Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

droga12

Кумановската полиција поднесе пријави за дрога и фалсификување исправа

СВР Куманово поднела две одвоени кривични пријави за различни кривични дела – едната поврзана со дрога, а другата со фалсификување исправа.Кривична пријава е поднесена против М.Д. (26) и А.Т. (29), двајцата од Куманово, поради сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. Според полицијата, на 31 октомври 2025 година при преглед кај второпријавениот била пронајдена марихуана, која претходно ја набавил заедно со првопријавениот и ја препакувале за продажба.Одделно, кривична пријава е поднесена и против Т.Д. (54) од Куманово за „фалсификување исправа“. При редовна контрола, полицијата сопрела „фолксваген голф“ со словенечки регистарски ознаки, управуван од пријавениот, при што било утврдено дека табличките биле издадени за друго возило во Република Словенија.

Македонија | пред 1 седмица

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-56-7910PM

Девојката што падна од балкон во Тетово била малтретирана од таткото, тврди полицијата

Во истрагата за случајот со 19-годишната девојка од Тетово, која на 14 март падна од балкон од куќата на нејзиниот дедо и со повреди беше пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полицијата дошла до сознанија дека таа подолг период била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко.Како што соопшти МВР, на 16 март во 21:20 часот во СВР Тетово сам се пријавил А.А. (47) од Тетово, по што со него бил извршен службен разговор.По насока на јавен обвинител, тој е пуштен, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryt413d0i0klbmbVcSRqk

Возач удрил во 11-годишно девојче во Капиштец и избегал

Единаесетгодишно девојче од Скопје е тешко повредено откако било удрено од патничко возило на крстосница во градот, а возачот по несреќата го напуштил местото на настанот.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 16 март во 16:10 часот, кога од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било соопштено дека кај нив е донесена малолетничката со тешки телесни повреди.Според првичните информации, несреќата се случила околу 13:20 часот на крстосницата меѓу улиците „Васил Ѓоргов“ и сервисната улица што води кон „Народен Фронт“, каде патничко возило удрило во девојчето и потоа избегало.На местото бил извршен увид од екипа на СВР Скопје, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

Тепачка во битолско средно училиште, родителите пријавија два случаи

На 16.03.2026 во 15:00 часот во СВР Битола, М.В.(40) од Битола пријави дека во средно училиште во Битола, нејзиниот 15-годишен син бил физички нападнат од негов соученик.Исто така, на 16.03.2026 во 21:15 часот во СВР Битола, Ј.Ј.(56) од Битола пријави дека во средно училиште во Битола, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од негов соученик.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 1 седмица

media-library9hgvvo1eq8ub52ZiCEb

Лажна несреќа, вистинска измама: Се претставил како инспектор и измамил жена за илјадници евра

Полициската станица од општа надлежност Прилеп поднесе кривична пријава против М.А. (46) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите, на 4 ноември 2025 година, пријавениот измамил жена од Прилеп, одземајќи 2.000 евра и 1.000 американски долари. Тој лажно се претставил како инспектор во странство и ѝ соопштил дека нејзините внуци биле вмешани во сообраќајна несреќа во која загинало дете.Со цел да ја доведе во заблуда, побарал пари за наводно да издејствува ослободување на нејзиниот внук од кривична одговорност и избегнување затворска казна. Жената, верувајќи во изнесеното, ги оставила парите на претходно договорена локација.По преземени оперативни мерки од страна на полициски службеници од СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција, осомничениот е лишен од слобода, а од надлежен судија му е определена мерка притвор.

Македонија | пред 1 седмица

media-library5m158u8af9ph2HtR04D

Деца од Куманово се затруле со земјоделска течност, интно пренесени на клиника

Две деца на возраст од 3 и 4 години од кумановско село се затруле со течност која се користи за земјоделски култури, соопшти денеска СВР Куманово.Случајот во полицијата го пријавил лекар од Општа болница Куманово вчера околу пладне.„Биле донесени две деца на возраст од 3 и 4 години од Кумановско, кои биле затруени од течност која се користи за земјоделски култури. По извршен преглед тие се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, соопштија од полицијата.Од кумановската болница информираат дека при клиничкиот преглед децата биле во добра општа состојба и виталните параметри биле стабилни.„Поради можност за интоксикација, пациентите со болничко возило со придружба на медицински тим се транспортирани во ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести во Скопје“, соопшти болницата.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycn6qbdaggm6b7OQaDku

Драма во Чаир: Направиле сообраќајка па се испотепале меѓу себе

На 15.03.2026 во 09:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 00:05 часот на подрачјето на Чаир, по претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Г.(26), Д.Г.(22) и Г.Г.(52) од една страна и Ј.Д.(34) и А.Д. и В.„Н“, сите од Скопје, при што биле употребени и тврди предмети.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 седмици

Casino

Маж од Македонски Брод нападнал сограѓанин и полицаец во казино

На 15.03.2026, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода М.Н. од Македонски Брод.Според пријавеното, во 01,23 часот во ОВР Македонски Брод,  Л.С. од Македонски Брод  пријавил дека во казино бил физички нападнат од  М.Н., кој подоцна физички нападнал и полициски службеник при преземање на службени дејствија.По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Шест пријави за семејно насилство во еден ден низ Македонија, уапсени пет лица

На 15.03.2026 во 21:00 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода е Д.Г.(49) од Република Србија, постапувајќи по претходна пријава дека првин во угостителски објект, а потоа и во апартман во Охрид, во кој се сместени, физички ја нападнал неговата сопруга.На 15.03.2026 во 20.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.В.(45) од кумановско село затоа што физички ја нападнал неговата 18-годишна ќерка и ѝ се заканувал со остар предмет.На 15.03.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Д.(42) од Куманово затоа што физички го нападнал неговиот 20 годишен син.На 15.03.2026 во 13:00 часот во СВР Тетово, 29-годишник од Тетово пријавил дека во семејниот дом физички бил нападнат од неговиот постар брат А.Б..На 15.03.2026 во 17:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.С.(65) од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата ќерка и нејзиниот малолетен син.На 15.03.2026 во 14:30 часот во Скопје на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Б.(49) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 79-годишен татко, дека му упатувал закани.Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryck39njssa1754fYtCDk

Гостиварец и се заканувал на поранешната сопруга, а се обидел и да ја нападне

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.З.(28) од гостиварско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.Во февруари и март 2026 година, пријавениот во три наврати телефонски и лично и упатувал закани на неговата поранешна сопруга, а во еден од случаите се обидел и физички да ја нападне.

Македонија | пред 2 седмици

pari-1

Службеник од банка во Велес неосновано си исплати 249.990 денари

СВР Велес поднесе кривична пријава против П.Џ.(27) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.Во текот на септември 2025 година, пријавениот, во својство на службено лице во експозитура на банка Велес, во три наврати извршил неосновани готовински исплати од трансакциска сметка на оштетено лице В.Ф., во вкупен износ од 249.990 денари.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0

Полициско возило се судри со такси во Скопје

На 15.03.2026 околу 23:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Крушевска Република“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рекстон“, сопственост на МВР, управувано од В.П.(35) од с.Нова Брезница, скопско и такси возило „тојота корола“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(39) од Скопје.Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот В.П. и неговиот сопатник А.Н.(29) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 2 седмици

media-librarys7jdl9b7ps7j3SSg3my

47-годишна жена нападнала лекарка во Кочани

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против М.Н.(47) од с.Бурилчево, општина Чешиново-Облешево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.На 19.12.2025 во службени простории на Итна медицинска помош во Кочани, пријавената физички нападнала лекарка.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryde5fptrt9iv26UVJsHt

И се заканувал на сестра му, па се обидел да ја нападне - кривична пријава за маж од Свети Николе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против З.А.(45) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.На во семејниот дом, пријавениот упатувал закани на неговата сестра и се обидел физички да ја нападне, но бил спречен од неговата мајка.

Македонија | пред 2 седмици

media-library8p1l5u9oighe78qAFuD

Србинка физички нападната од сопственикот на станот кој го изнајмувала

На 16.03.2026 во 01:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 00:10 часот на подрачјето на Центар, 33-годишна жена од Србија, во изнајмен стан, била физички нападната и допирана по телото од сопственикот на станот, кој исто така ја вознемирувал и со пораки.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 седмици

media-librarylh6673tjtrhmcHD8Qvq

Фудбалски судии нападнати по натпревар во Кисела Вода

На 14.03.2026 во 14:07 часoт во СВР Скопје е пријавено дека во службени простории на стадион на подрачјето на Кисела Вода, по завршување на фудбалски натпревар помеѓу ФК „Кул“ и ФК „Кожуф“ , двајца фудбалски судии биле физички нападнати од Р.Ц.(57) од Скопје.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.

Свет | пред 2 седмици

polov-napad-dete

65-годишник ја нападнал ќерката и малолетниот внук

На 15.03.2026 во 17:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.С.(65) од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата ќерка и нејзиниот малолетен син.По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Инцидент во автобус: 54-годишник се заканувал со нож

На 15.03.2026 во 19:40 часот во с.Желино, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Н.К.(54) од с.Желино, постапувајќи по претходна пријава дека во автобус соостар предмет се заканувал на Н.Ќ. од с.Желино.По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-library1cjmjudqrlmhcnGDu9N

Сообраќајка на патот Тетово–Пирок: Тешко повреден 22-годишен мотоциклист

На 15.03.2026 во 14:18 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Пирок, кај с.Долно Палчиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Р.(50) од с.Горно Палчиште, тетовско и мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(22) од с.Долно Палчиште.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди се здобил неговиот деветгодишен сопатник од с.Долно Палчиште, констатирани во Клиничка болница Тетово.Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Натепале тетовчанец, му одзеле торба со пари, па сами се пријавиле во полиција

На 16.03.2026 околу 01:25 часот во СВР Тетово сами се пријавиле Б.М.(21) и Б.М.(19), двајцата од с.Требош, тетовско.Имено, според пријавеното, претходно, поради меѓусебни недоразбирања, тие со уште неколку лица физички го нападнале Е.Б.(31) од Тетово, по што му одзеле торба со пари, лични документи и други лични предмети.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

media-library17bhmofceuucfxb32mE

Жена од Гостивар нападнала полицајци при сообраќајна контрола

На 16.03.2026 околу 03:30 часот на бул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода Д.Ј.(35) од Гостивар.При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со тетовски регистерски ознаки, кое го управувала, по што почнала агресивно да се однесува и физички нападнала полициски службеници кои преземале службени дејствија.Таа е задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryq8n8763ik4287kVU6Wy

Уапсен жител на Чашка поради предизвикување пожар

На 15.03.2026 во 15:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ж.Ј.(36) од Чашка.Тој се сомничи дека околу 12:00 часот на место викано „Оризи“ во атар на село Еловец, општина Чашка, запалил стрништа во неговиот блок и предизвикал пожар кој се проширил и зафатил сува трева на соседниот блок.Повредени лица, а пожарот сам се изгаснал. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Србин ја тепал жена му во ресторан во Охрид

На 15.03.2026 во 21:00 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода е Д.Г.(49) од Република Србија, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект а потоа и во апартман во Охрид, во кој се сместени, физички ја нападнал неговата сопруга.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarybhtotqglh3un6M9i1LO

Кавадарчанец два пати во еден ден фатен без возачка дозвола

На 15.03.2026 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода К.М.(34) од Кавадарци. При сообраќајна контрола во 12:30 на улица „Дисанска“ во Кавадарци, полициските службеници запреле мопед со кавадаречки регистарски ознаки, кој го управувал, при што констатирале дека го управувал без положен возачки испит.По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а мопедот бил одземен.Откако бил ослободен, истиот ден во 20:10 часот на улица „Љубљанска“ во Кавадарци, полициските службеници повторно го лишиле од слобода К.М.. овој бил затекнат како управувал патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки без возачка дозвола, односно без положен возачки испит.По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одземено.По документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 2 седмици

media-library9djm2ng29eandFoxdyt

Запалил туѓ имот во Челопек – приведено лице од Алгуња

На 15.03.2026 во 12:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.П. од село Алгуња, општина Старо Нагоричане.Тој се сомничи дека во село Челопек, општина Старо Нагоричане, запалил сува трева и стрниште и предизвикал пожар во имот сопственост на Г.С.(60) од Куманово, при што биле опожарени дрва.Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане, а повредени лица нема.Д.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања