Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Скопјанец мета на изнуда: криминалецот “падна” со обележани пари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
317150794_1265692203988399_3418978141005225156_n

На 10.08.2024 година од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - СОНК во содејство со Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција од слобода е лишен Д.М.(39) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело по член 258 од Кривичниот законик - “изнуда”.

— реклама —

Имено, на 08.08.2024 година, од страна на оштетениот, 39 годишно лице во Министерство за внатрешни работи било пријавено дека подолг временски период Д.М. со закани се обидувал од него да изнуди непостоечки долг во висина од 16.500 евра во име на трето лице. Според пријавата оштетениот на 11.08.2024 година во кафе бар во Скопје требало да му ја даде првата рата, односно 7.000 евра.

— реклама —

По добиени насоки од Основното јавно обвинителство Скопје, извршена е крим техничка обработка на паричните средства при што вчера (10.08.2024), при предавање на наводниот долг од страна на полициски службеници од Единицата за Интервентна полиција лицето е лишено од слобода и кај него се пронајдени одбележаните 7.000 евра. По добиена наредба од Основен суд Скопје извршени се претреси во домот и други простории на осомничениот.

— реклама —

Против Д.М. е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело “измама”. Од страна на Судија за претходна подтапка на лицето му се одредени мерки за претпазливост.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjsahk42s1lfveGFSTj5

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Тетово

Македонија | пред 1 час

media-libraryjg74nbu0m8ovfnJnzrF

Барал стан и кола, ѝ се заканил со убиство: приведен тетовец по закани кон партнерката

Македонија | пред 1 час

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Приведен гостиварец по пријава за семејно насилство

Македонија | пред 1 час

media-librarypns8fr8liclt2afyiGo

За детската порнографија, претреси се прават и кај претседател на здружение и водител на емисија

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања