Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

media-library37s0fjk665nb39UZPfh

42 возачи приведени, речиси 1 200 прекршоци изминатиот викенд

Во текот на изминатиот викенд периодот (14/15.03.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1198 издадени платни налози, 465 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 42 лица, од кои осум за возење под дејство на алкохол, 20 за возење без возачка дозвола, еден поради претходно изречена забрана за управување на возило.Во истиот период одземени се 13 возила по член 300-б од Кривичниот законик.Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатиот викенд евидентирани се 173 прекршоци за неправилно паркирање, како и 40 санкции за возење под дејство на алкохол.Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 59 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкциониран е и 31 пешак. Исто така санкционирани се 112 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 20 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а четири заради техничка неисправност.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 2 седмици

orce-nikolov-maloletnicki-tepacka

Серија напади низ Скопје – малолетници, соседи и сообраќајни расправии

Полицијата регистрирала повеќе одвоени случаи на физички напади и нарушување на јавниот ред и мир на различни локации во Скопје.И.Б. (42) пријавил дека бил физички нападнат од лице со иницијали Н.Н. на подрачјето на Центар.Во Аеродром, М.Б. (22) од Битола, Б.Ќ. (23) од Струмица и Б.С. (20) од Скопје пријавиле дека биле физички нападнати од група малолетници кои ги гаѓале и со јајца.На подрачјето на Чаир, Р.С. (56) пријавил дека неговиот 16-годишен син бил нападнат со остар и тврд предмет од друг малолетник.Во селото Црешево, пак, по претходно недоразбирање дошло до физичка пресметка помеѓу И.Ц. (35), А.Ц. (40) и Б.Ц. (71), при што биле употребени и тврди предмети.Дополнително, во Кисела Вода Б.В. (38) пријавил дека бил нападнат со тврд предмет од неговиот сосед Е.Н. (50), додека на подрачјето на Ѓорче Петров Б.С. (46) пријавила дека била физички нападната од Е.Т. (38) по недоразбирање во сообраќајот.По документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Кривична пријава за маж од Крива Паланка кој ѝ се заканувал на партнерката

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднела кривична пријава против И.М. (50) од Крива Паланка поради сомнение за кривично дело „загрозување на сигурноста“.Според пријавата, на 21 февруари 2026 година во стан во Крива Паланка, тој се обидел физички да ја нападне својата вонбрачна партнерка и ѝ упатувал закани со остар предмет.При обид да се одбрани, жената се повредила.

Македонија | пред 2 седмици

apsenje

Полицијата уапси четири лица со наркотични супстанци во главниот град

Во текот на ноќта меѓу 14 и 15 март 2026 година, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода четири лица на различни локации во главниот град поради поседување наркотични супстанци.Приведени се Е.И. (20), В.Н. (26) и 17-годишен малолетник, сите од Скопје, како и А.Р. (27) од Штип. Кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, како и грутчеста и прашкаста материја.По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 2 седмици

kazni-policija-policaec

Алкохол, возење без дозвола и забрана: 13 возачи приведени во еден ден

Полициски службеници на Министерство за внатрешни работи на Македонија вчера на подрачјето на целата држава лишиле од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило.Според МВР, четворица возачи од Скопје, Свети Николе, Радовиш и Богданци управувале возила под дејство на алкохол. Шест возачи од Скопје, Македонски Брод, Гостивар и Струга возеле без да поседуваат возачка дозвола, додека двајца возачи од Кичево управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување.Во еден случај во Скопје бил запрен возач кој управувал такси возило без да поседува возачка дозвола, при што вршел превоз на патници.Полицијата соопшти дека во два од случаите возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни незгоди. Лице од Свети Николе со измерени 1,96 промили алкохол во крвта удрило во бетонски ѕид, додека возач од Богданци со 1,99 промили алкохол излетал од патот.Од МВР информираат дека биле одземени шест возила, а по целосното документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Министерството апелира дека безобѕирното управување со возило, особено под дејство на алкохол, без возачка дозвола или и покрај изречена забрана, претставува сериозно прекршување на законите и директна закана за безбедноста во сообраќајот. Полицијата најави дека ќе продолжи со засилени контроли и доследна примена на законските мерки.

Македонија | пред 2 седмици

media-library9jo4a0fgdo29bbik8lQ

Еден час по полноќ имало пријава за семејно насилство во кичевско село

На 15 март 2026 година во 01:47 часот во ОВР Кичево било пријавено дека З.Р. од едно кичевско село физички ја нападнал неговата сопруга.По целосно расветлување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-library0macachlreevcFQIboH

Игнорирале забрана за возење – завршија во полициска станица

Во две одвоени сообраќајни контроли на 14 март 2026 година во Кичево, полицијата лишила од слобода двајца возачи кои управувале автомобили иако претходно им била изречена забрана за управување со моторно возило.Во 14:45 часот на булеварот „Ослободување“ бил приведен Н.К. (47) од Кичево, кој управувал патничко возило „пежо“ и покрај тоа што против него била изречена забрана за управување со возило од „Б“ категорија.Само петнаесет минути подоцна, на истиот булевар, бил приведен и Н.Ц. (31) од Кичево, кој управувал автомобил „БМВ“ и покрај изречената забрана.По налог на јавен обвинител, во двата случаи возилата биле одземени, а по документирање на настаните ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 2 седмици

pozarna-

Провалник влегол во куќа во Струга и запалил мебел

На 14 март 2026 година во 15:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека непознат сторител со обивање на приземен прозорец насилно влегол во куќа во населбата „Езерски лозја“.Според пријавата, сторителот опожарил дел од мебелот и покуќнината. Повредени лица нема, а на местото интервенирала Територијалната противпожарна единица.Полицијата презема мерки за целосно расветлување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

media-library3gmdcpi8djn1evtcTgd

Малолетник претепан од врсници во Охрид

На 14 март 2026 година во 10:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Партизанска“ во Охрид повеќе малолетни лица физички нападнале друг малолетник.Повредениот бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во Општата болница во Охрид.Во врска со настанот, во СВР Охрид биле повикани неколку малолетници од градот, со кои во присуство на нивните родители биле извршени службени разговори. По целосно расветлување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Охрид | пред 2 седмици

ohrid-turisticka-1

Контроли на полицијата во Охрид: малолетници во кафеана по 24 часот

На 15 март 2026 година во 00:25 часот, при контроли во угостителски објекти во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид во објект на кеј „Македонија“ затекнале малолетни лица.Согласно член 21 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, против правниот субјект и одговорното лице ќе биде поднесена пријава поради овозможување присуство на малолетници во угостителски објект по полноќ.

Охрид | пред 2 седмици

galicica-pozar-3

Поради зачестени пожари, полицијата во Охрид ја засилува превенцијата

Поради зачестени пријави за пожари на отворен простор, СВР Охрид најави интензивирање на превентивните активности и контактите со граѓаните и институциите, со цел подигнување на јавната свест за заштита на шумите и спречување пожари.На 14 март 2026 година полициски службеници оствариле средби со претставници на месната заедница во селото Издеглавје, како и со жители на општината Дебрца. Преку кратки разговори тие биле информирани за општите и посебните превентивни мерки за заштита од пожари, за правилата при движење низ шумски појаси, како и за казнените одредби поврзани со предизвикување пожари.Полицијата особено ја нагласила потребата од итно пријавување на евентуални пожари, со цел надлежните служби навремено да реагираат и да ги локализираат и изгаснат.

Охрид | пред 2 седмици

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-52-3040PM

Приведени двајца млади возачи во Гостивар, им ги одзедоа возилата оти немале возачки

Во две одвоени сообраќајни контроли во Гостивар на 14 март 2026 година, полициски службеници привеле двајца млади возачи кои управувале автомобили без возачка дозвола.Во 17:40 часот на улицата „Илинденска“ била запрена М.М. (19) од селото Чајле, која управувала патничко возило „шкода“ со гостиварски регистарски ознаки. По проверката било утврдено дека нема возачка дозвола, по што возилото било одземено.Два часа подоцна, во 19:40 часот на улицата „ЈНА“, полицијата го лишила од слобода Т.М. (21) од селото Равен, кој управувал „опел корса“ со гостиварски регистарски ознаки. И во овој случај било утврдено дека возел без возачка дозвола, а возилото било одземено.По целосно документирање на случаите против двајцата ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryde70q4td32141LUzO8V

Претреси во Тетово: уапсени четири лица, пронајдени предмети од кривични дела

Полициски службеници од СВР Тетово на 14 март 2026 година извршиле два одвоени претреса со судска наредба, при што биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела, а приведени се вкупно четири лица.Во 11:45 часот бил извршен претрес во автомобилска работилница на Б.И. (35) од Тетово. При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, по што биле лишени од слобода Б.И., Д.А. (27) од селото Мала Речица и С.Р. (30) од селото Долно Палчиште. Како што информира МВР, на овој случај му претходела пријава дека ноќта меѓу 12 и 13 март во Тетово било опожарено патничко возило „фолксваген туарег“.Подоцна, во 15:55 часот, со судска наредба бил извршен претрес во дом и помошни простории кај И.Б. (43) од Тетово. И таму биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, по што И.Б. бил лишен од слобода. На овој случај му претходела пријава дека во Ургентниот центар во Тетово бил примен пациент со убодни рани од остар предмет.По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarydh7mp4f2m0go8R7JAMn

Закани со нож во автобус и вооружен напад на пат во тетовско: интервенирано при два сериозни инциденти

Во текот на 14 март 2026 година во СВР Тетово биле пријавени два одвоени инциденти со елементи на закани и насилство.Во 20:00 часот, И.У. (66) од селото Желино пријавила дека во автобус Н.Ќ. од истото село ѝ се заканувал со остар предмет.Половина час подоцна, во 20:30 часот, Џ.В. (26) од Тетово пријавил дека додека управувал патничко возило „голф“ на локалниот пат од Тетово кон селото Брвеница, бил престигнат од друго возило кое му го блокирало патот. Според пријавата, од возилото излегле неколку лица кои со тврд предмет му го оштетиле автомобилот, а кај себе имале и оружје.Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryrhpb65f5dknm194Hqau

Млада девојка паднала од балкон во Тетово, со тешки повреди е пренесена на лекување во Скопје, а полицијата отвори истрага

Девојка на возраст од околу 20 години вчера паднала од балкон во Тетово, а полицијата по наредба од јавен обвинител врши истрага како дошло до несреќата.Според официјалните информации од СВР Тетово, настанот се случил синоќа околу 18:40 минути. Случајот бил пријавен од Итната медицинска помош, кои интервенирале. Тие им кажале на полицајците дека „женско лице паднало од балкон“.Поради сериозноста на повредите, девојката е пренесена на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.Увидот бил завршен уште во текот на вчерашниот ден. Засега нема други детали од страна на полицијата.

Македонија | пред 2 седмици

IMG_4867

Mлад тетовец нападнал пешак, па го удрил со автомобил, објави МВР

Според информацијата објавена од МВР, на 13 април 2026 година во 23:00 часот во селото Јажинце, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Б. (18) од истото село.Претходно, според пријавата од М.С. (22), по меѓусебна расправија пред угостителски објект во селото, Б.Б. физички го нападнал, а потоа, додека М.С. пеш се движел, бил удрен од патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал пријавениот.Возилото е одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-library5thgl0grhjsv1wnfs5f

Трагедија во Кисела Вода: Работник загина по пад од висина на градилиште во Скопје

На 13 март 2026 година околу 16:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, во објект во изградба, Ж.С. (59) од селото Герман, кривопаланечко, додека извршувал работни задачи, паднал од висина.Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде околу 17:40 часот починал. Смртта ја констатирал лекар, а на местото бил извршен увид. За случајот бил известен и трудов инспектор.

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryfdvu0vbd3h6l2aFFODu

Полицијата лоцираше лица барани со судски наредби: тројца приведени за издржување затвор и притвор

Во одвоени полициски акции во Гостивар, Кавадарци и Велес биле приведени три лица по судски наредби за издржување затворски казни и мерка притвор.Во селото Долна Бањица, гостиварско, бил приведен Е.Н. (26), кој се барал за издржување затворска казна од две години, седум месеци и 16 дена во КПУ Затвор Штип, поради бегство.Во Кавадарци бил приведен Т.Т. (78), врз основа на наредба од Основниот суд Кавадарци, за издржување затворска казна од осум месеци за кривично дело „тешка телесна повреда“. Тој бил спроведен во КПУ Затвор Гевгелија.Во Велес, пак, полицијата го лишила од слобода Т.И. (25), по издадена потерница врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје, за издржување мерка притвор. Тој бил спроведен во КПУ Затвор Скопје.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Кривична пријава за виничанец што ги прекршил забраните и ѝ се заканувал на поранешната партнерка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднела кривична пријава против Б.Т. (59) од Виница поради сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „непочитување на судска одлука“.Според пријавата, на 7 и 8 март 2026 година во виничко село, тој постапил спротивно на судска одлука со која му било забрането да се приближува на помалку од 100 метри и да одржува контакт со неговата поранешна 65-годишна партнерка. Притоа, ѝ упатувал и закани.Случајот е процесиран со кривична пријава.

Македонија | пред 2 седмици

policija-policaec-35-450x270-1

Инциденти низ Скопје: тепачки, напад во автобус и агресија кон полицијата

Во текот на 13 и 14 март во Скопје биле регистрирани повеќе одвоени случаи на физички напади, нарушување на јавниот ред и агресивно однесување кон полициски службеници.Во автобус на подрачјето на Центар, В.Р. (19) пријавил дека бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице. На подрачјето на Гази Баба, полицијата регистрирала физичка пресметка помеѓу И.П. (43) и Ч.Д. (41), двајцата од Скопје. Во Кисела Вода, И.С.О. (33) пријавила дека била физички нападната од И.Д. (60), исто така од Скопје.Одделно, на подрачјето на Кисела Вода била лишена од слобода К.Б.С. (31), затоа што спречувала полициски службеници во вршење службени дејствија, додека во Центар бил приведен Д.Г. (30), поради агресивно однесување кон полицајци додека извршувале службени задачи.За сите случаи се преземаат мерки, а по документирање ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 2 седмици

uchenici-vrsnichko-nasilstvo-tepachka

Бран насилство меѓу малолетници: напади во Скопје, Кочани и Пробиштип

Полицијата регистрирала повеќе одвоени случаи на насилство меѓу малолетници и врз деца во Скопје, Кочани и Пробиштип, а за дел од нив веќе се поднесени и кривични пријави.Во Скопје, В.Ј. (53) пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од четворица малолетници. Во друг случај, В.С. (47) пријавил дека во Аеродром неговата малолетна ќерка била физички нападната од две соученички, кои биле во друштво со уште три малолетнички, а една од нив го снимала настанот со мобилен телефон. Следниот ден, С.В. (52) пријавил дека В.С. физички ја нападнал неговата малолетна ќерка, која претходно ја нападнала ќерката на В.С. Уште еден случај бил пријавен и во Ѓорче Петров, каде Б.А. (42) навел дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг ученик во основно училиште.Во Кочани, Е.И. (31) пријавила дека во соблекувална на спортска сала во основно училиште нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници.Во Пробиштип, пак, Надворешната канцеларија за криминалистички работи поднела кривична пријава против А.П. (19) од селото Калниште поради сомнение за кривично дело „насилство врз дете“, откако на 28 декември 2025 година, по претходна расправија, физички нападнал 17-годишник од Пробиштип.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на сите случаи.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryr7ustgvht52acQBplbO

Серија тешки сообраќајки во Скопје и Битола: загина 18-годишен мотоциклист

Во три одвоени сообраќајни несреќи што се случиле на 13 март во Скопје и Битола, едно лице загинало, а повеќе други се здобиле со тешки телесни повреди.На улицата „Адем Демачи“ во Скопје, околу 15:20 часот, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мотоцикл „пијаџо беверли“, управуван од А.Љ. (18), патничко возило „фиат“ управувано од 20-годишната Д.Т. и патничко возило „пежо 307“ управувано од А.Б. (35), сите од Скопје. Во несреќата на местото на настанот починал 18-годишниот мотоциклист, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. По насоки на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.Неколку часа подоцна, во 19:01 часот, во Битола на улицата „Крушевска Република“ патничко возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.М. (61) од Битола, удрило во пешакот Н.И. (41) од Прилеп. Повредениот пешак бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.Истата вечер, во 21:12 часот, на крстосница составена од патот А3 се случила уште една сообраќајна несреќа помеѓу „шкода“ со прилепски регистарски ознаки, управувана од Ј.П. (33) од Битола, и „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.П. (22) од селото Кукуречани. Во несреќата Д.П. се здобила со тешки телесни повреди, додека Ј.П. поминал со телесни повреди.Во сите случаи бил извршен увид од полициски екипи и јавен обвинител таму каде што било потребно.

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

Низа акции против дрога низ државата: приведени повеќе лица во Скопје, Радовиш и Охрид

Во текот на 13 и 14 март 2026 година полицијата спровела повеќе одвоени акции поврзани со дрога во Скопје, Радовиш и Охрид, при што биле приведени повеќе лица, а во дел од случаите се поднесени и кривични пријави.Во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.А. (49), Д.П. (23) и К.С. (28), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.Во Радовиш, полициски службеници ги лишиле од слобода М.М. (19), М.Ш. (21) и С.Ј. (21), а во полициска станица, во присуство на родител, бил повикан и 17-годишен малолетник. Според полицијата, четворицата биле затекнати додека користеле марихуана, а кај дел од нив биле пронајдени и пакувања со дрогата.Во Охрид, пак, на булеварот „Железничка“ биле лишени од слобода А.Ј. (60) и М.Б. (44), двајцата од Охрид, откако при претрес во патнички автомобил „мерцедес“, извршен по судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.Покрај апсењата, СВР Скопје поднела и кривична пријава против Н.Н. (58) од Скопје поради сомнение за „лажно претставување“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Според полицијата, тој на 29 декември 2025 година се претставил како полициски службеник со службена легитимација на МВР, иако бил пензиониран, а при преглед кај него биле пронајдени рамка за пиштол, муниција и метален боксирач.За сите случаи, по целосно документирање, ќе следуваат соодветни поднесоци и пријави.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Акциска контрола во Карпош: Шест лица приведени

Шест лица се лишени од слобода во акциска контрола што ја спроведе полицијата на подрачјето на скопската општина Карпош, соопшти Министерството за внатрешни работи.Акцијата била реализирана во текот на ноќта меѓу 13 и 14 март во близина на спортски центар, при што полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршиле проверка на идентитет и преглед на вкупно 33 лица.Во рамки на контролата лишени од слобода се Љ.П. (42), С.Н. (45), Љ.А. (43) и И.Ц. (37), сите од Скопје, како и М.С. (33) од Неготино и Е.Л. (21) од Република Албанија.При прегледот кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, грутчеста материја, марихуана и друга прашкаста материја.Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите против приведените лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Скопје | пред 2 седмици

media-librarys7jdl9b7ps7j3SSg3my

Работничка тешко повредена во фабрика во Охрид, итно префрлена во Скопје

Четириесет и едногодишна жена од Охрид со тешки повреди завршила на лекување во Клинички центар Скопје откако била повредена на работното место во фабрика.Според првичните информации, несреќата се случила во текот на ноќта, по што жената најпрво била пренесена во специјалната болница Св. Еразмо. Поради сериозноста на повредите, лекарите одлучиле таа итно да биде транспортирана во Скопје.Случајот бил пријавен во СВР Охрид, а полицијата заедно со трудовата инспекција презема мерки за да се утврдат околностите под кои настанала несреќата.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања