Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Синот на последниот шах во Иран: „Многу сме блиску до конечна победа“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryj1gjp9u87hdj5c2MvdC

Синот на последниот ирански шах, Реза Пахлави, изјави дека е уверен во победа над актуелниот ирански режим, откако утринава Иран беше нападнат од САД и Израел.

Во видеообраќање, Пахлави, кој живее во егзил во областа на Вашингтон, порача дека земјата е „многу блиску до конечна победа“ и изрази желба што поскоро да биде заедно со своите поддржувачи „за повторно да го заземат и обноват Иран“.

— реклама —

Пахлави, кој се залага за секуларна демократија во Иран, но не ужива универзална поддршка меѓу критичарите на Исламската Република, ги повика граѓаните да останат трпеливи, но и подготвени за излегување на улиците.

„Во овие чувствителни часови и денови, повеќе од кога било мора да останеме фокусирани на крајната цел – повторно заземање на Иран“, изјави тој, апелирајќи засега граѓаните да останат во своите домови и да се заштитат.

— реклама —

„Останете будни и подготвени, за во соодветен момент, за кој прецизно ќе ве информирам, да се вратите на улиците за конечна акција“, порача Пахлави.

Во јануари, иранските власти со сила задушија народен бунт што претставуваше една од најголемите закани за режимот од револуцијата во 1979 година, кога беше соборен проамериканскиот шах и воспоставена Исламската Република.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryeor02ilnqm4mbKZ17OP

(Видео) Иран заплени три товарни бродa во Ормутскиот теснец, меѓу екипажот и двајца хрватски државјани

Свет | пред 36 минути

— реклама —
media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Иран ги обвинува САД и Израел за последиците од војната

Свет | пред 1 час

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 14 часа

lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања