Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

Нема фотографија

Приведен крадец од велешко

На 05.06.2024 во 23.45 часот, полициски службеници од Отсекот за општ криминалитет при СВР Велес го лишиле од слобода А.Н.(42) од село Сојаклари, велешко.При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека ги одзел од фирма во Велес во која бил вработен.Одземеното било вратено на сопственикот, а А.Н. бил задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

120 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (05.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 120 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола седум санкции, седум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три санкции за користење мобилен телефон при возење.Изречени се пет мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири санкции за непрописно престројување при возење.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

velosiped

64-годишник прегазил велосипедист и избегал од местото

На 04.06.2024 во 17.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Струмица, Г.Б.(64) од с.Василево, струмичко, управувајќи патничко возило „рено меган“ со струмички регистарски ознаки, удрил во велосипед управуван од З.П.(40) од село Брајковци, валандовско, по што го напуштил местото.По преземени мерки, возачот и возилото биле пронајдени во 18.20 часот во село Василево и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Едно лице загина во сообраќајна несреќа во Битола

На 04.06.2024 во 13.53 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Наум Наумовски“ со ул.„Прилепска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(65) од Битола и патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(53) од Куманово.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.П. и бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што подоцна починал. Со телесни повреди се здобила К.С.(53) од Скопје, сопатничка во возилото „шкода“, констатирани, исто така, во Клиничка болница Битола.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен крадец од Штип

Денеска (05.06.2024) во 00.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода А.А.(38) од Штип. Тој бил затекнат при извршување кривично дело „тешка кражба“ во продажен објект на ул.„Крсте Мисирков“ во Штип, од каде одзел повеќе производи.Тој бил задржан во полициска станица, а украденото било вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против А.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

117 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 117 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола седум санкции, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за користење мобилен телефон при возење.Изречени се осум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, шест санкции за непрописно престројување при возење... Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

uapsen

Приведени пет странски работници во демиркаписко

На 04.06.2024 во 12.30 часот, полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Југ во содејство со Државен инспектор за труд извршиле контрола на градилиште над с.Дрен, демиркаписко.При контролата, на градилиштето биле затекнати С.В.(47), А.Х.(33) и А.Р.(60), сите од Република Турција, при што било констатирано дека престојуваат спротивно на целта, односно биле работно ангажирани за фирма од Скопје без да имаат одобрение за престој врз основа на вработување. Поради сомнение за сторен прекршок по член 217 став 1 од Закон за странци лицата биле приведени во Полициската станица за граничен надзор Михајлово.Подоцна, во 12.45 часот на земјен пат од с.Дрен кон истото градилиште, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово извршиле контрола на патничко возило „дачиа дастер" со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ц.(34), а сопатник бил М.З.(28), двајцата од Народна Република Кина. Притоа, било констатирано дека двајцата немаат пријавено престој во државата, односно постапиле спротивно на член 190 став 3 од Законот за странци.Тие, исто така, биле приведени во Полициската станица за граничен надзор Михајлово. Против турските и кинеските државјани е поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка, а од Основен суд Неготино изречени им се глоби од по 200 евра и мерка за доброволно враќање во рок од седум дена.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Двајца малолетници натепани во Скопје, а во Шутка натепан и тинејџер

Vа 03.06.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје, Т.Т.(42) од Скопје пријавила дека околу 21.00 часот во парк на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Денеска (04.06.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје, Н.Б.(56) од Скопје пријавил дека на 02.06.2024 околу 12.00 часот во с.Визбегово, скопско, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Денеска (04.06.2024) во 01.35 часот во СВР Скопје, Л.М.(18) од Скопје пријавил дека на 02.06.2024 околу 22.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од С.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-53-4590PM

Пукање во Скопје: млад арачиновец извадил пиштол по расправија со поранешната девојка

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.К. (22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.На 23.06.2023 во с.Арачиново, скопско, по претходна расправија со неговата поранешна девојка, пријавениот испукал два куршуми од огнено оружје во воздух.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Со автоматска пушка пукал убиецот во тетовско Боговиње - оружјето го криел негов пријател

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.M.(51) од тетовско Боговиње поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против Н.А.(73) од истото село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање на сторител по извршено кривично дело“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.На 02.06.2024 околу 10.15 часот пред угостителски објект во Боговиње, поради претходно меѓусебно нетрпение, првопријавениот со автоматска пушка испукал еден куршум кон А.Џ.(50) и го усмртил. Набргу, М.М. бил пронајден и лишен од слобода и во неговото возило била пронајдена автоматската пушка со која го сторил делото. Откако првопријавениот го извршил делото, второпријавениот Н.А. од домот на М.М. зел рамка од автоматска пушка со два куршуми и ги сокрил во неговата куќа.Од страна на судија на претходна постапка на првопријавениот му е одредена мерка притвор од 30 дена и бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

Македонија | пред 1 година

srbija-grabez-banka

МВР со детали: Лице со пиштол ограбило банка во Аеродром

Денеска (04.06.2024) во 11.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во филијала на една банка на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, едно лице со закана со пиштол од вработените одзело пари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

655-402-zatvor

Приведени измамници од Куманово: Измамиле 79-годишна жена за 100.000 денари

На 02.06.2024 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.Ф.(52) од Куманово, додека на 03.06.2024 на Граничен премин Табановце бил задржан С.Ш.(57) од Штип.Тие се сомничат дека на 01.06.2024 измамиле 79 - годишна жена од Куманово за сума од 100.000 денари. Тие ѝ се јавиле на телефон и претставувајќи се како вработени во полиција и ги побарале парите за да помогнат нејзината ќерка да не оди во затвор за наводна сообраќајна несреќа во која учествувала, а во која настрадало дете.Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Со возило излетале од патот, сопатничката однесена во болница со тешки повреди

На 03.06.2024 во 15.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат с.Опае-с.Оризаре, липковско, на место викано „Розафа“, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(46) од с.Оризари, излетало надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Р.С.(43) од с.Оризари констатирани во Општа болница Куманово.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-34-4250PM

Малолетник со мотоцикл прегазил жена

На 03.06.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Водњанска“, ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје, моторцикл „ктм“ со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје, удрил во пешакот С.Ј.(60) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ј. констатирани во приватна болница.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

198 санкции за сообраќајни прекршоци

Во текот на вчерашниот ден (03.06.2024) во периодот од 09.00 до 13.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 198 санкции за сообраќајни прекршоци.При контролата, санкционирани се 33 возачи поради бесправно управување на возилото, осум возеле без возачка дозвола... На вонреден технички преглед биле упатени 55 возила, а кај 16 биле констатирани технички неисправности. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

114 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, седум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест санкции за користење мобилен телефон при возење.Изречени се четири мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за непрописно престројување при возење. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Претреси во Скопје, приведени три лица

На 02.06.2024 во 12.35 часот на патот кон Средно Водно, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.В.(26) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 02.06.2024 во 14.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.М.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 02.06.2024 во 23.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Ф.П.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Санкционирани 185 мотоциклисти

Во текот на вчерашниот ден (02.06.2024) во периодот од 15.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 185 возачи. Од нив, 113 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 33 возеле без возачка дозвола, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава. За време на контролата санкционирани се и 197 други видови на сообраќајни прекршоци.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен разбојник од Гостивар

На 03.06.2024 во 03.30 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Е.Ш.(36) од Гостивар, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

99 санкционирани возачи на територијата на Прилеп

Во текот на вчерашниот ден (02.06.2024) во периодот од 14.30 до 19.30 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на Прилеп, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.При контролата санкционирани се 99 возачи, од кои 39 за возење без возачка дозвола, осум санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, седум мерки за некористење заштитна кацига при возење мотоцикл, две санкции за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), четири мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции за возење со брзина поголема од дозволената...На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Товарно возило прегазило пешак во Пехчево

На 01.06.2024 во 07.40 часот било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Пехчево товарно возило „мерцедес“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(64), удрило во пешакот А.В.(66), двајцата од Пехчево.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во ЈЗУ Здравствен дом Пехчево.Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Берово.

Македонија | пред 1 година

Samoubistvo-kaj-Momir-02

Убиство во ресторан во Боговиње, познати сите детали

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место во Боговиње, каде едно лице беше лишено од живот со огнено оружје. Сторителот е идентификуван и лишен од слобода, а кај него е пронајдено и оружјето со кое го извршил делото.Според првичните информации, настанот се случил во угостителски објект во кој во тој момент имало и други лица.Осомничениот и жртвата имале вербална расправија, по што сторителот извадил огнено оружје и започнал да пука. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредба за прибирање и вештачење на траги од лице место. Ќе се вршат разговори со сведоци на настанот и со други лица.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-21-1720PM

Го прегазил и избегал: пешак со тешки повреди, возачот најден од полицијата

На 01.06.2024 во 09.40 часот во ОВР Струга, било пријавено дека на ул.„Пабло Неруда“ во Струга патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.М.(21) од с.Радолишта, струшко, удрило во пешакот С.Д.(68) од с.Долна Белица, струшко, по што го напуштило местото.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.

Македонија | пред 1 година

received_1118155755629459

Возач на мотоцикл во болница: несреќа во Куманово

На 01.06.2024 во 21.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Тоде Мендол“, ул.„Есперанто“ и локален пат за с.Романовце, кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“, управувано од А.Д.(24) од Куманово и мотоцикл „јамаха“, управуван од С.О.(21) од Куманово, двете со кумановски регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоцикл, констатирани во Општата болница Куманово.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-42-5320PM

Пешак прегазен во скопско, однесен со тешки повреди во болница

На 01.06.2024 во 06.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од регионален пат Скопје–Велес со локален пат с.Јурумлери–с.Долно Лисиче, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(20), удрило во пешакот С.А.(55), двајцата од с.Јурумлери, скопско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања