Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

023

Апел од Спасовски

„Уште еднаш би сакал да упатам силен апел до граѓаните и политичките партии коишто сакаат да го искажат своето право на протест, истото да го сторат на начин преку кој ќе демонстрираат демократски капацитет, со должно почитување на законските одредби за јавни собири, како и почит кон должноста на полициските службеници во обезбедувањето на мирот и стабилноста“, вели Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.Тој додава:Сакам да бидете уверени дека никој нема намера да спречи право на мирен протест, тоа е она што се очекува во една демократија. Нападите коишто имаат за цел да предизвикаат меѓуетнички препукувања и ескалации од друг тип, на никој начин не можат да придонесат во демократско општество, туку напротив, претставуваат сериозен удар за демократијата и со тоа нема ништо да се постигне. Тоа е, едноставно, спротивно на сѐ она за коешто се залагаме во градењето на нашата држава. Република Северна Македонија е земја на секој еден граѓанин, втемелена на нашиот концепт „Едно општество за сите”, од кој не отстапуваме, туку ќе продолжиме да го промовираме и афирмираме.Затоа, очекувам сите политички партии да бидат на ниво на својата одговорност и да повикаат на мирни протести. Заеднички да го сочуваме достоинството на нацијата, а притоа да се спречат немири кои би значеле нови поделби на штета на граѓаните и државата.На крајот би сакал да потенцирам - да повредиш полицаец, значи да кренеш рака врз државата, врз синот и братот кои извршуваат службени дејствија со цел гарантирање на сигурноста и безбедноста на сите.Повикувам на свесност и одговорност во протестите - нека победи разумот!

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-07-at-00.05.35

(ВИДЕО) Снимен моментот на пукањето и бркањето на мажот кој впери пиштол кон толпата демонстранти

Пиштол насочен кон демонстратите и полиција која не реагира и покрај укажувањата дека лице со пиштол стои пред нив. Ова е само дел од снимениот инцидент кај Мавровка, кога група фрлаше со предмети кон демонстратите.„Пиштол има бе луѓе, што не реагирате бе луѓе“, се слуша на снимката. Неколку секунди подоцна, следува и пукање. Пиштолот е насочен кон воздух, а околу него, други лица фрлаат со стаклени флаши и други предмети кон групата демонстранти.Полицијата реагира по подолго време, откако претходно стои околу него и него апси. Тој успева да избега, а тие трчаат по него.Ова е само дел од објавената снимка од нередите кај Мавровка. Кратко подоцна, полицаец стои настрана и не ги спречува останатите демонстранти кои фрлаат кон толпата.„Еве овие се криви овде, не тие. Пиштол вади бе будало една“, викаат лица од толпата кој снима. ИНЦИДЕНТ КАЈ МАВРОВКА: Со камења гаѓано кон демонстраните, па бегањеPosted by skopje1.mk on Wednesday, July 6, 2022

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-07-06-at-00.51.17

(ВИДЕО) Полицаец со залет и клоца удри демонстрант кој се стркала на земја

Богдан Илиевски објави снимка на која се гледа како демнострант кој оди и застанува до полициски кордон кој прави обрач околу собранието, е удрен со клоца во залет од страна на полицаец. Снимката трае кратко и од истата може да се заклучи дека откако полицаецот го удира демонстрантот, почнува да бега.Демонстрантот пак, кој е удрен, паѓа на земја и се тркала. Околу него има и други учесници на протестот.<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Filievski%2Fvideos%2F443863830631414%2F&show_text=true&width=560&t=0" width="560" height="429" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share" allowFullScreen="true"></iframe>

Македонија | пред 3 години

IMG_4868

Куп уапсени во Дојран на „Д фестивал“

Во периодот од 20.30 часот на 03.07.2022 година до 02.30 часот на 04.07.2022 година, за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, во координација со полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР и Единица за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Скопје извршиле контрола и ги лишиле од слобода К.А.(18) и А.М.(19), двајцата од Скопје, М.Ц.(26) и Д.П.(27), двајцата од Куманово, Г.П.(22) од Прилеп, Н.М.(22) од Охрид, Т.С.(21) од Валандово, Д.А.(19) од село Николиќ, општина Дојран и И.К.(20) од село Иловица, струмичко, бидејќи кај нив биле пронајдени повеќе видови дрога.Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 3 години

290875644_435952028135539_3410499942260089155_n

(ФОТО) Тешка несреќа во Аеродром, автомобил се преврте на кров

Страшна сообраќајна несреќа се случи денеска во Аеродром. Автомобил се преврте на кров во близина на ТЦ Скопјанка.Очевидци велат дека се се случило за момент. На лицата кои се превезувале, помош им укажуваат слуачјни минивачи, а се чека и Брза помош.Засега нема информации како се случила несреќата и дали има тешко повредени. Автомобилот е со скопски регистрации.

Скопје | пред 3 години

272979129_360942928889350_144321398272608477_n

Моторџија тешко повреден во сообраќајка

На 01.07.2022 во 16.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на ул.„Кеј 8-ми Септември“ во Радовиш, И.П.(45) од Радовиш, управувајќи мотоцикл „хамачи“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Здравствен дом Радовиш. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Радовиш.

Македонија | пред 3 години

brza-pomos-541

Несреќа во Струмица, едно лице со тешки повреди е во болница

На 01.07.2022 во 10.45 часот во СВР Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо партнер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(23) од Струмица и мотоцикл „бмв“, управуван од П.Р.(26) од Струмица. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила П.Р., констатирани во Медицински центар Струмица.Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Македонија | пред 3 години

272260158_472495384274313_4685744105093917179_n

Среде ноќ, две апсења на четири лица, на две локации во Скопје

На 02.07.2022 во 03.00 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.Е.(38), А.М.(43) и С.Џ.(41), сите од Скопје, затоа што при преглед кај нив, кај Е.Е. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 02.07.2022 во 03.40 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(37) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-07-01-at-16.41.02

Приведени три лица за изнуда, меѓу нив и полициски службеник, поднесена кривична пријава

На 30.06.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал лишени од слобода се С.Д.(61), Н.К.(37) и М.Р.(43), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „изнуда“ по чл.258 од Кривичниот законик.Имено, С.Д., поради претходен долг на оштетеното лице во износ од 63.500 евра во текот на 2004 година, до 2019 година со закани му наплатил околу 440.000 евра. Во периодот од 2019 до 30.06.2022 година, С.Д., заедно со Н.К., во име на М.Р., полициски службеник, со закани по живот, му изнудиле дополнителни парични средства во износ од 560.000 евра со рок на исплата до 30.06.2022 година. Притоа, со оглед на сумата, оштетениот се договорил со изнудувачите неделно да им предава од 5.000 до 10.000 евра, сѐ до конечната исплата на 560.000 евра.По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници, а во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, по примопредавање на пари во износ од 3.000 евра од страна на оштетеното лице, трите лица се лишени од слобода. Тие се задржани во полициска станица, а денеска (01.07.2022), против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка и изведени се пред надлежен Јавен обвинител.

Македонија | пред 3 години

tocak-velosiped-velosipedist

Прегазен велосипедист во Скопје

На 30.06.2022 во 06.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Џон Кенеди“ и ул.„Исмаил Ќемали“ во Скопје, патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(63) од Скопје, удрило во велосипедист В.Ж.(20) од Скопје.По несреќата, В.Ж. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

IMG_4251

Приведен крадец на уметнички слики, одреден притвор, а дел од одземеното вратено на сопственикот

На 29.06.2022 на подрачјето на Центар полициски службеници од Полициска станица Центар го лишиле од слобода Е.Д.(33) од Скопје. За него била издадена локална потерница, поради постоење основано сомнение дека сторил две тешки кражби на уметнички слики од книжарница на ул.„Ѓуро Стругар“ во Скопје, извршени на 26 и 27.06.2022 година.Дел од украдените уметнички слики се пронајдени и вратени на сопственикот. Е.Д. е задржан во Полициска станица Центар и во координација со Јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор.

Скопје | пред 3 години

DSC_0043

Во Скопје се вози лудо: Изречени нови 236 казни, од кои најмногу за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 236 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 68 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за непрописно престројување на возила, пет мерки за возач почетник...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, вели МВР.

Скопје | пред 3 години

IMG_4868

Упасен охриѓанец, ги нападнал ќерката и сопругата

На 25.06.2022 година во 18.20 часот во СВР Охрид лишен е од слобода И.К.(56) од Охрид.„Тој претходно, во семјниот дом во Охрид, физички ги нападнал сопругата и нивната ќерка“, велат од СВР Охрид.Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Охрид | пред 3 години

DSC_0288

Уапсен охриѓанец откако го нападнал малолетниот син и упатил закани кон сопругата

На 25.06.2022 година во 00.25 часот, во СВР Охрид лишен е од слобода Д.Т.(38) од Охрид.„Тој претходно во семејниот дом физички го нападнал малолетниот син, упатил закани кон сопругата и оштетил дел од покуќнината“, велат од СВР Охрид.Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Охрид | пред 3 години

IMG_6349

(ВИДЕО) Сообраќајка со еден загинат на скопската обиколница

Сообраќајана несреќа со едно загинато лице се случи на обиколницата во Скопје, на клучката кај Бутел. Едно лице го загуби животот. Неофицијално, станува збор за сопатничка која се превезувала на моторцикл, кој удрил во автомобил. Според првичните информации, женско лице е загинатото лице.Возачите на моторот и автомобилот се пренесени во скопскиот Ургентен центар. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента. На местото има и јавен обвинител, кој треба да даде наредби за натамошниот тек на истрагата.

Скопје | пред 3 години

IMG_4868

„Пасат“ излета од пат во Битола, сопатник заврши во болница

На 24.06.2022 во 13.59 часот на крстосницата од ул.„8 Септември“ и ул.„Кире Костадиновски“ во Битола, патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(31) од Скопје излетало надвор од коловозот.Во несреќата Р.С.(31) од Скопје, сопатник во возилото, се здобил со тешки телесни повреди, а возачот С.Б. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Битола. Увид извршила екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 3 години

brza-pomos-soobrakajka

Млад скопјанец тешко повреден по сообраќајка во Бутел, однесен е во болница

На 24.06.2022 околу 12.50 часот на крстосница од ул.„Бутелска“ со ул. „Марко Крале“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен Ц5“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.М.(29) од с.Опаје, кумановско и мопед „купа“, со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Ж.(22) од Скопје.Во несреќата М.Ж. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

IMG_4251

Ноќеска апсења на Бит Пазар, Центар, Гази Баба

На 24.06.2022 во 20.30 часот на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(24) од Скопје, затоа што кај него е пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 24.06.2022 во 20.50 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода А.Р.(27) од Скопје, затоа што кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Денеска (25.06.2022) во 01.05 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(38) од Скопје, затоа што кај него е пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Денеска (25.06.2022) во 02.50 часот на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода С.Ѓ.(23) од Скопје, затоа што кај него е пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

DSC_0052

Катастрофа во Скопје: 168 казни за прекршоци, 49 за пребрзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, а седум за користење на мобилен телефон.Изречени се и 19 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, пет мерки за некористење на сигурносен појас, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР

Скопје | пред 3 години

pistol-kursumi-zaplena

Татко си го пријавил синот во полиција, откако се обидел да го нападне со пиштол

На 22.06.2022 во 22.11 часот во СВР Скопје, Н.С. пријавил дека во угостителски објект во с.Морани, скопско, М.Н. се заканувал на неговиот татко С.С.(57) од с.Морани и се обидел да го нападне со пиштол, но бил спречен од присутните.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

2022-06-22_08-07-32-256

(ВИДЕО) Претреси во Скопје, пронадени 400 грама кокаин

На 21.06.2022 во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(31) од Скопје. При претреси на две локации кои ги користи тој, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 400 грама кокаин, таблети и дигитална вага.П.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 години

motori

МВР одзеде четири мотоцикли поради предизвикување голема бучава

Во периодот од 13.06.2022 до 19.06.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 293 возачи. Од нив, 163 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 69 возеле без возачка дозвола, четири мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

meriot

Поранешниот портпарол на МВР стана управител на хотелот „Мериот“

Иво Котевски, поранешен портпарол на Министерството за внатрешни работи, е назначен за нов директор на компанијата сопственик на „Мериот“, хотелот со убедливо најголеми приходи во земјата, објави Фактор.Котевски кој со години ја извршуваше функцијата директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, пред две недели е назначен за нов управител на Хотел Гранд М, компанијата која управува со „Мериот хотел Скопје“, на местото на Дарко Дракуловски.Инаку, Обвинителството за организиран криминал и корупција пред два месеци замрзна голем дел од имотот на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, којшто е осомничен во судскиот процес „Империја“. Во замрзнатиот имот се и уделите во познатиот скопски хотел на Плоштад Македонија.

Македонија | пред 3 години

Fabric

Полициска акција во Струмица, затекнати малолетници по полноќ, а им се точело и алкохол

На 18/19.06.2022 во периодот од 21.00 до 05.00 часот, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност (Оддел за униформирана полиција, Оддел за криминалистичка полиција, Оддел за специјални полициски операции и СВР Струмица) во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во два угостителски објекта на подрачјето на СВР Струмица. При тоа, констатирано е присуство на 36 малолетници после 24.00 часот, спротивно на законот, како и точење на алкохол на малолетници во еден од нив.Од страна на Државен трудов инспекторат било утврдено дека вработени во едниот објект немаат потребна документација. За сите прекршувања на законите ќе бидат поднесени соодвети поднесоци.

Македонија | пред 3 години

zatvor-10

Откриено што е пронајдено при претресите во затворот Идризово

На 14.06.2022 полициски службеници од Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Оддел за криминалистичка полиција и Оддел за специјални полициски операции -Единица за брзо распоредување и СВР Скопје во координација со надлежен Jавен обвинител од ОЈО Скопје, а во координација со Управата за извршување на санкции, спроведе координирана полициска акција на локација на Скопје.Притоа, извршени се претреси во КПУ Идризово, со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор, како резултат на зајакната меѓуинституционална соработка, во насока на превентивно делување и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи.По добиена наредба од Судија за претходна постапка извршени се претреси во вкупно 25 ќелии во различни одделенија во КПУ Идризово. При претресите пронајдени се: поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни валути и апоени, 50-тина мобилни телефони, компјутерска галантерија, 37 ножеви и повеќе други остри предмети, дрога во прашкаста, течна состојба и таблетки и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривични дела, како што изјави портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска.Дел од пронајдените предмети се одземени за понатамошна постапка од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, додека останатите предмети се предадени на затворска служба за понатамошна постапка.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања