Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МВР

noz-ubistvo-napad

Тетовчанец ја тепал бившата сопруга, па и се заканил со нож

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.П. (48) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“.Според пријавата, на 31.12.2025 година, пријавениот физички ја нападнал неговата поранешна сопруга, при што ѝ се заканил со остар предмет. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjsahk42s1lfveGFSTj5

Четиригодишно дете тешко повредено во сообраќајка во Скопје

На 16.02.2026 околу 17:00 часот, на улицата „Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д. (41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје.Детето се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што му е укажана медицинска помош. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryfj2jijsqnl0be3MYisp

Пронајдена марихуана и куршуми кај 28-годишник

На 16.02.2026 во 10:30 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишија од слобода Д.Р. (28) од истото село.При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и куршуми различен калибар.По целосно документирање на настанот, против пријавениот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Македонија | пред 1 месец

rezim-soobrakaj

Протест пред Владата, посебен режим на сообраќај во Скопје

Денеска (17.02.2026) со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата на бул.„Илинден“ и бул.„Свети Климент Охридски“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Скопје | пред 1 месец

media-librarythkgmffbbch25lRScqL

Трагичен крај на потрагата, МВР со детали: Пронајдено безживотното тело на прилепчанецот Виктор Илиоски

„Почина син ми“, со овие зборови Роза Илиоска ја сподели најтешката вест – дека трагично завршила потрагата по нејзиниот син, прилепчанецот Виктор Илиоски.Од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ информираа дека на 16 февруари 2026 година во 16:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во кругот на Градската општа болница-Прилеп е пронајден В.И. (40) од Прилеп без знаци на живот.Од Итната медицинска помош била констатирана смрт, а за настанот бил известен јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција. Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.Потрагата започна откако на 15 февруари во 16:15 часот во ОВР Прилеп, Д.И. (69) од Прилеп пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син. Семејството претходно упати јавен апел за помош, наведувајќи дека му се губи секаква трага од претходниот ден околу 14 часот, кога последен пат бил виден.Случајот предизвика големо внимание во јавноста, а повеќе информации се очекуваат по завршувањето на истрагата и обдукцијата.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryisl9pg7qbvuqbWgJCcj

(Фото) Полицајци спасија 80-годишен маж кој беше заглавен на тераса откако се запали неговата куќа

На 15.02.2026 во 13:23 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.Ѓ.(80).Полициски службеници од СВР Штип – Полициско одделение Македонска Каменица излегле на местото и го затекнале сопственикот заглавен на тераса на вториот кат, по што се преземени мерки и со помош на скали безбедно го спуштиле.Нему му е укажана помош во Клиничка болница Штип поради вдишување чад, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.Пожарот е изгаснат од Територијалната протипожарната едница Македонска Каменица. Увид е извршен.

Македонија | пред 1 месец

media-library7uf3j4t4930q7aGtrZz

За една недела „Сејф сити“ регистрираше 4.490 прекршоци, најголем дел за брзо возење

Во периодот од 09.02.2026 до 15.02.2026, системот „Безбеден град“ регистрирал вкупно 4.490 прекршоци на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери. Ова претставува намалување од 10% во споредба со првата седмица во февруари, кога беа констатирани 4.991 прекршок.Од вкупниот број, најголемиот дел – 4.297 прекршоци – се за управување со возило со брзина поголема од дозволената. Дополнително, 33 возачи минале на затворен сигнал (црвено светло), а 160 се за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола.Исто така, изречени се 148 мерки „забрана за управување со возило“, што е намалување од 48,6% во однос на минатата седмица. Од нив, 33 се за минување на црвено, а 115 за брзо возење – од кои 99 за над 80 км/ч во населено место, 12 за над 10 км/ч сопствено ограничување и четири за над 170 км/ч во ненаселено место.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 месец

semejno-nasilstvo

Маж ја претепал сопругата со која се разведува

На 15.02.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од скопско пријавила дека претходниот ден околу 21:00 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.А., со кого се наоѓа во бракоразводна постапка.Според пријавата, нападот се случил по расправија во домот.По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 месец

pesak

Албански возач прегази 75-годишен пешак

На 16.02.2026 во 06:30 часот, ОВР Струга пријави фатална сообраќајна несреќа на магистралниот пат Подмоље-Струга. Товарно возило „Ман“, управувано од А.А. (52) од Република Албанија, удрило во пешакот У.Д. (75) од село Ливада, струшко, кој од здобиените повреди починал на местото на несреќата.Лекар од Итна медицинска помош Струга констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа на ОВР Струга.Според информациите, претходно во 06:05 часот е пријавено дека У.Д. се оддалечил од домот на свој роднина во село Мислешево и дека имал здравствени проблеми.Се преземаат мерки за расветлување на настанот и утврдување на сите околности околу несреќата.

Македонија | пред 1 месец

IMG_5581

Жена насилно внесена во автомобил на Бит Пазар и претепана од поранешен партнер

На 15.02.2026 во 23:05 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена пријавила дека околу 21:00 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, со употреба на физичка сила била насилно ставена во патничко возило.Според пријавата, по насилното внесување во возилото таа била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Е.М. (33).По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryc56912v9ahjebSBXKII

Две жени од Грција краделе козметички производи во трговски центар во Аеродром

На 15.02.2026 во 19:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 46-годишната Е.П. и 26-годишната Г.Г., двете од Република Грција. Тие се сомничат дека на 14.02.2026 во периодот од 18:15 до 18:35 часот од продажно место во Трговски центар на подрачјето на општина Аердором одзеле повеќе козметички производи.По целосно документирање на случјот, против двете ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 1 месец

pistol_001

Со пиштол на вработена во МВР, се заканувал во кафеана во Трубарево - уапсени две лица

На 15.02.2026 во 22:20 часот на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С. (35) од Скопје.При преглед во возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал со уште едно лице, кај него бил пронајден и одземен пиштол.Според информациите, А.С. се сомничи дека истиот ден околу 22:00 часот во угостителски објект во населбата Скопско Поле, Трубарево, по претходно недоразбирање, заедно со уште едно лице физички ги нападнале И.Ј. (31) од село Марино и Б.А. (32) од населба Илинден. При нападот, А.С. му упатил закани со пиштол на И.С., при што оружјето било сопственост на А.М. (30) од село Стајковци, вработена во МВР, која била со нив.По преземени мерки, на 16.02.2026 во 02:05 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници ја лишиле од слобода и А.М.Двете лица се задржани во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 1 месец

media-librarygan6kj3hhkpp8ltitPV

Татко и син нападнале 14-годишно момче

На 14.02.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, Ќ.К. (39) од скопско пријавил дека истиот ден околу 20:30 часот во село во општина Сарај, по претходна расправија со друг малолетник, неговиот 14-годишен син бил физички нападнат.Според пријавата, малолетникот бил нападнат од врсникот со кој претходно се расправал, како и од неговиот татко Ф.Х., двајцата од истото село.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Скопјанец прво физички, па со нож ги нападнал мајка му и сопругата

На 15.02.2026 во 22:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.Е. (34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговата 58-годишна мајка и неговата 30-годишна сопруга.Според пријавата, при нападот тој употребил и остар предмет.По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 месец

velosipdska-pateka-2

Насилен напад во Прилеп: Жена турната од велосипед и ограбена

На 15.02.2026 во 15:15 часот, С.Д. (59) од Прилеп пријавила во СВР Битола дека додека управувала велосипед во близина на место викано „Маркови Кули“ во Прилеп, едно лице ја турнало од велосипедот, додека друго лице физички ја нападнало и ѝ ја одзело чантата во која имало пари.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителите.

Македонија | пред 1 месец

media-library3jvakpkgctumdqVADgD

И полицијата трага по исчезнатото лице од Прилеп

Министерството за внатрешни работи информира дека на 15 февруари 2026 година во 16:15 часот во ОВР Прилеп, Д.И. (69) од Прилеп пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син В.И. (39). Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицето.Претходно, семејството на Виктор Илиоски од Прилеп објави апел за помош, наведувајќи дека му се губи секаква трага од пред два дена. Според објавата на неговата мајка, Роза Илиоска, тој последен пат бил виден околу 14 часот.Во моментот на исчезнувањето бил облечен во тегет јакна, црни тренерки и сиви патики.Случајот е пријавен во полиција, а семејството ги повикува сите граѓани кои имаат каква било информација да се јават на телефонскиот број 076 303 292.

Македонија | пред 1 месец

media-librarypa17r3qt3aoa2m8hyD9

(Фото) Нема саботирани камери на „Сејф сити“, фотографијата со платното е дело на вештачката интелигенција

Министерството за внатрешни работи соопшти дека фотографијата која се споделува на социјалните мрежи, а на која наводно се гледаат камери од системот „Безбеден град“ во Тетово покриени со платно, не соодветствува со реалната состојба на терен.Од МВР информираат дека во СВР Тетово не е регистриран ваков настан, ниту е утврдено какво било оштетување или попречување на камерите поставени во рамки на системот.Според извршените проверки, станува збор за компјутерски генерирана слика или манипулирана фотографија која има за цел да создаде погрешна перцепција во јавноста.Од СВР Тетово апелираат до граѓаните да не наседнуваат на дезинформации кои, како што наведуваат, имаат цел да ја вознемират јавноста или да ја нарушат довербата во безбедносниот систем. Полицијата повикува на одговорно користење на социјалните мрежи и проверка на информациите пред нивно споделување.

Македонија | пред 1 месец

soobrakajka

Удрил во куче, изгубил контрола врз возилото, па удрил во автомобилот одспротива, загина 25-годишник

25-годишник загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера кај Старо Нагоричане. Повредена е и 20-годишна девојка.-На 15.02.2026 околу 19:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од село Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник по што преминало во спротивна сообраќајна лента и дошло до директен судир со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки ознаки, управувано од Ф.Ј.(27) од село Длабочица, кривопаланечко, информираа од полицијата.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило „бмв“, А.С.(20) и С.Ј.(53) двете од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово, каде што возачот С.Т. им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Македонија | пред 1 месец

prostitution

Го дал помошниот објект од куќата за проституција, кривична пријава за две лица

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Ш. (40) од село Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење на проституција“ и против Г.Н. (60) од Тетово поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „помагање“.Според пријавата, Г.Ш., во текот на 2024 и 2025 година во Тетово, во помошен објект од куќата на второпријавениот, овозможувала користење на сексуални услуги. Второпријавениот, Г.Н., свесно и со умисла помагал на Г.Ш., ставајќи ги на располагање просториите од помошниот објект на својата куќа за вршење на услугите.По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни кривични пријави пред надлежното обвинителство.

Македонија | пред 1 месец

media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0

Жена нападната на автобуска, 72-годишник претепан по сообраќајна расправија

Две лица пријавиле физички напади во СВР Скопје во изминатите два дена, а полицијата презема мерки за расчистување на случаите.На 14 февруари 2026 година во 20:10 часот, во СВР Скопје, З.А. (60) од Скопје пријавила дека на 12 февруари околу 06:50 часот, на автобуска постојка на подрачјето на Центар, била физички нападната од едно женско лице.Во вториот случај, на 14 февруари 2026 година во 14:10 часот, З.Ш. (72) од Скопје пријавил дека претходниот ден, на 13 февруари околу 16:10 часот, на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат соодветни мерки и активности за целосно расчистување на двата случаи.

Скопје | пред 1 месец

zabava-2

Малолетници послужени со алкохол во Велес, ќе следуваат пријави

Во акциска контрола спроведена во Велес, полициски службеници затекнале малолетници во угостителски објект по полноќ, при што на дел од нив им бил послужен алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.Контролата била извршена во периодот од 23:00 до 01:00 часот, ноќта меѓу 14 и 15 февруари 2026 година, од страна на полициски службеници од СВР Велес, во три угостителски објекти. Акцијата била насочена кон утврдување на присуство на малолетници во објекти по 24:00 часот, како и кон евентуално точење алкохол на лица под законски дозволената возраст.Во еден од контролираните објекти биле затекнати две малолетни лица кои биле послужени со алкохол, додека на уште пет малолетници им било овозможено присуство во објектот по полноќ.Со вработена во угостителскиот објект бил извршен службен разговор, а малолетните лица биле предадени на нивните родители. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 месец

media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Инцидент во фабрика во Ѓорче Петров: Лица со коњска кола физички нападнале вработени

Три лица физички нападнале тројца вработени во круг на фабрика на подрачјето на скопската населба Ѓорче Петров, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата во СВР Скопје, на 14 февруари 2026 година во 21:00 часот било пријавено дека околу 11:45 часот три лица со коњска кола влегле во кругот на фабриката. Откако биле забележани и предупредени од тројца вработени дека треба да го напуштат просторот, лицата физички ги нападнале, при што употребиле и дрвени предмети.Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и за идентификување на сторителите.

Скопје | пред 1 месец

pozarna-

Пожар во сместувачки капацитет во Делчево: Сопственикот осомничен за сериозни пропусти

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против правно лице од Делчево и против Н.Д. (35) од Делчево, сопственик и раководител на правното лице, поради основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавените не ги почитувале законските одредби за изградба на објект, утврдени во член 68 и член 70 од Законот за заштита и спасување. Тие не обезбедиле проект за објектот, не поседувале одобрение за градење од надлежен државен орган, ниту пак согласност на елаборат за заштита од пожари и експлозивни материи.Дополнително, дејноста се извршувала без соодветна документација, а објектот не бил евидентиран во Агенцијата за катастар на недвижности.На 1 јануари 2026 година во објектот избувнал пожар, при што во моментот внатре имало сместено околу 30 гости. Со тоа, според МВР, бил доведен во опасност животот и телото на лицата кои престојувале во сместувачкиот капацитет.По целосно документирање на случајот, предметот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 месец

rabotnik-gradezen-

Инцидент на градилиште во Кисела Вода: Со возило се обидел да удри работници

Во СВР Скопје на 14 февруари 2026 година во 20:00 часот било пријавено дека неколку часа претходно се случил сериозен инцидент на градилиште на подрачјето на Кисела Вода.Според пријавата од Н.К. (1974) од Скопје, околу 14:15 часот, И.Д. од Скопје најпрво им се заканувал на двајца вработени кои работеле на објект во изградба. По вербалните закани, тој го стартувал патничкото возило „форд“ и се обидел да ги удри, но во тоа не успеал.Потоа, со возилото удрил во автомобил „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, кој бил паркиран пред објектот. Од силината на ударот, „сеатот“ се придвижил и удрил во друго паркирано возило „фолксваген поло“.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Македонија | пред 1 месец

blace

Уапсен на граница: Приложил документ од лице веќе приведено по потерница

На 14 февруари 2026 година во 17:40 часот на Граничниот премин Долно Блаце, при влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Л.Е. (36) од Косово.Како што информира Министерството за внатрешни работи, при гранични проверки и пасошка контрола било утврдено дека лицето на увид приложило патна исправа која припаѓала на друго лице од Косово. Според полицијата, станува збор за лице кое било барано од Интерпол и кое на 12 февруари 2026 година било лишено од слобода на истиот граничен премин.Л.Е. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања