Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

IMG_4855

Пријава против полициски службеник кој го обезбедувал домот на Заев: Го напуштил работното место и пукал со пиштол

МВР поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“, против полицаец вработен во ПС Струмица, кој бил на службена должност како обезбедување на поранешниот премиер Заев. Покрај ова против него е изречена и мерка за остранување од работното место, до завршување на дисциплинската постапка.,,Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Т.А., полициски службеник во Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување на општа опасност“, по член 288 став 1 од Кривичниот законик.Пријавениот на 29.06.2024 околу 06.20 часот, во својство на полициски службеник, напуштајќи го работното место, заминал на ул.„Бетовенова“ каде се сретнал со едно лице, по претходен договор за средба, и во еден момент пријавениот Т.А. со службениот пиштол испукал неколку пати, со што предизвикал општа опасност за граѓаните во околината. Именуваниот полициски службеник не го пријавил настанот во СВР Струмица, повторно се вратил на работното место и по завршување на смената во СВР Струмица се раздолжил со опремата и си заминал.Пријавениот преку неговите колеги, полициските службеници П.П. и С.Д., кои биле испратени од страна на СВР Струмица по поднесена пријава од страна на граѓанин за истиот настан, се обидел да делува за прикривање на настанот, што не било пријавено од нивна страна.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, согласно своите надлежности и овластувања, ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник Т.А. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, а против полициските службеници П.П. и С.Д. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.”, се вели во соопштението на МВР.

Македонија | пред 1 година

uapsen

Приведен крадец од Битола, однесен во затвор за издржувањер затворска казна од седум години и единаесет месеци

На 01.07.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево на булеварот „Ослободување“ во Кичево го приведоа Н.Н.(37) од Битола.За него била распишана потерница од Казнено - поправната установа „Затвор Прилеп“, со која се барал за издржувањер затворска казна од седум години и единаесет месеци, за сторени повеќе кривични дела „тешки кражби“.Н.Н. бил спроведен во Казнено - поправната установа „Затвор Прилеп“ за издржување на казната.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Лица лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, МВР апелира граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека до неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага.Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителите.Секторот за компјутерски криминал апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Прегазена 75-годишна жена од Штип, возачот избегал од местото на несреќата

На 01.07.2024 во 09.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Кеј Димитар Влахов“ во Штип, патничко возило удрило во Р.А.(75) од Штип, по што возачот со возилото го напуштил местото на несреќата. Притоа, Р.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 1 година

izletal-od-patoto

Повредени две лица од Куманово, со возилото излетале од патот

На 01.07.2024 околу 11.00 во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопат А1, од правец на Градско спрема Велес, во близина на наплатна станица ,,Виничани“, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.М.(67) од Куманово, излетало надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката С.М.(66) од Куманово, констатирани во болницата во Велес.По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-51-1800PM

Несреќа на патот Охрид-Кичево: Повредени четири лица

На 01.07.2024 во 19.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево, кај с.Мешеишта, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од И.П.(22) од Струга и патничко возило „бмв“, управувано од А.П.(34) од с.Ливада, струшко, двете со струшки регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „ауди“, М.П.(49) од Струга, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничка од возилото „бмв“, Ф.Р.(28) од Струга, констатирани во Општата болница Струга и Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 1 година

Kradec

Приведени четири лица, фатени како крадат во велешка фабрика

На 01.07.2024 во 19.20 часот во поранешна фабрика во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Ш.Н.(32), Б.Д.(47), А.Р.(21), сите од Штип и Е.К.(35) од Тетово.Тие биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“ во машинска работилница во фабриката.Четирите лица биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

109 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, четири мерки за користење на мобилен телефон при управување, 28 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, четири мерки за некористење на сигурносен појас.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-07-01-at-18.37.00

Познат идентитетот на убиениот во скопско Батинци, можниот мотив е крвна одмазда

Двајца маскирани напаѓачи во возило „мерцедес“ со германски регистарски таблички утрото по 9 часот со автоматско оружје пукале кон џип „форд“ кој е пак со италијански регистарски таблички. Од истрелите од автоматското оружје веднаш починал 34- годишникот Абдуљ Басри Ибраимовски додека три години помалиот брат Зејнељ Ибраимовски со прострелни рани во десното рамо е пренесен на скопските клиники, објави АЛФА.Полицијата била известена неколку минути по пукањето и веднаш излегла на терен. На местото на пукањето во близина на поштата и џамијата во скопско Батинци, докази собираше и обвинител.„Денес во 9:25 часот било пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв“.Мотивот засега е непознат. Постариот од браќата се поврзува со Зулќуфли Нуредини од селото Батинци, добро познато име во криминалното подземје како Мали Репки. Од друга страна пак се шпекулира и дека станува збор за крвна одмазда за случај од пред 15-тина години кога било убиено дете, по што жртвите од денеска се криеле досега во Италија, пренесе АЛФА.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-34-6630PM

(Видео) Убиениот во пукотницата во Батинци е брат на повредениот

Утрово во пукотница во Батинци загина едно лице загина, додека друго е повредено и пренесено во Ургентниот центар во Скопје.На 01.07.2024 во 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв.На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје.Според информациите, нападнатите биле браќа.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-23-7720PM

МВР со детали за убиството во Батинци

На 01.07.2024 во 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв.На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје.СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Несреќа во Струга: Тешко повреден 41-годишен возач

На 30.06.2024 во 08.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистрален пат во близина на фудбалско игралиште во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(55) од с.Делогожда, струшко и патничко возило „опел вектра“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(41) од с.Радолишта, струшко.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од ОВР Струга.

Македонија | пред 1 година

IMG_4829

Приведени 19 лица на Д-фест: Пронајдени марихуана, прашкаста материја и таблети

На 29.06., 30.06. и 01.07.2024, за време на одржување на фестивал во Стар Дојран, полициски службеници ги лишиле од слобода А.С.(29) од Струмица, Д.Ш.(24) од Гевгелија, Ј.Р.(23) од Скопје, К.В.(24) од Куманово, А.А.(32) од Струмица, Д.А.(34) од Скопје, Г.И.(46) од Скопје, Ј.Б.(32) од Гостивар, В.Г.(18) од село Црничани, гевгелиско, Т.П.(18) и К.Ц.(18), и двајцата од село Миравци, гевгелиско, Г.М.(47) од Скопје, Ф.И.(19) од село Удово, валандовско, Б.С.(23) од село Батинци, скопско, Д.З.(23) од Скопје, А.А.(30) од Валандово, Н.А.(18) од Скопје, С.П.(20) од Башино Село, велешко, и еден 17-годишен турски државјанин.При преглед кај нив, како и при контрола во возила во кои се превезувале биле пронајдени марихуана, прашкаста материја и таблети.За настаните бил запознаен јавен обвинител, а по нивно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 година

viber_image_2023-10-01_18-45-31-561

Метежот на ГП Табановце бил поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Србија, велат од МВР

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез од територијата на Република Северна Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија.Воедно, Ве известуваме дека граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-07-6350PM

Скопјанец донесен избоден во Градска болница: не го кажува напаѓачот, но се знае причината

На 28.06.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен С.Ш.(39) од Скопје со повреди од остар предмет.Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и со него бил извршен разговор, во кој кажал дека околу 20.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија околу должничко доверителски односи, бил нападнат со остар предмет од едно лице кое го познавал.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

policaec-policija-skopje

Седум натепани за еден ден: боксови разнемети во Скопје, има и семејно насилство, а се пресметале и малолетници

На 29.06.2024 во 15.20 часот во СВР Куманово 24- годишна жена пријавила дека околу 02.00 часот во Куманово била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Н.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 29.06.2024 во 20.45 часот во СВР Куманово Ч.П.(63) пријавил дека околу 19.00 часот во Куманово тој и М.П. биле физички нападнати од С.С. од Куманово, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 29.06.2024 во 15.30 часот во СВР Скопје 34-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје била физички нападната од нејзиниот вонбрачен сопруг С.Н., кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 29.06.2024 во 15.30 часот во СВР Скопје М.Ј.(43) од Скопје пријавила дека околу 13.30 часот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 29.06.2024 во 22.15 часот во СВР Скопје Д.П.(19) од Скопје пријавил дека на 26.06.2024 околу 00.30 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од еден малолетник, кој го познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Денеска (30.06.2024) во 02.20 часот во СВР-Битола Г.П.(47) од Битола пријавила дека на 29.06.2024 околу 23.40 часот во Битола нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 29.06.2024 во 21.45 часот во Полициската станица Прилеп Б.М.(49) од Прилеп пријавил дека околу 03.00 часот во Прилеп неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-41-6540PM

Неготинчанец прегази пензионер

На 29.06.2024 во 14.20 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на ул.„Индустриска“ во Неготино патничко возило „мерцедес“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.М.(32) од Неготино, удрило во М.С.(73) од Неготино.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С. констатирани во болницата во Неготино.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.

Македонија | пред 1 година

DSC_0699

Несреќа во Свети Николе, мотоциклист е во болница

На 29.06.2024 во 18.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на натпатникот од А4 исклучок за Свети Николе мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Т.М.(39) од Куманово, излетал надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Штип.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Десет лица уапсени: еден во Центар, седум во велешко, двајца на „Ќафасан“

На 29.06.2024 во 22.30 часот на подрачјето на Центар, во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Н.(27) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Во периодот од 22.30 часот на 29.06. до 01.20 часот на 30.06.2024, за време на одржување на забава на место викано „Бабуна“, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Ф.И.(33) од Прилеп, И.Ш. (31) од Прилеп, Д.С. (22) од Пробиштип, Б.Б.(51) од село Василево, струмичко, С.А.(22) од Скопје, П.Т.(21) од Велес и С.М.(38) од Велес. При преглед кај лицата биле пронајдени бела прашкаста материја и марихуана. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.На 29.06.2024 во 15.00 часот на Граничниот премин „Ќафасан“ полициски службеници ги лишиле од слобода Т.Р.(36) и Л.Л.(32), двајцата од Р.Албанија, поради тоа што при извршена пасошка контрола констатирано било дека се барале по распишана телеграма од ОВР Струга. Тие биле предадени на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

policija

Ужас ја потресе Македонија: Татко од прилепско ги силувал сопствените три ќерки

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен жител на прилепско за кого постои основано сомнение дека сторил продолжени кривични дела – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1, како и Родосквернавење од член 194 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Во периодот од 2021 до 2023 година, во повеќе наврати, осомничениот во својот дом вршел полови дејствија врз неговите три ќерки, родени 2008, 2010 и 2014 година, кои во време на сторување на делата немале наполнето 14 години.Истрага е поведена и против мајката на децата, која е осомничена за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик. Делото го сторила со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување и ги запуштила своите ќерки, кои и кажале дека таткото врши полови дејствија и обљуба врз нив, а таа ги убедувала дека е срамота да пријават и дека треба да ги почитуваат родителите. Со тоа допуштила децата жртви да живеат заедно со нивниот татко кој полово ги злоупотребувал и не презела никави мерки за нивна заштита. На 27 јуни, едно од девојчињата се охрабрило и го пријавило таткото во полиција.Надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор за двајцата родители и иницира соодветно згрижување на сите деца од семејството преку надлежните служби.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-42-7280PM

Дете прегазено во Струга: со тешки повреди е однесено во болница

На 28.06.2024 во 14.20 часот, на улицата „Партизанска“ во Струга, патничко моторно возило „пасат“ со ресенски регистарски таблици, што го управувала Е.Х.(51) од ресенското село Крани, удрило во малолетничка од струшкото село Радолишта.Малолетничката е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и полициски екипи.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Тројца скопјани со лисици: двајца барани со потерници, еден се шетал со прашкаста материја

Денеска (29.06.2024) во 00.10 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.В.(26) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 28.06.2024 во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Ф.М. (27) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по чл. 247 ст. 2 од КЗ. Лицето ќе биде предадено на надлежна казнено поправна установа.На 28.06.2024 во Скопје полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода Г.С. (30) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по чл.235 од КЗ. Лицето ќе биде предадено на надлежна казнено поправна установа.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Со возило излетале од патот, тешко повредена 55-годишна жена

На 27.06.2024 во 05.17 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп-Битола, пред надвозник за с.Долно Српци, патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(60) од Битола, излетало од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Б.М.(55) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Несреќа на автопатот Скопје-Куманово, повредени две лица

На 27.06.2024 во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, во близина на влез за Меѓународен аеродром-Скопје, патничко возило „шевролет матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(51) од Скопје, излетало надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Т.Д.(57) од Скопје, а со телесни повреди се здобила С.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

26-годишник украл златно ланче, ланчето вратено на оштетената

Денеска (27.06.2024) околу 11.30 часот, во Скопје, во централното градско подрачје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С. (26) од Скопје, кој околу 11.10 часот, исто така во централното градско подрачје, со употреба на физичка сила одзел златен ланец од К.А. (55) од Скопје.Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки од полициските службеници и А.С. е лишен од слобода и против него ќе следуваа соодветна кривична пријава, а златниот ланец е пронајден и ќе биде вратен на оштетената.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања