Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СУДСКИ СОВЕТ

jovanova-jovanov-1412

Судијката која му изрекла воспитна мерка на возачот Васил Јованов не го прекршила законот, ниту била пристрасна, заклучиле членови на Судскиот совет

Судскиот совет не најде прекршување на законот од страна на судијката Даниела Алексовска Стојановска од Кривичен суд која му одредила заводска мерка на возачот Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова, во судскиот процес каде му се судело за дрога. Предложено е само извештајот да се донесе до Обвинителството и Советот на обвинители, поради тоа што Судскиот совет има замерки на завршиот збор на обвинителот кој го гонел Јованов во тој случај. Според Судскиот совет, заводската мерка е согласно одредбите на Кривичниот законик, а судијката не постапила спротивно на истиот.„Извештајот од посетата да се достави до Обвинителството во Скопје, бидејќи има определени согледувања за нивното постапувања, за да истите бидат запознаени. Дополнувам и да се испрати до Советот на јавни обвинители. Втор заклучок: наводите за пристрасност при одлучувањето на судијата во однос на постоење на причини за изземање, оваа работна група смета дека испинатите околности не се од такво карактер за да предизвикаат сомневања за нејзината пристрасност и не се во рамки на предвидените причини за изземање“, рече Данка Ристова, член на Судски совет.Ристова посочи дека прашале и зошто на Јованов му бил укинат притворот кога му била изречена воспитна мерка наместо затворска казна. Судијката посочи дека тоа го правеле по службена должност и дека тоа било воспоставена пракса. Но ова тврдење не можеле да го потврдат.„Вакви предмети за изречена заводска мерка на помлад малолетник се многу ретки, и во Скопје и во другите судови. Решението со кое на обвинетиот му е укинат притворот не е обжалено“, додаде Ристова.Ивица Николовски, член на Судскиот совет кажа дека потфрлиле во заштита на интегритетот на судијата. Смета дека человкупната вина не може да биде префрлена на судовите.„Сите сме свесни и согласни, беше судијата осуден од јавноста, а ние како Судски совет не успеавме да го заштитиме интегритетот на овој судија, а тоа една од нашите основни надлежности. Дозволивме дискредитирање на оваа колешка, која е граѓанин како сите други, професионалец. Наша надлежност не е само да бараме одговорност на судии туку и да ги охрабруваме и на тој начин чекориме кон независност и самостојност. Не успеавме иако имавме обиди. Од овој извештај се потврдува мојот став, колку еден судија е неквалитетен и несовесен, не може да биде толку моќен во алката на правораздавањето. Ако останатите делови од оваа алка се ефикасни, последица е на судијата да биде ефикасен. Од овој извештај гледам, кај обвинетото лице (Васил Јованов), со години од надлежни органи било констатирано однесувањето спротивно на закон и иако имало повеќе такви констатации, воопшто не е процесуирано. Со право се поставува прашањето, што требало да направи за да биде процесиуриан во постапка согласно со законот. Дали ова укажува дека не може целокупната вина да биде на судовите, туку овде станува збор за поширока неодговорност или недоволна превентивност“, рече Ивица Николовски.Антоанета Димовска смета дека Судскиот совет треба да испита факти, а не да штити.„Во моментот кога ќе се случи нешто, се случи трагедија, ниту треба да го заштитиме ниту да го нападнеме судијата. Требаше да ги испитаме фактите, тоа е наша обврска. Факт е дека е створена фама во општеството и дека за се се виновни судиите. Ама ние треба само да ги испитаме фактите и да предложиме заклучоци. Жал ми е поради тоа што им се случува на колегите, ама се надевам дека тоа ќе се исправи и дека некои работи се системски пропусти“, рече Димовска.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-12-at-10.45.37

Екссоветничката на Заев уште не знае дали ќе поднесе оставка од Судскиот совет по интерпелацијата

Членот на Судскиот совет, Тања Чачарова-Илиевска ја примила интерпелацијата и најави дека ќе одговори на истата. Немаше конкретен одговор дали ќе понесе оставка, бидејќи интерпелацијата не го наложува тоа, но доколку се изгласа недоверба тоа ќе значи дека тие кои ја избрале веќе не сметаат дека треба да биде дел од највисокото судско тело.„Ја примив интерпелцијата вчера, за став не сум подготвена сега. Ја прочитав, но немав можности за добро да ја разгледам. Тоа што ми падна во очи дека тоа не е за интерпелација на Тања Чачарова-Илиевска на Судскиот совет, него упатува за интерпелација на Судскиот совет. Упатува на колективна одговорност. Јас кажувам дека одговорноста мора да биде индивидуална иако Судскиот совет е колективно тело. Ние сите гласаме, и зависно на секој засебен глас се носи одлуката“, рече Чачарова-Илиевска.„Сметам дека добро треба да анализирам, па тек тогаш ќе имам одговор на вашето прашање за оставка“, рече Тања Чачарова-Илиевска.При назначувањето на Чачарова-Илиевска, тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагираше дека таа е финансиер на СДСМ, советник на Заев и владин член на бордот на Телеком.[caption id="attachment_321665" align="alignnone" width="1135"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 1 година

sudski-sovet-1

Нема како членовите на Судски совет да бидат разрешени, но борбата ќе биде со јавниот притисок, вели премиерот

Нема начин за со сила да биде разрешен Судскиот совет, рече премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека ниту членовите кои се избрани од Собранието, а за кои е поднесена интерпелација, можат да не дадат оставки и покрај изгласаната недоверба. Сепак, борбата за промени во правосудниот систем ќе бидат со јавен притисок.„Органот кој ги избрал тие пет члена има право да даде свое мислење. И со тоа што не го прифатил нивниот извештај, дал свое мислење. Пратениците можат да поднесат интерпелација за членовите кои тие ги избрале. Но тоа не значи дека им престанува мандатот, тие може да речат дека не поднесуваат оставка и да останат понатаму да го водат судството со 2%. Нас тоа нема да нѐ изненади. Со сила не можеме ништо да им направиме, до последно ги штити законот. Тие можат да решат да не поднесат оставка“, рече Мицкоски.Сепак, тој посочи дека се надева на нивни оставки.„Новите членови ќе се бираат според тоа кој закон ќе биде во сила. Ценам дека јавноста не е задоволна од Советот, ќе се бориме со јавноста, со јавен притисок“, додаде Мицкоски. 

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-06-at-21.57.09

Во Судски совет изненадени од иницијативата за нивно разрешување

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, од медиумите слушнал дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на ова судско тело.„Првпат од вас чув. Повеќе пати имам дадено изјави. Единствено место каде тоа може да се случи е во Судскиот совет. Имам и претходно кажано, работиме сите согласно закон и Устав. Немам причина да се сомневам дека Собранието и Владата работат според тие принципи. Иницијативи до Собранието можат да се поднесуваат, секој има право“, рече Камбовски.Тој рече дека не сака да шпекулира на темата „што доколку ги разрешат“ членовите на Судскиот совет избрани од Собранието.

Македонија | пред 1 година

26122024-Mickoski

„Цениме дека треба да се удри во чело“ - иницијатива за разрешување на членовите од Судски совет поднесуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

Иницијатива за разрешување на Судскиот совет, односно членовите поднесуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ до Собранието. Ова го објави премиерот Христијан Мицкоски, според кого, телото е главно упориште на корупцијата. Ова доаѓа откако граѓаните излегоа на улиците бунтувајќи се против системот, а по прегазувањето на Фросина Кулакова на пешачки премин од страна на Васил Јованов.„На државата и граѓаните им е потребна правда, а правда може да се добие со длабоки реформи и сериозни промени наспроти досегашните пракси на злоупотреби кои имаат пуштено длабоки корени во системот. Македониjа мора да се бори против своето корумпирано мочуриште кое jа држи заробена и заложник и е причина за неjзино пропаѓање и разочарување кај многу од граѓаните. Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет, кој според мое длабоко убедување е дел од системот кој останува главното упориште на корупцијата, неправдите и разочарувањата. Македониjа мора да победи!“, напиша Мицкоски.„Во изминативе месеци се запознавав детално со начинот на функционриање, избор и институционалната мерија и сето тоа што е поврзано со судско-обвинителскиот систем во државата. Кога не знам, се трудам да учам. Заедно со министерот, со сите луѓе кои работат во Министерството за правда, пратениците, анализираме. И споделуваме искуства, бараме решенија. Не е тајна ако кажам дека граѓаните не се задовлни како функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Ние не можеме да направиме целосно распуштање или ниту можеме за кратко време да ги најдеме аномалиите. Но можеме да избереме судски совет кој ќе биде своевиден монитор како судиите се однесуваат, какви одлуки носат и зошто носат такви одлуки. Цениме дека треба да се удри во чело, а не да правиме импланти. Тоа подразбира дека се што е под ингеренции на Парламентот, таму каде се бираат, таму да се изгласа интерпелација. Тие можат да останат во Судскиот совет. Но ако ти водиш инает а ти изгласале интерпелација - не е добро. Тогаш имаме други алатки“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

sudija

Народот очекува правда и одговорност, Судски совет и ЈО да се фатат за работа, да ја разрешат судијката Алексовска Стојановска и да ја истражат нејзината работа, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Одговорност за неказнивоста на криминалците мора да има. Оние кои што дозволија криминалците, наместо во затвор, слободно да се шетаат по улиците мораат да понесат одговорност“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Таквата неказнивост на криминалците од правосудните органи, доведе тие да се чувствуваат посилни и над законот, и да газат се пред себе.Таков е и случајот со возачот убиец, кој пред некој ден ја усмрти младата девојка на Партизанска, која уредно поминувала на семафор на зелено за пешаци.Дента, наместо во возилото кое го управувал без возачка дозвола, требал да биде во затвор ако судијката Даниела Алексовска Стојановска постепела согласно закон. Па, наместо во поправен дом, возачот кај кој била пронајдена значителна количина на дрога, го испратила во затвор.Возачот убиец кој ја усмртил младата Фросина Кулакова бил фатен за трговија со дрога и истиот, по ниту еден основ не можел да биде ослободен од затвор и пратен во поправен дом.Оттука, упатуваме порака до Судскиот совет, конечно да се фати за работа и веднаш да ја разреши судијката Даниела Алексовска Стојановска, која го ослободила од затвор возачот убиец.Исто така, го повикуваме и Јавното обвинителство да отвори истражна постапка за истата судијка и да утврди како и зошто досудила таква одлука.Обвинителството и судството немаат веќе време за трошење, народот очекува да се фатат за работа и да го спроведуваат законот, па така и да ја оправдаат платата што ја добиваат од парите на граѓаните.Народот очекува правда и одговорност.

Македонија | пред 1 година

sudski-sovet-2-2-copy-pretresi

Адеми од Судски совет сакаше со анкета да докаже дека судиите имаат поголема доверба од 2%, а откако им е најавено разрешување

Членот на Судскиот совет Селим Адеми кој се поврзуваше со судијата Енвер Беџети (дел од црната листа на САД), а стоеше зад „пучот“ на експретседателката Весна Дамева, побара од буџетот на Советот да се издвоеле пари за анкета за доверба во судството бидејќи не верувал во таа која утврди дека граѓаните имаат верба во судиите и обвинителите од едвај од 2 отсто. Предлогот на Адеми не доби поддршка, зашто невладините кои ја следат работата на судовите, веќе спровеле таква анкета, а резултатите ќе ги објават денеска.„Предлагам да се одвојат пари во буџетот на Судскиот совет за правење на анкета за довербата во судството бидејќи го слушаме само најлошото од другите институции. Реално довербата во судството не беше 2%, беше околу 20%, па предлагам да одвоиме пари и сами да направиме истражување на јавното мислење, па да видиме колкав е процентот на довербата на граѓаните. Ќе знаеме точно колку е довербата во судство, колку е довербата на судски совет и дефинитивно, да не се шпекулира со бројки, 2, 4, 11, 24. Тогаш ние ќе излеземе точно конкретно и може да кажуваме колку ни е процентот на доверба. Вака само слушаме од други институции што прават анкети и се прикажува само најлошото“, рече Адеми.Распуштањето на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието е една од мерките која ќе ја преземеме со цел исполнување на ветувањето кое го дадовме за подобрување на работата на судско-обвинителскиот совет, најави премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање тој рече дека сега Собранието има можност да ја активира оваа опција и да ги распушти тие членови.„Граѓаните очекуваат акција од нас. Нелогично е тој што ги бира да не може да ги отповика, посебно во услови кога не им го прифаќа извештајот за работењето. Така што, ги гледаме сите овие законски можности, се разбира дека ние нема да правиме ништо што е спротивно на законот и Уставот“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

aleksandar-kambovski

Александар Камбовски е нов претседател на Судски совет

Судскиот совет на седница денеска избра нов претседател Александар Камбовски.Претходната претседателка Весна Дамева во декември 2024 година поднесе оставка на три дена пред пред истекот на нејзиниот мандат.Собранието минатиот декември не го усвои годишниот извештај за работата на ова тело. За работата на Советот имаше и има критики за политички нарачани одлуки. Неусвојувањето на извештајот за работата на Судскиот совет ја отвора можноста пратениците врз основа на членот 100 од Законот за Судски совет да отворат расправа за работата на членовите на тоа тело кои се избрани од Собранието.Ова неколку пати го најавува и премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, најавувајќи дека „размислуваат за неколку потези што ќе ги преземат после празниците".Судскиот совет има 15 членови, од кои 8 ги избираат судиите од своите редови, а од 5 членови што ги избира Собранието, двајца се на предлог на претседателот на државата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-03-112819

Камбовски порача: На судиите кои не работат според законите местото нема да им биде во судскиот систем

Александар Камбовски, новоизбраниот претседател на Судскиот совет на колегите им порача, судиите кои не работат според законите ќе бидат отстранети од судскиот систем.„Бидете уверени дека институцијата ќе се води со интегритет, непристрасност и максимални напори за заштита на судската независност. Ова е куќа на судиите, ги охрабруваме да работат согласно законите и да не потпаѓаат под никакви влијанија. Крајно време е да се стави крај и секој судија кој не работи според законите, туку според негови лични интереси и потпаднал под влијание, дека местото нема да му биде во судскиот систем“, изјави Камбовски по изборот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-29-at-10.24.10

Судски совет утре избира нов претседател

Еден месец по оставката на поранешната претседателка, Судски совет утре избира нов претседател.Изборот веднаш по оставката беше одложен поради комплетирање на составот на Советот со избор на два нови членови од редот на судиите.Претседателот на Советот се бира со најмалку осум гласови од членовите на Советот со право на глас.Советот е составен од 15 члена, од кои осум члена ги избираат судиите од своите редови, петмина ги избира Собранието од кои двајца доаѓаат на предлог на шефот на државата.Парламентот во декември минатата година изгласа негативен извештај за работата на Судскиот, што го отвори прашањето за разрешување на членовите на Судскиот совет кои се избрани од Собранието, а за ова неколкупати се изјасни премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

13122024_MICKOSKI-1

Мицкоски не се согласува дека е незаконски начинот на кој треба да се бара одговорност од Судскиот совет

Премиерот Христијан Мицкосли вели дека не би се согласил, врз основа на мислењата што ги има од областа и од уставните експерти, дека начинот на којшто треба да се побара одговорност од членовите на Советот, е незаконски и неуставен.„Јавноста и граѓаните ги оценуваат со најниска доверба. Ако ние мислиме да им угодиме на овие луѓе и да останат уште подолго таму за подлабоко да тонеме во политичкото мочуриште, заглавени во сето она коешто го направија во изминатиот период, затоа што имаме неколкумина што не постоеја до сега и сега наеднаш се вознемирени и се јавуваат на површината – таква намера немаме да правиме“, рече Мицкоски.Како Влада нема да работиме нешто што е спротивно на законот и Уставот, па така ни во овој процес, вели премиерот во врска со најавата за разрешувања на членови на Судскиот совет избрани од Собранието.„Ние работиме во интерес на граѓаните согласно закон и устав, а да, ќе се појавуваат таков вид таканаречени експерти коишто ќе толкуваат вака или така, но едно е јасно, а тоа го кажуваат граѓаните – дека овие луѓе се со доверба од 2 проценти и не ја заслужуваат повеќе платата којашто ја земаат“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-29-at-10.24.10

Судски совет: Немало претрес, соработуваме, никој не ни влијае

Судскиот совет на Република Северна Македонија по повод пласираните информации во јавноста за наводен „извршен претрес“ во просториите на Советот во текот и по завршувањето на работното време, ја информира јавноста за следното:“По примени писмени барања на ОЈО Скопје, Судскиот совет на РСМ постапи по истите. Нагласуваме дека не е издадена наредба за претрес, ниту е извршен претрес во просториите на Судскиот совет на РСМ. Советот соработува и ќе продолжи да соработува со сите надлежни органи и институции во државата водејќи се од начелата на независно, одговорно и транспарентно судство и се оградува од било какви влијанија и притисоци одвнатре и однадвор, а со цел заштита на независноста и интегритетот на судството”.Претходно од Обвинителството посочија: “ Полициски службеници по Наредба на ОЈО Скопје постапуваат во Судски совет, односно се обезбедуваат два записници за да се проверат евентуални елементи на кривично дело. Ова не е поврзано со формираниот предмет за "црната листа" на САД, туку се однесува на известување од МВР во кое е побарана наредба за обезбедување записници од седница на Судски совет во врска со мандатот на Дамева”.

Македонија | пред 1 година

fasdfasd

Мицкоски за Дамева: Кога довербата е неоправдана, очекувањата неисполнети, треба да биде правило, а не исклучок да се поднесе оставка

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски пред почетокот на конференцијата која е во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС) на тема „Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација“ на новинарско прашање како ја оценува оставката на Дамева, изјави дека овој процес треба да биде динамичен, односно секој оној којшто нема да ги исполни очекувањата треба да биде чесен и да замине.„Јас не би го гледал тоа дека е некаков почеток или некаков крај. Мислам дека овој процес треба да биде динамичен, односно секој оној којшто нема да ги исполни очекувањата треба да биде чесен и да замине. Без разлика каква е неговата улога во општеството.Ценам дека овој Судски совет и ценам дека судството и обвинителството заедно со оваа доверба што ја имаат во граѓаните, не успеаја. И ова не треба да биде исклучок, ова треба да биде правило во иднина дека секој оној којшто нема да ја оправда довербата на граѓаните, треба да замине, без разлика која улога во општеството ја има“, подвлече Мицкоски.Тој го истакна своето очекување обвинителите да имаат поголем фокус во справувањето со криминалот и корупцијата.„Така што, очекувам малку поголем фокус да имаат во справувањето со криминалот и корупцијата, но тоа пред се важи за обвинителите коишто сред акции, кога треба да потпишат налог за претрес или приведување, ќе повторам, добиваат главоболка, повишена температура, грчеви во стомакот, дијареја и анксиозност“.Во однос на прашањето дека Државниот јавен обвинител се одзвал на прозивката дека ќе извршат реорганизација во Јавното обвинителство и дека ќе пристапат кон поважните предмети, премиерот Мицкоски изјави:„Јас не би сакал да го коментирам Државниот јавен обвинител, бидејќи често пати бев прашуван, имате комотно мнозинство, зошто не постапувате како што постапувале, во минатото владите кога биле избрани. Јас давав одговор дека сакаме да дадеме шанса на процесот и да видиме дали можеме конечно правдата да ја добиеме. Граѓаните со право се лути на Владата зошто не постапуваше до сега, бидејќи логично е дека граѓаните мислат дека ние како Владата треба и да обвинуваме и судиме.Тоа не е наша политика, можеби на некои минати влади, но на оваа Влада тоа не е политика. Ние можеме преку истражните органи, Финансиска полиција, Управата за јавни приходи, МВР итн да подготвиме случај и да му го дадеме на Обвинителството. Обвинителството е тоа коешто поднесува пријава, а подоцна, доколку Судот ја прифати, суди. Не е тоа државата и тоа на памет не ми паѓа, ниту некогаш ќе го правам.Јас само упати многу пораки во јавноста и ќе продолжам да упатувам кон овие две институции и обвинители и судии, да си ја работат својата работа. Да не бидат партнери со криминалците без разлика дали се тоа политички или вистински криминалци од улиците. Туку да се борат против криминалот и корупцијата. И конечно очекувам да почнат да си ја работат работата и да ја заработуваат платата којашто им ја даваат македонските граѓани, а не е мала“.

Македонија | пред 1 година

viber_image_2024-12-02_11-01-55-637

Судски совет денеска не избра заменик на Дамева

 Судскиот совет на денешната итна седница не расправаше за избор на нов претседател по оставката на Весна Дамева од функцијата претседател.На седницата не дојдоа двајца членови: Лорета Ѓорѓиева и Александар Камбовски.Членовите кои беа присутни, едногласно одлучија дека е подобро да бидат во комплетен состав кога ќе се бира претседател.

Македонија | пред 1 година

sudski-sovet-35wp9tgunr4txhqbrosv0g

Судски совет на итна седница ќе бира наследник на Дамева

Судски совет свика итна седница на ССРМ, на која ќе го костатираат престанокот на функцијата на Дамева и ќе изберат нов претседател на Судскиот совет.Седницата ќе се одржи денеска во 14 часот. На Дамева мандатот и истекуваше во среда, 5.12, но таа, два дена порано на прес конференција соопшти дека поднесува оставка поради притисоците и дискредитациите од власта.

Македонија | пред 1 година

dui-

ДУИ: Оставката на Дамева е последица на политички притисоци и манипулации

По оставката на претседателката на Судскиот совет, се огласи ДУИ.Во соопштение до јавноста, партијата посочува дека ова е уште еден драматичен момент кој ја одразува алармантната состојба на заробената држава и урнисувањето на независноста на институциите.„Личните напади, политичките притисоци и јавните манипулации што ги опиша госпоѓа Дамева се јасен одраз на нелегитимната и неодговорна власт, која не запира во обидите да го прошири своето влијание врз секој сегмент од државата”, велат од ДУИ.Партијата најостро ги осудува политичките напади врз Дамева и како што велат, бруталните интервенции врз интегритетот на Судскиот совет.„Ваквите напади не се само личен напад врз еден поединец, туку и обид за парализирање на целиот судски систем, со што се поткопуваат сите напори за реални реформи и независна правда. Оваа Влада не само што не успеа да обезбеди праведен и независен судски систем, туку ги користи сите средства за да ги уценува и дискредитира оние кои не се подготвени да се покорат пред политичките притисоци. Кога високи функционери на правосудството, задолжени за заштита на правото и правдата, јавно се уценуваат, пораката е јасна: во оваа држава, независноста на институциите стана непријател на власта”, реагира ДУИ.

Македонија | пред 1 година

viber_image_2024-12-02_11-01-55-637

(Видео) Претседателката на Судскиот совет, Дамева, поднесе оставка од функцијата

Весна Дамева, претседателка на Судскиот совет, поднесе оставка од функцијата. Таа се заблгодари на членовите на Советот, за кои рече дека имаат интегритет. Според неа, мнозинство во советот се професионалци. Најголем респект посочи дека има за судиите кои не се додворуваат на политичарите. За неа, клучно за повлекувањето биле текстови по портали, со кои се оцрнувала. Текстовите биле за постапка во која странка е компанија на нејзниот сопруг.„Изминатиот период нема слух кај извршната и законодавната власт за да се обезбеди брза и ефикасна власт, која треба да се обезбеди со финансии, согласностите за 2024 година беа одбиени, финансиите скратени. Политичарите, претсдателот на Владата, изразуваат критики за Судскиот совет, негативен став за судиите.. И сметам дека единственото нешто што ми останува е да го зачувам мојот мир и спокојство. Затоа, поднесувам неотповиклива оставка од функцијата. Од политичарите, од собраниска говорница се правеа обиди да се наруши мојот интегритет. Мицкоски изнесе наводи дека во Судскиот совет има кланови и се фалсификуваат записници“, рече Дамева.Според неа, пратеник во Собрание, Антонијо Милошоски, биле изнесени закани со кривична одговорност, толкувајќи правна ситуација. Посочи дека од политичар во власта било најавено дека треба да има измени во Судски совет, а на место на сегашните членови да бидат донесени „нивни луѓе“.Дамева рече дека кога незакоски ја разрешиле, се мислела дали воопшто да се врати во Судскиот совет.„Долго, многу долго се мислев дали да се вратам како претседател и да останам на функцијата, бидејќи знаев дека поради однесувањето на одредени членови на советот, ќе има критики и опструкции. На тие членови, ставот не им бил самостоен, иако преку образложенијата, изгледало така“, посочи Дамева.Според неа, политичарите треба да сфатат, дека судската власт е самостојна и независна.„Длабоко во себе верувам дека судиите се професионални и непристрасни. На тие кои не се, им порачувам: не си играјте со огнот, ја девалвирате судиската функција која не е занает и трговија, туку значи правораздавање. Очекувано е голем број судии кои правораздаваат сами да се огласуваат, а кацерот од нивните редови, сами да го отстрануваат“, рече Дамева.Таа ги пофали медиумите за реалното информирање врз основа на факти. Според неа, Судскиот совет бил транспарентен и отчетен во изминатата година.„Пред вас и само за вас, застанува јавноста, која вистинито треба да се информира. Недозоволиво е да се објави напишан текст од политичар, адвокат, со цел некому да му нарушите углед, да го претставите како нечесен, а уште повеќе да обвинувате судии и јавни обвинители и да влијаете врз нив. Тоа не е дозволиво во секоја демократска држава. Не го зборувам ова бидеќи и јас бев изложена на таква ситуација, туку од почит кон судиите и обвинителите, како и јавноста. Слободата на изразување да се почитува треба од секого“, рече Дамева.

Македонија | пред 1 година

sudski-sovet-2

Митева до Дамева: Судски совет треба да одговори дали правдата е задоволена, а не да зборуваме за статистики

“Сметам дека е многу некоректно да давате класификации и дефиниции за тоа од каде е добиен тој процент на доверба и тоа го темелите врз основа на решените или нерешените предмети во извештајот“, се осврна Марија Митева, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа во собраниската комисија на тема Извештај на ЕК за Македонија за 2023 година.Митева појаснува дека не е важно било која страна да биде задоволна, туку е важно правдата да биде онаа која е задоволена.Според неа „На 2% доверба во судството да се отвара прашањето лично и да се зборува дека не се знае како е дојдено до тоа и дополнително дека јавноста треба да биде посуштински навлезена во работењето на судовите е навреда, пред се кон граѓаните кои многу директно ги чувствуваат криминалот и корупцијата кои владеат во судството“.Митева обраќајки се до Дамева од Судскиот совет укажа дека таа добро маневрира со говорот и зборовите со цел да не се фрли дамка врз судиите и тоа од причина што се смета дека така ќе се избегне реалната слика.Како пример Митева го посочува случајот со одлуката на судијата Пајазит Пајазити кој определи куќен притвор кај роднина, нешто невидено до сега, а дискусија по однос на ова воопшто немаше и некако случајот се заобиколи.,,Она што јавноста очекуваше од вас како Судски совет и требаше да се направи, не видовме таква дискусија која навлегуваше во суштината на оваа катастрофа”, и се обрати Митева на Дамева и додаде уште една небулоза, ,,Замислете Судскиот совет во сопствениот извештај за сопственото работење наведува препораки.” Имено рече Митева,,,Изминатата година сте детектирале слабости самите на себе, сте си донеле извештај со кој си препорачувате што да направите и за истото тоа самите на себе сте донеле заклучок”, посочи Митева

Македонија | пред 1 година

fasdfasd

Дамева давала предлози кај Мицкоски како да ја вратат довербата во судството

Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, по средбата со премиерот Христијан Мицкоски, која траеше помалку од час, кажа дека дала конструктивни предлози за враќање на довербата на судството. Иако новинарите инсиситираа да каже кои се тие предлози, Дамева не даде одговор. Според неа, тие прашања ќе ги одговара кога ќе биде во Судскиот совет.„Средбата беше иницирана од Судскиот совет, з дадеме конструктивни предлози за враќање на довербата во судството. Судската и извршната власт сметам дека не треба да се гледаат како соперници, туку како соработници, бидејќи таа институционална соработка е важна за наредните резултати. Граѓаните заслужуваат, а ние треба да обезбедиме правна држава. А тоа може да се стори со меѓуинституционална соработка и преземање дејствија во рамки на својата надлежност“, вели претседателката Весна Дамева.Според нејзе, странците, кажале што треба да се прави со Судскиот совет.„Целосната имплементација дадени во извештајот на оценската мисија зависи од сите нас. Судскиот совет ги имплементира тие препораки. Главен патоказ ни се толку препораките од оценската мисија“, додава Дамева.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-16-at-11.44.22

(Видео) Казната е несоодветна, недоволна, разочарана сум! За судија не постојат олеснителни околности, вели судијката Димовска за трите години затвор на Наќе Георгиев

Антоанета Димовска, граѓански судија и член на Судскиот совет, кажа дека е длабоко разочарана од казната за врховниот судија, Наќе Георгиев. Според неа, казната не е доволна. Посочува дека ставот и е како мајка, баба, граѓанин, а не како член на Судскиот совет. Според неа, за судија кој сторил криминал – нема олеснителни околности.„Како граѓанин не сум задоволна со ваква пресуда. Сметам дека за судиите мора да се изрекуваат построги казни. Сметам дека оваа казна не е соодветна на направеното. Би апелирала до нашите судии, да бидат похрабри“, рече Антоанета Димовска и додаде:„Јас јавно кажувам дека оваа казна не е доволна. Секој има право да си го каже своето мислење. За да испратиме уште поголема порака, едно ќе кажам, за судиите не постојат олеснителни околности. За сите можат да постојат – за судија не! Или си чесен или не си. Или имаш интегритет или нема интегритет. Тоа е моето што ќе го кажам“, додаде Димвоска.

Македонија | пред 1 година

IMG_4929

„Судството се соочува со колапс - нема вработени, нема судии, нема претседатели“, алармира Судски совет

Со години судовите во Крушево и Берово остануваат без претседатели. Состојбата во судството е алармантна, посочува Судскиот совет. Според нив, се случува колапс. Денеска се донесе одлука за нов оглас.„Судството се соочува со колапс. Нема вработени, нема судии, нема претседатели. Нема судии од каде да се пријават, на крај делегираме судии од едно на друго место – но тоа не е решение. Тоа е колку да фигурира, тој не може да биде посветен“, рече претседателката на Судски совет, Весна Дамева.Таа рече дека ова прашање се дискутира на состаноци, но не знаат што да прават.„Се надеваме со новите академци дека ќе избалансираме, но тоа ќе биде мал број“, додаде Дамева.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-28-at-17.24.47

Борба за „ауди“-то во Судски совет: двајца членови се возат до дома и назад

Членот на Судскиот совет Селим Адеми и актуелниот потпретседател Ханиф Зендели немаат намера да го вратат и да се откажат од службеното „ауди“ кое незаконски го користат за одење дома во Тетово и назад на работа во Скопје секој ден, објави СДК.мк.Поради тоа, претседателката на Судскиот совет Весна Дамева на 22 февруари донела одлука службените коли „ауди“, „опел астра“ и „голф“, по завршување на работното време и на работните обврски, задолжително да се остават на паркингот или во гаражата на Судскиот совет. И по работното време да се остават клучевите од трите службени возила во Судскиот совет.„Корисниците на службените возила при нивното користење во текот на работното време, да посветат особено внимание при употреба и користење на возилата, а тоа да е исклучиво и единствено за службени потреби. За користење на службените возила, согласност дава претседателот на Судскиот совет“, изрично стои во одлуката.

Македонија | пред 2 години

maxresdefault

Иако не му следува, Адеми 9 години од Тетово се возел со службено „ауди“

Доскорешниот потпретседател на Судскиот совет Селим Адеми 9 години го користи службеното „ауди“, иако само претседателот има право на службено возило, потврди претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев на прашање од САКАМДАКАЖАМ.МК.Адеми, кој е од Тетово, повеќе години беше на потпретседателското место во Судскиот совет и иако не му следува службена кола, тој уште ја користи без прекин.„Само регистрацијата ја плаќа Судскиот совет. Бензин колку што знам, си става сам колегата Адеми, веројатно тука ги користи и парите што му следуваат законски за автобуската карта“, вели претседателот Георгиев.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 2 години

Vesna-Dameva-2

Дамева: Ниту требам, ниту сум морала да знам за судски постапки на мојот сопруг, ние дома не разговараме за судски работи

Експретседатеката на Судскиот совет, Весна Дамева, на денешната седница повторно е во центар на вниманието на колегите кои инсистираа да ги извести за судски спор на нејзиниот сопруг, изоставен во нејзините предлози за ревидирање. По получасовно препукување, Дамева потврди дека нејзиниот сопруг има постапка во која се јавувал како оштетен која била во Обвинителството, каде што како што рече, немало начин таа да влијае. Најави дека ќе го соопшти бројот на предметот за и колегите и јавноста да се уверат во она што го зборува.„Слушајте го добро мојот одговор, јавноста ќе го има бројчето на предметот за половина час и ќе знае за која постапка се работи. Ве молам колеги треба да прекинете за да не се нарушува и мојот углед и угледот на Судскиот совет. И веќе за да го зачувам личниот интегритет немам намера ниту да седам на обвинителна клупа пред заменик-претседателот во оставка, ниту да расправам повеќе ниту да одговарам на прашања“, рече Дамева.На ова реагираше потпретседателот Селим Адеми кој уште еднаш побара од Дамева да им достави комплетни информации и да извести во која фаза се предметите.„Јас не сакам да кажете дека се прави хајка кога вие само известувате, но точно е дека вас добро ве научија, ви кажаа дека не може да покриете факти и аргументи дека сега не сте претседател на Судски совет и сега ќе се расправа за се. И за тоа што сакате вие и за тоа што не сакате вие. За ова ќе се расправа, ќе се утврди колку предмети има, а за тоа дека требало да знаеш-требало да знаеш, без разлика дека вчера си разбрала. Тоа ќе дојде кога ќе биде на седница точката“, рече Адеми.Ова дополнително ја вознемири Дамева која повторно се јави за збор иако претходно беше децидна дека повеќе нема да коментира туку само ќе го соопшти бројот на предметот за нејзиниот сопруг.„Ниту требам, ниту сум морала да знам за деловните обврски за судски постапки и било какви постапки за мојот сопруг бидејќи ние дома не разговараме за судски работи. Ниту тој знае што јас постапувам, ниту јас знам какви судски постапки се водат, тоа прво. Второ, мојот сопруг и кој било член на моето семејство нема законска обврска мене да ме известува за јас да ве известам. Да бидеме на чисто, ова е она што имам да кажам. Во овој момент знам за тоа. Во секој момент кога ќе дознам, ќе известам. Како ми кажуваат така известувам. И за разлика од членови на Судски совет кога можеби имале судир на интереси или одредени состојби, не известиле или кажале причина за изземање, јас тоа не го сторив. Јасно и гласно известив, да престанеме со ова зашто создаваме лажна слика“, рече Дамева.Седницата на Судски совет и денес е тензична со низа меѓусебни обвинувања.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-06-05-113112

Хајки, нервоза, довикувања и расправии во Судски совет

Нови препирки и обвинувања во Судскиот совет. Точка на дневен ред е судирот на интереси на експретседателката Весна Дамева, за која има обвинувања дека учествувала во постапки при одлучување на одговорност за судии, каде странка бил нејзиниот сопруг. Судир имаше помеѓу Дамева и експретседателката на Судски совет, Павлина Црвенковска. Во дискусијата се надоврзаа и други членови.„Некој кога станува член на Судски совет, ја знае основната надлежност на советот – следење на работата на судиите и нивно оценување. Не станува член на Управен одбор на карате сојуз па да следи работа на каратисти – како се одвива нивната кариера или како си ја вршат нивната работа. Секој од нас кога станува Судски совет имал обврска да си праша по дома дали евентуално има некои предмети каде може да настане судир на интереси. Како член на Судски совет овде се одлучувало по барање за утврдување одговорност. Се следела работата на најголемиот суд во државата, Кривичен суд. Нејзина обврска била да праша каде евентуално нејзиниот сопруг има предмети и друг член на семејството, деца, за да може да се изземе и да не се доведе во прашање нејзината работа“, рече Црвенковска.Експретеседателката постави прашања, а кога и упадна во збор на Мери Радева, имаше и бурна реакција.„Нема што да одговарам и да ме прашувате мене. Не знаев за случајот, да знаев ќе и речев дека треба да се изземе, ако е тоа вистина. Јас тоа и сега не го знам. (…) Кога зборувам очекувам да ќути“, рече Радева одговарајќи на прашање.Се надоврза и потпретседателот Селим Адеми за тоа кога дознал дека сопругот на експретседателката Весна Дамева.„Јас очекував поранешната претседателка Дамева да информира за работи кои нејзе и се познати. И не само да прашува дома, туку да се држи согласно законот. Многу боли кога нападите се насочени кон мене“, рече Дамева.Се надоврза повторно Црвенковска без да добие збор и почна дерење во салата.„Колешката е многу изнервирана. Доколку знаела во најмала рака таа како член требала да ме извести. Вие колешке имате законска обврска да ме известите“, искоментира Дамева.„Немам намера да бидам дел од овој циркус. Судскиот совет има куп прашања од негова надлежност по кои треба да постапува. Продолжуваме со циркузи. Овде се продолжи со меѓусебни обвинувања. Јас на почеток на седницата реков дека точката разно не ми е јасна. Колешката Мери ја појасни. Таа наведе кои аргументи се потребни за да одлучиме за изземање. Ова прерасна во меѓусебни обвинувања. Претседателе, од вас зависи во која насока ќе оди ова“, рече Ивица Николовски.Во една од дестиците реплики на потпретседателот Селим Адеми, кој зборуваше за „правење хајка“.„Не не интересира за Обвинителство нека ни дстави што има за судство. Таа кажа само за предмети, во која фаза се предметите треба да кажете вие. Јас не сакам да кажете дека се пави хајка кога вие само известувате, но точно е дека вас добро ве научија, ви кажаа дека не може да покриете факти и аргументи дека сега не сте претседател на Судски совет и сега ќе се реасправа за се. И за тоа што акате вие и за тоа што не сакате вие. За ова ќе се расправа, ќе се утврди колку предмети има, а за тоа дека требало да знаеш-требало да знаеш, без разлика дека вчера си разбрала. Тоа ќе дојде кога ќе биде на седница точкатаПретходно, Дамева се бранеше од останатите членови кои ја обвинуваат дека не се изземала во минато постапување, иако морала поради тоа што странка во судскиот случај кој се ревидирал бил нејзиниот сопруг.„Ниту требам ниту сум морала да знам за деловните обврски за судски постапки и било какви постапки за мојот сопруг бидејќи ние дома не разговараме за судски работи. Ниту тој знае што јас постапувам, ниту јас знам какви судски постапки се водат, тоа прво. Второ, мојот сопруг и кој било член на моето семејство нема закнска обврска мене да ме известува за јас да ве известам. Да бидеме на чисто, ова е она што имам да кажам. Во овој момент знам за тиа. Во секој момент кога ќе дознаам, ќе известам. Како ми кажуваат така известувам. И за разлика од ќленови на Судски совет кога можеби имале судир на интереси или одредени состојби, не известиле или кажале причина за изземање, јас тоа не го сторив. Јасно и гласно известив, да престанеме со сва зашто созвадаме лажна слика“, кажа Дамева.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања