Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

НЕСРЕЌА

Нема фотографија

Автобус излетал од патот во Перу: Најмалку 10 лица загинати

Најмалку 10 лица загинати откако патнички автобус излетал од патот и се превртел во областа Пуно во јужниот дел на Перу, јавија локалните медиуми.Меѓуградскиот автобус се движел на релација Пуно-Куско кога се случила несреќата, јави државната новинска агенција Андина.Во автобусот имало 24 патници, а меѓу жртвите има и шестмесечно бебе, соопшти полицијата.Државната телевизија Перу Нотисиас објави дека повредените, некои со сериозни повреди, биле пренесени во блиските болници.Причината за несреќата ќе биде позната по истрагата.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Ден на жалост во Косово поради убиство на две жени

Во Косово денеска е Ден на жалост поради убиството на две жени. Одлуката за ова вчера ја донесе претседателката на Косово, Вјоса Османи, по убиството на жена во Пеќ.Вчера во Пеќ е убиена четириесет и тригодишна жена. За убиство е осомничен нејзиниот сопруг, кој претходно бил осуден за семејно насилство.Ова е втор случај на убиство на жена во Косово за краток временски период.Пред само пет дена, на 12 април, пред канцеларијата на Центарот за социјална работа во Урошевац беше убиена дваесет и едногодишна жена. Се сомнева дека убиството го извршил нејзиниот поранешен сопруг, пишува Радио Контакт плус.„Утре ќе биде ден на жалост во Косово, но нашето општество ќе биде во жалост секој ден се додека има убиства на наши жени и девојки“, напиша Османи на Фејсбук.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Се судрија автобус и автомобил, повредени се најмалку 15 лица

Петнаесет лица се повредени во судир на автобус и автомобил во Малатја во источна Турција.Сударот се случил на раскрсницата на автопатот Малатија-Елазиг, а од силината на ударот автобусот се превртел.На местото на настанот се испратени екипи од полиција, пожарникари и лекари, пишува весникот „Аксим“.Според првите информации, сите повредени се турски државјани.

Свет | пред 1 година

soobrakjajka-tajmishte-960x720-1

Кобна несреќа на автопатот Велес-Скопје: Едно лице загина, двајца малолетници се повредени

На 06.04.2024 во 18.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес-Скопје, после наплатна станица Отовица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(41) од Скопје и товарно возило „фап“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(57) од Гостивар.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле В.К.(39) и малолетник, двајцата од Скопје, сопатници во возилото „рено“. Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што била констатирана смрт на В.К.. Со телесни повреди се здобиле две малолетни сопатнички во возилото „рено“, како и сопатникот во товарното возило, М.З.(65) од Гостивар, констатирани во болницата во Велес.По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Се урна хеликоптер на Алпите: Загинаа три лица

Три лица загинаа, а тројца се повредени при урнување на хеликоптер кој превезувал скијачи до планината Петит Комбин во кантонот Вале на швајцарските Алпи, соопшти локалната полиција.„Кога стигна до врвот на планината на 3.668 метри надморска височина, од причини што допрва ќе треба да ги утврди истрагата, авионот се лизна по северната падина“, се вели во полициското соопштение, според Гардијан.Покрај пилотот, водичот и неговата ќерка, во леталото имало и четворица скијачи, но полицијата не го соопштува нивниот идентитет.Во рамки на спасувачките активности на местото на несреќата се испратени седум хеликоптери и веднаш им била укажана помош на две повредени лица, а потоа е спасено и трето лице, соопшти полицијата.За жал, телата на другите тројца патници во леталото се пронајдени без знаци на живот“, се наведува во полициското соопштение.Во понеделникот на други локации во кантонот Вале на југоисточниот дел на Швајцарија, три лица загинаа во лавина, меѓу кои и 15-годишно момче од САД.

Свет | пред 1 година

planina-magla-snezna-bura

Хорор во Албанија: Хрватка загинала на најопасниот врв, спасени планинари од Србија

Албанската планинска спасувачка служба соопшти дека вчера на планината Језерски врв загинала хрватска државјанка. Според албанската ГСС, во акцијата биле спасени седум планинари - четворица од Хрватска и тројца од Србија.Како што неофицијално дознаваат хрватските медиуми, починала хрватската државјанка (43) од Осиек која паднала од карпа. Акцијата за спасување ја извршил хеликоптер на Министерството за одбрана, а во се учествувала и полицијата.Екипата за пребарување и спасување овозможила извлекување на безживотното тело и транспортирање до мртовечницата со хеликоптер. Како што се наведува во соопштението, акцијата за спасување продолжува, а спасувачите ги извлекуваат останатите туристи од местото на несреќата.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Тешка автобуска несреќа во ЈАР: Најмалку 45 загинати

Во страотна сообраќајна несреќа во Јужно Африканска Република, во која учествувал автобус, има најмалку 45 загинати, соопшти јужноафриканското министерство за сообраќај.Министерството наведе дека возачот изгубил контрола и удрил со препреките на мостот, поради што автобусот преминал преку мостот и удрил во земја каде што се запалил.

Свет | пред 2 години

IMG_3236

Тешка автобуска несреќа во Германија, се преврте автобус со ученици

За само неколку дена се случи повторно тешка автобуска несреќа во Германија.На автопатот 44 во покраината Северна Рајна-Вестфалија, ноќеска во несреќата се повредени над 20 лица.Во автобусот биле околу 60 патници. Автобусот излетал од патот и се превртел, а во него имало и ученици од Варбург. Учениците се враќале од патување во Англија.Има едно тешко повредено лице, но никој не е во животна опасност. Причината за несреќата сѐ уште се испитува.Сообраќајната несреќа се случи еден ден откако во близина на градот Лајпциг загинаа четири лица.

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

Автобус се преврте на автопат, најмалку 5 лица загинаа

Автобус се преврте на автопатот А9 во близина на германскиот град Лајпциг, при што загинаа најмалку пет лица, а други патници тешко беа повредени.„Во несреќата загинаа пет лица“, потврди портпаролот на полицијата Олаф Хоуп за германски БИЛД, додека идентитетот на жртвите не е откриен.Автопатот е затворен во двата правци, а на местото на несреќата се полицијата и истражителите, како и екипи на итната помош. Спасувачите соопштија дека над местото на несреќата дежураат пет хеликоптери.Возилото на компанијата „Фликсбус“ се движело кон Минхен меѓу Видемар и Шкројдичер Кројс кога излетало од патот и се превртело околу 9 часот и 45 минути, а причината за несреќата се уште не е позната.Ова не е прва несреќа на „Фликсбус“ на оваа делница од автопатот. Во мај 2019 година, слична несреќа се случи само околу 15 километри јужно на А9. Една жена тогаш беше убиена, а повеќе од 70 беа повредени, од кои некои потешко, пишува БИЛД.

Свет | пред 2 години

ssssss

Возачот кој ја усмрти Викторија кај „Сити мол“ прозборе пред судот, адвокатот го опиша неговиот живот

Возачот Јордан Ѓоргиев кој ја стори несреќата кај „Сити мол“ изрази каење и призна вина. Пресудата за него ќе се чуе во понеделник.„Сакам да изразам сочувство на покојната. Од тој ден немам ни еден миг раат, многу сум вознемирен. Камо да можам да сменам нешто за тој ден. Доколку би можел, би го сменил местото“, кажа возачот Јордан Ѓоргиев.Обвинителството очекува казна која ќе превенира идни вакви несреќи.„ Со оваа кривична санкција искрено се надевам дека ќе биде задоволена правдата пред се во делот на генералната превенција во овој вид на криминалитет, бидејќи во последно време сме сведоци на жал се позачестени вакви незгоди, каде како последица го имаме губењето на човечки животи. Очекувањето на обвинителството е да се определи санкција со која ќе се остварат целите на казнувањето. Предлагам да му се определи кривична казна забрана за управување со моторно возило“, кажа обвинителот Мишо Илиевски.Адвокатот на семејството Николови, кажа дека тие не добиле извинување од адвокатот, семејството и оштетениот и 76 дена по несреќата.„Сакаме да потенцираме дека денеска е 76 ден од смртта на Викторија и во однос на признавањето на вина, сметаме дека истото е институционално. Затоа што во текот на овој период ниту семејството на обвинетиот, а и самиот тој, во ниту една форма, се нема извинето, изразено сочувство или искрено да се покае. Сакаме судот ова да го има во предвид и да донесе казна како што треба за да покажеме владение на правото сразмерна на делото кое е сторено“, кажа адвокатот Владимир Михајловиќ, кој го застапува семејството на загинатата Викторија Николова.Адвокатот Душко Јанковиќ, кој го застапува обвинетиот Јордан Ѓоргиев го опиша неговиот живот. Кажа што проживува, го спомена и каењето. Јанковиќ пред судијката кажа дека возачот е веќе казнет, бидејќи има трајно психичко пореметување. Според адвокатот, возачот Јордан кажал: „Каењето и самообвинувањето на Јордан се гледа и од тоа што во неколку наврати изјавил дека кога би можел да биде на местото на починатата Викторија, би се сменил со неа“.„Чинот на признанието на Јордан мислам дека е единствен начин за таа трагедија се ублажи и за двете страни, но и да денеска ја утврдиме правата вистина за целиот настан. Кога велам да се утврди правата вистина, не мислам на утврдување на фактичка состојба, но мислам, на сите невистини, лаги, инсинуации, злонамерни пишувања, колнења, клевети и закани со убиство искажани кон обвнетиот Јордан, неговото семејство, па и лично кон мене како негов бранител, а искажани преку социјалните мрежи од првиот момент на случената трагедија од страна на квази добротвори, квази правници, кои цело време изведуваа квази судии седејќи позади тастатурата пред компјутер, а вклучен ‘Фејсбук’ и неограничено ги лечеа своите комплекси, а притоа, не сфаќајќи дека се всушност морални накази и чудовишта кои немаа почитување спрема никого и со цел да ова и така не мала несреќа, уште повеќе ја зголемат, а што е најважно, немаа почит и спрема семејството на оштетените. Ова го кажувам со причина. Затоа што, обвинетиот успееја тогаш да го прикажат како дете кое е збеснато, чиј татко бил функционер, бизнисмен, близок со власта, а возел со скап џип, па дека бил пијан, поминал на црвено. Сето тоа влијаеше врз целата оваа постапка, почнувајќи по првиот ден и во некои решенија на овој суд каде што дури беше напишано и наведено дека во одлуката меѓудругото се носи и заради притисокот на јавноста. Ова не е прва сообраќајка ниту последна. Имало и многу потешки кривични дела, но никогаш немало таков публицитет што дури и влијаеше и на судски одлуки. Искрено се надевам дека овој суд нема да подлегне на никакви притисоци и дека ќе донесе објективна одлука. Како и да е, обвинетиот Јордан Ѓоргиев е најобично младо дете од нашето секојдневие. Ниту е син на директор, ниту имал скап џип, ниту бил под дејство на алкохол и дроги, што е факт и видно од самиот обвинителен акт. Живее во семејна заедница, со неговата мајка и помлада сестра и повремено, со неговата вереница. Родителите на Јордан се разведени уште во 2007 година и од тогаш се самохрано семејство. Неговиот татко, како за пример, живее веќе 17 години во Гевгелија и е невработен. Кога го опишуваме карактерот или психолошкиот профил на животот на младиот Јордан, неговата клучна улога во семејството е домаќинската улога и преземањето на улогата на неговиот татко. Јордан е ко-кредитобарател на неговата мајка која е кредитобарател, за кредит, за стан каде што денеска живеат, со рок на исплата од 30 години. Јордан на свое име и со двајца жиранти има подигнато уште еден кредит. Тоа покажува дека покрај тоа што студира, тој работи, зема плата од 45 илјади денари и заедно со неговата мајка го водат семејството“, кажа адвокатот.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања