Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

media-librarygf2n1ia79i9beF7A1WW

Додека питачела и текнало да украде злато во Тетово

Полицијата во Тетово уапси 27-годишна државјанка на Црна Гора, осомничена за кражба на златен накит од продавница во градот.Според информациите од МВР, на 19 март околу 16:00 часот на улицата „Страшо Пинџур“, полициски службеници ја лишиле од слобода Л.И. (27), постапувајќи по пријава од 31-годишен тетовец.Тој пријавил дека женско лице, кое претходно питачело, од неговата продавница за златен накит одзело златни предмети.По целосно документирање на случајот, против осомничената ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Малолетник од кочанско се заканувал со пиштол по расправија за девојка

Шеснаесетгодишник од кочанското село Тркање е лишен од слобода под сомнение дека се заканувал со пиштол на друг малолетник, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, настанот се случил на 13 март, кога по претходна расправија за девојка, осомничениот му се заканувал со оружје на малолетник од селото Оризари.Малолетникот бил приведен на 19 март во 15:45 часот од страна на полициски службеници од ОВР Кочани.Во присуство на родител, адвокат и социјален работник, со него бил извршен службен разговор, при што биле одземени пиштол „екол“ калибар 9 милиметри и рамка со еден куршум.По целосно расчистување и документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

media-library86m351f4qkp09aaQ3As

Ловечка пушка, патрони и пиротехника пронајдени при претрес во Берово

На 19.03.2026, со наредба од Основен суд Кочани, полициски службеници од ОВР Берово извршија претрес во помошна просторија во Берово, сопственост на Д.П.(38) од Скопје, со живеалиште во Берово.При претресот во објектот се пронајдени и одземени една ловечка пушка „ТОЗ 63“ калибар 16мм, 53 ловечки патрони калибар 16мм, пиротехнички средства, куршуми и реденик за патрони.По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryvjujdkvnjj2pd9DEnUD

Уапсен скопјанец, во домот му нашле дрога

На 19.03.2026 во 22:45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Б.(43) од Скопје.При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен кривичен суд Скопје, пронајдени се и одземени две пакувања со тврда материја, дигитална вага и други предмети.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryckij20ejrh149ZBcYtG

Жена од Црна Гора ограбила златара во Тетово

На 19.03.2026 во 16:00 часот во Тетово на ул.„Страшо Пинџур“ полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода Л.И. (27) од с.Беранце, Р. Црна Гора, по претходна пријава од А.Х. (31) од Тетово, дека од неговата продавница за златен накит во Тетово, едно женско лице, кое питачело, одзело златни предмети.По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

tepachka-deca

Бркале малолетници со нож и ги снимале

На 19.03.2026 во 17:10 часот во СВР Тетово, З.А.(48) и А.Ј.(44), двајцата од Тетово, пријавија дека на ул. „Борис Кидрич“ во Тетово нивните малолетни деца биле пресретнати од тројца малолетници, од кои едниот имал нож, и почнале да ги бркаат, а еден од малолетниците го снимал настанот со мобилен телефон.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

media-library8p1l5u9oighe78qAFuD

Уапсен маж од тетовско поради закани кон роднина

На 19.03.2026 во 15:00 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.А. (44) од с.Боговиње, тетовско, по претходна пријава од неговиот роднина Ј.Џ. (50) од с.Боговиње дека подолго време поради меѓусебни недоразбирања му упатувал закани по неговиот живот.По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 седмица

IsaBeg2

Грабеж во џамија во гостиварско

На 19.03.2026 во 16:20 часот во ОВР Гостивар, А.Н. (43) од с. Вруток, гостиварско, пријави дека во вечерните часови на 17.03.2026 од металната каса за донации на џамија во с.Мердита, гостиварско, насилно биле одземени пари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

kokain

Приведен кумановец кај кого е пронајдена дрога

На 19.03.2026 во 16:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ф.Т. (30) од Куманово.При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, била пронајдена бела прашкаста материја.Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarynmep9ofnb8ue5LMhGy4

Затворени улици во Скопје во недела поради атлетска трка

На 22.03.2026 (недела) во периодот во 07:30 до 11:30 часот ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на бул.„Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„Јане Сандански“ на потегот од крстосница со бул.„Србија“ и бул.„Видео Смилевски Бато“ до крстосница со ул.„Владимир Комаров“, на дел од ул.„Васко Карангелевски“ на потегот од крстосница со бул.„Јане Сандански“ до крстосница со бул.„АСНОМ“ и на дел од бул.„АСНОМ“ на потегот од крстосница со бул.„Киро Глигоров“ и бул.„Србија“ до крстосница со ул.„Васко Каранѓелевски“ во Скопје.Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryuvbq70f5b3qkbUy2O0i

(Фото) Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР

Актуелен директор на државна институција вечерва е лишен од слобода под сомнение за примање мито, во акција на службите за борба против организиран криминал при Бирото за јавна безбедност, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата.Според неофицијални информации, станува збор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, кој бил фатен при барање и примање поткуп во износ од околу 50.000 евра. Тој директорува од јули 2024 година.Во моментов нема официјална потврда од надлежните институции за идентитетот на приведениот, ниту за сите детали од случајот. Истражните органи работат на утврдување на сите околности, вклучително и дали станува збор за индивидуален случај или постои поширока мрежа на корупција.Од извори вклучени во акцијата, неофицијално се брифира дека станува збор за дел од засилените активности за сузбивање на корупцијата, кои акции, ќе продолжат и идниот период.Се очекуваат официјални информации од МВР и Обвинителството во текот на ноќта или утрешниот ден.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Алармантно: шест случаи на семејно насилство за едно деноноќие

Пет лица се лишени од слобода поради семејно насилство, а регистрирани се вкупно шест пријави во изминатото деноноќие во Скопје, Тетово, Кичево и Прилеп, информираат од МВР.Во Кичево, полицијата го привела Т.М. (33), откако, според пријавата, физички ја нападнал својата 30-годишна сопруга.Во Тетово, лишен од слобода е С.К. (30) од Скопје, кој, според пријавата од неговата девојка, подолг период ја следел на повеќе локации, вклучително и на работното место, а истиот ден ѝ упатувал закани по телефон.Во Прилеп, 38-годишна жена од општина Долнени пријавила дека била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг.Во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, приведена е Ф.А. (38), поради пријава дека во домот физички ја нападнала својата 31-годишна сестра.Во Шуто Оризари, полицијата го лишила од слобода С.Д. (22), кој, според пријавата од поранешната сопруга, ѝ се заканувал и со употреба на сила ѝ го одзел мобилниот телефон во продажен објект.Дополнително, во Драчево е приведен А.М. (59), по пријава од неговата вонбрачна партнерка дека ја присилил да го напушти семејниот дом.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи и по нивното целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 седмица

IMG_6897

Акција на МВР во Штип: 40 казни и три лица приведени

Во акциска контрола спроведена денеска во Штип, полицијата изрече 40 санкции за сообраќајни прекршоци и лиши од слобода три лица поради безобѕирно управување со моторно возило.Како што информираат од МВР, контролата била реализирана во периодот од 07:00 до 13:00 часот од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи.Од вкупно изречените мерки, три се однесуваат на измината важност на сообраќајната дозвола, една за неисправни светлосно-сигнални уреди, една за возач почетник, шест за товарни возила поради претовар, вонреден превоз и некористење на церада, три за непоседување задолжителна опрема, две за некористење сигурносен појас, пет за користење мобилен телефон при возење, една за некористење заштитен шлем и шест за останати прекршоци.Дополнително, поднесени се девет барања за поведување прекршочна постапка против правни и одговорни лица.Три лица се лишени од слобода за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управување без возачка дозвола.За сите сторители се изготвени соодветни поднесоци, а од МВР најавуваат дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период.Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата, нагласувајќи дека само со одговорно однесување може да се придонесе за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Пет лица приведени за семејно насилство

На 18.03.2026 во 18:30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.М.(33) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 30-годишна сопруга.На 18.03.2026 во 17:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.К.(30) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 30-годишна девојка дека одреден период ја следел на различни локации каде се движела и на нејзиното работно место и дека претходно истиот ден околу 15:00 часот ѝ се заканувал на телефон.На 18.03.2026 во 17:30 часот во ОВР Прилеп, 38-годишна жителка на село од општина Долнени пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг физички ја нападнал.На 18.03.2026 во 23:25 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Ф.А.(38) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 31-годишна сестра.На 19.03.2026 во 02:00 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Д.(22) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 22-годишна сопруга дека на 18.03.2026 околу 21:00 часот во продажен објект ѝ упатувал закани, а притоа со употреба на физичка сила ѝ го одзел мобилниот телефон.На 18.03.2026 во 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.М.(59) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 45-годишна вонбрачна партнерка дека ја присилил да си оди од семејниот дом.Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Уапсени седум возачи: двајца биле пијани и направиле сообраќајки

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив четири управувале возило без возачка дозвола, еден управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана и двајца управувале возило под дејство на алкохол. Две лица во тетовско возеле без возачка дозвола и по еден во Кавадарци и скопско Батинци. Едно лице во кумановско Доброшане управувало возило и покрај тоа што имало активна забрана. Во неговото возило била пронајдена и марихуана. Возач во Кавадарци управувал возило под дејство на алкохол и со него излетал од патот. Додека, возач од кичевско управувал возило под дејство на алкохол и учествувал во сообраќајна несреќа со друго возило, при што се здобил со тешки телесни повреди. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 1 седмица

Screenshot-2023-11-10-at-12.58.42

Тешко повреден мопедист во сообраќајка во Скопје

Мопедист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на крстосница во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.Несреќата се случила на 18 март 2026 година околу 16:30 часот, на крстосницата од улиците „Пекљане“ и „Антон Кецкаров“, помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Х.Б. (60) од Скопје и мопед управуван од Љ.М. (55) од село Ново Село.Во незгодата, мопедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.На местото на настанот е извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Македонија | пред 1 седмица

media-library5mat1j9e5tg648eq87S

Пијан возач предизвика сообраќајка кај Кичево, приведен по несреќата

Сообраќајна несреќа се случила на регионалниот пат Кичево–Осломеј, во која се повредени двајца возачи, а едниот од нив управувал под дејство на алкохол, информира Министерството за внатрешни работи.Несреќата се случила на 18 март 2026 година околу 17:25 часот, помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Ф.Ф. (29) од Кичево и патничко возило „пежо“, управувано од А.Џ. (55) од селото Црвевци.По судирот, двајцата возачи биле пренесени во болницата во Кичево, каде кај А.Џ. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Ф.Ф. биле утврдени телесни повреди.При извршеното алкотестирање, било утврдено дека А.Џ. управувал со возилото со 1,71 промили алкохол во крвта.По наредба на јавен обвинител, возачот е лишен од слобода, а неговото возило е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

Screenshot-2022-12-04-at-16.32.45

Натепан возач на ЈСП во Чаир

Возач на автобус на ЈСП бил физички нападнат на подрачјето на Чаир, информира Министерството за внатрешни работи.На 18 март 2026 година во 09:45 часот, во СВР Скопје, С.Д. (58) од Скопје пријавил дека додека управувал автобус, бил нападнат од П.В. (43), исто така од Скопје.По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 седмица

2-1-2

Жена удрена од возач на тротинет

На 18 март 2026 година во Скопје, на велосипедска патека кај автобуска постојка на улицата „11 Октомври“, електричен тротинет управуван од женско лице удрил во 59-годишна жена и го напуштил местото на настанот.Повредената се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 седмица

media-library963itlorsjh66m2weA1

Тешка несреќа во Прилеп: судир меѓу автомобил и тротинет, маж заврши во болница

На 18 март 2026 година во 06:50 часот во Прилеп, на крстосница од улиците „Пере Тошев“ и „Димче Антулески“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ управувано од С.К. (22) и електричен тротинет управуван од М.Д. (41).Во несреќата, возачот на тротинетот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница во Прилеп. Увид извршила екипа од ОВР Прилеп.

Македонија | пред 1 седмица

media-library37s0fjk665nb39UZPfh

Семејно насилство во светиниколско: сопруга претепана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против М.В. (33) од светиниколско село поради сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.Според пријавата, на 22 февруари 2026 година, пријавениот во неколку наврати физички ја нападнал својата сопруга и ѝ нанел телесни повреди. Случајот е целосно документиран и ќе биде процесиран.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryr7ustgvht52acQBplbO

Млад скопјанец пронајден мртов во стан, телото дадено на обдукција

Дваесет и четиригодишен скопјанец бил пронајден мртов во стан во Скопје, откако негов пријател го затекнал во бессознание, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 18 март 2026 година во 19:42 часот, во СВР Скопје, Н.Г. (26) пријавил дека околу 19:40 часот го пронашол својот другар М.С. (24) во бессознание.Како што е наведено, починатиот дошол кај него околу 10:00 часот, по што легнал да спие. Подоцна, кога пријавителот се разбудил, го затекнал М.С. во бессознание.Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.На местото на настанот е извршен увид, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryg1gnc9p2m65e7l1bmvU

Кривична за ексдиректорот на „Комуналец“ - Струмица - го оштетил претпријатието за над 1 милион денари

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(57) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека во 47 наврати сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.Пријавениот, во својство на директор на Јавното претпријатие „Комуналец“ - Струмица, во текот на 2022 и 2023 година во повеќе наврати ги пречекорил границите на своите службени овластувања и постапил спротивно на Законот за работни односи. Тој, повикувајќи се на Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите на работниците во ЈП „Комуналец“ – Струмица, донесувал одлуки за исплата на паричен надомест, односно одлуки за обештетување за неискористени денови од годишни одмори за него и за неколку други лица, вработени во јавното претпријатие. Притоа, во 2022 година по тој основ за него и за 24 други лица од јавното претпријатие биле исплатени вкупно 593.259 денари, додека пак во 2023 година за него и за 21 друго вработено лице по тој основ од јавното претпријатие биле исплатени вкупно 502.179 денари.Со таквите дејствија пријавениот го оштетил буџетот на јавното претпријатие за вкупен нето износ од 1.095.438 денари.

Македонија | пред 1 седмица

marihuana2

Приведени тројца штипјани, имале дрога во возилото

На 18.03.2026 во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода В.В.(34), Р.М.(30) и В.Ј.(22), сите од Штип.При преглед на патничко моторно возило „ауди“, во кое се превезувале, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. Додека, по преземени мерки било утврдено дека возачот Р.М. има активна забрана за управување возило од Б категорија.Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 1 седмица

zena-na-elektricen-trotinet

Тешко повреден прилепчанец кој возел тротинет, откако во него удрил автомобил

На 18.03.2026 во 06:50 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Пере Тошев“ и ул.„Димче Антулески“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.К.(22) и електричен тротинет, управуван од М.Д.(41), двајцата од Прилеп.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д., констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања