Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

media-libraryomji6j5v9ggs1Xog7Hu

Полицијата заплени дрога кај наплатна рампа Гостивар, приведени три лица

Ноќеска (19.03.2026) во 00:10 часот кај наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Гостивар ги лишија од слобода Е.Е.(40), Б.С.(48), двајцата од Гостивар и Ќ.Р.(70) од с.Врањовци, гостиварско.При преземање мерки, полициските службеници ги забележале лицата во патничко возило „фолксваген бора“ со гостиварски регистарски ознаки, при што Е.Е. исфрлил по едно пакување со грутчеста кафеава материја и со кафеава прашкаста материја, кои се пронајдени и одземени.Лицата се задржани во полициска станица и во координација со јавен обвинител во текот на денот ќе им биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryin04vnturlhkfqPDSQD

Пронајден возачот кој удри во малолетничка и избега

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа С.Б. од Скопје кој пред два дена со возило на ул. “Васил Ѓоргов” во Скопје удри во пешак и избега. Имено 16.03.2026 во 16:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје беше пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 11-годишна малолетничка од Скопје.Според пријавеното, околу 13:20 часот на крстосница од ул. „Васил Ѓоргов“ и сервисната улица со ул.„Народен Фронт“ во Скопје, патничко возило удрило во неа и го напуштило местото на настанот.СВР Скопје против С.Б. ќе поднесе кривична пријава по член 300 од Кривичниот законик за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и членот 301 за неикажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Скопје | пред 1 седмица

evn-rabotnici

Кражба на струја вредна повеќе од милион денари во тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.В.(54) од с.Бозовце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.На деловен простор во Тетово, на кој е регистрирано електрично броило, пријавениот направил манипулација со две од трите фази, со што било оневозможено точното мерење на потрошената електрична енергија од деловниот простор.На тој начин била оштетена ЕВН Македонија за сума од 1.080.830 денари.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryppi41hr9rrka5VesSE1

Измамил мајстор за илјадници франци: Нарачал железни материјали за Швајцарија, па „исчезнал“ без да доплати

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.С.(48) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’.Пријавениот довел во заблуда едно лице и го измамил за сума од 14.460 швајцарски франци. Имено, во 2025 година тој се договорил со лицето да изработи железни материјали за износ од 20.450 швајцарски франци и преку приватна фирма за шпедиција изработените материјали да бидат однесени во Швајцарија кај него.Откако лицето ја изработило нарачката, изготвил фактура, по што М.С. на жиро сметка исплатил само 5.999 швајцарски франци, додека останатиот дел од 14.460 швајцарски франци не ги исплатил.За останатиот долг, оштетениот во повеќе наврати се обидел да стапи во контакт со пријавениот, но тој бил недостапен.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryin04vnturlhkfqPDSQD

Возило удри пешак во Штип, жена заврши во болница со тешки повреди

На 17 март во Штип на улицата „Сремски фронт“, патничко возило „шкода октавија“ управувано од Ј.М. (63) удрило во пешакот М.С. (62). Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип.

Македонија | пред 1 седмица

soobrakajka-634

Тешка сообраќајка на патот Охрид–Кичево, жена со сериозни повреди

На 17 март 2026 година во 22:30 часот, на магистралниот пат Охрид–Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ управувано од Х.К. (25) од село Мороишта и патничко возило „форд“ управувано од 40-годишна жена од село Мислешево. Во несреќата, возачката се здобила со тешки телесни повреди, додека нејзиниот сопатник Д.С. (41) се здобил со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР Охрид.

Македонија | пред 1 седмица

tepacka

Гостиварец бил искрпен од ќотек, се бара одговроност 26-годишен маж

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Т. (26) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.Според пријавата, на 6 февруари 2026 година, пријавениот физички го нападнал Х.М. (38), при што му нанел тешки телесни повреди.Случајот е целосно документиран и против осомничениот е поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryck39njssa1754fYtCDk

Ја снимал и ѝ се јавувал од различни броеви: 27-годишник од Тетово заврши со кривична

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Ш. (27) од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Како што информира полицијата, пријавениот со патничко возило им се доближувал на 21-годишна девојка и нејзината мајка, при што ги снимал со мобилен телефон. Дополнително, девојката ја вознемирувал со телефонски повици од различни броеви. По целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава.

Македонија | пред 1 седмица

kokain

Кривична против кумановец: Пронајдени марихуана, кокаин и амфетамин

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ш. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’.На 14.03.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин, амфетамин, метилен диоксиметамфетамин и дигитална вага.

Македонија | пред 1 седмица

media-library2blpik5eab0g6zizDsj

Тепачка во берберница во крушевско

На 17 март 2026 година во 17:16 часот во СВР Битола, Б.Н. (20) од селото Алданци, крушевско, пријавил дека бил физички нападнат во неговиот берберски салон.Според пријавата, напаѓач е лицето Е.М. од истото село.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

Без положен испит управувал „голф“ – приведен жител на Жабени

На 17 март 2026 година во 14:00 часот во селото Кравари, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.Х. (32) од селото Жабени.При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било утврдено дека не поседува важечка возачка дозвола.По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-56-5630PM

Засилени контроли во тетовско: казнети 85 прекршоци за еден ден

Во текот на 17 март 2026 година на подрачјето на СВР Тетово била спроведена засилена контрола на возила и возачи.При контролата биле санкционирани вкупно 18 возачи за непрописно паркирање, од кои 14 во Тетово и 4 во Гостивар, додека 12 возила во Тетово биле подигнати со специјално возило „пајак“.Дополнително, биле евидентирани и 67 други видови сообраќајни прекршоци, од кои 43 во Тетово и 24 во Гостивар.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarygf2n1ia79i9beF7A1WW

Возило барано од Интерпол Австрија откриено на Јажинце

На 17 март 2026 година во 17:15 часот на Граничниот премин Јажинце, полициски службеници го лишиле од слобода А.Т. (41) од селото Горно Седларце, општина Боговиње.При гранична и пасошка контрола било утврдено дека патничкото возило „шкода октавија“, кое го управувал, било барано по Интерпол Австрија.Возилото е одземено, а по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

dzamija-2

Уапсен 65-годишник за кражба во џамија

На 17 март 2026 година во 21:55 часот во селото Боговиње, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода З.М. (65) од истото село.Тој се сомничи дека на 14 март извршил кражба во џамија во селото Врапчиште, гостиварско.По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

525260601_10164110712530934_3299071640872807828_n

Малолетници нападнати во тетовско, полицијата трага по напаѓачот

На 17 март 2026 година во 20:00 часот во СВР Тетово, Р.Р. (55) од селото Пирок пријавил дека неговиот малолетен син и негов другар биле физички нападнати од 20-годишник.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

media-library37s0fjk665nb39UZPfh

Тепачка меѓу жени во продавница во Тетово, оштетен инвентар

На 17 март 2026 година во 12:00 часот во СВР Тетово, 47-годишната Н.А. од Тетово пријавила дека во продажен објект била физички нападната од нејзината другарка З.К., која при тоа оштетила дел од инвентарот.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, а по целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarydh7mp4f2m0go8R7JAMn

Украл автомобил од двор, па возел без дозвола – приведен валандовчанец

Полицијата лиши од слобода 52-годишен маж од Валандово, осомничен дека украл патничко возило од двор во гевгелиското село Прдејци, а потоа го управувал без возачка дозвола.Како што информира Министерството за внатрешни работи, станува збор за М.У. (52), кој бил приведен на 17 март во 11:15 часот во Гевгелија.Според информациите, во периодот меѓу 10:30 и 11:00 часот, тој одзел автомобил „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на Ј.К. (70) од Прдејци.По преземени мерки, возилото било запрено во Гевгелија, при што било утврдено дека осомничениот го управува без да поседува возачка дозвола.За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 седмица

ohrid-carsija-policija

Брутален напад во Охрид: 52-годишник претепан и ограбен

Полицијата приведе две лица осомничени за физички напад и грабеж врз 52-годишен охриѓанец, информира Министерството за внатрешни работи.Станува збор за Ј.М. (31) од Скопје и С.К. (30) од Охрид, кои биле лишени од слобода во 02:35 часот во населбата Плитишта во Струга.Според информациите од МВР, нападот се случил околу 00:20 часот на улицата „Момчило Јордановски“ во Охрид, по претходна расправија. Осомничените физички го нападнале А.К.С. (52) од Охрид.Жената В.М. (41) успеала да го заштити нападнатиот и да го внесе во својот стан, но напаѓачите повторно влегле и продолжиле со нападот, при што употребиле тврд предмет и му нанеле тешки телесни повреди.Повредите биле констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.Напаѓачите избегале откако била повикана полиција, а жртвата подоцна забележала дека му недостасуваат пари и личен накит од паричникот.Двете лица се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Охрид | пред 1 седмица

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-44-3780PM

Фатен на дело: Крадел од црква во Струмица, со себе имал и малолетно дете

Полициски службеници од СВР Струмица синоќа лишиле од слобода 26-годишен струмичанец, кој бил затекнат при извршување тешка кражба во црква.Како што информира МВР, на 17 март 2026 година околу 23:40 часот, С.Х. бил фатен на лице место во католичката црква „Успение на Пресвета Богородица“, откако претходно со употреба на сила влегол во објектот и одзел пари.По пријавата за настанот, полицијата веднаш излегла на терен, при што го затекнала сторителот и го лишила од слобода.Особено загрижувачки е што со него бил и неговиот малолетен син. За случајот бил известен Центарот за социјални работи – Струмица, по што детето било предадено на неговата баба.Осомничениот е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 1 седмица

pari

Се претставил како претставник на фирма за мебел, земал капар и исчезнал

Четириесет и седумгодишна жена од тетовско пријавила во полиција дека била измамена за 550 евра од лице кое се претставило како претставник на фирма за мебел.Според пријавата, на 16 март во 13:00 часот во СВР Тетово таа навела дека во текот на февруари преку социјална мрежа стапила во контакт со С.С. од скопското село Арачиново, со кого се договорила за нарачка на мебел.Откако се сретнале, му ги дала парите како капар, но услугата не била извршена, а лицето подоцна станало недостапно на телефон. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

media-library4297bcvin470383QDzr

Закани кон бивша девојка, натепани лица во Карпош и Центар, на штипјанец му се заканувале со пиштол... низа инциденти пријавени во МВР

Полицијата регистрирала повеќе одвоени случаи на закани и физички напади во Скопје, Гостивар и Штип, а за дел од нив веќе се водат постапки.Во Скопје, на 16 март во 22:20 часот, полициски службеници во Кисела Вода го лишиле од слобода И.Ј. (47), постапувајќи по пријава од неговата поранешна 35-годишна вонбрачна партнерка дека ѝ упатувал закани.Истовремено, на 16 март во 12:50 часот, Д.О. (46) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од две лица. Во друг случај, на 17 март во 02:30 часот, во Карпош бил приведен М.А. (59) затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.Во СВР Штип, пак, В.Х. (42) од Штип пријавил дека по претходно недоразбирање од лицето С.П. му биле упатени закани со огнено оружје.Во Гостивар, полициски службеници извршиле службен разговор со И.Ф. (49) поради сомнение дека сторил тешка кражба од домот на С.С., при што украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.Дополнително, во Скопје било пријавено и дека во периодот од февруари годинава до пријавувањето од црквата „Св. Великомаченик Ѓорѓи“ на подрачјето на Чаир бил одземен бакарен лим од кровот, при што сторителите се стекнале со противправна имотна корист од над 150.000 денари.Во сите случаи се преземаат мерки за расчистување и документирање.

Македонија | пред 1 седмица

policija-ohrid

Семејна куќа изградена без дозвола во Трпејца, ловец фатен без дневна дозвола

Полицијата поднела две одвоени кривични пријави во охридско-кичевскиот регион – едната за бесправно градење, а другата за незаконит лов.СВР Охрид поднела кривична пријава против С.Т. (50) од Струга поради сомнение за „бесправно градење“. Според полицијата, таа како инвеститор на катастарска парцела во охридското село Трпејца, без правосилно одобрение за градење издадено од општина Охрид, изградила индивидуална семејна куќа. Врз основа на утврдената состојба, донесено е решение за отстранување на градбата.Одделно, ОВР Кичево поднело кривична пријава против А.З. (61) од Крушево поради сомнение за „незаконит лов“. На ловен терен во атарот на кичевското село Староец, тој ловел и пукал од лично огнено оружје – ловечки карабин „маусер“ калибар 7,9 милиметри, без да поседува дневна дозвола од концесионерот.

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryl5dr5ib1eo1b0WN7Y1S

Четворица државјани на Судан илегално ја преминале границата кај Стење

На 16 март 2026 година околу 16:30 часот во селото Стење, ресенско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Стење затекнале четворица државјани на Судан.Станува збор за Б.И. (26), Х.М. (22), Ф.А. (23) и К.М. (22), за кои по извршените проверки било утврдено дека илегално ја преминале албанско-македонската државна граница.Тие биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

Трагедија на патот Кочани – Виница: загина возач

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила на 16 март околу 13:40 часот на патот Кочани – Виница, во атарот на Виница, загинал 65-годишниот З.П. од селото Истибања.Според полицијата, во несреќата учествувале патничко возило „фолксваген туран“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т. (59) од Штип, и патничко возило „мазда“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.П..Од здобиените повреди З.П. починал на местото, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од „мазда“, Ж.П. (58) од селото Истибања, а со телесни повреди се здобиле Ј.Т. и неговиот сопатник Г.Д. (65) од Штип. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Виница.

Македонија | пред 1 седмица

media-library37s0fjk665nb39UZPfh

Тетовец пријавен за насилство по напад по судско рочиште

СВР Тетово поднела кривична пријава против М.З. (46) поради сомнение за кривично дело „насилство“.Според информациите, на 11 март 2026 година на улицата „Илинденска“ во Тетово, по завршување на судско рочиште во Основниот суд во Тетово, на кое присуствувал заедно со Б.Џ., пријавениот физички го нападнал Б.Џ..

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања