Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ТЕТОВО

media-library4f4gkq3t8lrlaT1hzjI

Закани и демолирани возила во тетовско село, полицијата трага по сторителот

Случај со закани и оштетување на имот е пријавен во тетовското село Порој, каде се демолирани три возила, а сопственикот тврди дека претходно добивал и закани, соопшти Министерството за внатрешни работи.„На 09.04.2026 во 19:45 часот во СВР Тетово, Ѓ.Б.(42) од с. Порој, тетовско, пријавил дека лицето А.Е. телефонски му упатувал закани на него и на неговите браќа“, соопшти МВР.Претходно истиот ден, бил пријавен и вандализам врз возила.„Претходно, во 18:30 часот, Ѓ.Б. пријавил и дека на плац во с. Порој со употреба на тврди и остри предмети биле оштетени две возила „рено меган“ и едно возило „мерцедес“, при што биле искршени стаклата и оштетени пневматиците“, соопшти МВР.Полицијата извршила увид и работи на расчистување на случајот.„Екипа на СВР Тетово извршила увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на настанот“, соопшти МВР.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Фатен на дело: крадел железо од викенд-куќи во Лешок

38-годишен жител на Тетово е лишен од слобода откако бил затекнат при кражба на железни столбови од викенд-куќи во изградба во селото Лешок, соопшти Министерството за внатрешни работи.„На 09.04.2026 во 20:10 часот во СВР Тетово, Г.Д. од с. Лешок пријавил дека во неговите викенд куќи во изградба забележал едно лице кое врши кражба на железни столбови“, соопшти МВР.По пријавата, полицијата веднаш презела мерки и го привела осомничениот.„Веднаш по пријавата, полициски службеници од Полициското одделение Теарце презеле мерки и во 21:15 часот го лишиле од слобода Р.А.(38) од Тетово“, соопшти МВР.Осомничениот е задржан во полициска станица и ќе се соочи со кривична постапка по целосното документирање на случајот.„Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.

Македонија | пред 1 седмица

policija-policaec

Двајца возачи приведени во Тетово, возеле без дозвола

Двајца возачи се лишени од слобода во одвоени случаи во Тетово поради управување возило без возачка дозвола, а во едниот случај и без регистарски таблички и соодветна документација, соопшти СВР Тетово.„На 09.04.2026 во 22:10 часот на ул. „Штипска“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Б.Н. (19) од с. Голема Речица. Тој управувал патничко моторно возило „сеат“ без регистарски таблички, без соодветна документација за возилото и без возачка дозвола, по што возилото е одземено“, соопшти СВР Тетово.Во вториот случај, приведен е уште еден возач кој управувал возило без дозвола.„Исто така, на 09.04.2026 во 17:33 часот на патот Тетово - с. Пирок, кај с. Палчиште, лишен е од слобода Ј.Б.(25) од с. Пирок, кој управувал возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки без возачка дозвола“, соопшти СВР Тетово.Двајцата се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.„Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни пријави“, соопшти СВР Тетово.

Македонија | пред 1 седмица

media-library2iocci1eeqr40SSsruy

Работник пријавил дека бил нападнат од газдата кај Маврово

На 07.04.2026 година околу 16:00 часот, во Полициското одделение Маврово, Г.А. (40) од Скопје пријавил дека бил физички нападнат од неговиот работодавач.Според пријавата, инцидентот се случил на Мавровска крстосница, по претходна расправија околу работните задачи, при што лицето К.И. од Скопје го нападнало.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 седмици

motori

13-годишник возел мотор низ Тетово – полицијата му го одзеде возилото

На 07.04.2026 година во 16:25 часот, на крстосницата од улицата „Никола Тесла“ и булеварот „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово сопреле мотоцикл управуван од 13-годишен малолетник од градот.Како што информира полицијата, при контролата било утврдено дека малолетникот не поседува возачка дозвола. По насоки на јавен обвинител, мопедот му бил одземен.Со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител, претставници од Центарот за социјални работи и инспектор за малолетници.По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-56-7910PM

Без дозвола возел „мерцедес“ и удрил во полициско возило во Тетово

На 07.04.2026 година во 15:15 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.А. (56) од Гостивар, по сообраќајна незгода во која учествувал.Според информациите од полицијата, незгодата се случила помеѓу службено полициско возило „пежо“ и патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.А.По извршените проверки, било утврдено дека возачот го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. Согласно член 297-а од Кривичниот законик, возилото му било одземено.По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 2 седмици

pari

Измама во Тетово: Маж останал без над 2.000 евра за „царинење“ мотор

Триесет и деветгодишен жител на Тетово пријавил дека бил измамен за сума од 2.230 евра, информираат од СВР Тетово.Според пријавата, во текот на февруари годинава, преку посредник стапил во контакт со лице од Гостивар, кое се претставило дека ќе посредува при царинење на мотоцикл од Швајцарија.По средба во Тетово, оштетениот му ги предал парите, но договорената услуга не била реализирана, ниту пак средствата биле вратени, по што се посомневал дека станува збор за измама.Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

tetovoold

ВМРО-ДПМНЕ: На ден по изборот на Владата во 2020 година, коалицијата СДС-ДУИ донесоа нов ДУП во Тетово со кој на Давидовиќ-Дака му овозможиле бизнис во вредност од 200 милиони евра

Поврзаноста на Владата на СДС, предводена од Зоран Заев со контроверзниот проруски бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака е неспорна и се потврдува со секој изминат дел, вели ВМРО-ДПМНЕ.„СДС и ДУИ како тогаш најдобри владини коалициски партнери, делувале заеднички за да му удоволат на Давидовиќ – Дака, кој на Заев, според објавените аудиоснимки, му дал 300 илјади денари и земјиште од 2.000 метри квадратни.Таков е и примерот од 2020 година, кога Заев и Ахмети сложно, на само еден ден по изборот на новата нивна влада, во Тетово донесе измени во ДУП со кои директно на прорускиот бизнисмен Дака, му се овозможи бизнис од 200 милиони евра.Јавноста добро го памети овој случај, но уште едно потсетување не е на одмет. Станува збор за просторот на некогашниот гигант ШИК Јелак, кој тогаш е откупен од страна на Миодраг Давидовиќ – Дака, преку фирмата „Јелак Градба“.Токму за овој простор криминалната коалиција СДС-ДУИ, во 2020 година во Тетово донесе нов детален урбанистички план само еден ден по изборот на владата.Според тогаш освоениот ДУП, на просторот на некогашниот ШИК Јелак било планирано да никне нова урбана џунгла со над 2.000 станбени едници, илјадници метри квадратни деловни простории и трговски центри, во вредност од 200 милиони евра.Како што граѓаните добро се сеќаваат на овој случај, исто така добро се сеќаваат дека ако не беше ВМРО-ДПМНЕ да го открие и да алармира за овој предмет, заради бизнис интересите на тогашната власт на Заев и Ахмети, на местото на некогашниот гигант во Тетово ќе никнеше планираната бетонска џунгла со над 2.000 станбени единици.Оттука може да се види дека голема е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. ВМРО-ДПМНЕ се бори против криминалот и корупцијата, додека СДС се корупцијата и криминалот“, се вели во соопштението,

Македонија | пред 2 седмици

UaYct-

Полицијата приведе 17-годишник со пет паковки марихуана во Тетовo

Полициски службеници од ПС Тетово лишиле од слобода 17-годишник од Тетово, откако кај него била пронајдена дрога, информира СВР Тетово.Настанот се случил на 02.04.2026 година во 22:15 часот на улицата „155“ во населбата Дреновец, каде при извршен преглед кај малолетникот биле пронајдени и одземени пет паковки со зелена тревкаста материја.Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjsahk42s1lfveGFSTj5

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Тетово

На 1 април околу 20:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на булеварот „Илинденска“ во Тетово патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Т. (65) од Тетово, удрило во пешакот С.М. (52) од Тетово.Во несреќата, 52-годишната пешачка се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово.Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

Македонија | пред 2 седмици

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Приведен гостиварец по пријава за семејно насилство

Полициски службеници од ОВР Гостивар на 1 април во 15:00 часот го лишиле од слобода М.М. од Гостивар, по претходна пријава од неговата 48-годишна сопруга дека физички ја нападнал во семејниот дом.Од СВР Тетово информираат дека лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-library5oji1tmki7lt3iJHBPI

Пронајдена малолетничка од Скопје во стан во Гостивар - била пријавена за исчезната

Шеснаесетгодишна девојка од Скопје, која претходно била пријавена за исчезната, е пронајдена во стан во Гостивар, информираат од СВР Тетово.Според полицијата, на 30 март во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја пронашле малолетничката М.Ј.(16) во стан на Р.Ш.(19).Девојката, која се оддалечила од својот дом во Скопје, по пронаоѓањето е предадена на нејзината мајка, додека лицето кај кое била пронајдена е лишено од слобода и ќе биде предмет на понатамошна постапка.

Македонија | пред 3 седмици

media-library8de4gevsubi57ZTJ0pw

Тетовец измамен: Му го позајмил „бмв“, завршило на отпад

Триесет и петгодишен жител на Тетово пријавил дека бил измамен од негов познаник, кој по позајмување на неговото возило го однел на отпад и го продал.Како што информираат од СВР Тетово, случајот бил пријавен на 29 март во 12:00 часот. Според пријавеното, лицето А.Х. побарало да го позајми патничкото моторно возило „бмв“, по што го известил сопственикот дека автомобилот има дефект и дека е оставен кај механичар.По неколкудневни безуспешни обиди да стапи во контакт и да си го врати возилото, оштетениот на 28 март се сретнал со механичарот, кој признал дека автомобилот бил однесен на отпад во селото Слатино.Според пријавата, сопственикот подоцна го пронашол возилото оштетено на отпадот, при што од лицето кое го купило дознал дека автомобилот бил продаден од механичарот.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 седмици

vozach

Двајца возачи приведени – возеле без дозвола во Гостивар и Тетово

Двајца возачи се лишени од слобода во одделни случаи во Гостивар и Тетово, поради управување возила без возачка дозвола и со прекршувања на сообраќајните прописи.Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, на 29 март во 19:00 часот, кај Здуњска крстосница, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Е.Р. (26) од Гостивар. Тој бил затекнат како управува патничко моторно возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки без да поседува возачка дозвола.Истиот ден, во 21:50 часот, на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Д. (25) од Тетово, кој управувал мотоцикл „трува“ без возачка дозвола и без соодветна документација.Мотоциклот е одземен, а по целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик, за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 3 седмици

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа во Долно Седларце, возачот избегал

Министерството за внатрешни работи информира дека на 28 март 2026 година во 20:50 часот во село Долно Седларце, општина Брвеница, патничко возило удрило во 70-годишниот пешак З.С. од Тетово, по што возачот го напуштил местото на настанот.Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница Тетово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово, а полициските службеници преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryfecvb73uh4k2aThOYuT

„Ти кажавме да си земеш преведувач“ кон министерката Јаневска - однесување што ја „тресе“ фелата

Новинар од Тетово предизвика лавина реакции во јавноста и во новинарската фела, откако на министерката за образование ѝ се обрати без персирање, користејќи „ти“, и ѝ постави прашање со зборовите: „Си зема преведувач министерке?“. Откако таа одговори „Не“, новинарот возврати: „ти кажавме кога ќе дојдеш во Тетово да си земеш преведувач“.По овој настап, следуваа низа остри реакции од новинари и јавни личности, кои го осудија однесувањето.„Коректно е медиумски организации, како што оправдано реагираат на однесување на институции и поединци кон новинарите, еднаш да излезат и осудат однесување на новинари. На страна и да им дадат совети и обуки, ако не им ги дале во редакција или на факултет. На што личи обраќање на ТИ кон повозрасно лице или лице на функција? Тоа што не се согласувате со нечија политика може да го манифестирате дома, во приватен живот и зад гласачки параван. Никако во медиумскиот простор. Тоа што некој земал микрофон, а се однесува без основна култура и со некаква политичка агенда, не значи дека е новинар, туку значи дека е активист. „Ти рековме да си земеш преведувач“ - кои сте тоа Вие што сте рекле и како случајно минатиот пат во исто време спуштивте микрофони? Замислете обратна сцена - да тргнат новинарки и новинари Македонци да делат лекции на ТИ на политичари македонски Албанци. Ни тоа не го бива, ама само замислете го пред следен пат да прашате и наредите нешто на ТИ“, напиша новинарот Александар Методијев.Остра реакција упати и новинарката Емилија Лазаревска:„Простак и кретен! Срам да ти е. Па мисли кој знае што направил. Која е оваа будала, што е овој? Срамота и овие околу него што си молчат. Затуцан еден, невоспитан. Па со „ти“ ѝ се обраќа на министерката, жена, веројатно е и повозрасна од него. Уф! Е во наше време ќе го „изедевме“ и немаше да му текне другпат да се појави, а не да изигрува шериф“.Фоторепортерката Арбнора Мемети оцени дека ваквото однесување не доликува на новинар:„Ова однесување „ти кажавме“ најмалку наликува на некој што себеси се нарекува новинар. Новинарството не е нешто локално и не може да се извршува само во маало. Сакал некој или не, македонскиот јазик е повеќе од неопходен за вршење на оваа професија“.Сличен став изрази и професорката и новинарка Искра Коровешовска:„Факти: Тетово е во Македонија, точка. Во Тетово официјален јазик е македонски, точка. „Ти кажавме министерке кога ќе дојдеш во Тетово да си земеш преведувач“ е чаршиски муабет, за пред кооперација, не за јавен настап на новинар пред камера, точка“.На темата се огласи и новинарката Милка Смилевска:„Дел од новинариве не разбираат дека се пример во општеството и креатори на јавно мислење и не мислат што зборуваат. Зборот на новинарот има тежина. Не разбираат дека мирот нема цена. Дека само во мир и демократија можеме да имаме живот во Македонија. Не ширете омраза и нетрпеливост. Не личи на новинари да се ограничени и заостанати во некои националистички наративи. Ги сакам и почитувам сите јазици и граѓани и граѓанки“.Со реакција излезе и новинарот Кристијан Ландов:„Она што се случи во Тетово не е ништо поврзано со новинарство, туку со некултура. Прво обраќањето на „ти“ кон носител на јавна функција, личност која е години и години повозрасна од Вас... И втора работа „ти кажавме да си земеш преведувач“ во најмала рака е спорно бидејќи нема што новинар да и кажува на било која личност, на било кој функционер што и како да прави. Туку може да праша и може да констатира дали дошол или не дошол со преведувач. Мислам дека ако ние сме тие кои треба да бидеме коректив на општеството, тоа што се случи во Тетово во најмала рака е недозволиво и заслужува извинување“.Реакциите продолжуваат, а случајот повторно ја отвори дебатата за професионалните стандарди и однесувањето во новинарството.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Малолетник затекнат зад волан во Тетово: полицијата го приведе, возилото одземено

Седумнаесетгодишен малолетник од тетовското село Милетино бил лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува возило без положен возачки испит.Од СВР Тетово информираат дека на 22 март 2026 година во 04:12 часот, на булевар „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници сопреле патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетникот.По извршените проверки било утврдено дека лицето е малолетно и нема положено возачки испит. По наредба на јавен обвинител, малолетникот бил лишен од слобода.Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

avtopat

Возач без дозвола приведен на патот Тетово–Гостивар, возел и покрај активна забрана

Полицијата приведе 44-годишен жител на прилепското село Дебреште, откако бил затекнат како управува возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување.Од СВР Тетово информираат дека на 22 март 2026 година во 04:05 часот, на патниот правец Тетово–Гостивар, полициски службеници сопреле патничко возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.И. (44).При контролата било утврдено дека возачот управувал моторно возило иако имал изречена активна забрана за управување со возила од Б категорија.Возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-library11umh2gfq8r73Sy6Z9x

Апсење во гостиварско: маж осомничен за уцена од 5.000 евра, кој сакал да ги изнуди со закани за објава на снимка

Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Г.Г. (34) од гостиварското село Чегране, под сомнение дека уценувал лице од тетовско село и му барал 5.000 евра.Како што информираат од полицијата, приведувањето се случило на 21 март 2026 година во 21:55 часот во Гостивар, по претходна пријава од оштетениот. Според пријавеното, осомничениот испраќал заканувачки пораки преку телефон и барал пари, тврдејќи дека лицето му должи сума од 5.000 евра.Воедно, тој се заканувал дека ќе објави снимка од разговор меѓу нив доколку не му бидат исплатени парите.Од СВР Тетово велат дека по целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-librarygf2n1ia79i9beF7A1WW

Додека питачела и текнало да украде злато во Тетово

Полицијата во Тетово уапси 27-годишна државјанка на Црна Гора, осомничена за кражба на златен накит од продавница во градот.Според информациите од МВР, на 19 март околу 16:00 часот на улицата „Страшо Пинџур“, полициски службеници ја лишиле од слобода Л.И. (27), постапувајќи по пријава од 31-годишен тетовец.Тој пријавил дека женско лице, кое претходно питачело, од неговата продавница за златен накит одзело златни предмети.По целосно документирање на случајот, против осомничената ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

„Водата не е бизнис“, „Зелен хуман град“ против приватизацијата на водоводот во Тетово

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ реагираше по најавите за приватизација на водоводот во Тетово, повикувајќи на заштита на јавниот интерес и предупредувајќи дека водата станува сè понедостапен ресурс. Според нив, пристапот до вода е основно човеково право, а не можност за профитирање на поединци.„Сакаат да го приватизираат водоводот во Тетово исто како што ги уништуваат планинските реки за мали хидроцентрали давајќи ги на поединци да профитираат од субвенции.Во услови кога водата сè повеќе станува ограничен ресурс и до 2050 година околу пет милијарди луѓе во светот ќе живеат во области со сериозен недостиг на вода!Поддршка за тетовчани, пристапот до вода е основно човеково право, не приватен бизнис“, велат од Зелен хуман град.

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-56-5630PM

Засилени контроли во тетовско: казнети 85 прекршоци за еден ден

Во текот на 17 март 2026 година на подрачјето на СВР Тетово била спроведена засилена контрола на возила и возачи.При контролата биле санкционирани вкупно 18 возачи за непрописно паркирање, од кои 14 во Тетово и 4 во Гостивар, додека 12 возила во Тетово биле подигнати со специјално возило „пајак“.Дополнително, биле евидентирани и 67 други видови сообраќајни прекршоци, од кои 43 во Тетово и 24 во Гостивар.

Македонија | пред 1 месец

media-librarygf2n1ia79i9beF7A1WW

Возило барано од Интерпол Австрија откриено на Јажинце

На 17 март 2026 година во 17:15 часот на Граничниот премин Јажинце, полициски службеници го лишиле од слобода А.Т. (41) од селото Горно Седларце, општина Боговиње.При гранична и пасошка контрола било утврдено дека патничкото возило „шкода октавија“, кое го управувал, било барано по Интерпол Австрија.Возилото е одземено, а по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

dzamija-2

Уапсен 65-годишник за кражба во џамија

На 17 март 2026 година во 21:55 часот во селото Боговиње, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода З.М. (65) од истото село.Тој се сомничи дека на 14 март извршил кражба во џамија во селото Врапчиште, гостиварско.По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

525260601_10164110712530934_3299071640872807828_n

Малолетници нападнати во тетовско, полицијата трага по напаѓачот

На 17 март 2026 година во 20:00 часот во СВР Тетово, Р.Р. (55) од селото Пирок пријавил дека неговиот малолетен син и негов другар биле физички нападнати од 20-годишник.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања