Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СУДСКИ СОВЕТ

20220919_120325

Холандија се откажа од проект поврзан со Судскиот совет: „Тоа е нелегитимно тело“

Холандија стави во мирување проект поврзан со Судскиот совет, кажа холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп.Во интервју за „Радио Слободна Европа“, амбасадорот оцени дека состојбата е загрижувачка, а Судскиот совет станал нелегитимно тело.„Сите случаи на СЈО, еден по еден тонат, а тоа е многу лош развој. Сега го имаме и случајот со Судскиот Совет кој всушност стана нелегитимно тело. Тоа е многу сериозно и болно за гледање. И поради тој преседан, Холандија сега стави во мирување еден голем проект поврзан со Судскиот совет. Ситуацијата е многу сериозна“, рече амбасадорот во интервјуто за РСЕ.Поранешната претседателка на Судскиот совет Весна Дамева, на 26 април, беше разрешена од функцијата претседател на Судскиот совет. На седницата на Судскиот совет дојде до расправија кога Дамева одби да стави точка на гласање која ја немаше во дневниот ред. Нејзиниот заменик Селим Адеми повика да се гласа за нејзино разрешување. Го поддржаа седум члена и тој констатираше дека Дамева е разрешена и во нејзино присуство го презеде раководењето со седницата

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-05-11-082734

ДУИ и СДС го претворија во Судски совет во „Стрини на чешма“ заради нивните партиски и бизнис интереси, вели ВМРО-ДПМНЕ

Правосудството во Македонија со власта на ДУИ и СДС го допре дното. Довербата на граѓаните во правосудните органи е сведено на статистичка грешка од само 3 до 4%. Тоа е резултат на партизирањето и силувањето на судските органи кое го прави оваа власт, вели ВМРО-ДПМНЕ„Да потсетиме дека за половина година се сменија три претседатели на Судскиот совет, институцијата која одлучува за тоа кој судија ќе биде именуван, унапреден или разрешен. Сето тоа помина со скандали, прекршување на норми и обвинувања за политички, бизнис и слични интереси. Сега како капак на се, се забрани присуство на камери на состаноците на Судскиот совет што уште повеќе го нарушува угледот и кредибилитетот на оваа институција. Ваквиот потег за забрана на снимања на седниците на Судскиот совет има за цел да прикријат пазарите со правото и правдата кој што се случуваат. Судски совет се претвори во "Стрини на чешма", тело без суштина, без кредибилитет, крајно политизирано и девастирано.Без здраво судство нема правна држава, а без правна држава нема напредок, туку само корупција и криминал од функционерите. Тоа доволно говори зошто и кој го уништува судството и кој има корист од тоа. Тоа само говори дека дното во судството ќе биде пробиено. Доверба во судството ќе почне да се мери во промили. Ова е системско уништување на судството кое треба да биде коректив во една држава. За тоа мора да има одговорност“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

336636948_5760656680705674_3959771716545002549_n-1

Нов скандал во Судскиот совет: закажаа седница за избор на претседател, им ги затворија вратите на новинарите

И денеска избувна скандал во Судскиот совет. Новинарите, снимателите, фоторепортерите и јавноста останаа пред врата оти обезбедувањето добило наредба да не ги пушта да влезат во просториите во кои треба да се направи нов избор на претседател, објави Макфакс.Седницата е закажана за 11 часот, но нема информација дали таа се одржува или е прекината. Не се знае ниту што ќе биде со разрешувањето на Весна Дамева од претседателската функција.На страницата на Судскиот совет стои соопштение дека ќе има итна седница денеска, време на одржување, но не и одредба дека ќе биде затворена за јавноста.

Македонија | пред 2 години

viber_image_2019-12-12_11-38-26

(ФОТО) Новата претседателка на Судски се сликаше со Заев, а сега вели: Сите ние сме симпатизери на политички партии

Новоизбраната претседателка на Судски совет, Весна Дамева, смета дека фотографијата на која се наоѓа со експретеседателот на СДСМ, Зоран Заев, а е видно насмеана, не може да биде етикета дека таа е припадник на политичка партија. Таа посочи дека никогаш не била член на политичка партија и додаде: „Ние сме симпатизери, сме поддржувачи. Не гледам ништо спорно“.„Кога станав член на Судски совет, не сум обавувала партиска функција. Вашето прашање се должи на фотографија во јавноста. Фотографија на било кој од нас, со одредени лица од политиката не може да остават етикета и да остават впечаток дека сум припадник на политичка партија. Јас со мојата работа докажав дека не сум припадник никаде, туку имам интегритет, стручност и знаење. Пред мене стои закон и ништо друго. Сега не сум член сега на политичка партија, ниту кога сум била избрана“, вели Дамева.Таа цело време се повикува на нејзиниот интегритет.„Јас ќе ги направам горди по две години кога ќе докажам дека сум успеала во мојата визија и мисија. Еден од првите мои чекори ќе биде иплементација на акциониот план. Злото наречено корупција мора да се сопре и тука нема простување. Судијата кој ќе биде коруптивен, врз основа на факти и докази, вратата ќе му биде широко отворена за надвор. Нема друга шанса за таков судија, ќе му биде кажано: ‘не’. Ве уверувам дека Судскиот совет е отворен за Вас, бидејќи вие сте единствен коректор на нашата работа, а за таа цел, треба нонстоп да бидеме достапни и да одговориме на било кое прашање“, додава Дамева.Не знае дека посоти судско-бизнис елита.„Таа кованица судско-бизнис елити, првпат ја слушнав од Црвенковска. Не знам врз основа на кои факти и докази тоа го кажува. Тоа прашање треба на неа да и го нарушите. Може се работи за лична перцепција или нејзино согледување. За мене изјавата е загрижувачка дека доколку имала сознанија или дознала, била должена да го извести Советот бидејќи ние имаме механизми, а да ги извести и надлежните институции. Ова криење, бидејќи било подолг период, остава само сомнеж за поинакво размислување“, додаде таа.Спремна да им застане на патот на сите кои ќе прават притисоци.„Јас не сум имала влијание ниту притисоци, ниту ќе дозволам тоа да се случи. Интегритетот е единствен за одбрана од влијание. Доколку како член, а сега како претседател, јавно, не само пред членовите, туку и пред медиумите ќе известам. Не е доволно да се дознае туку и да се сузбие. Јас ќе побарам од Црвенковска, да каже“, додаде Дамева.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања