Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПРЕТРЕС

Screenshot-2025-05-28-at-22.01.03

(Видео) Пандов се пофали дека чуда направил но признава-осудените од Диво насеље се газди во одделенијата

Александар Пандов, директор на Управата за извршување санкции во Претрес со Ландов рече не се памети дека некој пред тој да дојде за директор влегол да направи претрес кај осудените во Диво насеље.„Јас чуда направив откако дојдов за директор. Осудените од Диво насеље се сигурно газди во оделенијата каде што се. Каде да ги однесам? Дома?”, праша Пандов.Ние за жал вели, имаме таков систем каде затворениците не можеш да ги изолираш еден од друг.

Македонија | пред 10 месеци

tamnel1

ВО ЖИВО: Кој командува зад решетките – управата или мафија? Претрес за кучката Цеца, крими бандите кои подготвуваа убиства, групата Диво Насеље и државата што „капитулира“

Што се случува зад ѕидовите на затворите? Дали навистина Идризово го водат осудениците од Диво Насеље? Зошто се влечка истрагата за „кучката Цеца“? Дали системот е немоќен пред Жан Железарски и Диво Насеље?📌 Отворено за митото, криминалните групи, запалени куќи, имоти, крипто кралеви, па и – за семејството. За нарачките на убиства...ВО ЖИВО: https://youtube.com/live/b75Ac9rzC1g?feature=share

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-05-22-at-10.14.49

(Видео) Крмов: Ако ние од Левица дадеме оставки, само ВМРО-ДПМНЕ ќе добие

Борислав Крмов, пратеник од Левица во „Претрес со Ландов“ рече дека Левица не ја злоупотреби болката на родителите на загинатите деца во Пулс во Кочани.„Тоа го велат оние кои не се појавуваат пред нив.Родителите на загинатите деца нѐ повикаа. Да не излезевме ние, немаше да има средба со министерот Тошковски. Разговаравме кој е виновен. Обвинет од актуелната власт е само доскорешниот градоначалник Љупчо Папазов. Истрага има само за поранешни функционери. Тенденциозно е што само Бектеши долго се држеше во притвор”, рече Крмов, кој има забелешка зошто не се опфатени актуелни началници.За прашањето на родителите што работат и барањето да дадат оставки, Крмов рече:„Ние ако дадеме оставки ќе добие само ВМРО- ДПМНЕ. Земаме плата како единствена партија која го претставува народот”.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-05-22-at-07.29.42

(Видео) Крмов: Левица нема да го поддржи Славески за гувернер, нема политички сенс

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов е гостин вечерва во Претрес со Ландов. За инцидентот во Собрание кога го скрши компјутерот на претседавачката маса рече дека тоа е видено во демократските земји и тоа било оправдано. Штетата уште не ја платиле.„Собранието не треба да биде циркуз, но проблемите доаѓаат од власта. Талат Џафери во корпа ми фрли 4.500 амандмани за новиот Деловник. Ние не пипнавме никого”, рече Крмов, кој не исклучи можност за порадикални мерки бидејќи има право да се брани.„Неколку месеци навреди трпиме од Петар Ристевски од ВМРО-ДПМНЕ. Жена и деца се споменуваат. Го игнориравме досега, но секој има право да си го брани достоинството. Не може ние да се извинуваме кога некој не пцуе”, рече Крмов.За Трајко Славески рече дека Левица нема да го подржи за нов гувернер. Потсети на изјава на Славевски пред неколку години кој за 9.000 минимална плата рекол дека тоа е пазарот.„Нема политички сенс“, смета Крмов.

Македонија | пред 10 месеци

krmov-tamnel

(ВО ЖИВО) Крмов на жешко столче во Претрес: го злоупотребија ли Кочани, бунт за вниамние или борба за систем?

Вечерва во новото издание на подкастот „Претрес со Ландов“ гостува пратеникот од Левица, Борислав Крмов.Во епизодата ќе се отворат прашања кои партијата упорно ги избегнува:– Дали Левица има реален план или само настапи за YouTube кликови?– Дали ја злоупотребија болката на семејства за политичка промоција и ги подгорува тензиите?– Што направија со пратеничките мандати освен кавгите во Собрание?– Кој точно е „виновен“ што никој не сака да соработува со нив?Дали политика  се води со гнев и пароли?Очекувајте одговори на многу прашања.Следете во живо:

Македонија | пред 10 месеци

zena

(Видео) Шамарите од институциите врз жените жртви на насилство

Сето ова се случува пред наши очи. Сите сакаме функциониали институции, а имаме „ај не сега, ај ќе биде, ај дојди утре“ институции. Но некогаш - тоа утре може да не дојде. Затоа го направивме овој претрес и со Костовска, која е социјална работничка.„Од насилникот им е веќе начин на живот кој веќе го имаат прифатено, но кога ќе се одлучат да потегнат нешто, а институциите нема да реагираат, тоа е моментот кога се случува фаталниот пресврт тие да се повлечат, па доаѓаме до ситуацијата како со Рамајана (убиената жена од Шутка)“, вели Ивана Костовска, социјална работничка.Жена жртва на насилство, и по седум пати се враќа кај насилникот.„Наше не е да ја осудиме оти ќе се врати, оти ова е круг на насилство од каде тешко се излегува. Може кога ќе и речам 'пак ќе се вратиш' ќе биде кобниот пат кога нејзиниот живот ќе заврши. Не смееме да ги осудуваме. Тоа е процес кој тие мора да го поминат, индивидуално е“, додаде таа.Институциите не ги сфаќаат сериозно жените кога еднаш ќе ја повлечат пријавата.„Им коментираат после тоа 'Еј пак ќе ја повлечеш пријавата', тие не се расположени пак да го заведуваат случајот, пак да земаат податоци. И така често во МВР ќе го заведат како поплака, ќе се одолговлечи и ќе дојдеме до фаталниот исход - фемицид“, посочи Костовска.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-05-15-at-09.35.57

(Видео) Потресно сведоштво на скопјанка мета на насилство - излегол на одмор од затвор ја затворил и тепал: Спремна сум на најлошото!

Потресна приказна на млада скопјанка, која била мета на насилство. Не е семејно, но е страшно. Според нејзиното сведоштво, нејзин долгогодишен семеен пријател, кој сакал да и биде повеќе од тоа, ја затворил во нејзиниот, па неговиот дом, по што ја тепал. Голготата, според сведочењето траела три дена. Едвај се спасила, бидејќи не можела да го напушти домот, а тој и го одзел и телефонот. Овој случај уште не е процесуиран до Обвинителството.„Бев затворена во мојот стан, па ме однесе во неговата куќа. Избувна целата ситуација откако кажав дека не сакам да имам љубовна врска со него. Јас не смеев да одам на работа. Кај него дома, додека он ме малтретира и тепа, јас се онесвестив...“, сведочи жената.Бидејќи лицето е осуденик, делото го извршил додека користел затворски привилегии. Тој е вратен зад решетки, но стравот дека ќе излезе и ќе ја убие - постои, сведочи таа. Истовремено, од зад решетки и испраќа закани. Во низа наврати е дојавувано до институциите, но ова, според жртвата, се уште не е спречено.„Не е едноставно некој да ти се закани дека ќе те убие. И да знаеш дека истиот тој лик е спремен на тоа и може тоа да го направи. Не е едноставно да живееш со мислата дека ќе излезеш и нема да се вратиш дома поради лик кој не е казнет. Заканите продолжуваат“, рече жртвата, додавајќи: „Јас сум спремна на најлошото кога ќе излезе од затвор, јас не се чувствувам безбедна.?t=1732

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-05-14-at-21.17.38

(Видео) „Претрес“ за стравот и болките на жртвите на семејно насилство: Убиената Рамајана од Шутка пријавувала, но залудно

Повод за вечерашниот Претрес со Ландов е трагичниот случај со Рамајана, жртва на семејно насилство, случај кој ја бранува јавноста.Операторката на СОС националната линија, Надире Селман, вели дека жените жртви на семејно насилство немаат сила и храброст да се јават и да ги пријават насилниците.Рамајана се обидувала да се јави во други невладини организации, но немала економска моќ да се справи или да го напушти насилникот кој ја убил пред нејзината 5 годишна ќерка.Во Претрес има и болни сведоштва на жените кои се нашле во вртлогот на насилство, како и искуства при работа со жртвите но и со насилници.Надире Селман, апелира сите жртви да се јават на Националната СОС линија за пријавување родово базирано насилство (141 700).

Македонија | пред 10 месеци

premiera-fb

(🔴Видео - премиера) Да не се заборави Кочани: сведоштва за болката, трагедијата, солидарноста и надежта за правда

Ова не е само потсетник на еден црн ден — ова е повик за солидарност, за помош и за одговорност. Да не дозволиме трагедијата да избледи во тишина. Кочани не смее да биде заборавен. „Претрес“ се сретна со семејството на загинатиот Андреј Стојанов, во нивниот дом. Нема утеха за неговите мајка и татко. Очекуваат одговорност, за ова да не се повтори. Не знаат како ќе продолжат понатаму.https://youtube.com/live/bK4eLaervFU?feature=shareАна Вучева, посетителка на „Пулс“ и дел од „Support Kocani“, раскажа за критичните моменти кобната ноќ. Обидите за спасување, реакциите, сѐ што следувало по пожарот. Заклучи дека „Кочани е херој во целина“, мислејќи на семејствата на загинатите, повредените, граѓаните.Љубомир Игнатов, кој има само 18 години и е посетител на „Пулс“ и е дел од „Support Kocani“, по 40 дена се врати на работа. Свежи му се сеќавањата. Раскажа како за момент се откажал од животот кога избувнал пожарот, па вели: „Среќен бев само што нема да горам“, по што го спасиле и извлекле надвор. Бил заглавен во стампедото.Мартин Розин-Сопков кој исто бил во „Пулс“, а е дел од „Support Kocani“, посочува дека навреме излегол, но без зборови останал кога полицијата одбила да однесе повредено лице во болница. Посочува дека до ранитеу утрински часови се обидувал да помогне со сите сили.Кобната вечер во „Пулс“ бил и Дарио Трифунов, исто така волонтер во „Support Kocani“. Откако излегол од дискотеката, со другар, тргнал да носат повредено лице во болница. Тоа што таму го затекнал на почетокот биле 2-3 пациенти. Но потоа почнал хоророт. Сведочи дека недостасувале медицински средства, а немало ниту ножички кои ги барале за да му исечат маица на повреден.Мајките на загинатите деца, на протестот, просведочија како корумпирани поединци во институциите, се уште се на работните места, наместо да се под дисциплински постапки. Велат дека корупцијата им ги убила децата.

Македонија | пред 10 месеци

tizer.00_00_21_13.Still001

(Видео-најава) Не ја вртете главата: Семејствата, другарите, медицинарите - Кочани град херој

„Претрес“ во недела во 21 часот за болката и барањето правда и помош за повредените. Кочани, градот херој апелира: не не заборавајте, не ја вртете главата од нас.

Македонија | пред 10 месеци

kesisov

(Видео) Кешишев му се восхитувал на Палевски на судењата, адвокатот сведочи: Имаше моменти кога ќе ми шепне дека е појак од обвинителите

Адвокатот Ефремов ексклузивно откри дека обвинетиот Влатко Кешишев на некое од судењата му се восхитувал на првообвинетиот Љупчо Палевски.Нечуенeни детали во “Претрес” за обвинетите за убиствата на Вања и Панче.

Македонија | пред 10 месеци

kesisev-2

(Видео) Адвокатот на Кешишев не очекува доживотен затвор за неговиот клиент

Адвокатот на еден од обвинетите за грозоморното убиство на Вања и Панче, во Претрес со Ландов вели дека не очекува најстрога казна за неговиот клиент Влатко Кешишев.„Не очекувам казна доживотен затвор за Кешишев, за него очекувам најблага казна”, вели адвокатот Игор Кешишев.Кешишев му кажал дека никогаш не било договарано убиство.Палевски му рекол дека луѓе му нуделе по 400.000 илјади евра за хард дискот со прислушкувани разговори.

Македонија | пред 10 месеци

palco-kesisev

(Видео) Адвокатот Ефремов: Кешишев Палчо како Тито го гледал

Адвокатот Игор Ефремов во Претрес со Ландов кажа дека еден од обвинетите за убиството на Вања и Панче, Влатко Кешишев му готвел на Палчо и имал поданички однос кон него. Сега вели дека се уште има восхит кон Палевски.„Кешишев го гледаше Палчо како Тито. Му верувале на Палевски, тој им велел дека има докази, ветувал дека името ќе го врати”, вели Ефремов.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-05-07-at-21.04.30

(Видео) Адвокатот на Кешишев: Низ солзи ми кажа дека се кае, ќе ја каже вистината и ќе одговара за стореното

Игор Ефремов, адвокат на обвинетиот Влатко Кешишев вечерва во Претрес со Ландов на директното прашање кој ги уби Вања и Панче рече дека најдобар одговор ќе даде обвинителството а конечниот збор го има судот„Судот ќе каже кој ги уби. Секој обвинет има право на своја одбрана, беа изнесени 197 докази. За тоа кој е вистинскиот директен извршител секој од 5 те обвинети лица има своја приказна за случајот.Јас го држам ставот на Кешишев. Нормално е премногу алиби да се изнесува од обвинетиот за да се оправда себеси”, рече Ефремов.Ефремов посочи дека има пропусти во постапката .„Кешишев цело време е со солзи во очи, на првата средба ми рече рече дека не е директен сведок на убиствата.Не се правдам, ми рече Кешишев, се каам, ќе ја кажам вистината и за стореното ќе одговорам. Така ми беше речено да направам”, рече бранителот на Кешишев.На полицајците кога дошле да го апсат Кешишев им рекол-конечно дојдовте долго ве чекав.

Македонија | пред 10 месеци

soobrakajka

(Видео) Шема преку која се избегнала одговорност за сообраќајка во Тетово: обвинет е ослободен оти не возел, но не е гонето лицето кое признало дека возело

Сообраќајниот инженер и судски вештак, Дејан Трпевски, посочува дека системот е трул до тој степен, што остава простор дел да „падне“ и при најмало „тресење“. Трпевски посочи и конкретен пример во правосудството, односно предмет кој се судел во Тетово.Обвинителството гонело лице за предизвикување на сообраќајна несреќа. Во текот на постапката, обвинетиот кажал дека тој не го управувал возилото, туку патник во автомобилот. Медицински вештак рекол дека тоа е точно, поради типот на повредите. Судот го ослободил обинетиот, но патникот никогаш не бил гонет.Тој раскажа многу вакви примери на селективност и неказвиност, а зборуваше и за низа сообраќајки во Македонија.Гледајте тука:

Македонија | пред 10 месеци

kazni-policija-policaec

(Видео) Кога МВР вика дека прави „акциска контрола“ тоа ми кажува „до сега не работевме, сега фативме да работиме“, вели вештакот Трпевски

Сообраќајниот инженер и судски вештак, Дејан Трпевски, посочува дека не смеат да постојат т.н. акциски контроли, бидејќи тоа испраќа порака дека до тој момент МВР ништо не работело, а со таа акција, почнуваат да работат. Тој упати низа оправдани критики, а по сообраќајките кои се случија изминатиот период, каде десетина граѓани ни загинаа.„По сообраќајката каде загина Фросина започнаа засилени контроли. Каде беше МВР до сега? Или слушаме многу пати порано на телевизија, сега тоа го нема, велат 'во акциска контрола на МВР викендов се уловени толку и толку'. Акциска контрола, пази молимте.  Што е работа на МВР? Да го конролира сообраќајот, 24/7, 365 дена во годината. Кога ќе ми кажете акциска контрола, тоа ми кажува мене дека до сега ништо не работевме, е сега ќе фатиме да работиме. Тоа не смее да се случи. Акциска контрола не смее да постои, 24/7 мора да биде акциска контрола. Кој е епилогот на таа контрола која сега е зголемена? Има по 246 за еден викенд без возачка дозвола, 246 потенцијални убијци, 246 потенцијални мртви луѓе“, вели Трпевски.Тој посочува дека е залудни се сите мерки, бидејќи ова што се случува не запира.„Затоа што последицата (казната) е многу мала.Инаку, заслилени контроли, МВР кажа дека имале и изминативе два дена. Казнети биле 1410 возачи.Бруталниот поткаст со Трпевски, кој објасни и за тоа како се лажираат записници, но и за многу проблеми во МВР:

Скопје | пред 11 месец

kazni

(Видео) Како судскиот вештак Трпевски куртули од казна, иако и сам барал да го казнат оти погрешил

Сообраќајниот инженер и судски вештак, Дејан Трпевски, низ личен пример објасни дека селективно се постапува при казнување на граѓаните, а полициски службеници се подготвени и да не пишат казна, за да заштитат колеги, како што тврди тој.Според него, тој бил застанат на улицата „Даме Груев“ кај полициската станица „Беко“. Чекал 2-3 минути, кога му дошол полицаец со барање да му даде документи, а потоа посегнал да му пише казна. Трпевски барал да види каде има знак, а додека утврдувал дека полицаецот е во право, приметил и други паркирани возила зад него. Но, според неговото сведочење, различно е тоа што во нив имало полициски елечиња - па тие стоеле паркирани на улица без да бидат санкционирани.Полицаецот за миг се откажнал од казнување, по јавување на претпоставен.Погледнете го поткастот за сообраќајните несреќи во Македонија, увидот, записниците, полицијата:

Македонија | пред 11 месец

alek-radulovic

(Видео) Сакам да заврши оваа голгота, во мир да тагувам, да не ја сретнувам, вели мајката на загинатиот Алек, која и по четири години од смртта чека пресуда

Мирјана Радуловиќ, мајката на Алек Радуловиќ, која и по четири години откако загина нејзиниот син бара правда. Таа посочува дека само сака да заврши голготата во судница и во мир да тагува. Посочува дека тоа го должат како родители на нивниот загинат син. Алек, загина во несреќа во скопската населба Илинден, кога автомобил му го пресекол патот, па се судриле и тука го загубил животот.„Јас единствено што сакам веќе да заврши оваа нашата голгота по судница. Јас сакам веќе да бидам оставена во мир да тагувам. Јас сакам ова што побрзо да се заврши. Да ги изгубам јас сите контакти со неjзе, да ја сретнувам. А казна за нејзе барам затоа што во најмала рака го заслужува тоа Алек, ама и ние како родители кои останавме додека сме живи да тагуваме по него. Па ќе кажам, ова е последно нешто што јас за мојот син можам да направам, да издејствувам правда. Едно е смртта и болката по детето, ама друго кога имаш ти веќе причинител за неговата смрт. Тогаш и гневот игра голема улога. Зборувам конкретно сега лично за себе. Можеби тој гнев немаше да биде толкав голем ако јас на 12-ти јануари не ги видев како се веселат. Ако јас два и пол месеци после тоа не ги читав по портали, не ги гледав по телевизија, на утрински, на зевземании и така натаму. Како ни е во тој момент? Значи немаше ни година (од смртта) на Алек, ние гледаме таа како ужива во својот живот“, вели Радуловиќ.Таа додава: Од Кривичен не излеговме. Каде ни е Aпелација, до каде ќе одиме, Врховен? Од каде знаеме дали нема пак да се вратиме назад, нели? Затоа што ние од ова судство јас веќе ништо не очекувам, оние два отсто не случајно се, како бројка ги слушаме постојано, нели, ај прашајте никој кој има верба веќе и во судството?“.

Македонија | пред 11 месец

soobrakajka

(Видео) Во увидните екипи се тезгароши, секоја сообраќајна несреќа е тезга, сведочи судскиот вештак Трпевски

Во увидните екипи на МВР се тезгароши, секоја сообраќајна несреќа е тезга. Ова го посочува сообраќајниот инженер и судски вештак, Дејан Трпевски. Тој посочува дека постојат повеќе примери низ кои може ова да се заклучи, а во поткастот „Претрес со Ландов“, кажа дел од нив.„Во делот на увидната екипа постојат луѓе што имаат таму тезга отворена и тезгарошат. Значи секоја сообраќајна несреќа им е тезга. Тоа е јавна тајна“, вели судскиот вештак, Дејан Трпевски.Тој објасни и низ конкретен пример.„Сега имав еден таков пример. Сообраќајна несреќа случена во септември минатата година, пред три дена го земаа полицискиот записник. Држено е во фиока. Зошто? На лице место е утврдено дека едниот бил под дејство на алкохол, сега во полицискиот записник никаде не фигурира дека е под дејство на алкохол. Дрегер - 0, извршено испитување во болница во толку и толку часот, резултат нема. Како може да нема? Кога ќе дојде некој во болница, обавезно се зема крв или урина за да се испита алкохол. Нема, затоа што некој од увидната екипа го штити тој под дејство на алкохол“, додаде Трпевски.Тој додава дека постојат повеќе вакви примери, како во дел на увидната екипа, така и судси примери.Проследете го поткастот каде се зборуваше за низа сообраќајни несреќи, како и за вештачењата и увидите кои се правени.https://youtube.com/live/NCtvoXUnxMM

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-23-at-21.57.41

(Во живо) Мајка на загинатиот 14 годишен Алек: Мртвите не зборуваат, ние бараме правда а не паричен надоместок

Мртвите не зборуваат, вели во поткастот „Претрес со Ландов“, мајката на загинатиот 14 годишен Алек.Таа се плаши дека четири годишното талкање низ судските лавиринти и одложените 21 судско рочиште се со цел нејзиниот загинат син да биде прогласен за виновен.,,Нема да дозволам да ми го сквернават загинатиот син.Не се предавам. Се обидоа секого да поткупат, мене не можат.Не бараме никаква парична оштета. Сакам само оваа голгота да заврши да можам да си го изжалам детето”, вели Мирјана Радуловиќ.Алек возејќи со мопед од Марино кон Миладиновци бил пресретнат од возило управувано од 32 годишна жена.,, Таа е ладна, без емоции. Нејзин лекар не убедуваше дека нејзиниот социјален живот бил загрозен. А на социјалните мрежи се гледаат фотографии од Дубаи, потоа како играле оро прославувајќи 100 ти роденден на дедото”, вели мајката на загинатиот Алек.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-23-at-21.23.38

(Во живо) Родителите на загинатиот 14 годишен Алек 4 години залудно талкаат низ судските лавиринти барајќи правда

Алек Радуловиќ пред четири години го загуби животот во сообраќајна несреќа. Мајката на починатиот 14 годишен Алек, Мирјана Радуловиќ, во Претрес со Ландов рече дека точно пред 4 години го загуби синот возејќи мопед од Марино кон Миладиновци. 32 годишна жена му го препречила патот.„Таа до ден денес не ни се приближи ниту извини. Нашиот живот тогаш згасна. Прв пат ја видов на првото рочиште. Алек беше дете кое секоја мајка би го посакала за син” вели Мирјана Радуловиќ.Алек вели од мал имал пасија кон мопедите и сам си го заработи.„Алек немал возачка дозвола и тоа е прекршок, но животот го загубил во сообраќајка во која е сторено кривично дело. Четири години семејството талка низ судските лавиринти барајќи правда. По втор пат не уби системот. Јас до пред месец дена молчев чекајќи правда”, вели мајката на загинатото 14 годишно дете.

Македонија | пред 11 месец

tamnel-23-april

(ВО ЖИВО) 🔴 Претрес: Четири години талкање по правда за синot; Судски вештак за најтешките сообраќајќи

Четири тешки години без синот, четири години низ судските лавиринти. Во Претрес ја слушате потресната приказна на Мирјана Радуловиќ која го загуби 14 годишниот син. Бара правда и одговорност.Како да се превенираат несреќите, кои се најтешките и нивните причинители - втор гостин е сообраќајниот инженер Дејан Трпевски.СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

Македонија | пред 11 месец

1-4

(Видео) Од продавачка до шефица на кабинет во МВР: ексначалникот Станковски за кадровските решенија на Спасовски

Директорот Митко Чавков започнува со реформите за уништување на МВР, но Оливер Спасовски го заврши уништувањето, рече во Претрес со Ландов, екс специјалецот Антонио Станковски. Спасовски, рече можеше да биде човек со голем интегритет ако министерството му беше отскочна даска за негово напредување.Станковски во Претрес посочи на неколку недозволиви унапредувања и поставувања од страна на Спасовски. Говореше за полицаец од Куманово кој бил унапреден во помошник министер. Продавачка назначена е за шефица на Кабинет на Спасовски, учителка во Тетово назначена е за помошник министер надлежен за финански.Чавков, рече, згреши што докажани кадри веднаш ги смени.

Македонија | пред 11 месец

gruevski-2-1

Станковски: На Мијалков му кажав дека е грешка вториот избор на Иванов, Груевски требаше да е претседател

Поранешниот специјалец Антонио Станковски во Претрес со Ландов рече дека сака шпиони, но не и кодоши.„Секоја држава има шпионски служби кои го помагаат функционирањето на безбедносните служби”, рече Станковски.Тој на Мијалков му кажал дека повторниот избор на Иванов е грешка, Груевски требал да е претседател.„Иванов по првиот мандат требаше да замине во пензија, а на негово место да дојде Груевски.Ако Груевски беше претседател повеќе ќе имаше време за размислување и да ја контролира државата”, рече Станковски.За Синиша Алексовски, кој беше и советник кај Иванов рече дека ги увеличува работите, а за себе правел приказна дека е недопирлив.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-16-at-21.32.32

(Видео) Поранешниот началник Станковски: Телефоните во системот работат, и не само за трагедијата во Кочани

Антонио Станковски, поранешен припадник на безбедносните органи, во продолжението на неговото гостување во Претрес со Ландов на прашање како системот се справи и како се случи трагедијата во Кочани, ги охрабри припадниците набезбедносните сили да се борат со системот.„Ако некој е над вас, вие не сте негов слуга.Рацете на полициецот се врзани. Кај нас телефонот работи, не само за Кочани. Затоа спротивставете се на секој претпоставен. Тоа ќе ве заштити ако го почитувате законот”, рече Станковски.Тој упати апел до политичарите да ги искористат професионалците во системот, бидејќи тие не се ставени на вистинско место.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања