Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ОСМАНИ

312228913_10159420643437029_2757026738452682489_n

Сашко Коцев се пошегува на сметка на Османи: Од снимањето на филмот во Словачка, овај Словенија

Откако министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја пречека словенечката колешка Тања Фајон со словачко знаме, се јави и глумецот Сашо Коцев. Објави фотографија од снимањето на словенечката романтична комедија „Нешто слатко“, која ја снимаше во Словенија.„Од снимањето на филмот во Словачка, овај Словенија“, се пошегува Коцев.

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-09-20-091234

Коментар на денот: Плаќаме за да ни позираат во New York City, не се они криви што сме сиротињи

Новинарот Кристијан Ландов на социјалните мрежи објави фотографија од министерот Османи, а во описот напиша дека народот плаќа, за политичарите да позираат во Њујорк.„Ние плаќаме, за тие да ни позираат во New York City.Не се они криви што сме сиротињи“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-09-20-091234

(ФОТО) Османи сака да стане новиот Џејмс Бонд

На социјалните мрежи се појави фотографија од министерот за надворешни работи, Бујар Османи додека шета во Њујорк.Твитерџиите велат дека министерот намерно позирал како шета кон тајмсквер, во стилот на Џејмс Бонд, а други пак се шегуваат дека ја копира Кери Бредшо од популарната серија „Сексот и градот“.https://twitter.com/VladTepeshMK/status/1571946012914208772?s=20&t=HdLVNboLbj1AsTu84h-D7Qhttps://twitter.com/Darius_696/status/1572109803211612161?s=20&t=pPYHS0fhCs3PtzWYuYgQlAhttps://twitter.com/Biktop16/status/1571954260287299586?s=20&t=eujIFPGooZStvoOREtUHuwhttps://twitter.com/Magnetolicious/status/1571917595388813312?s=20&t=eujIFPGooZStvoOREtUHuwИнаку во минатото Османи на Инстаграм објави фотографија на која се спореди со актерот Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд.

Коментари | пред 3 години

osmani

Бесмира Ејупи знае јазици и има безбедносен сертификат од највисок ранг, вели Османи

Јавноста го обвинува МНР за непотизам, а последниот случај е со сопругата на пратеникот Мартин Костовски, која премина со работа во ова министерство. Министерот Бујар Османи вели дека нема ништо незаконито во вработувањето.-Министерството има недостиг на кадар кој ќе се посвети на тешката работа во дипломатија. Нововработените започнуваат со минимална плата и треба години за да напредуваат во кариерата. Тоа е тешка професија, тие се некој вид номади кои цел живот го поминуваат на различни места. Госпоѓата Костовска е преземена од Куманово и сега е на пониска позиција одошто била претходно, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во Студио 10 на ТВ 24.Министерот вели дека Костовска е на постдипломски студии по меѓународна политика во Прага и во нејзиниот случај не станува збор за трговија со влијание.Случај кој ја разбранува јавноста е случајот на презентерката Бесмира Ејупи за која се велеше дека се подготвува за конзул, а сега е вработена во МНР.– МНР има потреба од 50 вработувања но сега Министерството за финансии одобри 16. Секој млад човек кој знае јазици и сака да се посвети да конкурира. Ејупи е преземена од Министерството за политички систем, како што по закон се преземаат и други службеници, вели Османи за Студио 10.За Ејупи вели дека знае јазици и имала безбедносен сертификат од највисок ранг како член на службата на протокол во претходното министерство.

Македонија | пред 3 години

osmani

Османи: Францускиот предлог и протоколот се два неповрзани процеси

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во синоќешното гостување на Националната телевизија, истакна дека францускиот предлог и протоколот се два неповрзани процеси.„Францускиот предлог ја утврдува рамката за преговорите за членство, додека протоколот е билатерален документ со кој редовно се следи имплементација на договорот. Коинцидираат временски, затоа што во дел од овој пакет на односи со Република Бугарија за да се даде согласност за европскиот, треба да се потпише и овој договор, меѓутоа тие два документа не се меѓусебно поврзани”, истакна Османи.Османи истакна дека протоколот може да ја пресликува динамиката на европскиот процес, но европскиот процес не смее да пресликува динамика на протоколот кој се однесува на билатерални прашања кои ние ги имаме во односите со Република Бугарија и обврските што ги имаат тие спрема нас во ЕУ.

Македонија | пред 3 години

osmani

Османи му одговори на Димовски: Да им оставиме на историчарите да нѐ ослободат од историските митови кои ни ја заматуваат иднината

Министерот за надворешни работи одговори на отвореното писмо на Илија Димовски, на ист начин, се разбира преку социјалните мрежи. Го повика Димовски да седнат и да разговараат и дебатираат, да гу судрат фактите.Не се отворените писма начин, но еве нека биде тоа почеток.Илија, не сум имал никогаш проблем да те разберам, иако ретко сум се согласувал со твоите ставови и мислења. Така е и овој пат – те разбирам ама не се согласувам ниту со начинот на кој ги делиш прашањата на „албански“ и „македонски“, наместо како што доликува, да ги третираме како заеднички предизвик на кој заеднички му пристапуваме.За жал морам да почнам со деманти: ниту сме прифатиле со договорот од Преспа, ниту било кој може да прифати кои Македонци, каде и да живеат, какво им е етничкото потекло. Фактот што сме прифатиле во името на добрососедските односи, да не се мешаме во уредувањето на колективните права кај нашите соседи, не го менува фактот за тоа како се чувствува или како се изјаснува било кој Македонец на планетата земја. Напротив, еднаш засекогаш ја затворивме дилемата што значи зборот Македонец, и тоа веќе никој никогаш не може да го смени.Неправедно е да ја вмешуваме историјата како да е дел од современите политички текови, наместо да им ја оставиме на историчарите да нѐ ослободат од историските митови кои ни ја заматуваат иднината. Тоа е добар начин да се ослободиме од овие стеги, за да ја затвориме расправата кој и што е Илија, кој и што е Бујар и каков јазик зборуваат.Јас Илија, постојано барам дијалог затоа што имам потреба да разговараме за важни прашања:За тоа како ќе обезбедиме заедно никогаш повеќе никој да не го спори македонскиот јазик, и како тој да стане официјален и службен јазик на Европската Унија, на Обединетите нации, на оваа организацијата со која од следната година претседаваме – ОБСЕ инт.За тоа како ќе обезбедиме зборот Македонец да ја означува етничката припадност на нашите сограѓани Македонци, и никогаш повеќе никој, никаде да не може да го спори тоаЗа тоа како ќе обезбедиме македонските ора, македонските села, македонскиот фолклор, македонската песна, македонскиот еп, да бидат дел од македонската етничка посебност, и никој никогаш никаде да не може да го спори тоа.За тоа како ќе обезбедиме сето ова да не остане само во нашите глави, ами да стане дел од светската номенклатура и комуникација.За тоа како ќе им обезбедиме на нашите сограѓани, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, европска иднина, и зошто тоа да не го направиме на ист начин и за оние наши сограѓани кои себе си се сметаат за Црногорци, Бугари и Хрвати.За тоа како ќе го зачуваме, негуваме и промовираме нашиот автентичен модел на успешна мултиетничка демократијаЗа тоа како ќе обезбедиме европска перспектива, европски стандард и европски вредности овде дома, за сите нас.Ова треба на маса да го зборуваме, но еве и пред да седнеме, да расчистиме со митовите и невистините кои за жал доминираат во јавниот дискурс а се поврзани со предлогот кој треба да го прифатиме.Правата е за јазикот. Се тврди дека со предложената рамка, заклучоци итн…, македонскиот јазик на различни начини ќе биде загрозен. А фактите се токму спротивното: И во рамката, и во предлог заклучоците и во сите документи, во моментот на старт на преговорите – македонскиот јазик станува официјален јазик на кој Европската Унија ќе комуницира, и тоа без никакви фусноти, ѕвездички, дообјаснувања, астерикси, без било што. Овој официјален јазик подоцна, со нашето членство во Унијата, станува чист службен јазик на Унијата, на ист начин како што се и Германскиот, Францускиот, па и Бугарскиот и сите други јазици. Значи Унијата ја усвојува рамката каде стои дека европското Аки (Acquis), европското законодавство, ќе се преведе на Македонски јазик без никаква додавка – и тоа станува затворено прашање за Унијата.Наше е сега дали ќе се одлучиме да го затвориме прашањето за јазикот во ЕУ, еднаш засекогаш, или ќе го оставиме на менито на бугарските партии кои после следните избори ќе ни ги дефинираат правилата за влез во ЕУВтората е за рамката, и за некакво нејасно објаснување дека во оваа рамка се внесени билатералните прашања, билатералните договори, историските прашања итн.Прво околу фамата за „билатерализација“. Добрососедските односи претставуваат еден од фундаментите на Унијата, и оттука не треба да нѐ чуди фактот што се тие дел од постулатите во голем број документи, извештаи, рамки кои Унијата ги изготвува. Како што во секој извештај на Европската комисија, секоја земја се оценува и по напредокот кој го остварува во добрососедските односи, исто така, повторно секоја земја која преговара, во преговарачката рамка има посебен дел каде на различен начин се спомнуваат добрососедските односи.Не во оваа рамка, туку во секоја предлог рамка која било кога сме ја добиле како драфт – и оние кои сме ги прифаќале како добри, и они кои сме ги отфрлале како несоодветни – секогаш стоеле и Договорот од Преспа со Грција, и Договорот за пријателство со Бугарија, како репери по кои ќе се следи дали земјата остварува опипливи резултати. Нема ништо различно и овојпат, и сѐ што се шири по ова прашање претставува лага. Нема дополнителни услови, нема дополнителни обврски, нема нови документи како Протоколи, туку само цитирање на Двата договори како што тоа отсекогаш било така.Трето е самиот почеток на преговорите и лагите дека се одложува стартот на преговорите, се одложува усвојувањето на рамката, сѐ се одложува за кога ќе се извршат промените во Уставот.А фактичката состојба е следна: Со усвојување на заклучоците, се усвојува и содржината на рамката, пред почетокот на преговорите и одржување на Првата меѓувладина седница – и тоа се случува сега и веднаш! Преговарачката рамка се дефинира сега, се усвојува сега – и тоа е завршен процес!По одржувањето на Првата меѓувладина седница, во полн капацитет го почнуваме процесот на скрининг, задолжителен процес кој го минуваат сите земји, и кој во просек трае една година. Нема одложување, нема застој, нема поместување, нема ништо – ги почнуваме преговорите онака како што сите претходно тоа го правеле, исто како што тоа ќе го направи и Албанија.Тоа е сосема доволен период ние да ги завршиме и нашите уставни промени, обврски кои секако ги преземаме. Ако сме искрени дека немаме проблем да ги внесеме Хрватите, Бугарите и Црногорците како прифатени етнички заедници во земјава, тогаш не треба тоа да го одложуваме до бескрај. Имаме доволно време во овој период да си ги завршиме обврските и потоа, онака како што е предвидено за секоја земја, по завршувањето на скринигот да почнеме со отворање на кластерите и поглавјата.

Македонија | пред 3 години

bujar-osmani-696x396

Османи го крие Протоколот затоа што предвидува учебниците да се пишуваат во Бугарија, вели Левица

Министерот Бујар Османи неколку дена одбива да го објави Протоколот со Бугарија, иако претходно изјави дека е спремен веднаш, штом Владата го одобри предлогот, да организира средба со бугарската страна и да го потпише, вели Левица.„Токму во Протоколот се содржани сите елементи преку кои Бугарија ќе ја ревидира историјата, учебниците и јазикот на Македонија Иако власта упорно манипулира дека Протоколот не е дел од преговарачката рамка, во ниту еден документ нема гаранции дека Бугарија нема да ја блокира Македонија на патот кон ЕУ, доколку не се спроведат барањата од Протоколот.Напротив, во преговарачката рамка стои дека напредокот на преговорите ќе зависи од „годишните прегледи и мерки за ефективното спроведување на членот 12 од Договорот за добрососедство” - што директно алудира на спорниот Протокол.Од тоа што го објавија бугарските медиуми, овој Протокол предвидува Македонија да ѝ достави на Бугарија копии од сите методолошки упатства, учебници, наставни средства и други релевантни наставни материјали - со што директно историјата и учебниците ќе бидат пишувани по желба на бугарските врховисти.Дополнително, Владата се обврзува до почетокот на учебната 2023-2024 година да ја промени содржината на учебникот по географија за VII одделение, како и нови книги, документарни и списанија, филмови и други уметнички дела, културни споменици и прослави (кои се државно финансирани) да се спроведуваат во духот на Договорот за пријателство.Налудничавите барања во Протоколот, кои Османи нема проблем да ги потпише, одат дотаму да субјектот финансиран од државата, со обврзувачка изјава ќе потврди дека ќе посвети внимание за неприфаќање на сите форми на говор на омраза и непочитувањето на оваа обврска ќе биде основа за суспензија на доделеното државно финансирање.Дали ова значи дека Владата е спремна да го забрани и филнот Трето Полувреме, како и сите културни материјали кои сведочат за репресијата на бугарските фашисти?Ниту Бугарија, ниту ЕУ, има право да наметнува обврски за говор на омраза кон Македонија, се додека бугарски пратеници држат говори дека Македонија е бугарска.Протоколот ќе биде последниот чекор кон реализација на големобугарската идеја и затоа истиот Османи го крие. Го повикуваме македонскиот народ повторно вечер да го искажи својот револт против бугаризацијата на Македонија!СЕКОЈ ДЕН ВО СЕДУМ - ДО КРАЈ“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

bujar-osmani

„Моравме да го одбиеме францускиот предлог“, вели Османи

Фала Франција, но предлогот моравме да го одбиеме, вака министерот за надворешни работи напиша на Фејсбук. Во продолжение во целост го пренесуваме неговиот став:Два збора стојат помеѓу успехот и неуспехот на европската унија во регионот. Зборот „протокол“ во рамката, како парадигма на историските прашања, и зборот „отворање“ во параграф шест од заклучоците на советот. И двата збора не се во францускиот предлог како финални решенија туку се ставени (дел од нив и во заграда) како прашања за кои не може да се постигне согласност поради позицијата на Република Бугарија.Усвојувањето денес на резолуцијата во Бугарскиот Парламент, во која се потенцираат токму овие две прашања ќе го блокира долгорочно европскиот процес, и воедно ќе ги парализира инструментите од договорот за пријателство на долг рок.Француското претседателство беше многу внимателно при срочувањето на текстот внимавајќи на сензитивностите на двете страни и затоа прашањата кои не беа прифатливи за нас ги стави како недефинирани предлози (во заграда) за да потенцира дека тие се прашања кои не се решени. Оттука ние само можеме да се заблагодариме на француското претседателство но моравме да го одбиеме нивниот предлог во ваква форма, токму поради деловите во него за кои Бугарската страна без никаква аргументација не покажа разбирање.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Димовски со отворено писмо до Османи: Замисли да мора да прифатиш и потпишеш дека Енвер Хоџа ја создал албанската нација на вештачки начин

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи објави отворено писмо до министерот за надворешни работи Бујар Османи.Писмото ви го пренесуваме во целостОтворено писмо до Бујар Османи...Bujar Osmaniги следам твоите настапи и одлучив да ти се обратам лично, не како на министер, туку како Илија на Бујар.Во минатото сме разговарале многу пати, знам дека нема да ме разбереш единствено само ако немаш желба да ме разбереш.Ве познавам лично и тебе и повеќето твои соработници од ДУИ и знам дека не можете воопшто да кажете дека не ги разбирате процесите, барем не на мене, но дозволи искрено и директно и заради тебе и заради јавноста да разговараме со суштински, а не со површни маркетиншки флоскули и аргументи.Дозволи низ еден пластичен пример на аналогија да ти објаснам какви се овие времиња за Македонците.Ќе употребам примери со Албанците како народ и нација, не за да навредам или се согласам со тие примери, туку да ти покажам и тебе и на твоите колеги што е тоа што се обидувате, заедно со СДСМ, да го покажете како нормално, а не е.Замисли Бујар некој да ти предложи и да те пристиска, а ти, уште повеќе, да потпишеш и прифатиш дека:Прво, Албанците во Македонија не се ист народ со Албанците во Албанија, исто како што во "Преспа" пишува дека Македонците од Македонија и Македонците од Грција немаат ништо заедничко и не се исти.Второ, замисли да мора да прифатиш и потпишеш дека Енвер Хоџа ја создал албанската нација на вештачки начин, онака како што бугарското Собрание со својата Декларација од 2019 година тврди за Тито и Македонците.Трето, еве помисли Бујар, како би ти било да треба да потпишеш и прифатиш дека Албанците во Македонија не смеат да го користат албанското знаме исто онака како што со Времената спогодба, а потоа и со "Преспа" забранувате и брусите онаму каде што има македонско шеснаесеткрако сонце.Четврто, би можел ли да замислиш ситуација во која ти или некој колега од ДУИ мора да прифати и потпише дека Ѓерг Кастриот е Србин, а Хасан Приштина е Турчин, како што нам Македонците ни се случува секојдневно благодарение на промашената политика на оваа Влада, те за Гоце Делчев, те за десетици други борци за слобода на Македонија.Петто, би се согласил ли Бујар да ставиш во меѓународен правен договор дека Албанците немаат никакво илирско потекло ниту културолошко наследство од Илирите и дека на пример Илирите се Словени, а не Албанци,исто онака како што со Преспа прифативте дека ние Македонците немам никакво македонско потекло и дека Македонците биле Грци (види "Преспа", член 7).Шесто, како би ти било да правиш "мали" компромиси за албанската нација и историја со оние што секојдневно и со години наназад тврдат дека албанската нација е вештачка и создадена со албанизирање на Турци, Словени, Власи и Роми исто онака како што секојдневно преговарате "мали" компромиси за историјата со оние кои имаат ваков однос и тврдење кон нас Македонците.Еве вака изгледаат работите низ призмата на Македонците, доколку сакаш да погледнеш и знаеш.Ова што го напишав не го посакувам на никому, ама не сакам ниту да дозволам некој да ме убедува дека ова што им се случува на Македонците е базирано на нормални европски вредности, затоа што не е.Застани и размисли.Затоа Бујар, Албанците во Македонија во овој случај мора да останат рамо до рамо со нас Македонците, затоа што ние Македонците сме најмал народ на Балканот, но Албанците се втор, а сите околу нас исто или слично се однесувале во историјата и кон нас и кон вас.На еден ден престани да бидеш политичар и ќе разбереш колку многу грешиш.Застани.Се надевам дека ќе ме разбереш во добра намера и дека ќе размислиш длабоко за твоите постапки и чекори.Застанете.Прифаќањето на францускиот предлог е навреда за Македонците,но и ќе го одложи, а никако нема да го забрза евроинтегративниот процес.Ако вашата Влада со СДСМ го прифати овој предлог ќе не навредите нас Македонците, но и ќе ја запечати секогаш шансата на Македонија да стане членка на Европската Унија.Поздрав, Илија

Македонија | пред 3 години

osmani

„Османи да признае дека Бугарите ќе влезат во Уставот како конститутивен народ“, вели Левица

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, упорно крие од јавноста кое е вистинското барање на Бугарија за Уставот. Како што откри Пендаровски, барањето на официјална Бугарија е Бугарите да влезат во нормативниот дел на Уставот, а не во Преабмулата, вели Левица„Моментално, во нормативниот дел на Уставот наведени се само македонскиот народ, Македонците кои живеат надвор од границите на државата, МПЦ и Исламската верска заедница. Ниту една друга етничка заедница не влегува во нормативниот дел на Уставот, затоа што единствено македонскиот народ е конституент на македонската држава.Со барањето на Бугарија, де факто ќе се оствари големобугарската идеја дека покрај Македонците, и Бугарите се конститутивен народ на македонската држава! Ќе се остварат децениските шовинистички идеи на бугарскиот двор, дека Бугарија ја формирала македонската држава и ова ќе биде последниот удар на македонската државотворност.Дека Османи целосно работи против интересите на Македонија, потврдува вчерашната негова изјава дека влезот на Бугарите во Уставот претставува успех, затоа што се прави дистинкција меѓу македонскиот и бугарскиот народ.Ова е опасна манипулација со македонскиот народ, кога и Пендаровски потврди дека Бугарија бара влез на Бугарите во нормативниот дел на Уставот.Скандалозно е однесувањето на претседателот Пендаровски, кој го прифати старо-новиот предлог, во кој стои дека нема почеток на преговори без отворање на Уставот.Ја алармираме целата македонска јавност на опасноста и фаталноста на овој предлог, погубен за македонската држава.Потребно е како никогаш досега, македонскиот народ да се обедини против квинслинзите на власт, кои во целост ја спроведуваат големобугарската идеја.Отпорот мора да започне, уште вечерва пред Влада“, се вели во објавата.

Македонија | пред 3 години

dimitrov-i-osmani

Димитров му врати на Османи: Манипулирате

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров му одоговри на неговиот наследник Бујар Османи кој тврди дека Димитров потпишал протокол кој сега го нема во архивите на МНР.-Навистина? Ама дали навистина?На сите изнесени грижи и прашања, не само од мене, туку од целата домашна јавност, вие повторно со бгнес спинувања?Чија пропаганда терате?Мафтате со протокол потпишан во јуни 2019 кога НЕМА вето, туку црно на бело потврда на бугарската ПОДДРШКА на нашите евроинтеграции напишана во истиот документ.Дали го разбирате воопшто контекстот и разликата што ова ја прави? Во тоа време, протоколот беше навистина билатерален, а се работеше без уцена, одговара Димитров.Во однос на тврдењето на Османи дека во тој протокол Димитров го прифатил бугарското гледиште на Илинденското востани, Димитров вели дека тоа е не е точно.-Притоа, манипулирате за клучни делови од тој протокол, повторувајќи бугарска теза што очигледно ви е блиска: дека наводно сме преземале ОБВРСКА историчарите да ги надминат најделикатните теми во одреден рок, игнорирајќи ја клучната кованица во текстот – НАСТОЈУВАЊЕ да се постигнат реални резултати. Како што добро знаете, политиката може да охрабрува, да настојува, да прави добра атмосфера (како што тогаш имало), но не може и не смее да обврзе или да наметне решение врз комисијата за историски прашања.Повеќето од членовите на комисијата се истите луѓе, слободно јавноста нека ги праша дали во мое време биле обврзани или притиснати за било што. Во тоа време тие навистина настојуваа да дојдат до резултати, се’ додека бугарската страна не почна да го минира процесот.Понатаму, во македонската верзија на документот се разбира Илинденското востание е Илинденско востание и никако поинаку. Интересно што полесно сте нашле некоја бугарска верзија, отколку македонската. Мојот кабинет целиот фајл за прашањето со Бугарија го предаде на вашите луѓе. Зошто токму денес ви се губат документи од архива можеме да претпоставиме. Во мое време, архивата на кабинетот и на министерството беше педантно водена, пишува Османи.

Македонија | пред 3 години

osmani

„Димитров потпишал дека Илинденското востание е 'Илинден Преображение – востание'“, вели Османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вчера објави документ за кој вели дека недостасува во архивите на МНР, а всушност е Протокол кој го потпишал неговиот претходник, Никола Димитров.Османи вели дека досега имаме потпишан само еден Протокол, овој од Димитров, во кој има неколку јасни обврски за кои само сме се обврзале, но и не сме ги реализирале.-Првата е дека го прифаќаме бугарското гледиште кон Илинденското востание, прифаќајќи ја номенклатурата “Илинден Преображение – востание”, создавајќи со тоа рамка во која Комисијата се очекува да делува, што, пак, создава тешкотии во нивната работа, но воедно и веќе создала преседан во односите со Република Бугарија, дека историските прашања може да ги решаваме политички, наместо да ѝ ги оставиме на Комисијата. Второ, потпишувајќи го единствениот Протокол, мојот претходник ја обврзал и Комисијата, но и земјата, пред целиот свет, дека имаат краток рок до крајот на 2019 година, да најдат решение за Гоце Делчев и востанието, сега веќе и дефинирано согласно бугарската позиција како “Илинден Преображение”. Не сметам дека имал лоши намери тогаш, но нема да го премолчам неговиот обид сега да се “пенави” на нашиот обид да направиме пристоен Протокол, во кој нема да се обврземе за содржината, туку за принципите на нашата работа, претставувајќи нѐ сега нас како предавници на неговиот потпис, пишува Османи.Тој вели дека ќе продолжат со работата без разлика колкава хистерија ќе создаде неговиот претходник.-Ќе обезбедиме пристојно решение со Република Бугарија, но и европска иднина за земјата.П. С. Овој документ кој сега го презентирам, во неговата физичка форма недостасува во МНР, очекувано е кој си го земал пред да си отиде и со какви намери, тврди Османи.

Македонија | пред 3 години

osmani

„Преку фрлање дрва и камења по Албанците како да се непријатели на оваа држава, се прави обид да се направи етнички јаз“, вели Османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи реагираше на изјавата на Александар Николоски и смета дека неговите тези сакаат да создадат етнички јаз по стратешките прашања.Османи порача дека ова е обид да се ослабне позицијата на државата и така да се обезбеди политичка предност за опозицијата.„Обично се обидувам да ги игнорирам ваквите напади, особено кога тие се на теми кои претставуваа стратешки интерес за сите граѓани, вклучувајќи ги и гласачите на опозицијата.Но...., но....Понекогаш, како што во неколку наврати тоа го прави г-нот Николовски, не само што се преминуваат црвените линии на пристојност, туку без трунка одговорност, онака лежерно и волунатаристички, се напаѓа севкупната државна позиција и успехот на целиот политички спектар да се обедини околу стратешките прашања.Буквално сите граѓани, без разлика дали се Македонци, Албанци, Роми, Турци, Срби, Власи или Бошњаци, буквално сите граѓани се обединети во одбрана и на државните интереси, и на националните интереси на нашите сограѓани Македонци. Еден од клучните темели на кои се потпира нашата цврстина и во преговорите со Бугарија, но и во претставувањето на нашите позиции во ЕУ и меѓу земјите – членки, е токму обединетоста на целиот политички, етнички, културен и општествен спектар во земјава.Јас сум свесен дека борбата за политички поени е цврста и непријатна, ние сме сите политичари и се бориме да ги освоиме симпатиите на своите гласачи; но да си дозволиш да го нападнеш, и да се обидеш да го загрозиш клучниот државен столб на кој се потпира цврстината на нашите позиции, тоа не говори само за неодговорност, туку за еден вид патологија во чија суштина лежи длабоко вкоренета албанофобија.Колку ли само треба да си алчен, и да не си ја ниту почитуваш ниту сакаш државата, за да ја нападнеш нејзината суштинска придобивка – успешната мултиетничка обединетост по стратешките интереси?Јасна е намерата на овие тези кои се надевам не се позиции на ВМРО ДПМНЕ. Преку фрлање дрва и камења по Албанците како да се непријатели на оваа држава, се прави обид да се направи етнички јаз по стратешките прашања, да се направи раздор по етничка линија, со цел да се ослабне позицијата на државата и со тоа да се обезбеди политичка предност за опозицијата.Наша задача е тоа да го покажеме, јасно и гласно да го посочиме, и со тоа да ги осуетиме. Да ве уверам дека нема да успеат: ќе ги зачуваме националните интереси на нашите сограѓани Македонци, ќе ги зачуваме и македонскиот јазик и посебноста на македонската култура и пристојноста, а воедно и ќе ѝ обезбедиме европска иднина на земјава и на сите нејзини граѓани“, напиша Османи.

Македонија | пред 3 години

20190715204907

„Макрон згрешил“, Османи ја правдаше употребата на „северномакедонци“

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, чија земја претседава со ЕУ до крајот на месецов, се надева дека сѐ уште е можен договор меѓу Скопје и Софија за преговарачката рамка, јави дописничката на МИА од Брисел нагласувајќи дека Макрон го употребил изразот „Северномакедонци“. На ова имаше реакции од јавноста која е децидна дека таква нација не постои. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кажа дека искомуницирале со Амбасадата на Франција во Македонија.„Комунициравме со француската амбасада. И вчера бевме цел ден со неговата делегација. Нема никакви дилеми дека тоа е ненамерна погрешна формулација. Претседателот Макрон нема дилема по однос на идентитетот и прашањата кои овде се дефинирани но и во Обединетите нации и ЕУ.Претходно, Макрон рече: „Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања и е компатибилен со тоа што Северна Македонија може да го направи, потребно е видливост и доверба, во следните часови ќе има гласање на бугарскиот Парламент, ќе гледаме кон бугарскиот претседател и партиите од сегашното мнозинство, опозициските партии“, и додаде дека со „северномакедонците“ во следните часови ќе разгледува начин да се склучи договорот, за до идната недела да помине на амбасадорско ниво и да се деблокира процесот.

Македонија | пред 3 години

bujar-osmani-696x396

Османи не знае што е изгласано во Бугарија за кревање на ветото, Македонија има став но не се знае дали ќе влијае

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи не знае која е финалната верзија која е усвоена во бугарскиот парламент за кревање на ветото со услови од францускиот предлог. Ставот на Македонија е историските прашања, промената на Уставот и македонскиот јазикот да не бидат дел од преговарачката рамка, но дали истиот ќе влијае – не е познато.„Прво треба да видиме што текст има изгласано Бугарија и што француското претседателство ќе достави како конечен предлог. Верзијата која беше доставена беше работна, бидејќи одредени прашања за кои не сме усогласени останаа во загради. Така што допрва треба да видиме која е бугарската позиција и што француското претседателство кога ќе види наша и бугарска позиција, како ќе пристапат во овој процес. Ќе бидеме во комуникација со нив за да видиме што ќе биде“, кажа Османи.Тој додаде: „Ќе видиме каква резолуција донел бугарскиот парламент, па што ќе одлучи француското претседателство“.

Македонија | пред 3 години

dimitar-kovachevski-bujar-osmani-960x640-1

„Ковачевски и Османи се двајцата актери на кои им се случи најголемиот дипломатски дебакл“, вели Милошоски

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека Ковачевски и Османи се актери на кои им се случи најголемиот дипломатски дебакл.„Премиерот Ковачевски и министерот Османи се двајцата актери на кои им се случи најголемиот дипломатски дебакл, после оној со Лисабонската декларација.Македонија доби непринципиелен и понижувачки предлог за преговарачка рамка, преполн со наметнати билатерални прашања и со поглед во минатото.Факт е дека во обликувањето на овој документ активно учествувале и Ковачевски и Османи, иако тоа го криеа од јавноста. Затоа нема потреба ниту од два збора, ниту има потреба од правдање со загради. Еден збор е доволен. Оставка“, вели Милошоски

Македонија | пред 3 години

24062021_PVRSM_Zaev_od-Sobranie_2

(ФОТО) Се бара итна дискусија за барањата од Бугарија веќе утре, затоа што задутре можело да биде предоцна

Пратеникот Антонио Милошоски бара од министерот за надворешни работи Бујар Османи да му ги достави протоколот и преговарачката рамка поврзани со барањата од Бугарија. Тој бара истите во текот на денешниот ден да бидат доставени до него.„По доставувањето на овие два битни документи, утре би одржале седница на Комисијата за надворешна политика бидејќи задутре кога се одржува седница на Советот на ЕУ може да биде и предоцна. Седницата на комисијата заради големиот интерес предлагам да биде отворена за јавноста. Вие имате право да побарате истата да има и затворен карактер. Право е на Бугарија да си одлучи и дискутира на темата Македонија во нивното Собрание, но за Владата и за Собранието во Македонија ваквата расправа во претставничкиот дом на граѓаните е уставна и морална обврска, бидејќи се работи за нашата држава“, им напиша Милошоски во барањето.

Македонија | пред 3 години

26032020_VRSM_Osmani_pres1

Османи: Кога се зборува за интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ, вистинскиот термин би бил заокружување на Унијата, а не проширување

Министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше воведно обраќање на министерската сесија насловена „Заедничко градење на отпорна европска безбедност”, во рамки на Преспа форумот за дијалог, кој денеска и утре се одржува во Охрид.На сесијата, како специјален гостин, се обрати генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, а во дискусијата учествуваа министрите за надворешни работи на Светата Престол, надбискупот Пол Ричард Галагер, на Полска, Збигнев Рау и на Косово, Доника Гервала Шварц, заменик-министри за надворешни работи на Албанија, БиХ и Малта, Меги Фино, Јосип Бркиќ и Кристофер Кутајар, како и директорката за Европа на Европската служба за надворешни работи при Европсакта комисија, Ангелина Ајхорст, а онлајн обраќање имаше заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана.Во фокусот на дискусиите беа нарушената европска безбедносна архитектура во променливото геополитичко опкружување; справувањетo со глобалните и регионалните безбедносни предизвици и најновите безбедносни ризици со кои се соочува Европа денес, како и улогата на ЕУ, ОБСЕ и НАТО во одржувањето на меѓународниот мир.Зборувајќи за новата геополитичка реалност која ја тестира отпорноста на европската архитектура, Османи рече:„Одбраната на Украина не е прашање само на опстојување на националниот суверенитет и територијален интегритет – историски, двата фундаментални принципи на демократското владеење – туку во крајна линија станува збор за одбрана на Европа од мешање и империјален нагон на трети актери со цел целосно распаѓање на државата. Оттука, зачувувањето на независноста на Украина не е фундаментално само за самите Украинци, туку и за секој друг Европеец. На геостратешко ниво, слободна, независна, успешна и европска Украина, подеднакво би помогнала Европа безбедносно да се консолидира.“Министерот Османи се осврна и на иднината на Западниот Балкан, која инхерентно е поврзана со Европа, европските и евро-атлантските структури:„Да ја повторам клучната порака од минатогодишниот форум, а тоа е дека Западниот Балкан и географски и политички и културно е дел од Европа, и оттука нема дилема дека неговата иднина е во европските и евро-атлантските сојузи. Само еден краток поглед на географската карта јасно покажува дека Балканот не е на периферијата туку во срцето на Европа, опкружен од сите страни со земји членки на Унијата. Овој регион нема други граници, туку само граници кон ЕУ и оттука, кога се зборува за интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ, вистинскиот термин би бил заокружување на Унијата, а не проширување. И ова не е само политичка, туку и геостратешка констатација. Лоцирани на југоисточниот дел од Европа, Западниот Балкан од секаков можен аспект претставува југоисточна порта на Европа. Кога се зборува за енергетска диверзификација, неминовно се размислува за југоисточните коридори на енергетско поврзување; кога се осврнуваме на предизвиците на миграцијата, неминовно на дневен ред доаѓаат балканските рути на движење; кога го имаме на ум поврзувањето со Централна Азија, со Африка – единствениот пат проаѓа низ овој регион. Оттука, стабилен, просперитетен и интегриран Западен Балкан претставува геополитичка инвестиција за безбеден, стабилен и просперитетен континент.“

Македонија | пред 3 години

bujar-osmani

Османи останува оптимист за преговорите со ЕУ: Има доволно денови

Бујар Османи смета дека има доволно време за Бугарија да го откочи патот на Македонија за почеток на преговорите со Европската Унија. Тој кажа дека разговорите со соседот можат веднаш да продолжат, но тие треба да дадат знак. Одговорноста, според Османи, е кај Европската Унија, а не кај Македонија.„Доколку се има политичка волја, има доволна основа да се постигне договор. Ние имаме волја, спремни сме веднаш да продолжиме со разговорите. Чекаме друга страна да имаме за да продолжиме со тие разговори. Ние не одбројуваме денови, туку ЕУ, за тоа каква порака ќе прати на граѓаните на Западен Балкан. Од нас не се очекува да донесеме одлука. Сметам дека има доволно денови и основа доколку се има политичка волја“, кажа Османи.За прашањето за Северна Македонија мора да одлучуваат само бугарските пратеници, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков пред почетокот на редовна владина седница, додавајќи дека Владата ќе расправа за одлука со која се предвидува за сите предлози од француското претседателство со Европскиот совет или од земја членка на ЕУ за темата со земјава да се расправа на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Бугарија.Софија е важно која порака ќе ја прати кон 18 милиони жители на Западен Балкан, смета Османи кој кажа дека веќе утре може да има договор меѓу двете држави.„Доколку не се успее да се постигне договор, тотално неважно е кои се различните ставови во процесот. Доколку се успее ќе се каже. Доколку не се успее можеме мемоари да пишуваме. Ние сме спремн

Македонија | пред 3 години

Dodik

Османи не го поканил Додик во Охрид

Српскиот политички лидер од БИХ, Милорад Додик, не доби согласност на неговото барање да присуствува на Форумот за дијалог - Преспа Форуморганизиран од Министерството за надворешни работи во Охрид од 16 до 18 јуни.Босна и Херцеговина најави присуство на Шефик Џаферовиќ, претседател на Претседателството и министерката за надворешни работи Бисера Турковиќ.На Форумот за дијалог во Преспа ќе присуствуваат високи европски и светски претставници, како што се Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет, Борут Пахор, претседателот на Словенија, Мирослав Лајчак (ЕУ), Стјуарт Пич (Велика Британија), Мануел Саразин (Германија) и Габриел Ескобар (Соединетите Американски Држави).Официјални лица го инфоирмирале политичкиот лидер на босанските Срби Милорад Додик дека не е добредојден на форумот во Преспа.„Стигна порака од главниот град на Северна Македонија: Извинете, не сте добредојдени“, пишува politicki.ba.

Македонија | пред 3 години

FTvtSoqXEAAWT2w

Османи на средба со Кулеба во Киев

Денеска, Министерот за надворешни работи Бујар Османи e во работна посета на Киев, каде ќе оствари средба со својот хомолот, Дмитро Кулеба и други високи државни претставници на Украина. Предвидено е министрите да разговараат за руската воена агресија и начините како меѓународната заедница, вклучително и Северна Македонија можат да помогнат.Во Киев Османи беше пречекан од амбасадорот на Република Северна Македонија, Крум Ефремов кој деновиве се врати во украинскиот главен град и заедно со останатите членови на дипломатската мисија продолжува да ја врши својата функција, соопштија од МНР.-Северна Македонија стои цврсто во поддршка на храбриот украински народ, напиша Османи на социјалните мрежи.

Македонија | пред 3 години

bujar-osmani-512

Османи: Ги ценам напорите на Фрација за почеток на пристапни преговори и членство во ЕУ

Остварена средба со висока делегација од француското МНР во состав: Сирил Дикемал, заменик директор на Директорат за ЕУ во МЕНР на Франција, Леонор Гим, советничка во Директорат за ЕУ, Силвен Гиоге, заменик директор на Директорат за Континентална Европа и Никола Фај, шеф на мисијата за Западен Балкан во Директорат за Континентална Европа.„Особено ги ценам напорите кои Франција ги вложува во насока на одблокирање на евроинтегративниот процес преку одржување на првите меѓувладини седници со Северна Македонија и Албанија, уште за време на француското претседателство со Советот на ЕУ. Почетокот на пристапните преговори и членството во ЕУ е геостратешка инвестиција за стабилност и просперитет за земјите од Западниот Балкан, но и за Европа, особено во актуелниот геополитички контекст“, вели Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Македонија | пред 3 години

osmani

Османи со сите сили ја брани Теута и ја претстави како жртва

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, тврди дека никогаш немало предлог поранешната градоначалничка Тута Арифи да биде амбасадор во Анкара.„Никогаш немало предлог за Теута Арифи да биде амбасадор во Анкара. Вчера беа објавувани информации без да се бара став од МНР. Немало размислување, предлог, ниту одбивање. Ниту предлог во Вашингтон. Немало формализиран предлог за во Брисел, имало само размислувања. Три дена се споменува име, места, дека се одбиени агремани, и покрај тоа што пуштивме соопштение, за второто не бев прашан, така да, да внимаваме, во однос на споменување на имиња. Јас не можам да коментирам имиња, но бидејќи беше спомената Арифи, да кажам дека немало таков предлог“, рече Османи.Тој посочи дека кога влегле во политиката, како политичари, биле свесни дека ќе бидат жртви на лажни вести.„Ве замолувам да внимаваме, затоа сум толку транспаретен, ние работиме со луѓе. Важно е кога луѓето ги ставаме на тапет без проверени информации“, кажа Османи.

Македонија | пред 3 години

248256573_508136460663027_2254212878446040908_n

Османи за центарот за култура „Ванчо Михајлов“: Ова е голема навреда за нашите граѓани и се смета за провокација

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, во интервју за бТВ одговори на прашањето зошто го смета за провокација отворањето на културниот центар во Битола „Ванчо Михајлов“.„Кога ќе влезете во центарот за култура, на главниот влез има голема табла со цитат од Ванчо Михајлов, на која пишува: „Залудни се напорите на таканаречениот македонски народ да го лаже светот“.Ова е голема навреда за нашите граѓани, ова е голема навреда за луѓето што ги застапувам. Ова кај нас се смета за провокација. Не верувам дека бугарските власти дојдоа поради оваа порака на Михаилов, која беше поставена на влезот од клубот. Но вака се толкуваа сите овие пораки што ги налутија граѓаните. И наша должност е да ги разјасниме овие прашања, отворено да си кажеме што е она што не провоцира, што не лути, за да можеме во отворен дијалог да ја создадеме нашата заедничка иднина“, вели Османи.На прашањето дали му пречи само името на центарот и конкретното лице или составот на бугарската делегација, тој вели дека доколку клубот не го носел тоа име, целата влада би присуствувала на настанот„И јас во мојата изјава кажав дека доколку клубот не го носеше ова име ние ќе бевме дел од оваа делегација во Битола. Целата наша влада би била таму, бидејќи ја поздравуваме и сакаме да ја поттикнеме бугарската заедница да се организира, сакаме бугарската заедница да се интегрира во институциите, системите и механизмите создадени преку рамковниот договор. Но, мора да внимаваме на чувствителноста на двајцата, особено во овој период на доверба. Сакаме да ја вратиме довербата еден во друг. Секако дека ваквите прашања ќе ни бидат се помалку важни, бидејќи ќе бидеме фокусирани на иднината, на заедничката европска перспектива за граѓаните на двете земји. Но, ова е деликатен период во кој и вие и ние мора да бидеме внимателни за да ја создадеме нашата заедничка иднина“, додаде Османи.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања