Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-57-7600PM

Мотоциклист прегазил малолетничка

На 11.06.2024 во 18.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локалниот пат во с.Октиси, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со струшки регистарски ознаки, управуван од А.Ц.(20) од с.Октиси и малолетничка од с.Октиси, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицински центар Охрид.По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

123 санкционирани возачи во Скопје, 17 возачи на мотоцикл

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 17 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за користење мобилен телефон при возење.Изречени се три мерки за некористење сигурносен појас, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)... Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Малолетничка со трактор прегазила пешак

На 10.06.2024 во 21.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на локален пат од брана „Иловица“ кон село Иловица, струмичко, трактор без регистарски ознаки, управуван од малолетничка од село Иловица, удрил во пешакот Н.К.(26) од село Иловица.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-54-5730PM

Прегазен 77-годишен велосипедист, однесен е во болница

На 10.06.2024 во 11.45 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на крстосницата од магистралниот пат Охрид - Кичево со ул.„Марксова“ во Кичево, патничко возило „хјундаи“ со кичевски регистарски ознаки управувано од Б.Џ.(80) од с.Црвивци, кичевско, удрило во велосипед управуван од С.Д.(77) од Кичево.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Медицински центар Кичево.По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Македонија | пред 1 година

IMG_4414

Радовишани фатени на дело: Со закани и напади се обиделе да украдат пари од црква

На 10.06.2024 во 13.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода С.Р.(37) од Република Хрватска и А.К.(37) од Радовиш.Тие се сомничат дека околу 07.30 часот од црква во Радовиш се обиделе да одземат пари, а откако биле забележани од клисарот во црквата, А.К. физички го нападнала, а С.Р. му се заканил со остар предмет, по што го напуштиле местото.Во службен разговор во Полициската станица Радовиш тие го признале делото, по што биле задржани. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведени четири лица од Велес: Пронајдена дрога, таблети и пиштол

На 10.06.2024 околу 16.00 часот во Велес, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода С.Т.(49), Л.Л.(37), Р.С.(32) и С.Л.(29), сите од Велес.При претрес во домот на С.Т. и Л.Л., извршен со судска наредба и во соработка со Единицата за службени кучиња, а во кој биле затекнати Р.С. и С.Л., кај С.Т. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и една дигитална вага, додека кај Л.Л. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја , таблети екстази, две дигитални ваги и пиштол „Екол“.За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

154 санкционирани возачи во Скопје, 19 без возачка дозвола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, шест мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 11 санкции за користење мобилен телефон при возење.Изречени се девет мерки за некористење сигурносен појас, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)... Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

IMG_8238

Детали за ужасната сообраќајка синоќа во Скопје: 20-годишник е тешко повреден

На 10.06.2024 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Србија“, Х.Б.(20) од Скопје, управувајќи патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во столб од улично осветлување. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во „Комплекс клиники „Мајка Тереза“.Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

43074562_2165386260457477_7180103631398502400_o

Уапсен надрилекар: Лекувал пациенти со вдишување на пареа

Надрилекар од Кочани четири години мамел пациенти и ги лечел со водородна пареа. Измамникот е откриен од полицијата, по што СВР-Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Кочани и 55 годишниот В.П. исто од Кочани поради основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ во врска со надрилекарство.„Од 2020 година до поднесување на пријавата, второпријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист набавил резервоар за вода (идентичен со тие што се користат во автомобилите), клетка за електролиза и електро полнач, кои ги употребувал како бренер за загревање и за инхалација кај граѓаните, преку вдишување на оксиводородна смеса во гасовидна состојба, која се користела за индустриски цели“, се вели во соопштението на СВР-Охрид.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-59-2780PM

Тешко повреден 54-годишник: Со возилото излетал од патот и паднал во река

Денеска (10.06.2024) во 04.15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с.Падалиште, во с.Беловиште, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(54) од Гостивар, излетало од патот и паднало во Лакавичка река.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобил неговиот сопатник А.Ф.(52) од Гостивар, констатирани во Медицински центар Гостивар.По овластување на јавен обвинител извршен бил увид на увидна екипа од ОВР Гостивар.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-19-8240PM

Прегазен пешак во Скопје: Однесен во болница со тешки повреди

На 09.06.2024 во 19.50 во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Македонско - косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(23) удрило во пешак Ќ.А.(74), двајцата од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ќ.А., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ - Скопје.Извршен бил увид на увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Приведена гостиварчанка: Украла пари од спортска обложувалница

На 09.06.2024 во 19.50 часот на локален пат за с.Ростуше, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода В.Т.(56) од с.Ростуше.Таа се сомничи дека околу 19.30 часот од спортска обложувалница во с.Ростуше одзела пари од дневниот промет. Парите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица.По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

104 санкционирани возачи во Скопје, 29 возачи на мотоцикл

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 104 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, 29 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се 11 мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

113 санкционирани возачи во Куманово

Во текот на вчерашниот ден (09.06.2024) во периодот од 14.00 до 20.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територија на Куманово, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.При контролата санкционирани се 113 возачи, од кои 43 за возење без возачка дозвола, три санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, 26 мерки за некористење заштитна кацига при возење мотоцикл. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2022-06-05-093843

Скопјанец усмрти пешак: тешка несреќа близу центарот на градот

На 08.06.2024 околу 12.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во близина на крстосницата со бул.„Гоце Делчев“ во Скопје моторцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.С.(26) од Скопје удрил во пешакот А.И.(74) од Скопје.Од здобиените повреди на местото на несреќата починала А.И., а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Со телесни повреди се здобил моторциклистот констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Шест апсења во Скопје, со лисици заврши и малолетник: полицијата цела ноќ „тресеше“

На 08.06.2024 во 20.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 08.06.2024 во 17.55 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 08.06.2024 во 21.35 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Б.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 08.06.2024 во 22.20 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.С.(22) од Кавадарци и М.Ч.(22) од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 08.06.2024 во 16.10 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(41) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-39-4140PM

49-годишник од Скопје прегазил малолетничка

На 06.06.2024 во 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Народен Фронт“ со ул.„Шарски Одреди“, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Т.(49) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Дрога во Центар и Аеродром, приведени две лица

На 06.06.2024 во 23.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.М.(34) од Гевгелија затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 06.06.2024 во 17.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-23-7720PM

Прегазен пешак во Куманово: Однесен во болница со тешки повреди

На 06.06.2024 во 19.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, патничко возило „рено клио“ со кумановски регистарски ознаки управувано од К.Б.(83) од с.Табановце, кумановско, удрило во пешакот А.Л.(56) од с.Ново Село, кумановско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Л., констатирани во Општата болница Куманово.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 1 година

297588383_401437258641998_8792682267801350915_n

Приведен косовски државјанин, се обидел со поткуп да премине граница

На 06.06.2024 околу 16.30 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Б.П.(42) од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“. При пасошка и гранична контрола на патничкото возило „опел зафира“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, тој со документите дал пари како поткуп за да му се дозволи на неговиот сопатник К.С.(25) од Република Турција, кој го пречекорил престојот во државата, да оствари излез.Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север. К.С., исто така, бил приведен и задржан во полициска станица за понатамоишна постапка.По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

124 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 124 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола шест санкции, шест мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за користење мобилен телефон при возење.Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум санкции за некористење сигурносен појас. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

DSC_0289

Боксови во Центар: пред полноќ, четири лица се степале за имот

На 05.06.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во куќа на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу нерасчистени имотно-правни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.О.(38) и Ѓ.О.(62) од една страна и А.О.(34) и Р.Д.О.(59) од друга страна, сите од Скопје, при што бил употребен и тврд предмет.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

pozarna

Два автомобили запалени во Чаир среде ноќ

Денеска (06.06.2024) во 02.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Костурска“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Љ.И.Е. од Скопје и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.К.(44) од Скопје.Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-51-8610PM

Сообраќајка во Скопје: Се судриле две возила, прегазиле и пешак

На 05.06.2024 во 10.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско - косовска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(34) од Скопје и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(38) од с.Коњаре, скопско, при што бил удрен и пешакот З.У.(59) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.У., констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, а со телесни повреди се здобила Љ.П. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

ambulanta

Тешко повреден 25-годишник: Се судриле возило и мотоцикл

На 05.06.2024 во 13.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Владимир Полежиновски“ и ул.„Адолф Циборовски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(63) и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(25), двајцата од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања