Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СТРУМИЦА

Pozarnikari-DZS

Изгаснат голем пожар во магацини на ЈПКД „Комуналец“ - Струмица

Четири противпожарни возила и 15 пожарникари го гаснеа големиот пожар кој избувнал вчера околу 17:25 часот во објекти кои се користат како магацини на ЈПКД „Комуналец“, информираа од ТППЕ Струмица. -Пожарот беше во разгорена фаза и исклучително тежок за гаснење. Беше побарано од ЕВН да се исклучи струјата поради голема опасност за животите на пожарникарите-спасители кои беа навлезени длабоко во магацинските простории и го гасеа пожарот. Друг тим, во исклучително тешки и опасни околности заради дождот што врнеше, изврши отворање на лимениот покрив и овозможи чадот да излезе од просториите, се наведува во информацијата од струмичките пожарникари.Пожарот предизвикал голема материјална штета, а тим на ТППЕ Струмица синоќа дежурал на местото на пожарот.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarycpkqik9doup57lZORsb

„Со лесно и Господ на помош“, им порача градоначалникот Костадинов на кандидатите

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, на сите кандидати за градоначалник на Струмица, им посака среќа и им порача дека Струмица секогаш била пример за фер натпревар на идеи.„Денес започнува официјално кампањата за претстојните локални избори, период во кој нашата демократска зрелост повторно ќе биде ставена на тест. Струмица секогаш била пример за политичка коректност и фер натпревар на идеи. Овие избори, особено за нашиот град, се различни од сите претходни. Токму затоа, најважно е сите кандидати и за градоначалници и за советници да се насочат кон локалните предизвици и решенија, наместо кон национални или, уште полошо, меѓународни теми. Нашиот град има потреба од визија и континуиран развој. Визионерството понекогаш знае да биде сурово, бидејќи одлуките што се носат можат да изгледаат тешки и непопуларни. Но важно е тие одлуки искрено да се прикажат пред граѓаните, дури и кога во очите на градоначалникот изгледаат сурови. Само така може да се обезбедат трајни резултати и стабилна иднина. Одрекувањето или оградувањето од визионерските проекти не му носи добро на никого, напротив ја поткопува довербата и најмногу им штети на граѓаните.Струмица отсекогаш била пионер на прогресивни политики и проекти, од времето на Манолев, преку Грчев, Јанев, Заев и Јаневски, па сè до денес. Освен со прогресивноста, нашиот град се гордее со дух на мирољубие, вистинска еднаквост и инклузија на етничките малцинства, афирмација на жената и нејзината улога во општеството, зачувување на традиционалните и духовни вредности, развој на културата и спортот, сè што ја прави Струмица посебна. На сите кандидати им посакувам фер и коректна кампања. Нека победи вистинската визија, визијата на човек кој уште денес треба да има јасна слика за тоа како ќе изгледа Струмица по четири години, на денот кога ќе треба достоинствено да ја предаде должноста“ порачува актуелниот градоначалник на Струмица.Со лесно и Господ на помош, напиша тој.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Обвинувања за насилство и притисоци во Струмица: СДСМ на удар на критики

СДС во паника поради очекуваниот пораз на претстојните локални избори во Струмица почнала да шири насилство и страв, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.„Очигледен е очајот на раководството на СДС во Струмица – наместо да понудат проекти, план и визија, тие се свртеа кон насилство и заплашување.Наместо да се извинат и да се оградат од скандалозниот напад во кој нивните кадри Христијан Ефтимов и Илија Стојанов крвнички тепаат странски државјани, од партијата следува само молк. Дали Филипче и СДС ќе се дистанцираат од насилниците? Зошто судството сè уште не реагира? Дали за СДС и нивните кадри на листата не важат законите?Ефтимов и Стојанов не се исклучок. Носителот на листата, Миле Гогов, има кривична пријава за загрозување на сигурноста, додека за Шефкет Асанов има прекршочна пријава за насилство и нарушување на јавен ред и мир. Дали судството ќе реагира за овие прекршители на законот?СДС во Струмица се опкружени со насилници и луѓе подготвени да го прекршуваат законот, додека институциите не реагираат поради блискоста со Заев. На Струмица ѝ требаат лица со интегритет и визија, а не уценувачи и насилници“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryjcg0p0cla7o57rS4R9i

Манасиевски: Листите на СДС во Струмица полни со насилници и тепачи

Соочени со фактот дека ја губат општината, СДС во Струмица шири страв и трепет, а листите за советници им се полни со насилници, изјави денеска Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.„Откако вчера македонската јавност увиде на каков начин СДС владее во Струмица, од партијата нема осуда, ниту оградување“, рече Манасиевски.Тој праша каков пример даваат на младите Христијан Ефтимов и Илија Стојанов, кои, како што нагласи, крвнички тепале странски државјани во Струмица. „Зарем така треба да се однесуваме со туристите во државава? Исто така, дали судството ги штити овие две лица бидејќи сè уште нема постапено?“, додаде тој.Манасиевски посочи дека тие двајца не се први ниту последни кои имаат кривични пријави во советничката листа на СДС во Струмица. „За носителот на листа, Миле Гогов има кривична за загрозување на сигурност, додека за Шефкет Асанов има прекршочна за насилство и нарушување на јавен ред и мир. Исто така, и тука прашуваме дали судството има реагирано? Или за членови на СДС тоа не важи?“, рече Манасиевски.„Од сето ова можеме да заклучиме дека СДС во Струмица кандидира насилници и тепачи на кои досиејата им се полни со кривични пријави и заштитени од судството, затоа што се чеда на Заев. На Струмица не ѝ требаат тепачи и насилници, на Струмица ѝ е потребна вистинска промена“, истакна Манасиевски.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryooa4j82f6m1v7nSTaQ9

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидати за советници на СДС крвнички тепале странски државјани во Струмица

Кандидати за советници на СДС од Струмица крвнички претепале странски државјани, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.„Додека СДС и Венко Филипче продаваат европски вредности, нивни кандидати за советници во Струмица тепаат луѓе. СДС го покажа вистинското лице – партија без програма и визија, но со насилници и тепачи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Од опозицијата посочија дека станува збор за Христијан Ефтимов, претседател на младите на СДС и кандидат за советник во Советот на општина Струмица, и Илија Стојанов, исто така кандидат за советник. „Овие лица, блиски до структурите на СДС, во Струмица крвнички тепале странци“, наведуваат од партијата.Во соопштението се потсетува и на други случаи на насилство поврзани со членови на владејачката партија, меѓу кои градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, кој, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, „во видно алкохолизирана состојба тепал припадник на МВР“.„Низа е долга – од советникот Аки Акимов од Кочани, кој делеше тупаници во Советот и се закануваше, па се до актуелните случаи во Струмица. За сите овие инциденти Филипче не се огради, иако е фотографиран во блиски контакти со Акимов“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Од опозициската партија порачаа дека Венко Филипче мора јавно да се огради од насилниците во редовите на СДС и да го осуди насилството. „Луѓето како Ефтимов и Стојанов не смеат да бидат иднината на државата. На Струмица ѝ се потребни промени, а не насилници кои се служат со примитивни методи“, стои во соопштението.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

(Видео) Страотна тепачка со клоци и крв: „Кандидати за советници од СДС крвнички тепале странски државјани“, тврди Манасиевски

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска излезе со обвинувања против СДСМ во Струмица, тврдејќи дека нивни кандидати за советници биле директни учесници во физички напад врз странски државјани.„Вистинската СДС се покажува на дело – кандидати за советници во Советот на општина Струмица, Христијан Ефтимов, кој е и претседател на младите на СДС, заедно со Илија Стојанов, крвнички тепаа странци во Струмица. Ве замолувам да го проследиме видеото“, изјави Манасиевски на прес-конференција.Тој додаде дека со овој настан, целата јавност може да види на каков начин владее СДС во Струмица – „со страв и терор, наместо со идеи, програма и визија“.Според Манасиевски, дел од останатите кандидати од советничката листа на СДС имаат кривични и прекршочни пријави, што, како што рече, дополнително ја потврдува насилната политика на оваа партија.„МВР веќе има поднесено кривични пријави, но судството – како и во многу други случаи – сè уште нема донесено никаква правна разрешница“, рече Манасиевски, додавајќи дека бара осуда и јасно оградување од страна на СДС и локалното раководство.Според него, насилниците не смеат да бидат иднината на Струмица, а време е, како што истакна, „за вистинска промена во градот“.

Македонија | пред 6 месеци

media-library6d86j0s86mgmdwSOrc6

Лишен од слобода маж од Струмичко поради подметнување пожар

Полициски службеници од СВР Струмица вчера го лишиле од слобода 42-годишниот Е.А. од селото Василево, поради сомнение дека предизвикал пожар во атарот на истото село.Според информациите од МВР, на 20 септември околу 12:00 часот, осомничениот подметнал оган на место викано „Џидет“, при што била зафатена нива со сува вегетација. Пожарот бил навремено изгаснат од Територијалната противпожарна единица – Струмица, а повредени лица нема.Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Струмица и инспектор за пожари. Е.А. е задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица.„По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од МВР.

Македонија | пред 6 месеци

filipce-ck-sdsm

Не ветувам лесен пат, но ветувам борба за праведна и солидарна Македонија, да ја исправиме на темелите на АСНОМ, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на собирот на младите социјалдемократи во Струмица испрати порака на мобилизација и решителност.„Јас не ветувам лесен пат. Но ветувам борба. И таа борба ќе ја водиме со главата високо, со гордост што сме наследници на асномската идеја за слободна, праведна и солидарна Македонија,“ порача тој.Филипче нагласи дека младите и членовите на СДСМ отсекогаш биле бранителите на демократијата во најтешките моменти и дека денес повторно е време за исправување. Тој остро ја критикуваше Владата на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја за партизација, непотизам и злоупотреби кои, според него, ја туркаат државата во мрак и им ја одземаат иднината на младите.„Нашата задача е јасна – да ја подигнеме партијата, да ја вратиме надежта, и да им покажеме на луѓето дека СДСМ е силата што знае да ја исправи државата,“ рече Филипче.Тој посочи дека токму младите социјалдемократи и ангажираното членство ќе бидат двигатели на промените: „Нивната енергија на терен, во секое маало, во секое семејство, е она што ќе ја разбуди надежта кај разочараните и кај оние што замолкнале. Сега е моментот повторно да се собереме, да се исправиме и да ја изградиме силата што ќе ја запре неправдата и ќе ја врати државата во рацете на народот.“

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-08-14-at-22.51.48

(Фото) Исчезнат струмичанец – семејството бара помош во потрагата

Дрвошанов Роберт, 39-годишен жител на Струмица, се исчезнат од вчера околу 14 часот.Според информациите, во моментот на исчезнувањето Роберт бил облечен во црвени шорцеви, кафенкаста маица, црна капа и бели патики, а со себе носел и црн ранец.Семејството апелира до сите граѓани кои имаат било каква информација за неговото движење да се јават на телефонскиот број 077/619-822 – Љубинка, мајка на исчезнатиот.„Скопје1“ побара информации од Министерството за внатрешни работи, од каде потврдуваат дека се трага по Дрвошанов, кој е пријавен од страна на член на семејството, за исчезнат.„Денеска (14.08.2025) во СВР Струмица во 08:40 часот Д.Љ.(64) од Струмица пријавила дека на 13.08.2025 околу 13:00 часот нејзиниот син Р. Д. (39) се оддалечил во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.

Македонија | пред 7 месеци

ogin-strumica

(Видео) Деца палат оган во двор на струмичката гимназија: „Не се свесни до каква катастрофа може да дојде“

Додека Македонија се соочува со сериозни пожари на повеќе локации, а државата добива помош и од странство за справување со огнената стихија, поединци несвесно си „играат“ со опасноста. Видео објавено од „Струмица денес“ покажува деца како палат оган во дворот на Струмичката гимназија – сцена што предизвика сериозни реакции и загриженост во јавноста.

Македонија | пред 8 месеци

Kire-Mihailov

Михаилов заминува на одмор, неколку дена ќе „паузира“: „Среќен сум што Славе го извлеков од огнот и е овде на сигурно до мене“

Директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, како што објави на својот профил на ФБ, по една година непрекината работа без користење одмор, најави дека заминува на неколкудневна пауза по интензивната и исцрпувачка борба со пожарите во струмичкиот регион.ЕКИПО, ОДАМ НА НЕКОЛКУДНЕВНА ПАУЗАИ така веќе една година откако сум назначен за Директор немам користено одмор, па штом незнам редовно, еве тогаш присилно.Среќен сум што Славе го извлеков од огнот и е овде на сигурно до мене, а беше паднал на линијата од огнот од вдишување на чад бранејќи ја викендицата на чичко му и беше буквално дезориентиран.Се надевам за кратко и чичко му и братучед му кои останаа на викендицата заобиколени од сите страни од огнот, ќе бидат добри.Морам да се поклонам на дечките од хеликоптерите кои со прецизни фрлања го спречија огнот да дојде до нас, а уште повеќе на дечките од МВР Струмица и специјалната единица со пинцгауерите кои заедно лично со командирот Никола на СВР Струмица го направија буквално невозможното.Браво дечки, поклон!И само да знаете почитувани мои пријатели, воопшто не жалам што сум овде, туку жалам за тоа што после 5 дена лавовска битка, денеска конечно оганот ни излезе од контрола и влезе на територијата на општина Радовиш!За кратко се гледаме повторно онаму каде ќе бидам најпотребен, рамо до рамо со нашите сограѓани, во добро и зло, за арно и убаво.Да сте ми живи, здрави и среќни сите,а нашата МАКЕДОНИЈА да ни биде вечна!

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-07-18-211738

(ВИДЕО) Полициски хеликоптер исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

Денеска полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во општина Василево, с. Нивичино, струмичко каде што гори нискостеблеста шума.При дејствувањето во 60 налета се исфрлени повеќе од 80 тони вода. Пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење.Линк од видеото:

Македонија | пред 8 месеци

20230227071314

Гореше зграда во Струмица, пожарникарите пронашле едно починато лице

Трагичен инцидент вчера попладне ја потресе Струмица, откако избувна пожар во стан на четврти кат од колективна станбена зграда на улицата „Б.Ј. Мучето“.Екипите на Територијалната противпожарна единица Струмица интервенирале со три противпожарни возила и седум пожарникари-спасители. За време на интервенцијата, за жал, во зафатениот стан било пронајдено едно починато лице.Сите останати станови беа заштитени од огнената стихија, а жителите на зградата биле безбедно евакуирани и нема повредени.Причините за настанувањето на пожарот, како и околностите под кои починало лицето, се предмет на истрага на надлежните институции.Надлежните апелираат до граѓаните на зголемена внимателност, особено во летниот период кога ризикот од пожари е значително зголемен.

Македонија | пред 8 месеци

mickoski-i-kostadinov

Костадинов, кој го замрзна членството во СДСМ, од срце му се заблагодари на премиерот Мицкоски за 6,5 милиони евра за Струмица

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, јавно изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и Владата за финансиската поддршка од 6,5 милиони евра наменета за проекти во неговата општина. Благодарноста ја објави на својот фејсбук профил, каде сподели и фотографија со Мицкоски, по потпишувањето на договорите за стратешки инфраструктурни инвестиции.„Денеска во Владата ги потпишавме договорите за стратешки важни проекти за нашата Струмица, со вкупна вредност од речиси 6.5 милиони евра.Продолжуваме со уредувањето на каналот Крушевска Република,Инвестираме во станбени и сервисни улици,Обезбедуваме целосна инфраструктура околу новиот градски пазар, кој ќе биде најголем во Македонија.Ова не се само проекти – ова се конкретни чекори за ново урбано лице на нашиот град. За повисок квалитет на живот, за поубава, поподготвена, похумана и поевропска Струмица.Од срце му благодарам на мојот тим за посветената работа, но и на Владата и Премиерот, кои ја препознаа нашата визија и го валоризираа трудот што го вложивме“, напиша струмичкиот градоначалник.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-07-09-at-18.54.00

Таткото кој ја врзал ќерката во Струмичко – под истрага за малтретирање на дете

По објавата на вознемирувачката снимка на која се гледа врзано дете во струмичко Ново Село, Основното јавно обвинителство Струмица отвори истрага против таткото. Тој е осомничен за кривично дело запуштање и малтретирање на дете по член 201 од Кривичниот законик.Како што информира Обвинителството, девојчето е згрижено во семејство преку Центарот за социјални работи, додека против таткото ќе бидат предложени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, одземање на пасош, редовно јавување кај службено лице и забрана за приближување до детето.Истражните органи продолжуваат со прибирање докази за случајот.

Македонија | пред 8 месеци

kostadinov-strumica

„Народе мој, време е!“ Струмичкиот градоначалник најави кампања 365 дена со луѓето

Актуелниот струмички градоначалник, Костадин Костадинов кој го „замрзна“ неговото членство во СДСМ откако лидерот Венко Филипче не го кандидираше за уште еден мандат најави кампања со луѓето која, како што пишува на ФБ, ќе трае 365 дена.Од следната недела започнувам народна кампања – 365 дена со вас.365 дена со луѓето!Не кампања на зборови, туку на дела.Не кампања на ветувања, туку на покажување.До сега бев секој ден, секој час со вас – на улиците, во селата, на пазарот, во дворовите, во училиштата, на градилиштата.Но сега е време да ви го презентирам сето она што чесно, посветено и со љубов го имам сработено.Јас и мојот тим – 365 дена со народот.Нема фотелји, нема привилегии – само служба, чесност и резултати.Ова не е почеток на политичка кампања.Ова е продолжение на животната мисија: да се служи на народот со срце, ум и одговорност.Ќе бидеме таму каде што сме секогаш – меѓу народот.Ваш,Коста Костадинов

Македонија | пред 8 месеци

kostadinov

Струмичкиот градоначалник ќе делува во или надвор од СДСМ: Костадинов најави нова стратегија по завршување на локалните избори

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, кој синоќа го замрзна челнството во СДСМ, откако лидерот Филипче не му додели повторна кандидатура, уште еднаш се огласи на ФБ занеговите следни чекори и најави поинаква политичка стратегија:-Свесен за тешката состојба во која се наоѓа мојата партија, од безидејноста, сакам да помогнам за жал нема како… Во следните месеци, ќе започнам со креирање на ново интерпартиско делување, кое ќе биде презентирано по завршувањето на локалните избори. Целосно прецизна стратегија, доволно мотивирачка за да обедини авторитети што ѝ недостигаат на СДСМ, тешки за да бидат непривлечни за политичките авантуристи, и доволно забавни за да се пронајдат младите… Мојата стратешко политичка одлука за делување во СДСМ или можеби надвор од СДСМ ќе биде јавно кажана во два дела. Првата ќе биде септември, конечната по завршување на овие локални избори. До тогаш посакувам среќа да се победи во барем една општина“

Македонија | пред 8 месеци

apsenje-toskovski

(Фото) Апсењето во Струмица било филмско, планирале дрогата да ја изнесат од Македонија, вели Тошковски

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица, каде беше спроведена акцијата.„СВР Струмица разби меѓународен канал за трговија со дрога и запленија 100 килограми марихуана која беше превезувана, а целта беше да се извлече надвор од Македонија. Македонските граѓани можат да видат темелна дрога против нелегалната трговија со дрога“, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Тој кажа дека „апсењето било филмско, на криминалците што ја транспортирале дрогата“.„Информиран сум од началникот на СВР Струмица, дека ќе даде предлог за наградување на полицајците, а јас ќе прифатам и соодветно ќе ги наградиме кои што во работењето успешно ја направија акцијата“, додаде Тошковски.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-30-at-14.08.54

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ го брани човекот што ја нарече Струмица „бугарски град“

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, жестоко реагира на ставовите на новинарот Драган Павловиќ Латас и поддршката што, според него, ја добива од ВМРО-ДПМНЕ. Во својата јавна изјава, Костадинов прашува зошто опозициската партија стои зад личност што, како што вели, ја навредува честа на Струмица и Македонија.„Истиот Латас кој ја нарече Струмица 'бугарски град'. Истиот за кој со години постојат јавни сомнежи за сериозни обвинувања. Тоа не е само политички пад, туку етички срам“, порача Костадинов.Тој нагласува дека во неговата претходна реакција немало повик за насилство, туку одбрана на семејната и градска чест.„Струмица нема да падне под туѓ јазик, симбол или етикета. Ќе ја браниме честа на градот како што нашите предци ја бранеа татковината“, напиша Костадинов.

Македонија | пред 9 месеци

dzoko-tapanar-dnk

Споменик во чест на тапанарот Џоко и жртвите од „Пулс“ ќе се прави во Струмица

Димитар Ѓоргиев, братот на трагично починатиот тапанар од групата „ДНК“, Џоко Ѓоргиев, покрена хуманитарна кампања за прибирање 30.000 еврa. Средствата се наменети за изградба на споменик во центарот на Струмица – во знак на сеќавање на Џоко и на сите жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, кој се смета за најголемата несреќа во поновата македонска историја.Според информации на „Слободен печат“, споменикот ќе биде поставен на струмичкиот плоштад, а за неговата изработка е ангажиран академскиот уметник Митко Тошев – сликар и вајар, кој предава во гимназијата „Јане Сандански“.Во образложението на иницијативата се наведува дека споменикот ќе претставува симбол на вечниот препород – не само за Џоко, туку и за сите 62 животи што згаснаа во трагедијата.[caption id="attachment_330301" align="alignnone" width="1353"] Screenshot[/caption]„Џоко имаше само 24 години. Беше млад музичар со исклучителен талент и огромно срце. На една обична вечер, додека свиреше – токму она што најмногу го сакаше – животот му згасна во огнената стихија. Но, неговата љубов, музиката и спомените што ги остави зад себе остануваат да живеат“, пишува во повикот за донации.„Тој свиреше до последниот момент. Неговите тапани сè уште одекнуваат во срцата на оние што го познаваа и го сакаа. Сакаме тоа да трае засекогаш – затоа ја покренуваме оваа иницијатива. Да изградиме споменик што ќе биде сведоштво за неговата љубов кон музиката, за човечноста, за храброста. И да не дозволиме да се заборави.“За само едно деноноќие, донирани се над 1.250 евра, а целта е да се соберат 30.000 евра.

Македонија | пред 9 месеци

1-750x497-optimized.jpg

(Видео) Голем пожар кај Струмица

Голем пожар букти кај Струмица во реонот меѓу Софилар, Градски гробишта, Баница, пишува Струмицанет.Како што објави Струмица нет, гори на три страни, а ветерот го разгорува пожарот.Противпожарни екипи се обидуваат да го локализираат пожарот.

Македонија | пред 1 година

46065724_2242678189077887_401652701433167872_n

Струмичани се здружуваат со слоганот „Забрането дишење“, и одат на марш поради загадувањето

Организацијата „Здрава котлина“ организира протестен марш во сабота на 1 февруари во Струмица, поради енормно високото загадување.Во повикот стои:„На 1ви февруари (сабота) со почеток во 11:00 часот ќе одржиме протестен марш низ улиците на Струмица како израз на граѓанско незадоволство од упорното нерешавање на проблемот со воздушното загадување во Струмичката котлина што га истопори Струмица на 7мо место најзагаден град во Европа.Место на собирање е во паркот кај Дом на АРМ и од таму по улицата 24 Октомври почнуваме да се движиме покрај Комуналец, продолжуваме на улица Младинска кај болницата до кружниот тек кај Мавровка, па по улица Гоце Делчев до кружниот тек кај поштата, а потоа по булевар Гоце Делчев до раскрсницата кај Глобал, па продолжуваме по булевар Ленинова покрај Основен суд Струмица и маршот ќе го завршиме пред зградата на општина Струмица кај канцелариите на инспекциските служби.Таму ќе се обратиме на јавноста за нашите пораки и барања до локалната и централната власт. Ќе ги посочиме нештата што мора да се променат и во името на сите вас ќе искажеме конкретни и прецизни мерки од кои ќе нема отстапување.Пресудно е да се врши јавен притисок и тоа е најефективно во отсуство на резултати кои со години ги чекаме да ситигнат. Она што досега добивме се полни болници и жални вести. Струмица не смее да остане 7ми најзагаден град во Европа и токму тоа зависи од сите нас! Ова е исклучиво граѓански протест и секакво јавно истакнато партиско одбележје или симбол ќе биде отстрането од страна на редарите“.

Македонија | пред 1 година

televizija

Згасна етаблиран струмички телевизиски канал по 33 години

По три децении постоење, регионалната телевизија Канал ВИС од Струмица ги затвори своите врати, оставајќи го градот без единствената телевизија што информираше за локални и регионални настани. Сигналот е изгаснат веќе неколку дена, а вработените се пријавени во Агенцијата за вработување, пренесува „сдк.мк“.Телевизијата, која беше една од најстарите во земјата, започна како локална медиумска куќа, а во последните десет години функционираше како регионален сервис. Канал ВИС беше дом на повеќе од десетина новинари, сниматели и технички персонал, но од летово тимот беше сведен на минимум.Во август 2024 година, АВМУ ја одзеде концесијата на Канал ВИС поради неплатен годишен надоместок и недоволен кадровски капацитет. Иако менаџментот подоцна ги подмири обврските и ја врати концесијата, телевизијата продолжи со минимална програма до ноември. Потоа, вработените добија откази, со три неисплатени плати.

Македонија | пред 1 година

17a5f474-7fb6-4c8f-a613-be4b6f96e977

Струмичани и Струмица добиваат здрава и безбедна вода за пиење

Официјално со решение од Агенцијата за храна и ветерина, од синоќа струмичани и Струмица добиваат здрава и безбедна вода за пиење.На денешната прес конференција, градоначалникот Костадин Костадинов им се заблагодари на директорот на „Комуналец“, на техничкиот директор и на вработените во Филтер станицата коишто деноноќно и неуморно работеа да ја преработат техничката вода до степен на питка.-Им се заблагодараувам за добрата соработка и на инспекторите од Агенцијата за храна и ветерина, што навистина им излегоа во пресрет на струмичани, можеби имало и притисоци, но го потпишаа записникот и ни овозможија ние како струмичани да ја надминеме едномесечната голгота. Елементарни човекови права како што е здрава и безбедна вода за пиење во ниту еден случај не смеат да бидат политизирани, како што таков обид имавме овде во општина Струмица и ние струмичани многу добро тоа на наш грб го осетивме. Им порачувам на сите надлежни институции да си ја гледаат својата работа без да мешаат политика во неа, рече градоначалникот Костадинов.

Македонија | пред 1 година

zels-orce-1

Ѓорѓиевски: ЗЕЛС е обединет, ќе посредуваме меѓу Карпош, Струмица и централната власт

ЗЕЛС не е тој што предизвикува кризи, ЗЕЛС ги надминува кризите – ова го изјави претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски после средбата со неговиот колега Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош, додека Костадин Костадинов, градоначалникот на општина Струмица не дојде на состанокот на кој беше поканет, иако беше најгласен против ЗЕЛС.Ѓорѓиевски додаде дека секогаш имало несогласувања помеѓу одреден градоначалник и министер, но логички е кога се работи да постојат и такви несогласувања.- Ние сме тие кои влегуваме во директна медијација на процесот и верувам дека ќе ги надминеме какви и да се разликите и колку и длабоки да се истите.ЗЕЛС останува обединет и понатаму. Во наредниот период ќе продолжиме со интензивна комуникација и со Струмица. Колегата Перо Костадинов кој е мој потпретседател и доаѓа од редовите на Социјалдемократскиот Сојуз, ќе се потруди во тој дел како колега, како припадници на иста политичка партија со Костадин Костадинов да седнеме заеднички на маса и верувам дека, како и Стевче што кажа дека нема да излезе од ЗЕЛС и остава простор на процесот да ги надминеме проблемите, истото ќе се случи и со општина Струмица - изјави претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски и додаде дека ќе застанат зад секој колега градоначалник без разлика од било која политичка партија да доаѓаат.Во текот на наредните неколку денови, ЗЕЛС ќе направи обиди за организирање средби помеѓу гореспоменатите градоначалници и претставниците на централната власт.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања