Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

media-libraryj6vtmof6fum13vdOxtl

Во Велес фатени двајца мажи со пушка и над 300 куршуми што се третираат како културно наследство

СВР Велес до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против В.Д.(46) од Виница и З.Н.(49) од Штип, поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, казниво по член 265 од Кривичниот законик.На 18.09.2025, во населба Превалец во Велес, полициски службеници од СВР Велес, сопреле патничко возило „шевролет“ со винички регистарски ознаки, управувано од В.Д., а сопатник бил З.Н. и при преглед во возилото биле пронајдени и одземени над 300 парчиња муниција и пушка, без соодветна документација и разновиден алат, по што тие биле лишени од слобода и задржани во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител.Увид на одземените предмети извршил кустос советник-археолог, кој констатирал дека пронајдените пушка, метална каса за муниција и куршуми се третираат како дел од културно наследство.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarymlsrf7ifp2c22Xruikm

Приведени тројца насилници од вкупно шест пријави за семејно насилство

На 12.03.2026 околу 19 часот, полициски службеници од ОВР Дебар, во неговиот дом во село во општина Центар Жупа, од слобода го лишија Ј.Р.(48). Тој претходно, во семејниот дом, предизвикал вербална расправија со сопругата и малолетната ќерка, по што со тврд предмет ја нападнал малолетничката. По консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.На 12.03.2026 во 16:30 часот, во Градско, полициски службеници од Полициската канцеларија Градско лишиja од слобода 26-годишник од Градско, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 20-годишна сопруга, по што дошле неговиот татко и таткото на неговата сопруга и настанала турканица меѓу нив. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 12.03.2026 во 15:52 часот во СВР Штип, 28-годишна жена од штипско, пријави дека околу 15:45 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.С.(34). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 12.03.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена од скопско, пријави дека телефонски и се заканувал нејзиниот сопруг К.Ј.(33), кој престојува во странство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Нa 12/13.03.2026 околу полноќ во радовишко село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 54- годишен жител на тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка, при што и нанел повреди на телото. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.На 12.03.2026 во 16:30 часот во ОВР Прилеп, 45-годишен маж од Прилеп пријави дека во семејниот дом во Прилеп, неговата сопруга физички го нападнала нивното малолетно дете. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 2 седмици

marihuana2

Малолетник уапсен за производство и пуштање во промет на дрога

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 14.07.2025, полициски службеници од СВР Скопје извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Скопје | пред 2 седмици

media-librarys2gbj6vd830k7yZAWCI

Чувар и двајца соселани вдишале чад во обид да го изгаснат пожарот во прочистителната станица во Кочанско

На 12.03.2026 во 21:05 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во близина на с.Мојанци, кочанско, настанал пожар во објект во склоп на Прочистителната станица, сопственост на ЈП „Водовод“ од Кочани.Од екипа од Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат. При обид да го изгаснат пожарот, В.И. (56) од с.Мојанци, кој бил на своето работно место како чувар и уште две лица вдишале чад, при што од страна на Итната медицинска помош им била укажана лекарска помош.За настанот биле известени јавен обвинител и инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување Кочани. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Македонија | пред 2 седмици

komunalna

Вработен во „Комунална хигиена“ натепал колега од внатрешна контрола

На 12.03.2026 во 14:50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.С.(40) од Скопје, вработен во Јавно претпријатие „Комунална хигиена Скопје“, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:20 часот физички го нападнал Б.К.(48) од Скопје, додека извршувал службени дејствија во својство на внатрешна контрола во јавното претпријатие.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 седмици

Screenshot-2025-09-16-at-10.56.57

Го нападнал татко си, па му ја запалил колата, приведен 40-годишен скопјанец

На 11.03.2026 во 02:20 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Т.(40) од Скопје, по претходна пријава дека околу 01:30 часот физички го нападнал неговиот 61-годишен татко, а потоа му го опожарил неговото патничко возило.Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а увид е извршен од увидна екипа од СВР Скопје.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryid83gcu8ab0d0PYykaJ

Четворица возеле со активна забрана, седум без возачка дозвола

Вчера на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи, од кои четворица (Прилеп, Велес, Македонска Каменица и Кичево) за возење и покрај тоа што имале активна забрана и седуммина (Гостивар, тетовско, Кичево, двајца во Скопје и двајца во Струга) затоа што управувале возило без возачка дозвола. Возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 2 седмици

790322-policijata-fati-kradec-i-gi-vrati-odzemenite-predmeti-na-sopstvenikot

Kрадец упаднал во стан додека внатре биле жена и дете

На 13.03.2026 во 01:32 часот во СВР Тетово, 31-годишник од Тетово пријави дека едно лице се обидело да изврши кражба во неговиот стан, додека дома биле неговата сопруга и нивното малолетно дете.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykm08d3nl4abd0b6YVpz

18-годишник се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште

Вчеравечер (12/13.03.2026) во СВР Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, пријавија дека добиле информации од родители на ученици, дека М.Р. праќал пораки до учениците односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето.Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска наредба, извршен е претрес во с.Палатица, тетовско, во дом и помошни простории на Р.Р. (49). При претресот биле пронајдени повеќе предмети на неговиот син М.Р.(18), за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.М.Р. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryl2ditbqqbi423czgNAE

Битолчанец измамен за 340.000 денари, купувал криптовалути

На 12.03.2026 во 13:00 часот во СВР Битола 32-годишен маж од Битола пријави дека во периодот од 19.01.2026 до 13.02.2026  преку  електронска пошта воспоставил  комуникација со  лице   кое  се  претставило како директор  на  компанија  што  тргува  со  крипто валути  и   истиот  го  довел  пријавителот  во  заблуда,  при  што  му  дозволил  пристап  до  неговиот  компјутер  и  во  повеќе  наврати  му  префрлил вкупно 340.000 денари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryn4kb7dgqlp0m36NxJQE

Марихуана и дигитална вага одземени при претрес во Марино, приведено едно лице

На 12.03.2026 во 21:10 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Р.(30) од с.Марино, скопско.При извршен претрес, по наредба од Основен кривичен суд Скопје, полициските службеници извршија претрес во домот на Д.Р., при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 2 седмици

media-library37s0fjk665nb39UZPfh

Приведен возач кој бегал од полиција, возел пијан и без возачка

На 12.03.2026 во 18:40 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Кичево, полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај, од слобода го лишија С.С..(36) од кичевското село Горно Добреноец.При извршена сообраќајна контрола, полициските службеници на улицата „11 Септември“, сопреле патнички автомобил „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки и откако му биле побарани возачки документи, тој го стартувал возилото и избегал од местото.По кратко време, на улицата „Гоце Делчев“ , бил повторно сопрен и било констатирано дека тој, немал положено возачки испит и нема право на управување моторно возило, а при извршено алкотестирање, биле констатирани 0,11 промили алкохол во крвта.  По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0

Прилепчанец додека бегал од полиција удрил во друго возило, пронајдена марихуана

На 12.03.2026 на крстосницата од ул.„Бидимаж” и бул.„Гоце Делчев” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода В.Н.(21) од Прилеп.Имено, полициските службеници при вршење на службени дејствија  забележале патничко возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Н. и при дадени светлосни и звучни сигнали да го сопре возилото, тој не застанал, по што удрил во друго патничко возило.При контрола во возилото била пронајдена марихуана.По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-47-3280PM

19-годишно момче пронајдено мртво во стан во Битола

На 13.03.2026 во СВР Битола е пријавено дека во стан во Битола, без траги на насилство, бил пронајден починат А.Д.(19) од Битола.Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, а од страна на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

Македонија | пред 2 седмици

tepa-dete

Мајка го тепала малолетното дете, таткото ја пријавил во полиција

На 12.03.2026 во 16:30 часот во ОВР  Прилеп , 45-годишен маж  од Прилеп  пријави дека во семејниот дом во Прилеп, неговата сопруга физички го нападнала нивното малолетно дете.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryr7ustgvht52acQBplbO

Трагедија во Крушево: 20-годишнo момче почина од струен удар

На 12.03.2026 во 17:55 часот во СВР Битола е пријавено дека од с.Саждево, крушевско, во Општата болница Прилеп без знаци на живот бил донесен А.И.(20) од с. Саждево.Според пријавеното, тој бил  удрен од струен удар, по што починал, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош.Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

Македонија | пред 2 седмици

media-library37s0fjk665nb39UZPfh

Акциска контрола во Струга: 57 казни, одземено возило и едно лице уапсено

Вчера изречени 57 санкции во акциска контрола на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во Струга, лишено од слобода едно лице, одземено возилоВо текот на вчерашниот ден (12.03.2026 година) во периодот од 14:00 до 21:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на СВР Охрид - ОВР Струга со цел санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.При контролата изречени се вкупно 57 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив четири за измината важност на сообраќајната дозвола, една мерка за управување на моторно возило со несоодветна категорија, три мерки за неизвршен вонреден технички преглед на возила кои вршат јавен превоз на патници, една мерка за возач кој врши јавен превоз на патници без лекарско уверение, седум мерки за товарни моторни возила во однос на претовар на товар, вонреден превоз и некористење на церада, пет мерки за непоседување на задолжителна опрема во возило, две мерки за користење на мобилен телефон, две мерки за неисправни светлосно сигнални уреди и 21 мерка за останати прекршоци. Поднесени се и 11 барања за поведување на прекршочна постапка за правни и одговорни лица.Едно лице е лишено од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно без возачка дозвола и одземено е едно возило поради изминат рок на важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци.За сите сторители на сообраќајни прекршоци изготвени се соодветни поднесоци.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 2 седмици

media-library5o4u7mcvgk5o7pydhWT

Познат идентитетот на жената пронајдена мртва во Вардар, излегла утрината од дома и не се вратила

Тело на жена било извлечено од водите на реката Вардар во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.На 11 март 2026 година околу 11 часот, полициски службеници од СВР Скопје го извадиле телото од реката, по што лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.По насоки на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција.Подоцна било утврдено дека станува збор за 50-годишната А.Х.И. од Скопје. Во меѓувреме, член од нејзиното семејство пријавил дека жената утрото по 08 часот излегла од дома и не се вратила.Извршен е увид, а надлежните институции работат на расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 седмици

IMG_5581

Полицијата интервенира по 11 пријави за семејно насилство – 4 приведени

На 12.03.2026 во 02:00 часот во Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино лишиле од слобода 39-годишник од Демир Капија, постапувајќи по претходна пријава дека во домот му се заканувал на неговиот 57-годишен татко и кршел предмети. При преземање мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно кај него биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта.На 11.03.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Д.(44) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека подолг временски период ја малтретирал физички и психички неговата 46-годишна сопруга.На 11.03.2026 во 20:00 часот во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со 38-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека преку социјална мрежа упатувал закани и навреди на неговата 34-годишна сопруга со која биле во бракоразводна постапка.На 11.03.2026 во 11:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Р.Џ.(43) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 44-годишна сестра.На 12.03.2026 во 04:30 часот во СВР Тетово, 31-годишник од тетовско пријавил дека во неговото возило, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговата 35-годишна невенчана сопруга.На 11.03.2026 во 10:50 часот во ОВР Гостивар Р.Р.(75) од Гостивар пријавил дека пред семејниот дом, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговиот роднина В.С. од Гостивар.На 11.03.2026 во 13:45 часот во ОВР Гостивар, Ј.Р.(65) од Гостивар пријавил дека во дворот од домот, поради претходно недоразбирање, неговиот роднина М.Р. физички го нападнал.На 11.03.2026 во 22:25 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Р.(29) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 27-годишна сопруга, дека на подрачјето на Чаир физички ја нападнал.На 11.03.2026 во 19:35 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Н.С.(47) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 47-годишна сопруга, со која биле разделени подолг временски период дека ја следел, вознемирувал и ја снимал со мобилен телефон.На 11.03.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена пријави дека околу 17:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.Р.(34).На 11.03.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје, Ѓ.Р.(29) од Скопје пријави дека околу 18:00 часот во с.Љубанци, скопско, неговиот роднина Н.Р. му упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 2 седмици

vozilo-pozar

Струмичани опожариле „Ланд Ровер“, пожарот се проширил на куќа и друго возило

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.П.(38), Н.Н.(29), П.Т.(41) и К.Г.(20), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела  „предизвикување општа опасност“.Во јануари 2026 година, на влез од с.Владевци, второпријавениот предизвикал пожар на товарно возило „мерцедес“, додека на 21.02.2026, пријавените опожариле патничко возило „ланд ровер“, при што пожарот се проширил на патничко возило „форд куга“ и кров од куќа.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryuj1h4p7somd7b17zL46

Се запали возило на паркинг во Ново Лисиче, оштетени три автомобили

На 12.03.2026 во 00:13 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг просторот пред зграда на бул.„Видое Смилевски Бато“ настанал пожар во патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(48) од Скопје.Од пожарот биле оштетени и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.К.(74) од Скопје и патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.А. од с.Долно Лисиче, скопско.Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје,  повредени лица нема. Извршен е увид.

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Уапсени 12 возачи за безобѕирно управување возило, од нив тројца малолетници возеле без возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи, од кои седум за управување возило без возачка дозвола, три за возење и покрај тоа што имале активна забрана за управување возило и по еден за возење под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената.Од седумте лишени за возење без возачка дозвола, тројца се малолетници. Еден малолетник од тетовско управувал возило, а по еден малолетник во Крива Паланка и Неготино управувале мопеди без дозвола. Останатите четири возачи за истиот прекршок се лишени во Скопје, Штип, Кичево и Битола. Двајца возачи во Скопје и еден во Кичево управувале возило со активна забрана. Додека еден возач во Ресен управувал трактор со 2,83 промили алкохол во крвта и еден возач во Битола управувал возило со брзина поголема од дозволената. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 2 седмици

DSC_0292

Познат идентитетот на жената чие тело беше пронајдено во Вардар

На 11.03.2026 околу 11:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје од водите на реката Вардар извадија тело на женско лице.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција.Подоцна е констатирано дека се работи за 50-годишната А.Х.И.(50) од Скопје, за која во меѓувреме член нејзиното семејство пријавил дека утрото после 08 часот излегла од дома и не се вратила.Увид е извршен и се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 седмици

Screenshot-2022-12-04-at-16.32.45

Сообраќајка меѓу автобус и автомобил, повредено 4-годишно дете

На 11.03.2026 во 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Кузман Јосифовски Питу“, бул.„Кочо Рацин“ и ул.„Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Г.(55) од с.Волково, скопско и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.Со тешки телесни повреди се здобило четиригодишно дете од Скопје, патник во автобусот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryde5fptrt9iv26UVJsHt

Малолетнички натепани од четири жени, нападот го снимале со телефон

На 11.03.2026 во 09:00 часот во СВР Скопје, М.Д.(44), Б.И.(43) и М.Ч.(50), сите од Скопје пријавија дека на 08.03.2026 околу 13:15 часот на подрачјето на општина Аеродром нивните малолетни ќерки биле физички нападнати од четири женски лица, при што една од нив снимала со мобилен телефон.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања