Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Кривична пријава за предизвикување шумски пожар, сторителот е лишен од слобода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Денеска (09.08.2024) Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Македонски Брод до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Д.Т.(57) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, казниво по член 227 став 5 од Кривичниот законик.

— реклама —

Пријавениот во повеќе наврати, на 15.07.2024, на 30.07.2024, 02.08.2024, на 05.08.2024 и на 07.08.2024 во атарите на с.Слатина и с.Грешница, општина Македонски Брод, предизвикувал пожар на отворен простор, кој се проширувал и настанувале пожари на поголема површина, каде горела трева и нискостеблести растенија.

— реклама —

Сите пожари биле изгаснати од екипи на Територијалната противпожарна единица Македонски Брод и Подрачното шумско стопанство „Сандански“ - Македонски Брод. При преземање на мерки во врска со пожарите, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го затекнале пријавениот Д.Т. на местото на настанување на пожар и при преглед кај него биле пронајдени предмети со кои може да се предизвика пожар. Со пријавениот бил извршен службен разговор, при што тој ги признал делата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypns8fr8liclt2afyiGo

За детската порнографија, претреси се прават и кај претседател на здружение и водител на емисија

Македонија | пред 1 час

media-librarygpdisff6bl1g7lZEtzm

Полицијата утрово со акција за детска порнографија: Претреси на седум локации, во три градови

Свет | пред 2 часа

media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

Камерите казнија над 26 илјади прекршоци: Доминираат казните за брзо возење, помалку се поминува на црвено светло

Македонија | пред 2 часа

235146453_220028166623348_2437089087698187375_n

Приведен вработен во МВР: Во центарот на Скопје возел во спротивна насока и се заканувал на службеник

Скопје | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања