тврди дека ја знае тајната за заработка со крипто тргување. Страницата има еден куп наводни сведоштва, односно коментари на објавите од ботови кои објавуваат дека заработиле многу пари користејќи ја платофмата, и има дури и слика од банка што покажува дека сето ова е точно и сите заработуваат многу пари, но сликата на изводот од банката е лоша изработка и го носи логото на Централна банка ( Централната банка не издава изводи од банка на физички лица ).Оваа страница има еден куп фотографии од познати личности во Република Северна Македонија, кои наводно заработуваат многу пари од тргување. Исто така, ве поканува да се регистрирате.Страницата овозможува регистрација со случајни податоци, нема никаква верификација ниту лозинка додека легитимните платформи за тргување сè уште се бара да извршат процес „Запознајте го вашиот клиент“ (KYC) - што е наложено од финансиските системи за да идентификуваат потенцијално перење пари.Секторот за компјутерски криминал апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да превземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност“, вели МВР.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

122 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 122 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 19 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за користење мобилен телефон при возење.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Приведени две момчиња од Тетово, кај нив пронајдена дрога

На 11.07.2024 година во 21.50 часот на улица ,,Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Л.(23) и А.М.(24), двајцата од Тетово. Имено, при претреси на домови и помошни простории кај М.Л. и кај А.М., извршени со судска наредба била пронајдена марихуана.Двете лица се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок во врска со извршено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-49-6440PM

Патроли и казни во Центар по кршењето на игралиштето и поплаките за гласна музика

Синоќа (11.07.2024) полициски службеници од СВР Скопје почнаа со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба во централното градско подрачје, преку превентивно присуство на полицијата.Целта е одржување на стабилен јавен ред и мир како и спречување на извршување на кривични дела и прекршоци на неколку локации меѓу кои паркот Дрвен град во Дебар Маало, детските игралишта помеѓу ул „Народен Фронт“ и ул „Васил Ѓорѓов“ пекара Силбо, Порта Македонија итн.Покрај тоа беа спроведени и сообраќајни контроли при што беа преземени 25 мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила долж ул. „Народен Фронт“, ул. „Орце Николов“ и ул. „Боемска“, подигнати биле шест возила со специјално возило „пајак“ и легитимирани биле 24 лица.Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови.

Скопје | пред 1 година

motor

Малолетник и малолетничка завршија во болница откако имаа несреќа во Велес при управување на мопед

На 10.07.2024 околу 21.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Вардарска“ во Велес, мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник, паднал на коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во болница во Велес.Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Старец прегазен во Струмица

На 10.07.2024 во 16.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул. „Климент Охридски“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа во која товарно возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.П.(42) од село Костурино, струмичко, удрило во пешакот С.Т.(75) од село Моноспитово, струмичко.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања