Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

РЕЗА ПАХЛАВИ

media-libraryblsth28urnk3agrFUeU

Реза Пахлави со апел до Иранците: „Останете дома“

Синот на последниот ирански шах, Реза Пахлави, денес ги повика Иранците да „ги напуштат улиците“ и заради сопствената безбедност да останат дома.Почитувани сограѓани, влегуваме во критична фаза на нашата завршна борба. Ве молам што побрзо да се снабдите со најважните работи, заради сопствената безбедност, да ги напуштите улиците и да останете дома“, напиша тој на платформата Икс.Тој им порача и да продолжат со штрајкот и да не се појавуваат на работа за да ја покажат својата солидарност, како и да продолжат силно да скандираат ноќе за да го демонстрираат своето единство. На воените и безбедносните сили им порача дека ова е нивната „последна шанса да се одделат од репресивните сили и да се приклучат на народот“.Претходно денес, шефот на полицијата на Иран, Ахмад Реза Радан, ги предупреди граѓаните да не излегуваат на улиците на протести поради промена на режимот, истакнувајќи дека лицата кои учествуваат во протестите ќе бидат третирани како непријатели на државата.Веќе нема да го сметаме за демонстрант оној кој ќе излезе на улиците по барање на непријателот. Ќе го сметаме за непријател, а не за демонстрант, и така ќе го третираеме“, рече Радан на државната телевизија, пренесува Ројтерс.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно ги повика Иранците да востанат против раководството на земјата, додека траат американско-израелските напади врз Иран.Американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати претходно ги повикувал Иранците да го соборат раководството во Техеран, но исто така ги повика да не излегуваат на улиците, во време на тековните американско-израелски напади.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryj1gjp9u87hdj5c2MvdC

Синот на последниот шах во Иран: „Многу сме блиску до конечна победа“

Синот на последниот ирански шах, Реза Пахлави, изјави дека е уверен во победа над актуелниот ирански режим, откако утринава Иран беше нападнат од САД и Израел.Во видеообраќање, Пахлави, кој живее во егзил во областа на Вашингтон, порача дека земјата е „многу блиску до конечна победа“ и изрази желба што поскоро да биде заедно со своите поддржувачи „за повторно да го заземат и обноват Иран“.Пахлави, кој се залага за секуларна демократија во Иран, но не ужива универзална поддршка меѓу критичарите на Исламската Република, ги повика граѓаните да останат трпеливи, но и подготвени за излегување на улиците.„Во овие чувствителни часови и денови, повеќе од кога било мора да останеме фокусирани на крајната цел – повторно заземање на Иран“, изјави тој, апелирајќи засега граѓаните да останат во своите домови и да се заштитат.„Останете будни и подготвени, за во соодветен момент, за кој прецизно ќе ве информирам, да се вратите на улиците за конечна акција“, порача Пахлави.Во јануари, иранските власти со сила задушија народен бунт што претставуваше една од најголемите закани за режимот од револуцијата во 1979 година, кога беше соборен проамериканскиот шах и воспоставена Исламската Република.

Свет | пред 1 месец

media-libraryip5r3vut0r7n0L3AAZk

(Видео)Реза Пахлави: Не ги напуштајте улиците, моето срце е со вас

Реза Пахлави, синот на последниот ирански шах, кој долги години е во егзил, сѐ поотворено се обидува да се наметне како политичка алтернатива на актуелниот ирански режим.Со последната порака до демонстрантите: „Не ги напуштајте улиците. Моето срце е со вас“, тој директно ја презема улогата на симболичен лидер на антивладиното движење во Иран. Тој повторно повика на нови протести, кои треба да се одржат вечерва во 18 часот.Неговата реторика е внимателно насочена кон охрабрување на масовноста и континуитетот на протестите, кои според него веќе „сериозно го ослабиле режимот“. Со ова Пахлави се обидува да го капитализира моментот на политичка нестабилност и јавниот гнев, претставувајќи се како фигура на национално обединување надвор од постојните фракции во Иран.Сепак, неговото влијание останува ограничено од две клучни околности: физичката оддалеченост од земјата и строгата интернет-блокада, со која властите настојуваат да го прекинат протокот на пораки што можат да ги радикализираат протестите. Дополнително, дел од иранската јавност сè уште со резерви гледа на наследството на шахот, што го прави Пахлави контроверзна, но истовремено и препознатлива фигура.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања