Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПРЕТРЕС

strasevski-palevski

(Видео) Како Палевски ќе го исплати адвокатот Страшевски

Адвокатот Јовица Страшевски во „Претрес“ говореше зошто најрпво бил на став дека не сака да го брани Љупчи Палевски-Палчо, но и како обвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски го предомислил, па тој прифатил да му биде бранител. Страшевски беше дециден дека го брани Страшевски бидејќи смета дека нема вина, но истовремено, посочува дека очекува осудителна пресуда.Прашан, како ќе ги наплати адвокатските трошоци од Палевски, рече: „Ќе бидам исплатен, ама не како што треба да бидам“.Целиот поткаст погледнете го тука:https://youtube.com/live/VgO5UF9EzMo?feature=share

Македонија | пред 11 месец

palevski-zezovski

(Видео) Каде бил Палевски кога е убиен Жежовски: Тој тврди поправал котел, а газдата на котелот зборува друго

Едно од прашањата кои се наметнаа на судењата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беше локацијата на обвинетниот за време на настаните. Палевски во Обвинителство кажа дека на 22 ноември, денот кога е убиен Жежовски, бил да поправа котел кај негов пријател Ерол Шаќири. Обвинителството го најде пријателот Ерол Шаќири кој сведочеше и рече дека Палевски кај него бил на 28 ноември, односно ден по убиството на Вања Ѓорчевска. Беа презентирани и разговори помеѓу Палевски и сведокот, кои тие ги воделе на 28 ноември.За сите прашања поврзани со убиствата, за сите докази, оспорувани и неоспорувани, погледнете го поткастот каде гостин беше бранителот на Палевски, Јовица Страшевски.

Македонија | пред 11 месец

strasevski-palevski

(Видео) Адвокатот на Палевски: Пострашно е да браниш педофил, отколку убиство на дете

Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на Љупчо Палевски-Палчо кој е обвинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во „Претрес со Ландов“ вели дека за него е пострашно да се брани педофил отколку убиец на дете.„За мене ова е многу бизарно и просто прашање, затоа што јас сум адвокат на сите кои ги бранам или сум полномошник во таа постапка. Јас имам и за три-четири убиства.. Значи јас работам како адвокат, не ги делам странките на вакви или такви. Има мои колеги кои бранат педофили, што по мене е поопасна работа некое дете цел живот да има трауми, да браниш педофил, отколку да браниш убиство, за мене е пострашна работа. Детето да остане живо и да има трауми од педофил кој го нападнал...“, рече Страшевски.Прашан од водителот: „Педофилија е пострашно од убиство на дете“, адвокатот Страшевски одговори: „За мене да“.https://www.youtube.com/live/VgO5UF9EzMo?feature=shared

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-09-221933

(Видео) Страшевски: Ако има еден доказ дека Палевски ги убил Вања и Палчо ќе се повлечам и ќе и се извинам на јавноста

Кој го уби Панче Жежовски, на ова прашање во Претрес со Ландов, адвокатот на Палчо, Јовица Страшевски одговара дека не знае бидејќи не бил таму. То тврди според доказите дека Валибор Манев направил кривично дело со давање лажен исказ.„Многу пати сум го провоцирал Палевски, но тој ми тврди дека убиствата на Вања и Панче не ги извршил. Нема докази, вели Палевски и ќе се борам до крај за жена ми и ќерка ми и за фамилијата”, oдговори Страшевски кој вели дека не може вината да ја насочи кон никого.Палевски пак во писмо вели дека Велибор Манев убиецот.Страшевски вели дека е можно да имало недоразбирања меѓу Велибор и Палевски, но не е докажано дека пиштолот е на Боре Видевски, исчезната е ташничката со пиштолот на Видевски од Велес до Скопје. И пиштолот го нема.„Ако има еден доказ дека Палевски ги убил Вања и Панче, ќе се повлечам и ќе се извинам на јавноста“.

Македонија | пред 11 месец

strashevski-2

(Видео) Адвокатот на Палчо со контроверзни тврдења, не кажа како ќе биде исплатен за одбраната на Палчо

Јовица Страшевски, адвокатот на Љупчо Палевски Палчо, прво тврдеше дека про боно ќе го брани Палчо.Потоа тврдеше дека ако ја добие постапката ќе си наплати, но не кажа како и од што ќе биде исплатен, бидејќи повтори, Палчо е веќе осуден и пред да почне постапката.Нема да добие ни стан, ни кола ниту партијата Десна од Палчо, човекот обвинет за убиство на Вања и Панче.„Партијата Десна не ми треба, јас сум горд член на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Страшевски.

Македонија | пред 11 месец

strashevski-4

(Видео) Адвокатот на Палчо: Палевски нема капацитет и не ми изгледа како човек способен да го изврши убиството на Вања и Панче

Адвокатот Јовица Страшевски, адвокат на обвинетиот за убиствата на Вања и Панче, Љупчо Палевски Палчо, во Претрес со Ландов рече дека тој се нафатил да го брани Палчо иако на почетокот, како и многу адвокати одбил да го брани.„Јас сум адвокат и можам сите да ги застапувам. Во развиените држави најдобрите и најискусните адвокати се бранители во вакви случаи.Прифатив да го брана не заради материјална корист и немам стари долгови кон него. Палевски нема капацитет и не ми изгледа како човек способен да изврши вакво дело, како убиството на Вања и Панче.Нема ни еден доказ дека го извршил ова дело.Го знам повеќе од 20 години. Ми помогна пред дваесетина години за префрлање од едно на друго дело.Не сме се дружеле. Палевски ме замоли и во ова дело да го бранам. Два часа ги гледав доказите, нема доказ дека го извршил ова дело”, вели Страшевски.Тој негира дека не е вистина како што го нарекуваат дека во случајот влегол како џокер во покер.„Јас сум ВМРО и гордо го кажувам тоа и не се мешам во други партии“, вели Страшевски.Тврди дека не е во ред водењето на постапката.

Македонија | пред 11 месец

tamnel

🔴ВО ЖИВО за најгрозоморните убиства! „Претрес“ на адвокатот на Палевски за доказите, снимките, сведочењата

Познати адвокатски имиња одбија да го бранат Љупчо Палевски-Палчо, обвинет за грозоморното убиство на Вања и Панче. Јовица го прифати предизвикот- професионален или материјален, или можност за промоција. Во „Претрес“ ќе чуете за подготовките, убиствата, менувањето искази, дали е убеден во невиноста на Палчо и каква казна очекува.Следете во живо:https://www.youtube.com/live/VgO5UF9EzMo

Македонија | пред 11 месец

vesna-tose-51

(Видео) „Весне го заборавија, никој не го пушта“, Весна се расплаче за Тоше по зборовите на родителите

Актерката и режисерка, Весна Петрушевска, блиска пријателка на Тоше, низ солзи сподели детали од средбите со семејството Проески. Таа посочи дека многу и е драго што се видела со Никола, таткото на Тоше, пред тој да почине. Рече дека родителите жалеле што песните на нашата музичка ѕвезда, кој е музичка икона ширум Балканот и светот, не се емитуваат на радијата и телевизиите.„Многу ми е драго што го видов Никола неколку месеци пред да почине. Тој беше болен од рак, па бидна подобар, па се држеше, крепеше. Мајка му ме послужи со неговата омилена гибаница, затоа што беше тоа време на Божиќ и ми дава шоља јогурт со ликот на Тоше... Не можев да се напијам“, за првпат раскажа Петрушевска во „Претрес со Ландов“.До неа, седел таткото на Тоше.„Ми вели: 'Едвај чекам да си одам од овде', јас му велам: 'де бе чичко Никола, има време, не зезај сега, ти се избори со милион други работи', а мајка му вели:'Не го пушта оној горе, не го пушта, го држи него, ме држи мене.. Што ќе ни е нас живот.. Сега од оваа година почнавме да го слушаме (на радија, ТВ), Весне го заборавија, никој не го пушта'.. И тоа е точно. Ретко кога ќе го слушнеш, не можеш да го видиш на телевизија“, додаде Петрушевска.Таа рече: „Јас го немам прежалено...“.Цел разговор:

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-02-at-21.39.09

(Видео) Весна Петрушевска: Во Кочани веќе не велат добар ден, туку бог да ги прости

Актерката Весна Бејби Петрушевска во ,, Претрес со Ландов” вели дека катастрофата во дискотеката Пулс во Кочани каде загинаа 59, млади луѓе е грозоморно убиство.,,Ова е колективна траума од која тешко ќе се извлечеме. Ги познавав сите членови на ДНК. Сите ги имам гушнато и сум им кажала дека ги сакам”, вели Петрушевска.Ја потресла сликата од дрон од странска телевизија на која се гледа како се копаат гробовите за починатите. Ова вели, не може и не смее да се заборави.,, Ни ја убија и последната надеж дека во оваа убава Македонија може да се живее.Јас имав чувство како во гасна комора да сме си ги испратиле децата. Во Кочани не велат добар ден туку бог да ги прости”, вели Петрушевска.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-02-at-21.06.06

(Видео) Весна Бејби: Мина како последица од траумата е биполарна

Весна Петрушевска во Претрес со Ландов отворено говори за случувањата со нејзината ќерка Мина која како девојче беше злоставувана.„Мора на нозе да останеш во битката за правда”, вели Весна Петрушевска.Открива дека како последица од траумата Мина е биполарна.Таа е самохрана мајка, отплаќа кредити, сама се грижи за се.Данокот посочува е преголем.Таа говори и за нејзината битка со ракот, еден дел е успешно завршен, но ја очекува се уште борба со последиците.

Македонија | пред 11 месец

ivan-ivanvoski

(Видео) Родител од Анкара дојде во Кочани да остави полномошно да продава имот, дај Боже да не е точно, вели Ивановски кој зборуваше за донациите за Кочани

Има многу суперхерои кои вечерта кога избил пожарот, биле дома, но станале и излегле да помогнат, а сега доаѓаат да помагаат во „SupportKocani“, вели Иван Ивановски, дел од иницијативата.„Оделе таму за да помагаат. Луѓе со гас маски дошле, влегле внатре свесно во огин за да ги вадат луѓето. Некои од тие што влегле да ги спасуваат другарите се починати. Ќе го споменам Александар кој ми е колега. Тој раскажа како отишле до шанкот да пијат шотови, а шанкот е поблиску до излезот. Кога почнал пожарот излегол. Па се враќале назад да помогнат“, рече Ивановски.Тој посочува дека луѓето во градот, не се истите луѓе. Во „Претрес“ зборуваше за дискотеката, но и за тоа дека никој не ја гледал како изгледа од задниот дел, додека за внатре, посочува дека била посредена од многу други дискотеки. Во делот на безбедноста – не ни претпоставувале дека може е ваква состојбата.„Кочани е како воена зона. Повеќето можеби тоа не го осеќаат. Според сите работи кои ги правиме, не можам да ви опишам колкава е таа катастрофа моментално“, додаде тој.Посочи дека семејствата во очај, продаваат имот за да си ги спасат децата. Вели дека државата им помага за сите трошоци на семејствата, но процедурите за исплата се долги, па оттука, се јавува стравот кај поединци кои имаат повредени лица.„Вчера, еден родител, чие дете е во Анкара, дојде во Кочани за да остави полномошно да ги продадат сите автомобили, станот во Скопје, сѐ. Државата точно е, ќе покрие сѐ.. Дај Боже да не е точно, ама кај него, вика дека има шанси детето да остане слепо од пожарот бидејќи му е зафатено цело лице и му кажувале дека треба приватен доктор треба да донесе за операција за очите, пошто тоа е специјализирана болница за очи. Ова се неофицијални информации кои мене ми ги пренесоа“, вели Иван Ивановски, дел од иницијативата „SupportKocani“ кои собираат.РАЗГОВОРОТ:?t=4324

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-27-at-11.39.37

(Видео) Важни совети од психотерапевтот Секулоска по трагедијата во Кочани

Тешка тишина, тага, лутина владее од каде има повредени и загинати во трагедијата во Кочани, вели психотерапевтот, Розалија Секулоска во „Претрес“, која изминативе денови беше на терен.„Често не сум одела во тие градови, не можам да споредам, меѓутоа првото нешто е тишина, една тешка тишина. Потоа ги има сите тага, лутина, безнадежност. Како да застанало времето, како еден вакум“, вели психотерапевтот Секулоска.?t=443Таа посочува дека е потребно да се помине низ фазите на тагување и да се даде време.„Да се даде валидација. Што е валидација? Те гледам, те слушам, во ред е. Лажна валидација е – ајде сега да бидеме многу среќни, ајде да не мислиме, да не зборуваме за тоа, ајде плачи-исплачи се. Тоа е жална валидација, тоа треба да биде автентично. Или кога ќе кажат ‘се ќе биде во ред’, како можеш да го кажеш тоа? Тука се буди револт. Можеби ќе биде во ред“, додаде таа.Упати и совет.„И советување, кога некој не бара советување, а добива совет. Тоа е тоа што викам по социјалните мрежи. Ние сме советници, ние сме се. Ама некој не те прашува за совет. Немој да бидеш спасител кога некој не те повикува да спасуваш“, посочи психотерапевтот Секулоска во „Претрес“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-22-at-10.41.54

(Видео) Пиротехника во „Пулс“ имало често, извиците за пожар не биле сфатени сериозно, полицајци стоеле настрана, малолетници влегувале без проблем

Малолетничка која била присутна во дискотеката трагичната вечер, за „Претрес со Ландов“ раскажа што се случувало пред и откако изби пожарот, по кој загувиме 59 сограѓани и возачот на Брзата помош. Таа посочува дека секогаш при големи концерти и настапи на популарни ѕвезди, имало пиротехника. Прв реагирал пејалот на ДНК Владимир Блажев-Панчо.„Сите снимаа, на сите им беше на шала, не мислеа дека ќе се прошири толку брзо. Не го сфатија сериозно. Снимаа, се задржаа. Кога пејачот извика, јас одма излегов. Пред вратата имаше превише гужва, луѓето трчаа, не знам ни јас како излегов во таа гужва. Некои останаа до крај, мислеа дека нема ништо да се случи“, рече малолетничката во „Претрес“.На вратата имало полиција бидејќи дошле да прават рација.„Во клубот секојпат има доста малолетни лица, јас сум една од тие. Имаше доста малолетни лица, прво сакаа да излезат за да не завршат во полициска станица, беше блокирана вратата за да не се излегува и влегува. Кога настана гужвата, беше отворена вратата за да излеземе. Луѓето паѓаа, никој не им помагаше, никој не застануваше да им помага. Многу луѓе беа прегазени и изгазени. Имам доста луѓе кои се мои блиски, што се повредени од тие газења. Во тие моменти можам да кажам дека полицијата не помогне доволно колку што требаше да помогне на луѓето за да се спасат, стоеја настрана“, додаде таа.Посочи дека вообичаено било малолетници да влегуваат во дискотеката.„Не бараат лична карта, плаќаш влез и си влегуваш внатре“, додаде малолетничката за „Претрес“.Во дискотеката имало невообичаена гужва.„Секој викенд сум во диското, таа вечер имаше невообичаена гужва, 50 проценти повеќе од тоа што е дозволено. Многу луѓе што ги познавам и сега се повредени, влегуваат без карти. Иако викаат дека се продадени 500 карти, многу луѓе влегуваат без карти“, додаде малолетничката.Таа посочува дека никогаш ниту на неа не и бил попречен влезот.„Никогаш, сум си платила карта, сум влегла, сум седела по цела вечер додека да заврши забавата. Јас бев со другарки од моја генерација, само една беше постара. Нас ни посочувале, 'ако имате некој што има повеќе од 18 години, нема ништо да ви направат, само мора да излезете веднаш, сите го знаат тоа сите го практиквуаат'“, додава таа.Сведочи за изгледот на дискотеката од внатре, пожарот, но и што се случувало:

Македонија | пред 1 година

uzas

(Видео) За долг од 170 денари, платени 7.206 преку извршител: Граѓаните и да сакаат да си го платат долгот, со сите натрупани трошоци, губи желба и начин да го направи тоа

За долг од 170 денари, граѓанин платил 7.206 денари. Ова го покажува документацијата која беше испратена до редакцијата на „Претрес“, а во поткастот гостинка беше претседателката на Комората на извршители, Весна Деловска. Долгот настанал поради трошоците за адвокат, камати, нотар, извршител. Ова пак остава впечаток дека дури и должник да има желба да го плати долгот, со трупањето на трошоци - тоа е невозможно.Во поткастот брутално ги ставивме на маса сите проблеми на граѓаните, ги отворивме сите случаи до кои дојде нашата редакција, ги споменавме најозогласените извршители, но и најбогатите.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-12-at-20.14.35

(Видео) Извршителката Деловска: Не се чувствувам како уништувач на животи, старите предмети и нас ни тежат

Во „Претрес со Ландов”, вечерва гостин е претседателката на Комората на извршители, Весна Деловска. Извршителите се свесни како ги етикетираат, но, вели Деловска, има повеќе вистини.„Не се чувствувам како уништувач на човечки животи, некогаш и психолози стануваме. Знаеме со кого имаме работа уште кога ќе влезе странката. Се добива впечаток за нечовечност, но тоа не е така, тоа е и дел од домашно воспитување. Повеќе мака имаме од доверителите кои некогаш се нетрпеливи да ги добијат своите пари”, вели Деловска.Ние не утврдуваме нечие право, старите предмети и нас ни тежат, вели Деловска.

Македонија | пред 1 година

mijalkov-cavkov

(Видео) Митко Чавков почна да го растура МВР, Оливер Спасовски го дорастури, вели ексначалникот и командантот Станковски

„Митко Чавков почна да го растура МВР, Оливер Спасовски го дорастури“, вели Антонио Станковски, поранешен командант на Воена полициа и ЕБР, ексначалник на специални единици, поранешен втор човек на „Волци" во поткастот „Претрес со Ландов“. Тој за првпат и ексклузивно сподели нечуени информации и антитерористичките акции во Македонија.„Директорот Чавков бил во Струмица, крикот на војната не го осетил. И доаѓа во МВР, после акцијата 'Бродец' и е началник на Секторот за субивање на организиран криминал. За по одредено време, станува шеф, над мене. Тие непријатели кои јас ги направив луѓе, за да мене ми ја скратат моќта, тие мене ме обвинија дека сум крадел кашкавал. Јас ако правам нешто командант, јас ќе правам станови и дуќани. Чавков има бизниси, јас немам“, рече Станковски.Откако ќерката на Чавков, Зорица, искоментира за време на поткастот, Станковски и посочи да го повика на кафе, за да и каже што правле татко и. Според Станковски, тој со Чавков имал одлична соработка, додека тогашниот директор на БЈБ, не почнал да брка вработени од МВР.„Хеликоптерот што пaдна во Струмица, кој е крив? Погинаа четири пилоти, 10 милиони хеликоптер, кој не можеш да го купиш, чекаш на ред со години. А сега и не можеш, со комлетна опрема од Израел. Кој е крив? Не бев јас директор, беше Митко Чавков. Дали нешто му фалеше? Бидејќи екипата што ме нападна кај Мијалков а тој ја водеше, ме направи дека местам тендери, крадам кашкавали, али сите муабети кај Мијалков, кај Јанкулоска, кај Радникот, што јас сум кажал, што ми одговориле, ги имам запишано“, додаде Станковски.За војната во 2001: упад Арачиново, „Планинска бура" во Бродец, „Монструм" ка Смилковското Езеро, „Диво Населье" во Куманово, Планот за расформираье на ЕБР, нечуени детали за безбедносниот систем:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-06-at-10.39.09

(Видео) Се лажат луѓе дека аутизам се лечи со матични клетки во Турција, има цели фирми кои работат против пациентите, сведочи д-р Лазаров

Доктор Ненад Лазаров, во подкастот „Претрес со Ландов“ кажа дека не може да се лекува аутизам со матични клетки во Турција и дека тоа е измама. Посочи јасно дека организации дозволуваат собирање пари, давајќи им лажна надеж на родителите.„"Лечење" аутизам кај деца со матични клетки во Турција е измама, всушност било која изјава со терминот "лечење" на аутизам е спорна. Повикување на донации за ИТНО "лечење" на аутизам кај деца, од каков и да е вид е исто така измама, класична злоупотреба на хумани луѓе кои донираат. Доминантет дел од повиците за лекување деца во Турција се однесува на матични клетки за аутизам, затоа и намерно во повиците родителите не го пишуваат тоа зошто се повеќе луѓе се информирани за матични клетки и нема да донираат!“, напиша и сега доктор Лазаров.„Се лажат луѓе за матични клетки на аутизам. Не постои ниеден сучај на излечен аутизам во светот, прво не е болест. 20.000 евра чини еден циклус. Минимум се препорачани 4. Во Турција. Зошто само таму го има тоа? Има цели фирми кои работат против пациентите“, рече Лазаров во поткастот.Сите детали како се прават измами на пациенти:?t=5522

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-05-at-21.58.21

(Видео) Станковски: Во акцијата во Бродец учествуваа 12 посто Албанци

Разбивање на терористичка организација во Бродец е ремек дело на Антонио Станковски, член на безбедносните сили. Тој во „Претрес со Ландов”, рече дека Тигрите беа во третото одење во Бродец. Ризикот бил од прв степен.„12 посто во силите беа Албанци. Јас реков дека сите ќе ги носам. Со мене се согласи Мијалков. На состанок ги собрав сите албанци и ги запознав со акцијата. Сите знаеја се за акцијата. Немаше осцилации во информациите. Тешко беше без хеликоптерите од АРМ. Поради зголемување на терористичката група мораше и втор пат да одиме, но без успех. Мораше хеликоптерите да се активираат. Акцијата во третиот пат успеа. Од албанските политички елити немаше критики или политички употреби”, рече Станковски кој им изрази благодарност на сите албанци кои учествуваа во успешната антитерористичка акција во Бродец.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-05-at-20.37.45

(Видео) Станковски: Во 2001 имавме неспособни генерали, но сега нема мотивираност како во 2001 и полошо би поминале

Антонио Станковски, кој беше дел од безбедносниот систем, гостин во „Претрес со Ландов”, вечерва открива детали за антитерористичките акции: Бродец, Диво Насеље, Монструм, Радуша. Вели порано не требаше партиска книшка да се биде дел од безбедносните служби. Тој бил заменик командант на Волците. Во 2001 бил деградиран зошто не се согласувал со ставовите на претпоставениот.За 2001 и воениот конфликт вели грешка е што немаше координација меѓу полицијата и армијата.„Кај нас е проблемот. Политичарите мора да ги предвидуваат проблемите. Исто е и сега. Кој ќе ни даде оружје? Полошо сега ќе поминеме од 2001. И моралот во 2001 беше на ниво, тогаш бевме мотивирани, сега не. Воениот рок треба од утре да се врати. Неспособни генерали имавме во 2001”, вели Станковски.Во масакрот во Вејце се сеќава, ми погина соборец. За тоа обвинуваа припадник на МВР, со ова Станковски не се согласува и ги обвини раководните структури, конкретно Бошевски кој бил одговорен за тетовско, и бил повикан од пензија. Вејце не било наместено. „Идеите и плановите“, вели, „му беа како од 18 век“.„Државата е на прво место, фамилијата на второ или трето место”, посочува Станковски.

Македонија | пред 1 година

bf420e5c-dbf0-40d0-9820-e447345bfff1

„Претрес“ за антитерористичките акции: Бродец, Диво Насеље, Монструм, Радуша, за воената полциија, ЕБР

Негово ремек дело беше акцијата Планинска бура во Бродец. Седеше на маса со Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Раднкот, Чавков. Вклучен во акцијата Диво Насеље. Бил втор човек во Волците во 2001 година, командант на Воената полиција, ја реформираше ЕБР откако државата воочи дека нема контрола врз неа.Вечерва (05.03), од 20 часот, за првпат и ексклузивно, во живо, од човекот кој од ЈНА бил во Армијата, па заврши во МВР, ќе чуете:За сите детали од војната во 2001 година, вклучувајќи и за АрачиновоКако се реформираше ЕБР по демолирањето дискотеката Процес?Го дознавате планот и делување за акцијата во Бродец, најдобрата во историјата на МВР.Ќе го чуете и видите човекот кој беше шеф на сите специјалци.А ќе ви каже и кој го стопираше реформирањето на единиците и бркаше професионалци од МВР.Како ни се случи Диво Насеље со жртви од редот на безбедносните сили? Беше ли планот погрешно скроен?Но ќе зборуваме и за терористите од случајот Монструм за убиствата кај Смилковското Езеро.Кој е Мијалков, која е Јанкулоска? Но и кој е Оливер Спасовски, а кој Чавков?Во нашето студио, Антонио Станковски, претседател на здружението СИЛА, кој цел живот беше дел од безбедносните сили во Македонија. Ексклузивно за многу неодговорени прашања. Ќе биде болно, но вистинито.СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

Македонија | пред 1 година

urolog

(Видео) Сведоштво за скандалот на Урологија: Тоа беше урлање, сите беа затечени и уплашени

Ивана Ачимовиќ, која со нејзиниот дедо чекала за преглед кај доктор на Клиниката за урологија и го снимила како тој хистерично вика, пред камерите на „Претрес“ раскажа што се случило. Го однела нејзинот дедо кој има тежок вид на канцер и не може да се оперира, а бил со оток и болки. Влегла и објаснила дека пациентот е во тешка состојба, а дека надвор сите пациенти се тн „стоечки пациенти“ и замолила да биде примен.„Се согласувам дека секој таму има проблем, но во медицината, бидејќи сум студент по медицина и наскоро ќе бидам доктор, притоа и медицинска сестра со искуство, постои медицинска тријажа. Влегуваат пациентите во потешка состојба, однсоно надордски кажано, пациенти што стојат и пациенти во количка. Докторот рече ќе го прими, поминаа саат време. Потоа влезе мојата баба да го праша, но од надвор, од пред амбуланата слушнав како вика на нејзе. Но тоа не беше гласен говор, тоа беше урлање, морам жаргонски да се изразам. Потоа влегов внатре, со персирање и без никакви навреди, го прашав од каде му право да вика на баба од 70 години? Почна и на мене да вика, ја гурна вратата покрај која бев јас, со тоа мене ме гурна мене, а јас баба ми. Ја фатив вратата и прашав дали доликува вакво однесување на еден доктор, по што тој почна хистерично да се однесува. Кога се оддалечи од мене, јас го земав телефонот да снимам. Немаше никаков напад, неговите колеги стоеја и гледаа, а ако имаше напад, веројатно и тие ќе се тргнеа, немаше да стојат покрај мене“, рече Ачимовиќ.Потоа докторот почнал да вика, што се гледа и од снимката. Неговите колеги долше да ја смируваат. Пациентот бил примен потоа од три уролози и истретиран.„Сите беа затечени и уплашени. Она викање не е нормално како кога некој е изнервиран, тој почна многу гласно да се дере. Медицинскиот персонал беше во шок. Никој тоа не го очекуваше“, додаде таа.„Скопје1“ упати прашања до докторот посочен од Ачимовиќ, за тоа, што довело до вакво хистерично викање, дали чувствува одговорност и дали се извинил - на што не добивме одговор. Тој вчера бил поканет и во поткастот „Претрес со Ландов“, за да објасни што се случило - но не одговорил на поканата, ниту на повиците.Целиот разговор во „Претрес со Ландов“:?t=2766

Македонија | пред 1 година

urolog-lazarov

(Видео) Да беше ова во приватна болница, ти како лекар ќе излезеш со обезбедувањето кое го вика колегата, се оправдува ова, вели д-р Лазаров за случката на Урологија

Доктор Ненад Лазаров, специјалист по гинекологија и ексматичен доктор во поткастот „Претрес со Ландов“ ја искоментира снимката со хистеричното викање низ ходниците на Клиниката за урологија од страна на доктор. Тој смета дека таквото однесвање не може да се оправда.„Ова брутално беше. Уште и колешка, тоа е Марфи. Тоа е во медицина кога викаме: која будала ве оперираше? па ти докторе“. Не постои причина што може да оправда такво однесување. Девојката беше повеќе од експлицитна и елоквнетна. Не гледам трагедија во ова, но е апсолутно недозволена ситуација и однесување и се“, рече доктор Лазаров.?t=887„Ако вакво нешто се случи во приватна болница, ти како лекар ќе излезеш со обезбедувањето кое колегата го вика. Не може.. И физички контакт да има, различно ќе изгледа работава. Го видов видеото, не знам што да искоментирам, не можам да најдам резон да исклучиш до тој степен. Во било каков меѓучовечки однос не е дозволиво, а не па од некој кај што е дојдено на лекар. Не е во ред. Тежок е мантилот, многу е тежок и не секој треба да го носи. Имало мал милион конфликти, не дека и јас сум немал. И еден момент: Жена е во прашање“, додаде доктор Лазаров.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-26-at-20.24.55

(Видео) Д-р Лазаров: Белиот мантил е тежок и не треба секој да го носи, вработувањата во здравство се политички

Доктор Ненад Лазаров е гостин во „Претрес со Ландов“. За него е шокантно што сѐ ни се случува.Во блиска иднина не верува дека може да се лекуваме без донации, вели Лазаров кој е активен преку платформата ECrowd.mk, чија цел е помош за оние кои не можат да си дозволат лекување.„Углед и чест беше порано да се работи во здравство, сега вработувањата се политички и партиски”, вели Лазаров.За скандалот на Урологија кога доктор буквално се дереше на пациенти, вели дека вакво нешто не смее да се случи, белиот мантил е тежок и не треба секој да го носи.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-18-at-21.04.19

(Видео) Богојески вели дека Левица се шалабајзери и делат пари со ДУИ

„Левица си направи коалиција со ДУИ во Град Скопје и си делат тендери“, тврди во „Претрес со Ландов”, лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески.„Од Левица се шалабајзери и делат пари со ДУИ. Левичарите секогаш делат кешарица”, рече Богојески.„Денес мислам дека Мицкоски нема ништо со Каракачанов“, вели Богојески кој пред некоја година го напаѓаше Мицкоски за врски со Каракачанов.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-18-at-20.51.32

(Видео) Богојески: Албанскиот шовинизам галопира, а Бугарите лечат фрустрации со нас заради Тито

„Што му фали на национализмот“, праша во „Претрес со Ландов“, лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески. „Тоа“, рече, „е сакање на државата“.„Ние имаме проблем со шовинизмот. Албанскиот шовинизам галопира на Балканот, барем до паѓање на Бајден”, рече Богојески.„Ние Македонците“, рече, „сме нападнати и оспорени од Бугарите кои лечат фрустрации со нас заради Тито.Ние ја трпиме бугарската наезда. Македонски концепт има задача да не заштити од тоа”, рече Богојески кој рече дека имаат 2,1 процент поддршка. Според него, освен ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и ЗНАМ се на ниво на статистичка грешка.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања