Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ШПАНИЈА

media-library7ilpehsf9nfofvW8dUE

„Несреќа под необични околности“: Во возот што излета од шините имало 294 лица, истрагата ја исклучува човечката грешка

Во возот што прв излета од шините во тешката железничка несреќа имало вкупно 294 лица, соопшти компанијата сопственик на композицијата, која утринава објави официјално соопштение за трагедијата. Според податоците, на почетокот на патувањето во возот се наоѓале 289 патници, четворица членови на екипажот и еден машиновозач.Претседателот на шпанската железничка компанија Ренфе, Алваро Фернандес Хередија, изјави дека човечката грешка речиси целосно е исклучена како причина за несреќата. Во гостување во утринската програма „Лас Мањанас“ на радиото РНЕ, тој нагласи дека современите системи за безбедност се дизајнирани автоматски да интервенираат доколку машиновозачот направи грешка.Според Хередија, станува збор за несреќа што се случила под необични околности и во овој момент е прерано да се извлечат конечни заклучоци. Тој повика јавноста да не шпекулира и да се почека официјалната истрага, која треба да ги утврди сите релевантни факти.На сложеноста на случајот укажа и претседателот на Генералниот совет на официјалните инженерски комори, Сесар Франко, кој исто така гостуваше во истата радио-емисија. Тој истакна дека засега постојат само хипотези и дека нема официјални заклучоци, нагласувајќи дека за нив ќе биде потребно време.Франко посочи дека ќе се анализираат повеќе можни фактори, меѓу кои состојбата на скретниците на влезот во Адамус, функционирањето на автоматските системи и евентуалното човечко влијание. Како што нагласи, за разлика од други несреќи каде причините побрзо стануваат појасни, во овој случај станува збор за рамна делница од пругата, при релативно мала брзина и со воз кој е релативно нов.Клучни одговори, според него, се очекуваат по анализата на таканаречените црни кутии и по работата на официјалната истражна комисија, која треба детално да ги разгледа сите околности што довеле до една од најтешките железнички несреќи во последно време.

Свет | пред 2 месеци

media-librarynb0h2k8a0ete484fULu

„Повторно се родивме“: Сведоштва од преживеаните по катастрофалниот судир на возови

Најмалку 39 лица го загубија животот, а повеќе од 150 се повредени во тешка железничка несреќа што се случи во неделата попладне во близина на местото Адамус, во шпанската покраина Кордоба. Според официјалните информации, петмина од повредените се во критична состојба, додека најмалку 24 лица се со тешки телесни повреди. Сведоштвата на преживеаните, пренесени од шпанските медиуми, говорат за сцени на целосен хаос, превртени и згмечени вагони и патници заробени меѓу металот.Општинската сала во Адамус, мало место со околу 4.600 жители, во текот на ноќта се претвори во прифатен центар за преживеаните и за семејствата кои очајнички ги бараа своите најблиски. Сините ротациони светла на возилата на итната помош непрекинато ја осветлуваа салата, додека напнатоста растеше со секој изминат час. Дел од патниците веќе беа пренесени во болници или со автобуси испратени кон своите одредишта, но неизвесноста кај семејствата што немаа никаква вест од своите роднини остана.Еден од нив беше Рамон Монтон, кој ја бараше својата сопруга Тамара Маргарита Валдес. Тој изјави дека разговарал со неа дваесетина минути пред несреќата и дека таа патувала со возот „Алвија“ од Мадрид, во кој удрил возот „Ирио“ што сообраќал од Малага, откако од засега непознати причини излетал од шините. Слични приказни споделуваа и волонтерите кои помагаа на терен, објаснувајќи дека многу семејства со часови трагаа по информации за исчезнати патници.Меѓу оние што ја преживеале несреќата е и 44-годишниот Сантијаго од Хуелва, кој раскажа дека почувствувале нагло кочење, по што возот почнал силно да се ниша. По излегувањето од вагонот, наишол на мртво тело и на сцени што, како што рече, никогаш нема да ги заборави. Други патници опишуваа како летале низ воздухот, како паѓале багажите, се гаснело светлото и се слушале крици за помош од заробените.Неколкумина сведочеа дека првите спасувачки екипи пристигнале дури по околу еден час, а пристапот до вагоните бил исклучително тежок поради нивната искривеност и пад по насип. Спасувачите се соочиле со повреди од сите видови – од посекотини и модринки до тешки отворени скршеници.Градоначалникот на Адамус, Рафаел Морено, кој бил меѓу првите на местото на несреќата, изјави дека сцената била „дантеовска“, опишувајќи тела и целосно уништени вагони во мракот на ноќта. Лекарите од итната помош соопштија дека во општинската сала биле згрижени 138 лица, од кои најголемиот дел со полесни повреди, додека потешките случаи биле пренесени во болниците во регионот.Шпанија е во жалост, а истрагата треба да ги утврди причините за една од најтешките железнички трагедии во последните години.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryhq309e9qu65t1jOZfqZ

(Видео) Шпанија се подготвува за катастрофа: Бурата „Алис“ носи поројни дождови и опасност од локални поплави

Западна Европа е погодена од силна бура наречена „Алис“, а најтешко е погодено крајбрежјето на Коста Бланка во Шпанија, каде што е прогласено највисоко ниво на тревога.Метеоролозите предупредуваат на „исклучителен ризик“ поради обилни врнежи од дожд, кои би можеле да предизвикаат поплави, особено во туристичките центри како Аликанте и Валенсија.Шпанската метеоролошка агенција AEMET издаде црвена тревога, наведувајќи дека се очекуваат повеќе од 140 милиметри дожд за само 12 часа.Постои исклучителен ризик. Можни се поплави и ненадејни поплави. Следете ги упатствата на цивилната заштита, гласи предупредувањето.Според прогнозите, врнежите од дожд треба да започнат околу 10 часот наутро денес и да траат до понеделник. Покрај Валенсија, ќе бидат погодени и регионите Мурсија и Балеарските Острови.Службите за итни случаи се во состојба на тревога и на Ибица, каде што е прогласена портокалова тревога поради бури и силни ветрови. Локалните власти предупредуваат дека поројните дождови би можеле да предизвикаат локални поплави во низините, реките и потоците.Валенсија претрпе катастрофални поплави во октомври минатата година, во кои загинаа повеќе од 220 луѓе. Трагедијата предизвика масовни протести од граѓаните, кои ги обвинија властите дека не го предупредиле населението навреме.Само пред еден месец, истата област повторно беше погодена од обилни дождови, кои затворија училишта и универзитети, предизвикаа прекини во железничкиот и патниот сообраќај и нови локални поплави.Метеоролозите сега стравуваат дека бурата „Алис“ би можела да донесе слично сценарио ако врнежите продолжат со ист интензитет во текот на викендот.

Свет | пред 5 месеци

media-library0aopp2b6o0kj5Z1ozP1

(Видео) Несреќа во центарот на Мадрид: зграда се урна, едно лице во тешка состојба

Најмалку три лица се повредени откако дел од зграда во центарот на Мадрид се урна, соопштија локалните власти денеска.Полицијата информира дека едно лице е во тешка состојба. Екипите на Итната помош користеле дронови и кучиња-трагачи за да проверат дали под урнатините има уште заробени лица.На видеоснимките објавени од итните служби се гледаат повеќе возила на брзата помош и противпожарната служба пред објектот, кој се наоѓа во близина на операта и Кралската палата во Мадрид.Според информациите на компанијата „Rehbilita“, зградата била во процес на реконструкција и требало да се пренамени во хотел.

Свет | пред 5 месеци

media-librarys9e9quejdcf09m7ImAJ

(Видео) Потоп на Ибица – аеродромот поплавен, улиците претворени во реки

Екстремни врнежи предизвикаа поплави на Ибица, каде што е издадено највисокото, црвено предупредување за опасни временски услови. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како улиците се претвораат во реки, водата продира низ покривот на аеродромот, а надојдените води носат автомобили. Туристите кои во овој период од годината ја избрале Ибица за помирен одмор сега сведочат дека клубови на плажите се целосно под вода.Аеродромот на Ибица објави предупредување за неповолни временски услови, а неколку летови беа пренасочени кон други дестинации. Локалните медиуми јавуваат дека во градот Ибица настанал „целосен колапс на системот“. Централните делови на Санта Еуларја и патиштата буквално се споиле, а возилата едвај се движеле, ризикувајќи да завршат во морето.Шпанската државна метеоролошка служба предупреди на „вонредна опасност“ од поплави и нагло покачување на водостојот. Итните служби се во состојба на целосна готовност. Покрај Ибица, во внатрешноста на Шпанија на сила се жолти предупредувања, а жителите на Валенсија добиле итни известувања да избегнуваат патувања, затворени се патишта, училишта, паркови и спортски активности.Шпанскиот премиер Педро Санчез апелираше до граѓаните да бидат крајно внимателни. Националната управа за патишта побара возачите да се држат подалеку од погодените области во Валенсија и Кастељон, каде што поплавите веќе предизвикаа сериозни штети.Паралелно со тоа, Велика Британија се подготвува за силни ветрови и обилни врнежи, бидејќи двата урагана Хумберто и Имелда преминуваат преку Атлантикот. Издадено е 37-часовно жолто предупредување за западна Шкотска, а метеоролозите предупредуваат дека некои села би можеле да останат отсечени. Можно е предупредувањето да се прошири и на поширок дел од Обединетото Кралство.

Свет | пред 6 месеци

media-library3cs15elif0lr0Bvn9EC

(Видео) Инцидент во лет на Ryanair: Пијан маж се обиде да отвори врати на авион

Британец може да биде осуден на пет години затвор откако се обидел да ги отвори вратите на преполн авион на компанијата Ryanair за време на лет. Авион кој летал од Лондон (Лутон) кон Аликанте во јужна Шпанија, морал принудно да слета во Тулуз, Франција, откако пијан маж започнал да се заканува и предизвикувал хаос.Според одредени извори, обвинетиот бил лидер на група пијани мажи кои минатата недела биле симнати од лет од страна на специјалните полициски сили. Стоел покрај вратата за итни случаи и се обидувал да ја отвори. Пилотот немал друга опција освен принудно слетување,“ изјавил еден од патниците за Daily Mail.Нивото на алкохол во крвта на обвинетиот било толку високо што неколку часа не можеле да разговараат со него. Четворица од неговите пријатели исто така биле уапсени.На снимка објавена на TikTok се гледа апсењето на групата. Еден од патниците раскажал:Двајца непристојни мажи започнаа тепачка, ги игнорираа предупредувањата и одбиваа да седнат. Тие дури не требаше да се качат на авион бидејќи беа толку пијани.Инцидентот ескалирал кога полицијата се обидела да ја смири ситуацијата. Синот на обвинетиот молел за помош и викал:Тоа е мојот татко!“ додека полицајците го извлекувале неговиот татко од седиштето.Според сведоците, групата била бучна и непристојна и пред полетувањето, менувале седишта, игнорирале безбедносни протоколи и на еден од патниците се обиделе да му се доближат со физички контакт.Авионскиот екипаж и другите патници се обидувале да ја смирaт ситуацијата, а неколку родители ги замолиле да не користат непристојни зборови поради присуството на деца. Меѓутоа, хаосот продолжил, па пилотот одлучил за принудно слетување. По слетувањето, единица на воздушната полиција го уапсила обвинетиот и го извела од авионот.

Свет | пред 6 месеци

media-libraryakvvrnsoacj972jeYn5

Шпанија стави забрана: Американско оружје за Израел нема да минува низ Рота и Морон

Шпанија воведе забрана за користење на воените бази Рота (Кадиз) и Морон де ла Фронтера (Севиља) за американски авиони и бродови натоварени со оружје, муниција и воена опрема наменета за Израел.Забраната важи и за летови што одат директно во Израел и за оние со меѓуслетување во други земји, доколку конечната дестинација е Израел.Рота и Морон се шпански суверени бази, под команда на шпански воен офицер, и сè што таму се случува мора да биде одобрено од шпанските власти, изјави извор за El País.Иако постои можност дел од оружјето да стигне до Израел преку заобиколни патишта, властите предупредуваат дека секое сокривање на товарот би било контрапродуктивно и би можело да го наруши односите меѓу Мадрид и Вашингтон.Шпанската влада, која има коалициски левичарски партнери со силни антивоени ставови, јасно дала до знаење дека не сака американските летала или бродови натоварени со оружје за Израел да користат шпански бази или воздушен простор, освен во итни случаи.Сепак, американските авиони имаат право на слободен транзит преку меѓународниот воздушен простор и тоа право веќе е искористено при испорака на повеќе израелски борбени авиони F-35, кои преку Азорите и Гибралтар стигнале до Израел.Овој потег на Мадрид доаѓа во време кога Шпанија воведе повеќе мерки за притисок врз владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а Стејт департментот на САД изрази загриженост дека тие мерки би можеле да ги ограничат американските операции.

Свет | пред 6 месеци

media-librarymrgr1tmsma7p1E2xlMB

Шпанската министерка за одбрана жртва на ГПС-напад за време на летот кон Литванија

Воен авион во кој се наоѓала шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес бил цел на напад врз ГПС-системот за време на летот кон Литванија, објави „Блумберг“.Според информациите на агенцијата „Европа Прес“, нападот врз сигналот бил спречен благодарение на електронскиот одбранбен систем на леталото. Веста ја потврди и портпарол на шпанското Министерство за одбрана.Инцидентот се случил додека авионот летал над Балтичкото Море, во близина на руската ексклава Калининград.Министерката Роблес патувала во Литванија за да ги посети шпанските војници распоредени таму како дел од мисијата на НАТО.

Свет | пред 6 месеци

media-libraryr0hkg7m4buc309fVRRE

(Видео) Бик насред улица разби автомобил – необична сцена е снимена во Шпанија

Необична сцена е забележана во Шпанија, за време на традиционална церемонија – бик насред улица нападна паркиран автомобил и го уништи. Снимката објавена на социјалната мрежа Reddit јасно прикажува како животното го „одбрало“ својот мета, паркиран Peugeot 208.Иако станува збор за возило тешко повеќе од еден тон, бикот упорно удирал во него сè додека не успеал да предизвика сериозни оштетувања.Церемонијата се одржува со децении, а човечки жртви се ретки. Сепак, уште поретко мета на бесот на биковите стануваат автомобили. Настанот повторно потсетува на едноставната вистина – природата треба да се остави на мир.

Магазин | пред 6 месеци

izan-kavana-hotel

Повеќе од 100 туристи се заразиле со салмонела во хотел во Шпанија

Повеќе од сто гости во хотелот „Изан Кавана“ во одморалиштето Ла Манга, во Шпанија, се разболеле по појава на симптоми на салмонела. Меѓу нив има 15-месечно бебе и седум деца, од кои двајца пациенти сè уште се на болничко лекување.Дваесет лица, меѓу кои и најмладите, биле итно префрлени во болница, а потоа дел од нив пуштени. Бебе и дете со висока температура биле примени во болницата „Санта Лучија“ во Картахена.Гостите почнале да чувствуваат гадење, повраќање, дијареја и треска по ручекот во саботата, поради што во хотелот била отворена теренска болница. Дел од туристите примале инфузија во собите, а други биле згрижени на носилки во ходниците.Првичните резултати укажуваат на салмонела, а истрагата продолжува. Кујната е привремено затворена и наложено е темелно чистење и дезинфекција.Хотелот во меѓувреме објави реклама за коктели на Фејсбук, без да спомене за епидемијата, што предизвика остри реакции од гостите, меѓу кои и еден турист чија бремена сопруга се заразила.фото: ФБ

Свет | пред 7 месеци

Diego

Загина Диого Жота, ѕвездата на Ливерпул, заедно со брат му во страотна сообраќајна несреќа во Шпанија: Бил на меден месец

Португалскиот фудбалер Диого Жота, фудбалската ѕвезда на Ливерпул, го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи во шпанската провинција Замора.Според шпанските медиуми, 28-годишниот Жота бил на одмор и меден месец, само две недели по неговата свадба.Заедно со него, животот го загуби и неговиот брат Андре (26), исто така професионален фудбалер. Автомобилот во кој патувале излетал од патот и експлодирал, а двајцата загинале како резултат на пожарот во возилото.Сведоци на несреќата јавиле на бројот за итни случаи 112 веднаш по случувањето, при што било забележано дека автомобилот бил во пламен, а огнот се проширил и на околната вегетација. Несреќата се случила во раните утрински часови, кратко по полноќ.Пожарникарите, полицијата, брзата помош и медицинскиот тим од здравствениот центар во Момбуеј пристигнале на лице место, но можеле само да го констатираат смртниот исход на двајцата браќа.Жота се венчал со Руте Кардосо на 22 јуни 2025 година, осум дена пред трагичната несреќа. Неколку часа пред несреќата, фудбалерот сподели видео со својата сопруга.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.25

Трамп ја предупреди Шпанија: „Ќе платат двојно ако не зголемат трошење за одбрана“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја принуди Шпанија да го зголеми буџетот за одбрана, откако Мадрид соопшти дека нема намера да ги следи новите цели на НАТО за трошоци од 5% од БДП до 2035 година. Наместо тоа, Шпанија сака да остане на сегашното ниво од околу 2,1%.„Го сакаат американскиот пазар, а немаат намера да инвестираат во сопствената безбедност. Ќе платат двојно преку трговски договор. Сериозен сум“, изјави Трамп во пресрет на самитот на НАТО во Хаг.На самитот, лидерите на 32 земји-членки усвоија декларација со која се обврзуваат на нова цел: 5% од БДП за одбрана, од кои 3,5% за воени капацитети и 1,5% за критична инфраструктура, иновации и поддршка на Украина.Шпанскиот премиер Педро Санчес порача дека Шпанија останува посветена на НАТО, но ќе ги исполнува обврските „на свој начин“, бранејќи ја одлуката да не го прифати новото зголемување на трошоците. Трамп тоа го оцени како „проблем“ и „неправедност кон останатите членки“.

Свет | пред 9 месеци

IMG_0961

По голем прекин, електричната енергија е вратена во речиси сите домаќинства во Шпанија и Португалија

Снабдувањето со електрична енергија е речиси целосно обновено низ цела Шпанија по голем прекин, при што околу 99,16 проценти од снабдувањето со електрична енергија е обновено до 6 часот наутро, соопшти операторот на електричната мрежа „Ред Електрика“ во вторник.Во соседна Португалија, електричната енергија е обновена и во повеќето домаќинства, објави РТП рано во вторник. Околу 95 проценти од 6,5 милиони корисници во земјата се вратија на електричната мрежа, објави РТП, повикувајќи се на операторот на електричната мрежа „Е-Редес“.Милиони луѓе во Шпанија и Португалија останаа во темница во понеделник, бидејќи струјата снема, комуникациските мрежи беа прекинати, семафорите престанаа да работат, а лифтовите беа блокирани.Шпанскиот премиер Педро Санчез, во телевизиско обраќање во понеделник вечерта, вети дека електричната енергија ќе биде обновена до вторник. Тој не ја прецизираше причината за прекинот, но рече дека не се исклучува ниедна можност.

Свет | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-28-at-22.31.42

Шпанците испратија дури 30.000 полицајци на улиците, Скај њуз: Ова би можело да се претвори во кошмар, се случи нешто екстремно!

Министерството за внатрешни работи на Шпанија прогласи вонредна состојба по колапсот на електричната мрежа кој го погоди поголемиот дел од Иберискиот Полуостров. Министерството додаде дека вонредната состојба ќе се однесува на регионите што го побарале тоа. Досега, Мадрид, Андалузија и Екстремадура побараа од централната влада да ги преземе јавниот ред и други функции.Во меѓувреме, Ројтерс објави во понеделник вечерта, повикувајќи се на сведоци, дека снабдувањето со електрична енергија се обновува во различни делови од центарот на Мадрид. Министерството за внатрешни работи соопшти дека распоредува 30.000 полицајци за одржување на безбедноста. Тие ќе бидат распоредени низ целата земја, додаде министерството.Португалскиот мрежен оператор REN изјави дека „нема информации“ дека масовните прекини на електричната енергија што го погодија Иберискиот Полуостров се предизвикани од кибернапад. Членот на одборот на REN, Жоао Консеисао, рече дека колапост веројатно е предизвикан од „многу голема флуктуација на електричните напони, прво во шпанскиот систем, кој потоа се проширил на португалскиот“. $bp("TargetVideo_45846332", {"id":"26456","width":"647","height":"364","video":"2108667","autoplay":0,"shared":true});„Може да има илјада и една причина, прерано е да се процени“, рече тој, додавајќи дека REN е во постојан контакт со Шпанија. Консеисао рече дека REN се надева дека ќе го врати напојувањето со електрична енергија во вториот по големина град во земјата, Порто, во следните два часа, а во рок од пет или шест часа и во главниот град Лисабон.„Доколку беше до REN, земјата утре ќе се разбудеше со струја, но за жал не е важен само REN“, рече тој.Скај њуз објави дека шпанските и португалските инженери се соочуваат со голем предизвик и потенцијален кошмар - постепено обновување на мрежата дел по дел, додека се одржува рамнотежа помеѓу понудата и побарувачката. Ако се дејствува премногу брзо, мрежата би можела повторно да падне. Ако трае предолго, некои електрани или трафостаници би можеле да бидат тешки за рестартирање - особено ако се потпираат на енергија од батерии.Скај нè потсетува дека локалните прекини на електричната енергија се доста чести, но она што се случи низ Шпанија и Португалија беше нешто многу поекстремно. Голем дел од шпанскиот и португалскиот систем за пренос на електрична енергија се распадна за неколку секунди, вклучувајќи ги и големите градови Лисабон, Мадрид, Барселона и Севиља.Денешниот колапс на електричната енергија веројатно ќе го надмине најголемото затемнување во Европа досега, кога 56 милиони луѓе во Италија и Швајцарија останаа без електрична енергија до 12 часа во 2003 година.

Свет | пред 11 месец

Screenshot-2024-11-20-125024

По САД, и Шпанија ја затвори амбасадата во Киев

Шпанската амбасада во Киев објави дека „нема да дава услуги во текот на денот поради зголемениот ризик од воздушни напади низ Украина“, пренесува Анадолија.По Соединетите Американски Држави (САД), и Шпанија на еден ден ја затвори амбасадата во Киев.Во е-пошта испратена до шпанските граѓани во Украина, шпанската амбасада во Киев соопшти дека „поради зголемениот ризик од воздушни напади низ Украина, тие нема да даваат услуги во текот на денот и барањата може да се поднесуваат преку е-пошта“.Амбасадата, исто така, ги советуваше шпанските граѓани во Киев да „преземат екстремни безбедносни мерки, да ги следат сите препораки на локалните власти и да имаат засолниште на располагање во секое време“.

Свет | пред 1 година

nevreme-spanija

(Видео) Над илјада интервенции ноќеска во Шпанија, на терен се повеќе од 2.700 пожарникари

Службата за итни случаи на Андалузија пријавила 1.163 акции во кои интервенирале во текот на ноќта. Повеќето од нив се регистрирани во Малага, 22 лица се спасени на различни локации.До натамошно известување, не се препорачува несуштинско патување во провинцијата Валенсија.Регионалните противпожарни и спасувачки служби во Валенсија испратија четири спасувачки екипи, додека службите во Кастелон и Аликанте се уште немаат дополнителни интервенции. Во текот на ноќта поради поплави и одрони биле затворени два патни правци, извести Центар 112. На терен се повеќе од 2.700 пожарникари од повеќе од 45 организации, околу 8.600 припадници на војската, вклучително и специјализираната единица за вонредни ситуации, како и над 800 волонтери од Цивилната заштита кои даваат поддршка во најпогодените области. Полицијата, исто така, го зголеми своето присуство со повеќе од 9.700 припадници на Националната полиција и цивилна гарда, над 500 локални полицајци. Со цел да се заштитат граѓаните, воведени се привремени мерки, вклучително и суспензија на едукативните и спортските активности, затворање на дневните центри и ограничување на сообраќајот за приватни возила, освен за итните служби и компаниите одговорни за снабдување со основни услуги, како што се како вода, енергија и храна. На граѓаните им се препорачува да избегнуваат употреба на пумпи за испумпување на вода во затворени простори поради опасност од вдишување на јаглерод моноксид, а во најпогодените места се препорачува употреба на флаширана вода за пиење и готвење.На погодените места се препорачува носење заштитна маска, очила, соодветни обувки и долга облека. Отворени се специјални канцеларии за помош за настраданите граѓани.

Свет | пред 1 година

o_35678838_1280

(Видео) Нови сцени на хорор и ужас во Шпанија, погледнете што направи ненадејниот порој синоќа

Жителите на Жирона имаа будење како кошмар. На улиците во градот можеа да бидат сведоци на нови сцени на катастрофа поради поплавите што го погодија градот во близина на Барселона.Градоначалничката на Жирона, Пиа Серињана, откри дека ненадејна поплава среде ноќ однела автомобили во блискиот Кадакес. До градското казино, автомобилите завршија натрупани еден врз друг, вкупно 32. И покрај огромната штета, засега нема информации за жртви.Шпанија пред 10 дена беше погодена од невидени поплави, каде што повеќе од 200 луѓе ги загубија животите во регионот на Валенсија.Каталонската метеоролошка агенција Метеокат, која објави снимка од последната поплава што ја погоди Шпанија во раните утрински часови, извести дека најверојатно ќе наврнат повеќе од 100 мм дожд вкупно. -Вака тече потокот Кадакес по интензивниот и континуиран дожд утринава, напишаа тие.Локалните жители на социјалните мрежи пишуваат дека состојбата е многу сериозна.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-11-04-143536

(Видео) Жена во Шпанија спасена откако 72 часа по поплавата била затрупана под автомобили

Со голем аплауз беше дочекана изјавата на Мартина Перез, директорка на цивилната заштита на Валенсија, дека по 72 часа кои ги поминала заробена во сопствениот автомобил по катастрофалната поплава во Шпанија, спасена е жена.Нејзиниот автомобил бил еден од многуте што ги однел поројот, пишува Гардијан, и завршил закопан под бројни други возила во провинцијата Бенетусер.Припадниците на итната спасувачка служба се движеле во близина и слушнале извици „Докторе, докторе!“ и се упатиле кон изворот на повикот за помош. Со часови морале да ги преместуваат другите возила и нередот и шутот создаден од поплавата за конечно да стигнат до жената која, за среќа, преживеала. $bp("TargetVideo_30722395", {"id":"26456","width":"762","height":"429","video":"1872481","autoplay":0,"shared":true});Спасувачите и дале прва помош на лице место, а потоа ја испратиле во болница. Фактот дека таа преживеа и беше спасена беше опишан како чудо.Се проценува дека во поплавите во Шпанија досега загинале најмалку 217 лица, додека бројот на исчезнати во моментов може само да се претпоставува.

Свет | пред 1 година

barselona-poplavi

(Видео) Големи поплави во Барселона, пристигнуваат првите снимки

Невремето со дожд ја напушти шпанската провинција Валенсија, откако загинаа најмалку 217 луѓе, и ја погоди Каталонија, каде метеоролошката служба повика на голема претпазливост.Метеоролошката служба АЕМЕТ извести дека „метеоролошката криза заврши во провинцијата Валенсија“ каде што продолжува потрагата по исчезнатите. Но, во исто време службата ги повика жителите на Каталонија, соседна провинција со 7,5 милиони жители, да бидат крајно внимателни поради обилните дождови. Сообраќајот на приградските возови е прекинат во Каталонија поради неповолните временски услови и предупредувањата за обилни врнежи, објави операторот Rodalies de Catalunya на својата веб-страница. Возовите во сообраќајот, сепак, ќе пристигнуваат на нивните дестинации.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-11-01-083537

Најмалку 158 луѓе загинаа во катастрофалните поплави во Шпанија, најавени се нови дождови

Шпанската метеоролошка служба (АЕМЕТ) издаде жолти и портокалови предупредувања за тешко погодените Валенсија и Кастелон.Дождот, иако не се очекува да биде толку силен како оној што падна на почетокот на неделата, претставува нов проблем за жителите. Бидејќи земјата е веќе заситена, понатамошните врнежи може да доведат до дополнителни поплави.Катастрофата е најлошата во Шпанија во последните децении, а властите ги предупредуваат жителите дека вонредната состојба е далеку од завршена.Најмалку 158 луѓе загинаа во невремето, а спасувачките тимови сè уште трагаат по урнатините за исчезнати луѓе.

Свет | пред 1 година

e2fbb711-bb64-4c72-98d9-30b8314cb187

Најмалку 95 загинати во Шпанија, спасувачките операции се во тек: „Сè е како од филм за катастрофа“

Страшни поплави ја погодија Шпанија. Валенсија беше најтешко погодена. Најмалку 95 лица загинаа, десетици се водат како исчезнати. Спасувачките операции се во тек.„Јас сум во дел од градот Валенсија наречен Ла Торе и, кога сонцето почнува да изгрева, јасно може да се види степенот на уништувањето во оваа област.Само што одев 10 минути по патот, се обидов да ги избројам уништените автомобили, но десетици и десетици од нив се расфрлани насекаде.Пред мене е куп од девет автомобили „наредени“ пред локалната банка. По целата должина на коловозот се протега дебел слој кал и шут.Локалните жители одат кон градот и видов некои како се враќаат со големи шишиња вода. Полицијата патролира во областа.Тешко е да се опише, но се чувствувате како да сте на снимање на филм за катастрофа - но ова е реалноста за луѓето кои живеат овде. Ќе треба долго време да се санира штетата“, напиша репортер на Би-би-си.

Свет | пред 1 година

3c6b2e76-1658-46cb-b61c-6481320237c5

Страшни поплави во Шпанија, над 60 загинати

Најмалку 64 лица загинаа во поројните поплави што го погодија југоисточниот дел на Шпанија.Поројните дождови, предизвикани од студениот фронт што се движи низ јужниот и источниот дел на земјата, вчера ги поплавија патиштата и градовите, поради што властите во најтешко погодените области ги советуваат граѓаните да останат дома и да ги избегнуваат сите несуштински патувања.Денеска се огласи и шпанскиот премиер Педро Санчез кој рече дека „овој катастрофален инцидент не е завршен“.„Жителите на неколку региони, вклучувајќи ги Валенсија, Андалузија и Каталонија, треба да преземат мерки на претпазливост. Обидете се да не возите или да останете во близина на мостови, не ставајте ги животите во опасност“, рече Санчез.Фон дер Лајен: Европа е подготвена да помогне„Она што го гледаме е поразително. Цели села се покриени со кал, луѓето бараат помош на дрвјата. Автомобилите се однесени од силните порои. Десетици мртви, стотици евакуирани. Нашите мисли сега се со семејствата на жртвите, но исто така и оние чии членови сè уште се водат за исчезнати.Спасувачките служби неуморно работат за да ги пронајдат исчезнатите и да им помогнат на оние на кои тоа им е најпотребно сега. Европа е подготвена да помогне“, изјави шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-30-103838

„Водата ми ја скина облеката од телото, чудо е што сум жив“: Преживеан од поплавите во Шпанија раскажа неверојатна приказна

Најмалку 51 лице, меѓу кои и деца, загинаа во поплавите што зафатија делови од Шпанија.Најкритична ситуација во моментов е во Валенсија, Малага и Гранада.Спасувачите се уште неуморно трагаат по исчезнатите, а на теренот има околу 1.000 војници.Сите оние кои беа спасени и кои не можат да се вратат во своите домови се во импровизирани центри.Во спортскиот комплекс „Петкина“ ноќта ја минаа 50-тина лица кои претходно беа спасени од порои.Со ужас се сеќаваат на сето она што го доживеале, но се среќни бидејќи се уште се живи.Меѓу нив е и Пако, кој вели дека за само неколку минути се нашол заробен во поројна поплава, која за малку ќе го чинеше живот.„Ме спаси чудо“, изјави тој за Ел Мундо.„Водата скина дел од моите алишта од моето тело. Имам модринки и гребаници по целото тело. Кога водата носеше сè, се држев за она што можев. Брзината на водата беше неверојатна“, рекол тој.Оние кои не биле евакуирани се заглавени во своите куќи и чекаат помош. Најтешко беше погодена Валенсија, каде неколку лица се уште се водат како исчезнати.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-30-100908

(Видео) Aпокалиптични сцени од Шпанија, најмалку 50 загинати, владее хаос

Спасувачите во Шпанија ги извлекуваат мртвите бебиња од поплавите што ја зафатија таа европска земја. Досега се извлечени телата на најмалку две бебиња, а бројот на загинати во невидените поплави надмина 50. Како што јавија локалните медиуми, спасувачите ги извлекле телата на четири лица, двајца мажи, една жена и едно бебе, во градот Паипорта. Во градот Торент спасувачите пронашле пет безживотни тела, меѓу кои и бебе. Најтешко беше погодена Валенсија, каде неколку лица се уште се водат како исчезнати.Туристите кои дојдоа да ја посетат Валенсија велат дека биле заробени во возилото речиси 10 часа. Виталиј Фарафонов и неговата сопруга биле во посета на Валенсија кога полицијата синоќа околу 20 часот ги извлекла од автопатот.„Беше хаос. Изброивме девет или 10 превртени камиони на дел од автопатот за помалку од еден километар. Никогаш не сме виделе такво нешто“, рече Фарафонов.Снимките кои кружат покажуваат како луѓе се обидуваат да се спасат од поплавите качувајќи се на дрвја. Властите користат хеликоптери за да ги спасат жителите од нивните домови.Други видеа споделени од шпанските радиодифузери покажуваат дека водата навлегува во куќите додека автомобилите ги носи низ улиците.Радио и ТВ станици добија стотици повици за помош од луѓе заробени во поплавените подрачја или во потрага по најблиски, бидејќи службите за итни случаи не можеа да стигнат до сите погодени локации.

Свет | пред 1 година

uragan-florida

Ураганот Лесли се приближува кон Европа, локален метеоролог открива какви ќе бидат последиците

Ураганот Лесли се приближува кон Европа, а неговото влијание врз временските услови ќе се почувствува веќе на почетокот на следната недела во Шпанија и Португалија.N1 известува дека ураганот ќе ослабне додека паѓа на копно. Помало количество нестабилен воздух ќе продре и над западниот Медитеран и можно е формирање на медитеранска депресија Медикана.Само мали количини на нестабилен влажен воздух од атлантско потекло стигнуваат до нашите најсеверни делови од внатрешноста и северниот дел на Јадранот.Метеорологот на телевизијата N1 Бојан Липовшќак јавува дека денеска во тие делови постои можност за облачност, а во Горски котар може да има дожд. Највисоката дневна температура во внатрешноста ќе има вредност околу 20, а на Јадранот до 25 степени.Во понеделник претпладне по котлините во внатрешноста се очекува магла, а температурите ќе бидат од 5 до 8 степени. На Јадранот утринските температури ќе бидат од 12 до 17 степени. Највисоките дневни температури ќе бидат од 18 до 20 степени.До крајот на следната недела во внатрешноста ќе има утринска магла, но времето ќе биде сончево и стабилно. Влошување се очекува кон крајот на неделата, а поголеми количини на врнежи се можни во петок и сабота.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања