Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ТЕТОВО

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Тепачки меѓу ученици во Тетово – полицијата трага по напаѓачите

Во текот на 13 март 2026 година во СВР Тетово биле пријавени два одвоени случаи на физички напади врз ученици.Во 17:40 часот, А.М. (19) од селото Копачин Дол пријавил дека во близина на училиште во Тетово бил физички нападнат од неколку ученици.Претходно, во 17:25 часот, Б.А. (49) од Тетово пријавил дека на улицата „Јане Сандански“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од група малолетници, при што му била одземена тренерка со натпис од фудбалски клуб.Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.

Македонија | пред 2 седмици

policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

Скопјанка фатена без возачка дозвола во Тетово

На 3 март 2026 година во 18:50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода Д.Р. (29) од Скопје.При сообраќајна контрола на улицата „Маршал Тито“ било сопрено патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувала Д.Р. По извршените проверки било утврдено дека управува возило без да поседува возачка дозвола.Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

media-library5oji1tmki7lt3iJHBPI

(Видео) Трагедија на обиколницата Скопје–Тетово: Возач загина по излетување од коловоз

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила попладнево на обиколницата Скопје–Тетово, во близина на клучката Мирковци.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во 15:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека патничко моторно возило излетало од коловозот.Полициски екипи излегле на местото на настанот, при што било утврдено дека станува збор за патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од машко лице кое починало на местото на несреќата.Увидот е во тек, по што се очекуваат повеќе информации за околностите под кои дошло до трагичниот настан.

Скопје | пред 3 седмици

media-librarykgs53i7ng6uh3uZkCZv

(Видео) „Родителите дознале од сосед дека детето во Тетово паднало од тераса“, СВР Тетово со детали за трагедијата

Десетгодишно момче од Тетово го загуби животот по пад од тераса во станот во кој живеело, информираат од СВР Тетово.Според полициските информации, денеска во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничката болница во Тетово било донесено дете без знаци на живот. Станува збор за 10-годишно момче од Тетово.Според првичните сознанија, детето, кое имало здравствени проблеми, паднало од терасата на станот. За настанот родителите биле известени од сосед, по што веднаш го однеле детето во болница. Лекар констатирал смрт.По наредба на јавен обвинител, телото на починатото дете е предадено на обдукција. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 седмици

media-library0c1d10tn5lbl6PRHVK6

Нова трагедија: Загина 10-годишно момче по пад од балкон во Тетово

Тежок инцидент го потресе Тетово денес, каде што 10-годишно момче трагично го загуби животот откако падна од балконот на стан на Индустриска улица.Според првичните информации, детето паднало од значителна висина, а повредите биле фатални. Медицинските екипи веднаш пристигнале на местото на настанот, но успеале само да констатираат смрт.Полицијата и обвинителството се на терен за да спроведат истраги и да ги разјаснат сите околности за тоа како се случила оваа фатална несреќа.МВР најави повеќе детали штом заврши увидот.

Македонија | пред 3 седмици

IMG_6897

Полицијата одзеде „Опел корса“ со скопски таблички, возачот без дозвола си возел од Тетово кон Скопје

Полициски службеници од СВР Тетово на 28 февруари 2026 година во 23:05 часот на регионалниот пат Тетово–Скопје го лишиле од слобода А.Ј. (32) од село Глумово.Како што информираат од полицијата, при контрола било сопрено патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.Ј., при што по преземените мерки било утврдено дека тој нема возачка дозвола.Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryrdcpjq7imuphbcxNp4u

Семејна драма во Гостивар: по заканувачки пораки и обид за напад реагирала полицијата

Полициски службеници од СВР Тетово, односно од ОВР Гостивар, на 28 февруари 2026 година во 21:25 часот во Гостивар го лишиле од слобода Ј.З. (27) од село Долна Бањица.Како што информира полицијата, приведувањето следувало по претходна пријава од неговата 26-годишна сопруга, со која се наоѓаат во бракоразводна постапка. Таа пријавила дека ѝ испраќал пораки со заканувачка содржина, по што ја повикал пред нејзината зграда во Гостивар.Според пријавата, тој почнал агресивно да се однесува и се обидел физички да ја нападне, но бил спречен од други лица.По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 4 седмици

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-54-5730PM

Посебен режим на сообраќај во Тетово и Гостивар поради посетата на албанскиот претседател

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека денеска, 28 февруари 2026 година, ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на подрачјето на Тетово и Гостивар, поради официјалната посета на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на Република Северна Македонија.Според најавата, Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар при СВР Тетово ќе преземат мерки за посебен режим на движење по сообраќајниците во поширокото централно градско подрачје на двата града.Од СВР Тетово апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата на полициските службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот за време на посетата.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Уапсен 18-годишник осомничен за лажни дојави за бомби

Осумнаесетгодишно лице од тетовското село Палатица е лишено од слобода поради сомнение дека во повеќе наврати испраќало лажни дојави за поставени експлозивни направи во образовни институции во Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според МВР, на 27 февруари 2026 година во 09:10 часот полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со СВР Тетово, го привеле М.Р. (18) од селото Палатица. Тој се сомничи дека испраќал електронски пораки до повеќе училишта со закани дека во објектите се поставени експлозивни направи.По преземените мерки и извршените проверки било утврдено дека сите пријави за бомби биле лажни.Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, при што полицијата одзела повеќе електронски уреди. Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.

Македонија | пред 1 месец

42489749_936693473203550_6309795025022615552_n

ЦУК: Патот Тумчевиште–Чегране останува затворен, паднати бандери од Телеком во селата Нераште и Глоѓи

Центарот за управување со кризи информира дека патниот правец Тумчевиште – Чегране сè уште е затворен поради безбедносни причини, додека реката Вардар се повлекува.„Во Тетово, патниот правец с. Тумчевиште – с. Чегране сè уште е затворен за сообраќај поради безбедносни причини.Нивото на реката Вардар е намалено во однос на претходните три дена и во моментов нема опасност од излевање.Во текот на ноќта, во селата Нераште и Глоѓи (Општина Теарце) паднати се две бандери од Телеком.Во с. Нераште бандерата е падната покрај патот и не го блокира сообраќајот.Во с. Глоѓи бандерата е падната преку патот. Известен е Телеком, а проблемот ќе се решава во текот на денот“, информираат од ЦУК.

Македонија | пред 1 месец

izlea-reka

Нема нови поплави во Тетово и Кичево, нивото на реките и водотеците е во континуирано намалување

По обилните врнежи од дожд, состојбата со поплавите во земјата се стабилизира. Во Кичево продолжува испумпувањето на водата од подрумите, додека во Тетовскиот регион се воведени ограничувања за сообраќај поради лизгави патишта. Евакуираните лица се згрижени и има обезбедена храна, вода и хигиенски средства.„Тетовски регионВо Тетовскиот регион нема нови пријави за излевање на реката Вардар кај село Форино, ниту на останатите водотеци каде што во текот на вчерашниот ден беше евидентирано излевање и поплавување.Во 05:45 часот, поради врнежи од снег, воведени се следните ограничувања во сообраќајот:Забрана за движење на товарни моторни возила на патните правци Гостивар–Стража–Кичево и Гостивар–крак Маврово–Дебар.На патниот правец Тетово–Попова Шапка е воведена забрана за движење на автобуси, додека за останатите патнички моторни возила е задолжителна употреба на зимска опрема.Битолски регионВо Битолскиот регион, преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава од жител на ул. „Буквски Мост“ за поплавена куќа. Случајот е пријавен во ТППЕ Битола за понатамошно постапување.Нивото на реката Црна Река во село Новаци изнесува 310 см.Во ЕЛС – Долнени утрово е остварен контакт и се очекува интервенција на патниот правец од село Сливје кон село Костинци, кој е во лоша состојба. Активностите ќе се реализираат со механизација од ЈП „Македонија пат“.Кичевски регионНа подрачјето на Кичево нема нови поплавувања на објекти. Состојбата останува непроменета, а нивото на реките и водотеците е во континуирано намалување.250 евакуирани лица се сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде им се обезбедени храна, вода и хигиенски производи.Екипи на ЈП „Комуналец“ и ТППЕ вршат испумпување на водата од подрумите на улиците Прилепска, Пиринска, Први Мај и 29 Ноември“, информират од ЦУК.

Македонија | пред 1 месец

bebe

Починато новороденче донесено во тетовската болница

Вчера (15.02.2026) во 11:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Ургентниот центар Тетово е донесено бебе без знаци на живот.Веднаш било постапено и е констатирано дека се работи за пет неделно бебе на И.А.(37) од Тетово. Преглед на местото на настанот изврши екипа на СВР Тетово и лекар од судска медицина, при што не се пронајдени траги на насилство.По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, а истрагата за целосно расчистување на случајот е во тек.

Македонија | пред 1 месец

prostitution

Го дал помошниот објект од куќата за проституција, кривична пријава за две лица

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Ш. (40) од село Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење на проституција“ и против Г.Н. (60) од Тетово поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „помагање“.Според пријавата, Г.Ш., во текот на 2024 и 2025 година во Тетово, во помошен објект од куќата на второпријавениот, овозможувала користење на сексуални услуги. Второпријавениот, Г.Н., свесно и со умисла помагал на Г.Ш., ставајќи ги на располагање просториите од помошниот објект на својата куќа за вршење на услугите.По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни кривични пријави пред надлежното обвинителство.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност?

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 луѓе, велат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.„За ова говоревме минатата година во  „Афера – Провизии кои чинат животи’’ каде посочивме на низа пропусти и недоследности, но продолжената рака на СДС Коцевски, цврсто ги чуваше кривичните пријави и докази за Филипче во фиока.Според сведоштвото на Кадриу, вечерта на несреќата таа била повикана да се вклучи во истрагата, а подоцна ѝ се приклучиле и претставници од обвинителство меѓу кои тогашниот ДЈО Јовевски кој дошол со двајца свои обвинители.Улогата на ДЈО Јовевски и останатите била процесот да го држат под нивен надзор и контрола.Според Кадриу, околу 30 милиони евра биле обезбедени за изградба на овие објекти. Светската банка тогаш одобрила средства за изградба на модуларни болници на територија на Македонија.Венко Филипче бил министер кога се изработувала техничката спецификација за модуларните болници. Градбата на модуларната болница, била направена од панели рециклирани со пурпена, кои тогаш не чинеле повеќе од 5-6 евра. Додека пак, оние подобрите и поквалитетните, како на пример панели со камена волна кои не горат до 40 минути, чинеле околу 17 евра. Во превод, според Кадриу, овие модуларни болници чинеле околу 300.000 евра, сите, а биле обезбедени за оваа намена 30 милиони евра.Во чиј џеб завршиле парите?Дополнително за објектот во Тетово, не бил изработен соодветен елаборат за електрична енергија, што дополнително влијаело на безбедноста.Зошто немало соодветен елаборат за електрична енергија?Зошто не се користеле квалитетни материјали?Зошто се искористени минимум од дозволените средства?Филипче одбил алтернативни предлози за згрижување на ковид-пациенти во рамки на постојните болнички капацитети.Филипче ја одбил понудата на тогашниот медицински директор, кој понудил сместување на КОВИД пациенти, на двата спрата во тетовската болница кои стоеле така празни. Филипче тоа го одбил, поради тоа што овие модуларни болници морале да бидат изградени.Вистинските виновници за модуларната болница во Тетово мора да одговараат пред законите“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-library0ukjhovl1q3d3thaFJf

Бесплатен јавен превоз во Тетово за учениците и граѓаните кои ги имаат подмирено сите обврски кон општината

Општина Тетово, во соработка со Јавното претпријатие „Тетово транспорт“, стави во употреба дигитални билети и платежни картички наречени ТЕ КЛИК- ПРЕПЕЈД, кои можат да ги користат сите граѓани без оглед каде живеат, олеснувајќи го процесот на купување билети.Оваа одлука има за цел да ја награди граѓанската одговорност, а воедно да го олесни градското движење за различни категории на општеството, изјави градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами. Според него, ова е конкретен чекор кон пофункционален и пофер град, каде што граѓанската одговорност се вреднува и се преведува во реални придобивки за граѓаните.„Јавното претпрјатие за јавен превоз денеска го стави во функција системот за електронска наплата и припејд картички. Оваа услуга им е достапна на сите граѓани без разлика на нивното место на живеење. Оваа Одлука има за цел да ја награди граѓанската одговорност и да го олесни урбаното движење за различни категории граѓани. За граѓаните кои ги имаат подмирено сите обврски кон Општина Тетово, јавниот превоз ќе биде бесплатен, а тоа се однесува и за членовите од нивните семејството кои живеат на иста адреса. Граѓаните потребно е да аплицираат преку системот ‘Те-клик’, а картичката можат да ја подигнат во просториите на ЈП ‘Тетово транспорт’, рече градоначалникот Билал Касами.Јавниот превоз во Тетово ќе биде бесплатен и учениците од основните и средните училишта, како и членовите на институциите и здруженијата, но само оние кои потпишале Договор за соработка со Општината. Се воведуваат и припеј“ картички за превоз кои може да се надополнуваат, а ќе може да се купи и еднократен билет за превоз.Општина Тетово очекува да биде дел од проектот на Владата за набавка на нови автобуси, при што градоначалникот Касами се надева дека за Тетово ќе бидат обезбедени 5 електрични автобуси.

Македонија | пред 1 месец

media-librarykt7mfr6be2jn9shRSTK

Протест пред УЈП во Куманово, се приклучија и граѓани од Тетово

Група граѓани од Куманово, кои работеле во американски компании во базите во Ирак и Авганистан, денеска протестираа пред Управата за јавни приходи (УЈП), барајќи институциите да обезбедат проверка на доказите за платените даноци. На протестот им се приклучија и граѓани од Тетово.Учесниците нагласија дека нивната иницијатива нема политичка заднина и не е насочена против ниту една институција или личност, туку претставува борба за правична и законска постапка. Тие апелираат за поддршка од сите граѓани, без разлика на политичка, етничка или друга припадност.„Упатуваме благодарност до градоначалникот на Куманово, кој јавно се обрати пред Советот на Општината и договори средба со директорката на УЈП. Планираме уште една јавна средба во големата сала на Комитетот со присуство на сите засегнати граѓани, како и на медиумите, за директорката транспарентно да ги образложи ставовите на институцијата“, рече Зоран Наковски во име на присутните.Граѓаните истакнаа дека доставиле и допис за средба до Управата за јавни приходи и изразија благодарност до Советот за отворената расправа. Сепак, нагласија дека биле разочарани од дел од советниците кои не го поддржале ставањето на точката на дневен ред.Протестантите појаснија дека не се против плаќање даноци, туку се спротивставуваат на присилна наплата, селективно толкување на законите и неприфаќање на доставените докази. Главното барање е еднаков и фер третман за сите граѓани.„Бараме правична законска регулатива, не смее да има двојно оданочување. Бараме еднаков третман за сите“, рече Фариз Бајрами од Тетово, најавувајќи дека и во Тетово ќе се одржат протести пред УЈП во вторник со почеток во 14 часот. Во Куманово, протестот продолжува пред општинската зграда во понеделник, исто така со почеток во 14 часот.

Македонија | пред 2 месеци

policija-4

Тетовец пијан возел во спротивна насока

На 23.01.2026 во 00:15 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Д.М.(47) од с.Камењане, тетовско.Полициските службеници запреле патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М. во спротивна насока на коловозна лента и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.По целосно документирање на настанот, против Д.М. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 2 месеци

magla

Тетово под магла, видливост до 40 м

Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај, информираат надлежните институции, додавајќи дека екипите на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен и интервенираат согласно зимските услови. Во координација со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт се преземаат мерки за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.Одговорните служби апелираат на внимателно управување со возилата, задолжителна употреба на зимска опрема и прилагодување на брзината според состојбата на патиштата, како и редовно информирање за условите на патната мрежа.Воедно, се предупредува на појава на густа магла со значително намалена видливост во околината на Смојмирово, Буково и Делчево до 50 метри, Ѓавато до 80 метри, Струмица до 100 метри, Тетово до 40 метри и Петровец до 150 метри, што бара зголемена претпазливост од возачите.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2021-09-06-at-11.05.33

Изготвиле фактури за наводен превоз на ученици и се обиделе да наплатат над два милиони денари од училиште во Тетово

СВР Тетово поднесе кривични пријави против Ќ.Ф. (60) од селото Шемшово, тетовско, како и против едно правно лице, поради основано сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „давање лажен исказ“.Според полицијата, пријавените во текот на октомври, ноември и декември 2024 година, без правен основ изготвиле фактури за наводно извршен превоз на ученици, во вкупен износ од 2.152.447 денари, кои ги доставиле до средно училиште во Тетово.Подоцна, во два наврати, пријавените дале лажен исказ во нотарска канцеларија, со цел нотарот да изготви предлог-решение за нотарски платен налог. Полицијата наведува дека со ваквите дејствија пријавените се обиделе противправно да прибават имотна корист, по што случајот е целосно документиран и доставен до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 2 месеци

media-library6600bh3ls8h49ZUYDdE

По три години затвор за ексдиректорите Бесими и Етеми за трагедијата во модуларната болница во Тетово

Апелациониот суд во Гостивар донесе одлука со која двојно ги зголеми затворските казни за Флорим Бесими и Артан Етеми, обвинети за пожарот што на 8 септември 2021 година избувна во модуларната ковид-болница во Тетово, при што животот го загубија 14 пациенти и членови на нивните семејства. Наместо првостепените казни од една и пол година затвор, судот им изрече по три години ефективна затворска казна.Флорим Бесими, како тогашен директор на Клиничката болница во Тетово, и Артан Етеми, како економски директор, беа прогласени за виновни за кривичното дело тешки дела против општата сигурност, за кое Кривичниот законик предвидува максимална казна затвор до пет години. Апелацискиот суд одлучуваше по жалбите и на Јавното обвинителство од Тетово и на бранителите на обвинетите, а јавната седница беше одржана на 25 ноември, додека одлуката беше јавно објавена вчера.Со истата одлука, правното лице Клиничка болница Тетово, кое се товареше за кривично дело предизвикување општа опасност, е казнето со парична казна од 1.300.000 денари, што претставува зголемување во однос на првостепената казна од еден милион денари.Во претходната судска постапка, директорите првично беа осудени на условни казни од една и пол година затвор, а болницата на парична казна. Таа пресуда, по жалба на Обвинителството, беше укината од Апелациониот суд во Гостивар и предметот беше вратен на повторно судење, по што сега следуваше и построга санкција.Обвинението против Бесими и Етеми не се однесува на директната причина за настанување на пожарот, туку на нивното непостапување, односно непоставување пропишани уреди за заштита од пожар. Според обвинението, тие не ги спровеле мерките кои произлегувале од договорот за заем меѓу државата и Светската банка, со кој било предвидено модуларните болници да бидат опремени со соодветни противпожарни апарати и инсталации. Иако биле должни, од денот на пуштањето во употреба на модуларната болница во Тетово, па сѐ до денот на трагедијата, такви уреди не биле обезбедени.Како последица на кус спој во приклучниот кабел на дефибрилатор, за време на реанимација на пациент, дошло до палење на продолжниот кабел и синтетичките материјали, по што пожарот за кратко време се проширил низ целиот објект. Пожарот се обиделе да го изгаснат со ќебиња и вода двајца лекари, три медицински сестри и една болничарка, кои безуспешно барале противпожарни апарати што не биле достапни.Во истиот предмет, докторот Бобан Вучевски се товареше за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, бидејќи дозволил влез на членови на семејствата на пациентите во модуларната болница, иако тоа било изрично забрането. За него обвинението не се однесува на причините за пожарот, туку исклучиво на прекршување на мерките за време на епидемијата. Тој беше ослободен од вина.Застапник на обвинението во овој случај е јавниот обвинител од Тетово, Бесир Алиу.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Со остар предмет се обидел да нападне четири малолетници - пријава за младо лице од Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Д. (25) од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 11 декември 2025 година, во Тетово, пријавениот со употреба на остар предмет се обидел да нападне четири малолетни лица, при што предизвикал чувство на страв и загрозување на нивната безбедност.Случајот е целосно документиран и доставен до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryeeo8u0deb12m4rlXRms

Почина познатиот пејач од Тетово Шпат Касапи од срцев удар, имаше 40 години

Познатиот тетовски пејач, Шпат Касапи починал рано утрово како последица на срцев удар, потврдија семејни извори.Касапи е роден на 1 мај 1985 година во Тетово, во семејство длабоко поврзано со музиката. Оваа средина силно влијаела врз неговото формирање како уметник, што подоцна се одрази и на неговата кариера.Во јавноста се појави на почетокот на 2000-тите години и брзо стана едно од најпопуларните имиња меѓу младите. Со својот специфичен стил и карактеристичен сценски настап, Шпат остана еден од најистакнатите претставници на албанската поп-музика и во следните две децении.Во текот на својата богата музичка кариера создаде бројни хитови што станаа дел од музичката култура во Албанија, Косово и Македонија. Песни како „A më do?“, „Valle Kosovare“, „Dashni pa limit“ и „Aroma e saj“ остануваат меѓу најслушаните и денес. Настапуваше на престижни музички фестивали и соработуваше со реномирани артисти, оставајќи зад себе репертоар кој ја обележа една цела генерација.Пејачот зад себе остави сопруга и едно дете.Покрај музичката кариера, Касапи имаше и краток ангажман во институциите – работеше како советник за култура и општествени прашања на првиот вицепремиер Артан Груби во претходниот состав на Владата.Шпат Касапи е син на поранешната пратеничка од СДСМ, Ѓилумсер Касапи.

Магазин | пред 4 месеци

media-libraryqt2ogpa7o1v10BLCizP

Обвинителството отвори истрага за мистериозната смрт на тетовецот пронајден со прострена рана во главата

По пронаоѓањето на телото на 42-годишен жител на Тетово, кој претходно бил пријавен за исчезнат, надлежните институции отворија истрага за утврдување на околностите околу случајот.Од Јавното обвинителство соопштија дека на местото на настанот бил извршен увид и дека се преземаат сите потребни мерки за расчистување на случајот и идентификација на можна сторителска одговорност.„Извршен е увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите поради сомненија дека смртта е резултат на кривично дело. Дадена е наредба за обдукција, наредба за подигање на возилото и други траги од лице место на кои ќе се врши вештачење, наредба за обезбедување на снимки од видео надзор, како и други докази,“ соопштија од Обвинителството.Оттаму додаваат дека по наредбите веќе се постапува, а истрагата продолжува во насока на утврдување на мотивите и можните сторители.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryqt2ogpa7o1v10BLCizP

Драма во Тетово: исчезнат маж пронајден мртов со прострелна рана во глава

Тетовската полиција попладнево пронајде тело на 42-годишен маж од Тетово, кој синоќа бил пријавен за исчезнат. Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, мажот бил пронајден застрелан во својот џип „Ауди Q5“ во атарот на селото Нераште.Случајот бил пријавен утринава во 2 часот, кога 33-годишната сопруга Б.Б. информирала дека нејзиниот сопруг А.Б. излегол од дома вчера околу 18 часот и не се јавувал на телефон. По неколкучасовна потрага, околу 16:15 часот полициски службеници од Полициското одделение Теарце забележале паркирано возило „Ауди“ со тетовски регистерски таблички во ниви кај Нераште.Во внатрешноста на возилото било забележано машко лице кое не давало знаци на живот. На предното стакло имало видлив отвор од проектил, а жртвата била облеана во крв во пределот на главата, со што, според МВР, постои основано сомневање дека била застрелана со огнено оружје.Екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт на лице место. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово и било потврдено дека станува збор за исчезнатиот А.Б.Полицијата и обвинителството работат на расветлување на случајот, а засега не се соопштуваат детали за можен мотив или осомничени.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarybt7f04erflmtbUggKZJ

(Видео) Тетовчанка остана без дневна светлина – сосед изградил зграда до самиот прозорец, Општина Тетово тврди: „Документацијата е во ред“

Жителката на Тетово, Живка Велјановска, веќе месеци живее во просторија каде дневната светлина практично не постои. Причината – новоизграден објект подигнат буквално до прозорците на нејзината куќа, со што целосно е блокирана природната светлина.Велјановска за Телма вели дека институциите со години носат контрадикторни решенија. Иако општинската служба еднаш го одбила барањето за градба, подоцна донела спротивна одлука и издала дозвола. Новата градба сега е толку блиску што минималните законски растојанија меѓу објектите, според тврдењата на семејството, воопшто не се почитувани.„Во мојата соба нема ниту еден зрак природна светлина. Прозорците се целосно блокирани. Повикувавме инспекции, полиција, но никој не реагира. Ова е неправда и постојана борба со соседот“, вели Велјановска.Случајот е на разгледување во Управниот и Вишиот управен суд, но веќе шест месеци семејството нема одговор.Од Општина Тетово и Министерството за транспорт и врски велат дека документацијата е уредна и дека сите постапки се водат согласно Законот за општа управна постапка. Истрагата е сѐ уште во тек.Мештаните предупредуваат дека ова не е единствен пример и дека неконтролираното урбанистичко планирање веќе сериозно го нарушува стандардот на живеење во градот.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања