Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

majka-dete

Жена нападнала 13-годишна соученичка на ќерка и

На 11.03.2026 во 14:00 часот во Полициската станица Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.Б.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во нејзиниот дом физички ја нападнала 13-годишната ќерка на Ѓ.Ш.(45) од Скопје, која е соученичка на нејзината ќерка.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 седмици

pistol

Тепачка меѓу малолетници заврши со пукање

На 12.03.2026 во 03:30 часот во СВР Скопје, Н.И.(39) од Скопје пријави дека на 11.03.2026 во 19:30 часот на подрачјето на Центар, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од двајца малолетници.Според пријавеното, подоцна на подрачјето на Гази Баба едниот од нив репетирал огнено оружје кон малолетникот и пукал, а другиот фрлал тврди предмети кон неговиот син.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 седмици

media-librarycn6qbdaggm6b7OQaDku

Сообраќајка по инцидент со закани во Скопје

На 11.03.2026 во 22:54 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 22:30 часот на подрачјето на Карпош, Е.Р.(29) од Скопје, додека го управувал неговото патничко возило, бил удрен од друго патничко возило „ауди А3“ со скопски регистарски ознаки.Според пријавеното, Е.Р. претходно излегол од угостителски објект да се сретне со Д.„Н“,  кој претходно телефонски упатувал закани на девојка, која била во угостителскиот објект со Е.Р.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 седмици

media-librarygf2n1ia79i9beF7A1WW

23-годишник од Битола уапсен по напад на полицаец на „Партизанска“

На 11.03.2026 во 22:30 часот на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиja од слобода Д.А.(23) од Битола затоа што физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 седмици

bandera-za-struja-960x616

Повреден работник во Битола, се скршила скала додека се качувал на бандера

На 11.03.2026 во 13:30 часот во СВР Битола e пријавено дека во круг на поранешна фабрика во Битола, В.Р.(30) од Битола, додека извршувал работни задачи и качувајќи се по скала на бандера, скалата се скршила, а тој се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.За настанот е известен трудов инспектор.Извршен бил увид од увидна екипа.

Македонија | пред 2 седмици

granata

Граната од Првата светска војна откриена при градежни работи во Битола

На 11.03.2026 во 13:41 часот во СВР Битола e пријавено дека на ул.„Херцеговачка “ во Битола,  при извршување градежни работи била пронајдена експлозивна направа.Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подгигнал направата, при што било констатирано дека се работи за артилериска граната 122мм, која потекнувала од Првата светска војна.

Македонија | пред 2 седмици

media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Приведен возач на камион, немал важечка возачка дозвола

На 11.03.2026 во 12:41 часот на ул.„Довлеџик“ во Битола,  полициски службеници од СВР Битола го лишиja од слобода А.П.(40) од с.Лавци, битолско.При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле товарно возило „ман“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.П., при што е констатирано дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола.По документирање на настанот против него ќе следува соодветна приајва.

Македонија | пред 2 седмици

njemac-traktor1

Уапсен тракторист, возел со 2,83 промили алкохол

На 11.03.2026 во 13.59 часот на патот Ресен - с.Царев Двор, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Ж.П.(43) од с.Царев Двор.Имено, при контрола во сообраќајот полициските службенци сопреле земјоделка машина -трактор „имт” без регистарски ознаки, управуван од Ж.П., при што е констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,83 промили алкохол во крвта.По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

odzak-zapalen

Пожар во оџак во зграда во Битола, оштетени дел од становите

На 11.03.2026 во 12:20 часот во СВР Битола e пријавено дека во станбена зграда на ул.„Кланица” во Битола  настанал пожар во оџак, при што настанало оштетување во дел од становите во зградата.Од екипа од Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа од  СВР Битола.

Македонија | пред 2 седмици

marihuana2

Пронајдена марихуана при претрес во Штип

На 11.03.2026 во 16:00 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода Џ.Ј.(47) од Штип.При претрс во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени неколку пакувања марихуана, дигитална вага и дробилка со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Починат маж пронајден во село Биљановце

Починато лице е пронајдено во кумановското село Биљановце, информираат од Секторот за внатрешни работи.Според официјалното соопштение, на 11.03.2026 година во 16:02 часот, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека 85-годишниот В.М. е пронајден мртов.На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Куманово, а по насока на Јавен обвинител телото било предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.Случајот е во тек и истрагата продолжува, велат од полицијата.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarya1vjsnk8rb711QzrCz8

Тригодишно дете од Штип хоспитализирано по труење со „бензодиезепами“

Тригодишно дете од Штип е хоспитализирано поради сомнително труење, информираат од СВР-Штип. Детето е примено во Клиничка болница-Штип на Педијатриското одделение, а по извршените испитувања е утврдено присуство на „бензодиезепами“.Според соопштението од полицијата, вчера во 18:18 часот е пријавено дека 24-годишната Н. С. од Штип го донела детето во болницата во 11:47 часот. Детето е задржано на опсервација и се следи неговата здравствена состојба.Случајот е пријавен и до Центарот за социјални работи-Штип, а се преземаат мерки за целосно расчистување на инцидентот.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Двe тепачки меѓу роднини во Гостивар – се преземаат мерки

Два физички инциденти меѓу роднини се пријавени вчера во Гостивар, поради претходни недоразбирања.Првиот случај бил пријавен во 10:50 часот во ОВР Гостивар, кога Р.Р. (75) од Гостивар пријавил дека пред својот дом бил физички нападнат од неговиот роднина В.С. од истиот град. Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.Вториот инцидент се случил во 13:45 часот, кога Ј.Р. (65) пријавил дека во дворот од својот дом бил нападнат од роднина М.Р. Од полицијата информираат дека и во овој случај се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на настанот.Полицијата апелира до граѓаните да ги решаваат недоразбирањата на мирен начин и потсетува дека насилството се санкционира согласно закон

Македонија | пред 2 седмици

tepacka

Физички напад по судско рочиште во Желино, Тетово – полицијата приведе 46-годишник

На 11.03.2026 во 13:15 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.З.(46) од с.Желино, тетовско, постапувајќи по претходна пријава дека, по одржано судско рочиште, физички го нападнал Б.Џ.(54) од с.Желино.По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 седмици

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Уапсен гостиварец кој ја тепал сестрата

На 11.03.2026 во 11:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Р.Џ.(43) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 44-годишна сестра.По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

tepacka1

Маж од Тетово нападнат од невенчаната сопруга

На 12.03.2026 во 04:30 часот во СВР Тетово, 31-годишник од тетовско пријавил дека во неговото возило, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговата 35-годишна невенчана сопруга.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

izletal-od-patoto

Две жени тешко повредени откако автомобил излета од пат

На 11.03.2026 во 19:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека кај Требошки натпатник во Тетово, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(48) од с.Врапчиште, гостиварско излетало надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле две сопатнички, Х.Џ.(69) и Љ.Џ.(48) од с.Врапчиште, гостиварско, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово.Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 2 седмици

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Семејни инциденти: полицијата приведе пет сторители на насилство

На 10.03.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.З.(27) од с.Долна Бањица, гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 26-годишна сопруга дека, поради меѓусебно недоразбирање, упатувал закани на нејзините мајка на социјална мрежа.На 10.03.2026 во 12:05 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Т.Д.(18) од Крива Паланка затоа што физички го нападнал неговиот татко.На 10.03.2026 во 00:45 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Е.В.М.(49) од Крива Паланка затоа што физички нападнал 16- годишник, син на неговата сопруга.На 10.03.2026, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Р.(33) од битолско село, затоа што, според пријавеното, во семејниот дом физички ја нападнал неговата 25 - годишна сопруга.На 10.03.2026 во 14:30 часот во ОВР Прилеп, 45 - годишна прилепчанка пријавила дека во семејниот дом во Прилеп била физички нападната од нејзиниот сопруг Е.Ш..На 10.03.2026 во 23:15 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода О.Л.(44) од Охрид затоа што претходно во семејниот дом физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивното малолетно дете.Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 2 седмици

policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

Битолчанец приведен оти возел дупло над дозволената брзина

На 11.03.2026 во 06:57 часот на ул.„8 Септември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.Б.(21) од с.Крклино, битолско.Имено, при контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле патничко возило „ауди”со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.Б., при што било констатирано дека го управувал возилоот со брзина од 101 километри на час на место каде што е дозволено 50 километри на час.По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава за „безобѕирно управување со моторно возило” по член 297-а од Кривичниот законик.

Македонија | пред 2 седмици

DSC_0292

Тело на жена извадено од Вардар кај Стадион

Тело на женско лице денеска околу 11 часот било извадено од водите на реката Вардар во близина на мостот кај Стадионот, соопшти Министерството за внатрешни работи.Од МВР информираат дека телото било извлечено од полициски службеници од СВР Скопје.По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, додека увидот на местото на настанот е во тек.Случајот се случил на кејот на Вардар, во близина на болницата „Систина“, а околностите под кои лицето завршило во реката засега не се познати. Надлежните институции работат на утврдување на сите детали поврзани со настанот.

Скопје | пред 2 седмици

taksi

Се тепале во ресторан во Желино, па оштетиле такси возило и го нападнале возачот

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ф.(37) и Ќ.Б.(33), двајцата од с.Желино, општина Желино, С.И.(46) од с.Требош, тетовско и И.К.(38) од с.Прељубиште, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.На 07.12.2025 во угостителски објект, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, при што подоцна на паркинг простор оштетиле такси возило и физички го нападнале возачот.

Македонија | пред 2 седмици

polov-napad-dete

Маж од Грција допирал по тело 14-годишник од Штип

На 10.03.2026 околу 15:00 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода П.Д.(66) од Република Грција.Тој се сомничи дека околу 12:00 часот во просторија за тушеви во бања во Штип допирал по телото 14-годишник од Штип.Според пријавеното, малолетникот со родителите отишле во бањата и откако се разделиле со неговиот татко во машкиот дел, П.Д. тргнал по него и го извршил делото.Лицето е задржано во полициски станица и по целосно документирање на случајот против грчкиот државјанин ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 188 став 5 од Kривичниот законик.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryu95mndbpf2uacNbhhC4

Поради расправија го истепал, па му нанел убодна рана

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.А.(19) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.Во Тетово, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал Л.С., пo што со нож му нанел убодна рана.

Македонија | пред 2 седмици

cigari-3

Приведени двајца за криумчарење текстил и цигари кај Крива Паланка

На 11.03.2026 во 01:45 часот на магистралниот пат Крив Паланка – Куманово,  кај место викано „Мотел“, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка ги лишија од слобода И.Ц.(60) од Скопје и М.Ј.(39) од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“.Имено, при вршење на редовна контрола во сообраќајот полициските службеници запреле патничко моторно возило „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, при што во возилото била пронајдена поголема количина на текстилна роба и повеќе штеки цигари без документација.Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 2 седмици

media-library8rbk0brmvdnv4wziuyT

Лажни СМС пораки за „Безбеден град“: СВР Охрид со предупредување

Во СВР Охрид пристигнуваат пријави од граѓани за добиени СМС пораки на нивните мобилни телефони, наводно испратени од Одделението за моторни возила при МВР со известување за Безбеден град дека нивното патничко моторно возило било евидентирано за сообраќаен прекршок.Притоа, се даваат насоки на која електронска адреса можело да се видат деталите за наводниот прекршок и се повикуваат граѓаните, ако ја плателе казната во рок од осум дена, истата ќе била намалена за 50 проценти.СВР Охрид, ги известува граѓаните дека станува збор за лажни пораки кои се класичен обид за измама со цел противправно стекнување парични средства.МВР апелира, граѓаните да бидат внимателни, добиените пораки и линкови да не ги отвораат, да не го контактираат испраќачот, да не споделуваат лични податоци и да не вршат уплата на парични средства.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања