Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

МВР

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-42-4810PM

Малолетничка со тешки повреди е во болница, по несреќа во центарот на Охрид

На 10.07.2024 во 20.30 часот во СВР Охрид било пријавено на ул.„Абас Емин“ во Охрид малолетничка, додека управувала мопед „педа“ со охридски регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот.Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Охрид | пред 1 година

239381447_381737563347397_7542827698666459979_n

Четворица уапсени во близина на Гевгелија: фатени се во автомобил, откако илегално влегле во Македонија

На 10.07.2024 во 17.00 часот на регионалниот пат Гевгелија - с.Конско, на место викано „Катеринина чешма“, полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода В.К.(34) од Р.Албанија, поради тоа што при контрола во патничко возило „фолксваген шаран“ со албански национални ознаки, кое го управувал, биле затекнати Е.М.(45), И.М.(29), Џ.В.(26) и А.В.(24), сите од Р.Албанија, кои имале остварено илегален влез од Р.Грција во државата.И четирите лица биле приведени.По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-11-at-13.29.26

Апсења во Карпош и Ѓорче, како и на границата „Ќафасан“

На 10.07.2024 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Б.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок,На 10.07.2024 во 18.35 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Х.(35) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, кафеава прашкаста материја и нож. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.На 10.07.2024 во 21.15 часот во Граничниот премин Ќафасан, полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин Ќафасан го лишиле од слобода И.В.(34) од Р. Албанија, поради тоа што бил баран со распишана меѓународна потерница од Интерпол-Р.Грција. Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Струга за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

kradec

Приведен крадец од Гостивар, украл половни делови од возила и алат

На 10.07.2024 во 12.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар на улица „Панче Попоски“ во Гостивар го лишиле од слобода Т.М.(43) од Гостивар, поради основано сомнение дека претходната ноќ извршил три кражби, во кои биле одземени половни делови од возила и алат.Кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, кои ќе бидат вратени на сопствениците, а тој е задржан во полициска станица и по комплетно расчистување и документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

125 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, девет мерки за користење на мобилен телефон при управување, шест санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за некористење на сигурносен појас, 19 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикл.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

lovecka-puska

Приведени едно лице од Скопје, пронајдена пушка и муниција

На 09.07.2024 во 16.20 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д.(51) од Скопје.При претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една пушка, една рамка за пиштол, 41 куршум и ловен патрон.По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

kradec

Приведен 35-годишник од Скопје: Се заканувал на вработен на бензинска пумпа, украл пари и мобилен телефон

Денеска (10.07.2024) во 05.20 часот на подрачјето на Чаир полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода В.В.(35) од Скопје, поради тоа што околу 03.00 часот на бензинска пумпа со закана со остар предмет кон вработениот одзел пари и мобилен телефон.Со него бил извршен службен разговор и кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, кои ќе бидат вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот СВР Скопје - ЕВР Чаир ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Приведени три лица од Штип, пронајдена дрога

На 09.07.2024 во 01.45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле М.Ж.(41) од Штип, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 09.07.2024 во 12.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип, ги лишиле од слобода М.Ѓ.(24) и И.С.(36), двајцата од Велес, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Кривична пријава против 12 лица за издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка

Секторот за компјутерски криминал при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 12 лица, од кои 10 лица државјани на Република Северна Македонија и две лица државјани на Р.Косово за сторено кривично дело „издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка“, предвидено и казниво по член 274 ст.2 од КЗ и кривично дело „соизвршителство“, предвидено и казниво по член 22 од КЗ, а во врска со член 274 ст.2 „издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка“.Имено, пријавените во текот на јануари 2023 година извршиле злоупотреба на платежни картички (purchase refund fraud) издадени од банка во Р.С.Македонија на начин што истите користеле активни странски компании (со физички или виртуелен терминал) преку кој се иницирале неовластени авторизации за враќање на средства (refund), кои трансакции кај банката не се испраќале како трансакција за книжење, па според тоа немало влијание на реални трансакции на продажното место, но на друга страна нереално се зголемувала состојбата на сметката на платежната картичка која се користи за трансакцијата за износот на направената рефундација.На тој начин пријавените како корисници на платежни картички ги користеле овие средства за сопствени потреби и неовластено се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 10.719.807 денари, а за истиот износ ја оштетиле банката издавач на платежните картички.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

126 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 126 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, четири мерки за користење на мобилен телефон при управување, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за некористење на сигурносен појас, 15 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикл.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-49-6440PM

Прегазена 84-годишна жена со автобус во Илинден, со тешки повреди однесена во болница

На 08.07.2024 во 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„2“ во населбата Илинден во Скопје, автобус „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(71) од с.Марино, скопско, удрило во пешак, 84-годишната С.Ј. од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 1 година

ambulanta

Несреќа на патот Прилеп-Битола: Загина 21-годишно момче, уште две лица со тешки повреди

На 08.07.2024 во 15.48 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, на излез од Прилеп, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од К.И.(58) од Кавадарци, патничко возило „рено 5“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(21) од Прилеп и патничко возило „рено меган“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(39) од Ресен.На местото на несреќата од здобиените повреди починал С.С., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Возачот на товарното возило К.И. и неговиот сопатник З.П.(48) од Кавадарци се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

127 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, девет мерки за користење на мобилен телефон при управување, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, пет мерки за некористење на сигурносен појас, 13 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикл.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-47-3280PM

Нови детали за несреќата на патот Охрид- Ресен: Со автобусот управувал турски државјанин

На 07.07.2024 во 19.40 часот, кај местото „Прентов мост“ на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосницата со локалниот пат за охридското село Куратица се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, управуван од М.А.(68) од Турција и мотоцикл „сузуки“ без регистарски таблички, управуван од П.Т.(23) од битолското село Горно Оризари.Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид.Увид извршија јавен обвинител и полициски екипи. Возачот на автобусот е приведен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Со возилото излетале од патот: Тешко повредена 27-годишна девојка, двајцата сопатници со полесни повреди

На 07.07.2024 во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје, патничко возило „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(27) од с.Кучевиште, скопско, излетало надвор од коловозот.Во несреќата М.П. се здобила со тешки телесни повреди, а сопатничката Б.П.(49) и еден малолетен сопатник, двајцата од с.Кучевиште се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-23-7720PM

Несреќа во Валандово: Повредени четири лица

На 07.07.2024 околу 18.30 часот во Полициската страница Валандово било пријавено дека на регионален пат 1401, делница помеѓу Валандово и село Костурино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.С.(62) од с.Колешино, струмичко, патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(60) од Скопје и патничко возило „пасат“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Д.(59) од с.Злеово, радовишко.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Д.(64) од с.Чифлик, пехчевско, а со телесни повреди се здобила Т.Ј.(40) од с.Злеово, радовишко, и двете сопатнички од возилото „пасат“, констатирани во Медицински центар Струмица.Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Крими Скопје: Натепани косовари во Центар, скопјанка натепана од партнерот, друга среде ресторан од поранешниот парнтер

Денеска (07.07.2024) во 05.30 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена пријавила дека на 06.07.2024 околу 22.30 часот во скопско била физички нападната од нејзиниот партнер Д.Д.(44) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 06.07.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, И.Ш.(48) од Косово пријавил дека околу 09.30 часот, во објект во изградба на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од И.У и М.У., и двајцата од Косово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 06.07.2024 во 15.30 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена пријавила дека на 05.07.2024 околу 22.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер А.И., кој ѝ упатувал и закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2023-11-10-at-12.58.42

Едно лице се бори за живот: тешка несреќа во Велес

На 06.07.2024 во 10.25 часот СВР Велес било пријавено дека на улица „АСНОМ“, пред влез на пералница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, управувано од М.А.(32) од Битола и мотоцикл „венџи“, управуван од Д.Д.(61) од Велес, и двете со велешки регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-21-1720PM

Бугари повредени во Македонија: несреќа кај Кратово

На 20.07.2022 во 10.30 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека на на магистралниот пат А-2, кај с.Страцин, кратовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со бугарски национални ознаки, управувано од А.С.(26) од Крива Паланка и патничко возило „пежо 307“, со бугарски национални ознаки, управувано од И.В.Љ.(22) од Република Бугарија.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.С., а со телесни повреди се здобила И.В.Љ. и сопатничката од нејзиното возило М.Г.О.(22) од Република Бугарија, констатирани во ЈЗУ Кратово.Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кратово.

пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-05-6070PM

Нова несреќа во Скопје, судир мопед-автомобил: едно лице во болница

На 20.07.2022 во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Васко Карангелевски“ и сервисна улица од бул.„АСНОМ“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел вектра“, управувано од Б.Ш.(43) од Скопје и мопед „кимко“, управуван од В.С.(45) од Скопје, и двете со скопски регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2023-09-14-at-20.56.30

Претреси во затворот во Прилеп: затвореници останаа без телефони, ножеви и пари

Денеска (21.07.2022) полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за специјални полициски операции - Единица за брзо распоредување, во координација со Управата за извршување на санкции, спроведоа координирана полициска акција во Казнено-поправниот дом Прилеп.Притоа, извршени се претреси во Казнено-поправниот дом Прилеп, со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор, во насока на превентивно делување и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи.При претресите се пронајдени и одземени: ножеви, мобилни телефони и полначи за мобилен телефон, парични средства во износ поголем од законски дозволениот кои осудените лица можат да ги поседуваат и др. Одземените предмети ќе бидат предадени на затворска служба за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

DSC_0289

Две апсења на автопат, но и во Аеродром и Куманово

На 20.07.2022 во 22.40 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Д.(21) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 20.07.2022 во 19.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.Т.(20) и М.Н.(18), двајцата од Куманово, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.На 20.07.2022 во 23.15 часот во тетовско Камењане, на излез од автопатот кон селото, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода С.У.(23) од тетовски Пирок, затоа што при преглед кај него и во возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.На 20.07.2022 околу 20.50 часот на автопатот А1, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.М.(20) и С.К.(37), двајцата од Велес, бидејќи кај нив било пронајдено пакување со кафеава прашкаста материја. Тие биле приведени во Полициската станица во Велес и по целосно документирање на случјаот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

apsenje

Гостиварец си чувал 15 пакувања хероин во “мерцедес”: полицијата го претресе

На 20.07.2022 во 10.45 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Х.С.(60) од Гостивар.При претрес во неговиот дом и во возило „мерцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, извршен со судска наредба, во возилото биле пронајдени и одземени 15 пакувања со хероин, додека при преглед кај него биле пронајдени поголем износ на пари.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-24-at-16.57.46

Нема да застанеме додека и последната улица не биде исчистена од дрога, дадени се оперативни напатствија, објави Тошковски

“Во изминатиот период во повеќе наврати говорев за достапноста на дрогата по нашите улици и градови која во последните неколку години достигна алармантно ниво”, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и додава:Ветив дека МВР со сите расположливи ресурси ќе започне бескомпромисна борба со нелегалната трговија со дрога и во тој контекст нема да застанеме се додека и последната улица не биде исчистена од ова зло.На оперативно ниво дадени се насоки и направени се планови за постапување кое во наредниот период ќе се интензивира. Само во овие два дена полицијата во низа оперативни акции во неколку градови приведе повеќе лица за трговија со дрога. Апсење во Чаир и Кочани, претреси на повеќе локации низ државата. Пронајдени се марихуана, бела прашкаста материја, пари, дигитални ваги. Случаите се расчистуваат и по целосно документирање ќе следуваат соодветни поднесоци.Во оваа прилика сакам уште еднаш да потенцирам дека нема да има пардон за секој кој се занимава со таков криминал или било кој вид на криминал. Законот мора да важи еднакво за сите.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-51-1800PM

Се степале 51-годишен охриѓанец и малолетник: почнале вербално, па размениле боксови

На 07.07.2024 година во 01.05 часот, на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, се случила вербална расправија помеѓу М.М.(51) и 17 годишно лице, двајцата од Охрид која прераснала во меѓусебна тепачка.По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Охрид | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања