Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-23-7720PM

Приведени четири лица од Кондово, меѓу кои двајца малолетници

На 26.06.2024 полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода У.С.(23) и Ф.Р.(24) двајцата од с.Кондово, скопско, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. По претходна наредба од Основен кривичен суд-Скопје, од страна на полициски службеници од ЕВР-ОКР Ѓорче Петров биле извршени претреси на четири локации во селото, кај двајцата лишени од слобода и уште двајца малолетници, при што кај У.С. биле пронајдени предмети кои потекнуваат од сторено кривично дело, како и предмети со кои било извршено кривичното дело.Со малолетниците бил извршен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Приведени три млади лица: При претрес едниот од нив од возилото фрлил марихуана

На 26.06.2024 во 22.00 часот полициски службеници од Полициското одделение Теарце на регионален пат од с.Пршовце кон с.Јегуновце ги лишиле од слобода Ј.Џ. (21), А.Ф. (23) и Д.Ш. (18), сите од с.Нераште. Имено, кога полициските службеници се приближиле до патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистерски ознаки во кое биле лицата, Д.Ш. преку прозорецот фрлил марихуана.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

krazba

Приведени крадци од Куманово

На 26.06.2024 во 13.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода В.М.(40) и М.Д.(43), двајцата од Куманово поради тоа што на 23.06.2024 извршиле кражба од трговски објект на улицата „Октомвриска револуција“ во Куманово, при што одзеле повеќе предмети.Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

uapsen

Приведен криминалец, кој бил баран со потерница

Денеска (27.06.2024) околу 4 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во с. Морани, општина Студеничани го лишија од слобода И.А. (49) од с.Морани, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд- Скопје за затворска казна во траење од една година и шест месеци.Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Скопје | пред 1 година

fotografii-ucena

Скопјанец уценувал 20-годишна девојка, барал пари за да не објави нејзини фотографии и видеа

На 25.06.2024 околу 14.30 часот полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје на територија на населба Ченто во Скопје го лишија од слобода А.О. (23) поради сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од КЗ.Имено, на 25.06.2024, 20-годишна девојка во СВР Скопје пријавила дека А.О. побарал од неа 300 евра за да не објави фотографии и видеа со компромитирачки материјал.На 14.06.2024 таа веќе му дала 150 евра, но уценувањето не престанало и таа го пријавила случајот во СВР Скопје. Од страна на полициски службеници и биле дадени крим технички обработени пари и откако А.О. ги земал, бил лишен од слобода.Од него е одземен и телефонски апарат со кој го извршил кривичното дело и поднесена е кривична пријава по брза постапка.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен 24-годишник, возел со фалсификувана возачка, кај него пронајдена и дрога

На 25.06.2024 во 22.25 часот на улица „Димитар Влахов“ во Велес полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Н.Ц.(24) од Радовиш, поради тоа што управувал патничко возило со фалсификувана возачка дозвола, а при прегледот од страна на полициски службеници од СВР Велес кај него била пронајдена и одземена и марихуана.Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен крадец од Скопје: Со сила украл златно ланче од 64-годишна жена

Полициски службеници од ЕВР Карпош на 24.06.2024 во 15.30 часот во Скопје го лишиле од слобода Л.А.(31) од Скопје поради тоа што истиот ден на подрачјето на Карпош, со употреба на физичка сила, од 64- годишна скопјанка одзел златно ланче што го носела на себе.Од страна на ЕВР Карпош поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор.

Скопје | пред 1 година

samka

Самка Ибраимовски ќе одговара за заканите кон судијата, се огласи МВР кои го расчистија случајот

Министерството за внатрешни работи целосно го расчисти случајот пријавен до Секторот за компјутерски криминал на 24.06.2024 од страна на претседателот на Уставниот суд Д.К., кој пријави закани по животот и безбедноста на судија на Уставен суд упатени од С.И. преку социјална мрежа.Веднаш по добиената пријава, МВР презеде соодветни мерки и беше извршен службен разговор со С.И. во СВР Тетово.Денеска (26.06.2024) Секторот за компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против С.И. (69) за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ чл.144 ст.5 предвиденo и казнивo според Кривичниот законик.Пријавениот С.И. на својот фејсбук профил упатил сериозни закани и повици за насилство кон судија на Уставниот суд.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пронајдена дрога во Штип, приведени две лица

На 25.06.2024 во 10.50 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода М.А.(29) од Штип и Ќ.А.(27) од Гевгелија.При извршен претрес со наредба од Основен суд Штип во домот во Штип каде престојувал М.А. и каде била затекната Ќ.А., биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, марихуана, бела грутчеста материја и мобилен телефон.По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 година

IMG_4639

Претрес во Тетово, приведен 29-годишник

На 25.06.2024 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.М. (29) од Тетово.При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдено кокаин, дигитална вага и пари.Д.М. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

gasdas

(Видео) Нова несреќа пред влезот на Охрид: возач заглавен во возилото, две излетани од патот

Несреќа се случи на излез од Охрид, во правец кон Кичево.Две возила се излетани од патот, а според првичните информации има и повредено лице. Сведоци за „Скопје1“ велат дека возач на автомобил „голф“ кој учествувал во несреќата, е заглавен во автомобилот.Поради несреќата, има долги колони на патниот правец. Повеќе информации подоцна.На овој патен правец има постојано несреќи, а најчсто во тек на летната сезона.

Охрид | пред 1 година

Нема фотографија

Малолетник со возило „фолксваген голф“ удрил во мотоциклист

На 24.06.2024 во 17.50 часот во СВР Велес, било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во с.Иванковци, велешко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од малолетник и мотоцикл управуван од Ѓ.Д.(33), двајцата од с.Иванковци, велешко.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Велес.Извршен вил увид од увидна екипа на СВР Велес.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Прегазен 61-годишен велосипедист, се здобил со тешки повреди

На 24.06.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Славка Динкова“ и ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(41), удрило во велосипед управуван од З.С.(61), двајцата од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Возило излетало од патот: Повредени две лица од кои едниот малолетник

На 24.06.2024 во 22.05 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на улица „Првомајска“ во Валандово патничко возило „опел корса’’ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(30) од Струмица, излетало од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ѓ.А.(29) од Штип, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник.Повредите биле констатирани во болницата во Валандово.Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведени крадци од Прилеп, ограбиле викендица

На 24.06.2024 во 17.50 часот во Градско, во близина на локалитетот Стоби, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Н.А.(32) и Е.С.(40), двајцата од Прилеп, кои одзеле предмети од викендица во близина на локалитетот Стоби, сопственост на С.С.(61) од Скопје.Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а при извршениот преглед кај Е.С. биле пронајдени и одземени и фалсификувани банкноти. Н.А. и Е.С. се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

20180515_224516

Приведени две лица од Скопје, фатени со дрога на Средно Водно

Денеска (24.06.2024) во 00.25 часот во Скопје, на патот кај Средно Водно, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.З.(24) и М.А.(25), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Прегазен 80-годишник, однесен во болница со тешки повреди

На 23.06.2024 во 17.20 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Тополчани, прилепско, патничко моторно возило „мазда” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Ч.(26) од с.Тополчани, удрило во Р.В.(80) од с.Тополчани.На Р.В. во Градската болница во Прилеп и биле констатирани тешки телесни повреди.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пронајдена дрога кај 23-годишник од Тетово

На 23.06.2024 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Р. (23) од Тетово.При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Л.Р. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

soobrakajka

Четири лица повредени, меѓу кои и деца: возач удрил во нивното возило и избегал

На 21.06.2024 во 20.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат за с.Глумово, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, кое го напуштил местото и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Љ.(27) од Скопје, кое потоа излетало надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ш.Љ.(49) од Скопје, додека останатите тројца сопатници, меѓу кои двајца малолетници, сите од Скопје и 27- годишната Б.Љ. се здобиле со телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-04-0670PM

Пак прегазен пешак во Скопје: “голф” удрил во него

На 21.06.2024 во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.Е.(53) од. с.Љуботен, скопско, удрило во пешакот А.В.(27) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобил сопатникот во возилото, Р.М.(59) од с.Љуботен, скопско, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ - Скопје.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

пред 1 година

ambulanta

Несреќа на патот Неготино - Демир Капија: се судрија камион “сканија” и автомобил

На 21.06.2024 во 12.00 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на регионалниот пат Неготино - Демир Капија, во близина на село Прждево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „сканија“ со полуприколка „шмитс“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Б.(27) од село Возарци, кавадаречко и патничко возило „фолксваген голф“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(48) од Демир Капија.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Т., а со телесни повреди се здобил Б.К.(34) од Демир Капија, сопатник во возилото „голф“ констатирани во болниците во Неготино и Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициска станица Неготино.

Македонија | пред 1 година

271748580_5215006485190570_5317248260376993533_n

Скопјанец изгубил контрола над возилото и удрил во билборд, со тешки повреди возачот и неговата сопатничка

На 20.06.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“, Б.Т.(42) од Скопје, управувајќи патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот и удрил во рекламен билборд.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Т. констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ - Скопје и неговата сопатничка Л.Т.(72) од Скопје констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-35-6640PM

Несреќа на патот Берово-Струмица: Две лица со тешки повреди однесени во болница

На 20.06.2024 во 15.50 часот во ОВР Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово - Струмица, атар на с.Русиново, беровско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со пехчевски регистарски ознаки управувано од В.М.(57) с.Робово, општина Босилово и патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки управувано од Ј.М.(63) од с.Ратево, беровско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.М. и неговата сопатничка М.М.(24) од с.Робово, а возачот Ј.М. се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Прегазен малолетник во Тетово, однесен во болница

На 19.06.2024 во 17.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Љубо Божиновски – Пиш“ во Тетово патничко возило „опел вектра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(33) од Тетово, удрило во малолетен пешак од Тетово.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Тетово.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 1 година

271748580_5215006485190570_5317248260376993533_n

Несреќа во Скопје: 25-годишник со тешки повреди однесен во болница

На 19.06.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Л.(23) од Скопје и мотоцикл „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Д.(25) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Д., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања