Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Реза Пахлави со апел до Иранците: „Останете дома“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryblsth28urnk3agrFUeU

Реза Пахлави ги повика Иранците, заради безбедност, да ги напуштат улиците, да останат дома, да се снабдат со најважни работи и да продолжат со штрајк, како и ноќни скандирања. На безбедносните сили им порача дека имаат „последна шанса“ да му се приклучат на народот. Шефот на иранската полиција Ахмад Реза Радан предупреди дека учесниците во протести за промена на режимот ќе бидат третирани како „непријатели“. Во меѓувреме, Нетанјаху повика на востание, а Трамп порано повикувал на соборување, но и да не се излегува на улица за време на нападите.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Синот на последниот ирански шах, Реза Пахлави, денес ги повика Иранците да „ги напуштат улиците“ и заради сопствената безбедност да останат дома.

Почитувани сограѓани, влегуваме во критична фаза на нашата завршна борба. Ве молам што побрзо да се снабдите со најважните работи, заради сопствената безбедност, да ги напуштите улиците и да останете дома“, напиша тој на платформата Икс.

— реклама —

Тој им порача и да продолжат со штрајкот и да не се појавуваат на работа за да ја покажат својата солидарност, како и да продолжат силно да скандираат ноќе за да го демонстрираат своето единство. На воените и безбедносните сили им порача дека ова е нивната „последна шанса да се одделат од репресивните сили и да се приклучат на народот“.

Претходно денес, шефот на полицијата на Иран, Ахмад Реза Радан, ги предупреди граѓаните да не излегуваат на улиците на протести поради промена на режимот, истакнувајќи дека лицата кои учествуваат во протестите ќе бидат третирани како непријатели на државата.

— реклама —

Веќе нема да го сметаме за демонстрант оној кој ќе излезе на улиците по барање на непријателот. Ќе го сметаме за непријател, а не за демонстрант, и така ќе го третираеме“, рече Радан на државната телевизија, пренесува Ројтерс.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно ги повика Иранците да востанат против раководството на земјата, додека траат американско-израелските напади врз Иран.

Американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати претходно ги повикувал Иранците да го соборат раководството во Техеран, но исто така ги повика да не излегуваат на улиците, во време на тековните американско-израелски напади.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryeor02ilnqm4mbKZ17OP

(Видео) Иран заплени три товарни бродa во Ормутскиот теснец, меѓу екипажот и двајца хрватски државјани

Свет | пред 35 минути

— реклама —
media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Иран ги обвинува САД и Израел за последиците од војната

Свет | пред 1 час

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 14 часа

lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања