Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

236608355_549426113071238_6532646002712986989_n

277 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (13.06.2022), Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 277 возачи.Од нив три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 116 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 161 надвор од населено место. За време на акциската контрола констатирани и законски санкционирани биле и 118 други видови прекршоци.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Скопје | пред 3 години

IMG_4243

(ВИДЕО) Уапсени 17 малолетници, полицијата упадна во угостителски објекти

На 11/12.06.2022 година, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност (Оддел за криминалистичка полиција, Оддел за униформирана полиција и Оддел за специјални полициски операции) во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола на подрачјата на ОВР Прилеп, СВР Куманово и ОВР Пробиштип.Од спроведената контрола во угостителски објект во Прилеп констатирано е присуство на 17 малолетници после полноќ, спротивно на законот, две лица кои не носеле документ за лична идентификација се приведени во полициска станица заради утврдување на идентитетот, а од страна на Државен пазарен инспекторат констатирано е дека во објектот работат непријавени лица, при што бил затекнат при работа и малолетник. За објектот ќе следи соодветна санкција за непочитување на Законот за работни односи.При спроведената акциска контрола на подрачјето во Куманово, исто така, констатирани се две неправилности од страна на Државниот пазарен инспекторат за вршење на нерегистрирана дејност кои ќе бидат соодветно санкционирани, а на подрачјето на Пробиштип едно лице вработено како обезбедување, кое било без документ за идентификација, е приведено во полициска станица заради утврдување на неговиот идентитет, додека од страна на Државниот инспекторат за труд констатирани се три неправилности од Законот за инспекција.Против сите лица кои сториле прекршок ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 години

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

По концертот на Цеца, 29 возачи си заминаа дома со казни зошто биле пијани

Во текот на изминатата вечер 11/12.06.2022, во периодот од 22.00 до 02.00 часот на територија на градот Пробиштип, од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возилa под дејство на алкохол.„При контролата констатирани и законски санкционирани се 29 возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол. За време на контролата биле санкционирани и 3 учесници кои управувале патничко возило пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, 1 учесник во сообраќајот кој управувал патничко возило по истекот на важноста на сообраќајната дозвола“, велат од МВР.Инаку, вчера се одржа концерт на Цеца и Анастасија. Акциската контрола била во периодот додека траел спектаклот и по неговото завршување.

Македонија | пред 3 години

43074562_2165386260457477_7180103631398502400_o

Приведени 9 дилери на дрога во Тетово, меѓу нив еден и за издржување на казна затвор

На 10.06.2022 во 21.15 часот во кругот на основно училиште во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово биле лишени од слобода: Ш.Л.(24), Т.А.(24), Д.Б.(18), Е.Е.(22), В.Л.(19), А.Е.(25), А.Ш.(24), Л.Л.(28), сите од Тетово и Џ.М.(22) од с.Стримница, тетовско, затоа што во нивна непосредна близина биле пронајдени и одземени 21 ќесичка со марихуана, а по извршена проверка било констатирано дека Л.Л. се барал и по судска наредба за издржување на затворска казна.Тој ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната, а по целосно документирање на случајот против сите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 години

apteka-kvoti-lekovi

Ограбена аптека во Аеродром

На 09.06.2022 во 20.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на бул.„Јане Сандански“ едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

IMG_4251

Малолетници натепале дете во Центар

На 09.06.2022 во 09.40 часот во Полициската станица Центар, С.М.(41) од Скопје пријавила дека на 04.06.2022 околу 23.30 часот кај угостителски објект на подрачје на Центар нејзиниот малолетен син, по претходна расправија, бил физички нападнат од друг малолетник и уште четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

IMG_4251

Малолетник се обидел да силува малолетничка, кривична добија и родителите

СВР Скопје поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка, и против неговиот родител А.Д.(32) од Скопје и С.Д.(43), родител на малолетничката, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.„Во текот на април 2021, малолетниците се запознале и почнале невенчано да живеат заедно, при што малолетничката забременила и се породила. С.Д. и А.Д. се осомничени затоа што ја запоставиле нивната родителска грижа со тоа што им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат во вонбрачна заедница“, велат од МВР.

Скопје | пред 3 години

germanija-eksperti

Во Германија е уапсен македонски државјанин за рабојништво

На 07.06.2022 во Сојузна Република Германија од слобода е лишен В.К.(31), македонски државјанин, кој беше баран со меѓународна потерница, а е осуден на пет години казна затвор за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, сторено во 2013 година.Апсењето на В.К. е резултат на успешната соработка на полициите на Сојузна Република Германија и Република Северна Македонија, благодарение на која досега се приведени повеќе криминалци, а е помогната и поддржана од регионалниот проект на ЕУ – Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан ИПА 2019.

Македонија | пред 3 години

policija-2-1

Тешка сообраќајка, еден возач избегал, друг со повреди префрлен во болница

На 05.06.2022 година во 13.10 часот на автопатот А-1, во правец од с.Прдејци, гевгелиско, кон бензинска пумпа кај надвозник Негорци, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило кое го напуштило местото на несреќата, патничко возило „фолксваген голф“, со гевгелиски регистерски ознаки, управувано од М.Ќ.(30) од с.Прдејци, патничко возило „форд фиеста“, со српски национални ознаки, управувано од М.Б. (68) од Република Србија и товарно возило „цитроен“, со гевгелиски регистерски ознаки, управувано од Р.Ј. (27) од Гевгелија.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ќ., возач на возилото „фолксваген голф“, констатирани во Медицински центар Гевгелија.Увид на местото на несреќата извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Гевгелија.

Македонија | пред 3 години

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Апсења на Бит Пазар, во Карпош, Аеродром и Битола - сите поради иста причина

На 05.06.2022 во 17.15 часот на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода И.К. (26) од Кочани, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 06.06.2022 од страна на полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Битола ги лишиле од слобода П.В.(24), С.С.(24), Н.П. (25), сите од Битола, бидејќи кај нив се пронајдени и одземени 17 таблетки и грутчеста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 215 од Кривичниот законик.На 05.06.2022 во 07.15 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Д.Б. (34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 05.06.2022 од страна на полициски службеници од полициската станица Битола на ул.„Павел Шатев“ во Битола ги лишиле од слобода Б.И.(19) и В.У(34) од Битола, бидејќи кај нив е пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок по чл. 215 од Кривичниот законик.На 06.06.2022 во 00.10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ц.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 05.06.2022 од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Битола го лишиле од слобода С.К.(34) од Ресен и Т.П. (32) од Битола, бидејќи кај нив е пронајдена и одземена грутчеста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок по чл. 215 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 3 години

265977177_3016460471943246_1124475499600049127_n

Претрес во скопско, пронајдени пушка и муниција, приведено едно лице

На 02.06.2022 полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија и Единица за интервентна полиција го лишија од слобода З.Г.(58) во с.Орешани, поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.Имено, при претрес извршен со судска наредба во дом и помошни простории кај лицето, полициски службеници пронашле и одзеле една пушка и 15 парчиња муниција.Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Скопје | пред 3 години

policija-kazni

Осум уапсени од Куманово, Гостивар, Центар, Аеродром, Битола

На 29.05.2022 во 03.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.М.(44) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.На 29.05.2022 околу 22.30 часот во тетовско Боговиње, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.К.(38) од гостиварска Долна Бањица и гостиварците Е.А.(34), Е.Р.(34) и Д.Ш.(37), затоа што при нивен и преглед на патничко возило „мерцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал Е.А., била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 29.05.2022 околу 20.00 часот на паркинг простор пред спортски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(26) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Денеска (30.05.2022) во 01.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.П.(20) од Битола, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, метална дробилка и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Денеска (30.05.2022) во 01.15 часот на подрачјето на Аеродром во близина на трговски центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 29.05.2022 на ул.„Цар Самуил” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.С.(18) од Битола, затоа што кај него била пронајдена жолто–кафеава материја и притоа физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 години

policija-policaec-35

За четири часа, полицијата казни 78 возачи за иста грешка

Министерството за внатрешни работи денеска (26.05.2022) во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 78 возачи, од кои 31 на територија на СВР Тетово, 10 на територија на СВР Велес...Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Македонија | пред 3 години

IMG_4875

(ФОТО) Сообраќајка во Ѓорче, две лица во болница - едно возило излетано од патот

Автомобили со тетовски и скопски регистарски таблици се судрија во Ѓорче Петров. Несреќата се случи попладнево, на раскрсницата меѓу улиците Кузман Шапкарев и Борис Сарафов. Едно од возилата, од силината на ударот е излетано и надвор од улицата.Очевидци велат дека интервенирала и Брза помош, која двете лица од автомобилот со скопски регистрации ги пренела во болница. Тие биле повредени, а за здравствената состојба засега нема информации.Увид направи и полицијата, која ќе треба да ги утврди причините за несреќата. Локалното население вели дека на оваа раскрсница скоро никогаш не се почитуваат сообраќајните правила.

Скопје | пред 3 години

policaec-policija-skopje

139 казнети возачи во Скопје бидејќи зборат на телефон, возат пијани, со нерегистрирани возила

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 16 мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 11 мерки за возење без возачка дозвола.Изречени се седум мерки за користење на мобилен телефон, четири санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за возач почетник, пет санкции за нерегистрирани возила, пет мерки за некористење сигурносен појас...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-03-16-at-22.05.40

Тешка сообраќајка во Аеродром, возач со Брза помош е однесен итно во болница

На 23.05.2022 во 08,00 часот на бул. Јане Сандански во Скопје пред спортска обложувалница пријавено е дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „кивеј“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(21) од Скопје, и товарно моторно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(42) од Скопје.А.Д. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани тешки телесни повреди, а на сопатничката од товарното моторно возило А.Т.(22) од Скопје и се констатирани повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.Фото:Илустрација

Скопје | пред 3 години

265977177_3016460471943246_1124475499600049127_n

Жена прегазена од „мерцедес“, со тешки повреди заврши во болница

На 23.05.2022 во 10,30 часот во Неготино на ул.„Маршал Тито“ патничко моторно возило „мерцедес“ со неготински регистарски ознаки, управувано од М.М. (50) од Неготино, удрило во В.Т.(79) од Неготино.Со тешки телесни повреди се здобила В.Т., која била пренесена во Клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски“-Скопје за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Неготино.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-12-22-at-10.31.31

Пензионерка од Ѓорче ја бара сестра си, која исчезнала

На 21.05.2022 во 22.00 часот во Полициска станица Ѓорче Петров С.А.(72) од Скопје пријавил дека се оддалечила од нејзиниот дом неговата сестра Г.О.(81) која имала здравствени проблеми.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 3 години

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Татко пријавил дека син му бил прегазен од автомобил, па нападнат во Гази Баба

На 22.05.2022 во 01.50 часот во Полициска станица Гази Баба В.Ј.(44) од Скопје пријавил дека на 21.05.2022 околу 22.00 часот пред банка на подрачје на Гази Баба неговиот син бил удрен со возило и потоа физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

265977177_3016460471943246_1124475499600049127_n

Скопјанец си ја бара жена му, пријавил дека се оддалечила од дома

На 21.05.2022 во 18,30 часот во Полициска станица Гази Баба Б.И.(30) од Скопје пријавил дека од дома се оддалечила неговата сопруга И.Б.И.(29) од Р.Косово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 3 години

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

Скопјанец натепан во Карпош

На 21.05.2022 во 21.45 часот во Полициска станица Карпош Б.Ј.(33) пријавил дека на паркинг на подрачје на Карпош во близина на маркет, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

Klinicki-bolnici-vo-Tetovo

Прегазен уште еден пешак, овојпат малолетник од Тетово

На 21.05.2022 во 13.00 часот на регионалниот пат Тетово-Пирок во с. М.Речица,тетовско патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Б.С.(36) од с. Г.Речица, тетовско удрило во малолетен пешак од с. М.Речица, кој е пренесен во Клиничка болница Тетово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 3 години

IMG_4251

Упасени 12 лица во Скопје

Синоќа (21/22.05.2022) година од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје при контрола на угостителски објекти на подрачје на СВР Скопје од слобода се лишени 12 лица.Притоа кај Н.В.(42), Г.Н.(20), С.Ј.(21), А.Ј(35), Г.Т.(33), Л.Р(34) била пронајдена прашкаста материја, додека кај Д.М(23), Ј.Ѓ(21), Л.Ј(18), Б.Б(26), Х.И.(20) и Д.М(39) била пронајдена марихуана.

Скопје | пред 3 години

policija-kazni

246 сообраќајни казни во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 246 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 12 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 20 мерки за возење без возачка дозвола.Изречени се 12 мерки за користење на мобилен телефон, 56 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 24 санкции за возење под дејство на алкохол, пет санкции за некористење сигурносен појас...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Скопје | пред 3 години

282213022_1069840153640575_6438249801466276309_n

ФОТО: Ужасна сообраќајка во Влае, повредени однесени во болница

Маж и жена се повредени по тешка сообраќајка која се случи во Влае, пред мостот „Обединети нации“. Според првичните информации станува збор за судир меѓу возила. Очевидци велат дека судрени се две возила, од кои едното е „Фиќо“.Први на помош истрчаа очевидците на настанот кои се обидуваа да им помогнат на мажот и жената. По нив, дојде и Брза помош. Лицата кои им се обидоа да помогнат, велат дека жената тешко реагирала, а мажот можел да мрда.„Скопје 1“ се обрати и до МВР од каде се очекуваат детали за страшната несреќа.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања