Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ТЕТОВО

media-library5oji1tmki7lt3iJHBPI

Пронајдена малолетничка од Скопје во стан во Гостивар - била пријавена за исчезната

Шеснаесетгодишна девојка од Скопје, која претходно била пријавена за исчезната, е пронајдена во стан во Гостивар, информираат од СВР Тетово.Според полицијата, на 30 март во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја пронашле малолетничката М.Ј.(16) во стан на Р.Ш.(19).Девојката, која се оддалечила од својот дом во Скопје, по пронаоѓањето е предадена на нејзината мајка, додека лицето кај кое била пронајдена е лишено од слобода и ќе биде предмет на понатамошна постапка.

Македонија | пред 12 часа

media-library8de4gevsubi57ZTJ0pw

Тетовец измамен: Му го позајмил „бмв“, завршило на отпад

Триесет и петгодишен жител на Тетово пријавил дека бил измамен од негов познаник, кој по позајмување на неговото возило го однел на отпад и го продал.Како што информираат од СВР Тетово, случајот бил пријавен на 29 март во 12:00 часот. Според пријавеното, лицето А.Х. побарало да го позајми патничкото моторно возило „бмв“, по што го известил сопственикот дека автомобилот има дефект и дека е оставен кај механичар.По неколкудневни безуспешни обиди да стапи во контакт и да си го врати возилото, оштетениот на 28 март се сретнал со механичарот, кој признал дека автомобилот бил однесен на отпад во селото Слатино.Според пријавата, сопственикот подоцна го пронашол возилото оштетено на отпадот, при што од лицето кое го купило дознал дека автомобилот бил продаден од механичарот.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 12 часа

vozach

Двајца возачи приведени – возеле без дозвола во Гостивар и Тетово

Двајца возачи се лишени од слобода во одделни случаи во Гостивар и Тетово, поради управување возила без возачка дозвола и со прекршувања на сообраќајните прописи.Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, на 29 март во 19:00 часот, кај Здуњска крстосница, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Е.Р. (26) од Гостивар. Тој бил затекнат како управува патничко моторно возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки без да поседува возачка дозвола.Истиот ден, во 21:50 часот, на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Д. (25) од Тетово, кој управувал мотоцикл „трува“ без возачка дозвола и без соодветна документација.Мотоциклот е одземен, а по целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик, за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 12 часа

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа во Долно Седларце, возачот избегал

Министерството за внатрешни работи информира дека на 28 март 2026 година во 20:50 часот во село Долно Седларце, општина Брвеница, патничко возило удрило во 70-годишниот пешак З.С. од Тетово, по што возачот го напуштил местото на настанот.Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница Тетово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово, а полициските службеници преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryfecvb73uh4k2aThOYuT

„Ти кажавме да си земеш преведувач“ кон министерката Јаневска - однесување што ја „тресе“ фелата

Новинар од Тетово предизвика лавина реакции во јавноста и во новинарската фела, откако на министерката за образование ѝ се обрати без персирање, користејќи „ти“, и ѝ постави прашање со зборовите: „Си зема преведувач министерке?“. Откако таа одговори „Не“, новинарот возврати: „ти кажавме кога ќе дојдеш во Тетово да си земеш преведувач“.По овој настап, следуваа низа остри реакции од новинари и јавни личности, кои го осудија однесувањето.„Коректно е медиумски организации, како што оправдано реагираат на однесување на институции и поединци кон новинарите, еднаш да излезат и осудат однесување на новинари. На страна и да им дадат совети и обуки, ако не им ги дале во редакција или на факултет. На што личи обраќање на ТИ кон повозрасно лице или лице на функција? Тоа што не се согласувате со нечија политика може да го манифестирате дома, во приватен живот и зад гласачки параван. Никако во медиумскиот простор. Тоа што некој земал микрофон, а се однесува без основна култура и со некаква политичка агенда, не значи дека е новинар, туку значи дека е активист. „Ти рековме да си земеш преведувач“ - кои сте тоа Вие што сте рекле и како случајно минатиот пат во исто време спуштивте микрофони? Замислете обратна сцена - да тргнат новинарки и новинари Македонци да делат лекции на ТИ на политичари македонски Албанци. Ни тоа не го бива, ама само замислете го пред следен пат да прашате и наредите нешто на ТИ“, напиша новинарот Александар Методијев.Остра реакција упати и новинарката Емилија Лазаревска:„Простак и кретен! Срам да ти е. Па мисли кој знае што направил. Која е оваа будала, што е овој? Срамота и овие околу него што си молчат. Затуцан еден, невоспитан. Па со „ти“ ѝ се обраќа на министерката, жена, веројатно е и повозрасна од него. Уф! Е во наше време ќе го „изедевме“ и немаше да му текне другпат да се појави, а не да изигрува шериф“.Фоторепортерката Арбнора Мемети оцени дека ваквото однесување не доликува на новинар:„Ова однесување „ти кажавме“ најмалку наликува на некој што себеси се нарекува новинар. Новинарството не е нешто локално и не може да се извршува само во маало. Сакал некој или не, македонскиот јазик е повеќе од неопходен за вршење на оваа професија“.Сличен став изрази и професорката и новинарка Искра Коровешовска:„Факти: Тетово е во Македонија, точка. Во Тетово официјален јазик е македонски, точка. „Ти кажавме министерке кога ќе дојдеш во Тетово да си земеш преведувач“ е чаршиски муабет, за пред кооперација, не за јавен настап на новинар пред камера, точка“.На темата се огласи и новинарката Милка Смилевска:„Дел од новинариве не разбираат дека се пример во општеството и креатори на јавно мислење и не мислат што зборуваат. Зборот на новинарот има тежина. Не разбираат дека мирот нема цена. Дека само во мир и демократија можеме да имаме живот во Македонија. Не ширете омраза и нетрпеливост. Не личи на новинари да се ограничени и заостанати во некои националистички наративи. Ги сакам и почитувам сите јазици и граѓани и граѓанки“.Со реакција излезе и новинарот Кристијан Ландов:„Она што се случи во Тетово не е ништо поврзано со новинарство, туку со некултура. Прво обраќањето на „ти“ кон носител на јавна функција, личност која е години и години повозрасна од Вас... И втора работа „ти кажавме да си земеш преведувач“ во најмала рака е спорно бидејќи нема што новинар да и кажува на било која личност, на било кој функционер што и како да прави. Туку може да праша и може да констатира дали дошол или не дошол со преведувач. Мислам дека ако ние сме тие кои треба да бидеме коректив на општеството, тоа што се случи во Тетово во најмала рака е недозволиво и заслужува извинување“.Реакциите продолжуваат, а случајот повторно ја отвори дебатата за професионалните стандарди и однесувањето во новинарството.

Македонија | пред 6 дена

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Малолетник затекнат зад волан во Тетово: полицијата го приведе, возилото одземено

Седумнаесетгодишен малолетник од тетовското село Милетино бил лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува возило без положен возачки испит.Од СВР Тетово информираат дека на 22 март 2026 година во 04:12 часот, на булевар „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници сопреле патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетникот.По извршените проверки било утврдено дека лицето е малолетно и нема положено возачки испит. По наредба на јавен обвинител, малолетникот бил лишен од слобода.Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

avtopat

Возач без дозвола приведен на патот Тетово–Гостивар, возел и покрај активна забрана

Полицијата приведе 44-годишен жител на прилепското село Дебреште, откако бил затекнат како управува возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување.Од СВР Тетово информираат дека на 22 март 2026 година во 04:05 часот, на патниот правец Тетово–Гостивар, полициски службеници сопреле патничко возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.И. (44).При контролата било утврдено дека возачот управувал моторно возило иако имал изречена активна забрана за управување со возила од Б категорија.Возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

media-library11umh2gfq8r73Sy6Z9x

Апсење во гостиварско: маж осомничен за уцена од 5.000 евра, кој сакал да ги изнуди со закани за објава на снимка

Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Г.Г. (34) од гостиварското село Чегране, под сомнение дека уценувал лице од тетовско село и му барал 5.000 евра.Како што информираат од полицијата, приведувањето се случило на 21 март 2026 година во 21:55 часот во Гостивар, по претходна пријава од оштетениот. Според пријавеното, осомничениот испраќал заканувачки пораки преку телефон и барал пари, тврдејќи дека лицето му должи сума од 5.000 евра.Воедно, тој се заканувал дека ќе објави снимка од разговор меѓу нив доколку не му бидат исплатени парите.Од СВР Тетово велат дека по целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarygf2n1ia79i9beF7A1WW

Додека питачела и текнало да украде злато во Тетово

Полицијата во Тетово уапси 27-годишна државјанка на Црна Гора, осомничена за кражба на златен накит од продавница во градот.Според информациите од МВР, на 19 март околу 16:00 часот на улицата „Страшо Пинџур“, полициски службеници ја лишиле од слобода Л.И. (27), постапувајќи по пријава од 31-годишен тетовец.Тој пријавил дека женско лице, кое претходно питачело, од неговата продавница за златен накит одзело златни предмети.По целосно документирање на случајот, против осомничената ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

„Водата не е бизнис“, „Зелен хуман град“ против приватизацијата на водоводот во Тетово

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ реагираше по најавите за приватизација на водоводот во Тетово, повикувајќи на заштита на јавниот интерес и предупредувајќи дека водата станува сè понедостапен ресурс. Според нив, пристапот до вода е основно човеково право, а не можност за профитирање на поединци.„Сакаат да го приватизираат водоводот во Тетово исто како што ги уништуваат планинските реки за мали хидроцентрали давајќи ги на поединци да профитираат од субвенции.Во услови кога водата сè повеќе станува ограничен ресурс и до 2050 година околу пет милијарди луѓе во светот ќе живеат во области со сериозен недостиг на вода!Поддршка за тетовчани, пристапот до вода е основно човеково право, не приватен бизнис“, велат од Зелен хуман град.

Македонија | пред 1 седмица

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-56-5630PM

Засилени контроли во тетовско: казнети 85 прекршоци за еден ден

Во текот на 17 март 2026 година на подрачјето на СВР Тетово била спроведена засилена контрола на возила и возачи.При контролата биле санкционирани вкупно 18 возачи за непрописно паркирање, од кои 14 во Тетово и 4 во Гостивар, додека 12 возила во Тетово биле подигнати со специјално возило „пајак“.Дополнително, биле евидентирани и 67 други видови сообраќајни прекршоци, од кои 43 во Тетово и 24 во Гостивар.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarygf2n1ia79i9beF7A1WW

Возило барано од Интерпол Австрија откриено на Јажинце

На 17 март 2026 година во 17:15 часот на Граничниот премин Јажинце, полициски службеници го лишиле од слобода А.Т. (41) од селото Горно Седларце, општина Боговиње.При гранична и пасошка контрола било утврдено дека патничкото возило „шкода октавија“, кое го управувал, било барано по Интерпол Австрија.Возилото е одземено, а по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

dzamija-2

Уапсен 65-годишник за кражба во џамија

На 17 март 2026 година во 21:55 часот во селото Боговиње, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода З.М. (65) од истото село.Тој се сомничи дека на 14 март извршил кражба во џамија во селото Врапчиште, гостиварско.По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

525260601_10164110712530934_3299071640872807828_n

Малолетници нападнати во тетовско, полицијата трага по напаѓачот

На 17 март 2026 година во 20:00 часот во СВР Тетово, Р.Р. (55) од селото Пирок пријавил дека неговиот малолетен син и негов другар биле физички нападнати од 20-годишник.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

media-library37s0fjk665nb39UZPfh

Тепачка меѓу жени во продавница во Тетово, оштетен инвентар

На 17 март 2026 година во 12:00 часот во СВР Тетово, 47-годишната Н.А. од Тетово пријавила дека во продажен објект била физички нападната од нејзината другарка З.К., која при тоа оштетила дел од инвентарот.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, а по целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 седмица

pari

Се претставил како претставник на фирма за мебел, земал капар и исчезнал

Четириесет и седумгодишна жена од тетовско пријавила во полиција дека била измамена за 550 евра од лице кое се претставило како претставник на фирма за мебел.Според пријавата, на 16 март во 13:00 часот во СВР Тетово таа навела дека во текот на февруари преку социјална мрежа стапила во контакт со С.С. од скопското село Арачиново, со кого се договорила за нарачка на мебел.Откако се сретнале, му ги дала парите како капар, но услугата не била извршена, а лицето подоцна станало недостапно на телефон. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

media-library37s0fjk665nb39UZPfh

Тетовец пријавен за насилство по напад по судско рочиште

СВР Тетово поднела кривична пријава против М.З. (46) поради сомнение за кривично дело „насилство“.Според информациите, на 11 март 2026 година на улицата „Илинденска“ во Тетово, по завршување на судско рочиште во Основниот суд во Тетово, на кое присуствувал заедно со Б.Џ., пријавениот физички го нападнал Б.Џ..

Македонија | пред 1 седмица

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-56-7910PM

Девојката што падна од балкон во Тетово била малтретирана од таткото, тврди полицијата

Во истрагата за случајот со 19-годишната девојка од Тетово, која на 14 март падна од балкон од куќата на нејзиниот дедо и со повреди беше пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полицијата дошла до сознанија дека таа подолг период била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко.Како што соопшти МВР, на 16 март во 21:20 часот во СВР Тетово сам се пријавил А.А. (47) од Тетово, по што со него бил извршен службен разговор.По насока на јавен обвинител, тој е пуштен, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-52-3040PM

Приведени двајца млади возачи во Гостивар, им ги одзедоа возилата оти немале возачки

Во две одвоени сообраќајни контроли во Гостивар на 14 март 2026 година, полициски службеници привеле двајца млади возачи кои управувале автомобили без возачка дозвола.Во 17:40 часот на улицата „Илинденска“ била запрена М.М. (19) од селото Чајле, која управувала патничко возило „шкода“ со гостиварски регистарски ознаки. По проверката било утврдено дека нема возачка дозвола, по што возилото било одземено.Два часа подоцна, во 19:40 часот на улицата „ЈНА“, полицијата го лишила од слобода Т.М. (21) од селото Равен, кој управувал „опел корса“ со гостиварски регистарски ознаки. И во овој случај било утврдено дека возел без возачка дозвола, а возилото било одземено.По целосно документирање на случаите против двајцата ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryde70q4td32141LUzO8V

Претреси во Тетово: уапсени четири лица, пронајдени предмети од кривични дела

Полициски службеници од СВР Тетово на 14 март 2026 година извршиле два одвоени претреса со судска наредба, при што биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела, а приведени се вкупно четири лица.Во 11:45 часот бил извршен претрес во автомобилска работилница на Б.И. (35) од Тетово. При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, по што биле лишени од слобода Б.И., Д.А. (27) од селото Мала Речица и С.Р. (30) од селото Долно Палчиште. Како што информира МВР, на овој случај му претходела пријава дека ноќта меѓу 12 и 13 март во Тетово било опожарено патничко возило „фолксваген туарег“.Подоцна, во 15:55 часот, со судска наредба бил извршен претрес во дом и помошни простории кај И.Б. (43) од Тетово. И таму биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, по што И.Б. бил лишен од слобода. На овој случај му претходела пријава дека во Ургентниот центар во Тетово бил примен пациент со убодни рани од остар предмет.По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarydh7mp4f2m0go8R7JAMn

Закани со нож во автобус и вооружен напад на пат во тетовско: интервенирано при два сериозни инциденти

Во текот на 14 март 2026 година во СВР Тетово биле пријавени два одвоени инциденти со елементи на закани и насилство.Во 20:00 часот, И.У. (66) од селото Желино пријавила дека во автобус Н.Ќ. од истото село ѝ се заканувал со остар предмет.Половина час подоцна, во 20:30 часот, Џ.В. (26) од Тетово пријавил дека додека управувал патничко возило „голф“ на локалниот пат од Тетово кон селото Брвеница, бил престигнат од друго возило кое му го блокирало патот. Според пријавата, од возилото излегле неколку лица кои со тврд предмет му го оштетиле автомобилот, а кај себе имале и оружје.Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryrhpb65f5dknm194Hqau

Млада девојка паднала од балкон во Тетово, со тешки повреди е пренесена на лекување во Скопје, а полицијата отвори истрага

Девојка на возраст од околу 20 години вчера паднала од балкон во Тетово, а полицијата по наредба од јавен обвинител врши истрага како дошло до несреќата.Според официјалните информации од СВР Тетово, настанот се случил синоќа околу 18:40 минути. Случајот бил пријавен од Итната медицинска помош, кои интервенирале. Тие им кажале на полицајците дека „женско лице паднало од балкон“.Поради сериозноста на повредите, девојката е пренесена на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.Увидот бил завршен уште во текот на вчерашниот ден. Засега нема други детали од страна на полицијата.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

Тетовец нападнат со нож по расправија во трговски центар

На 14 март 2026 година во 02:40 часот во СВР Тетово било пријавено од Ургентниот центар дека М.Б. (63) од Тетово бил примен со убодни рани од остар предмет.Според првичните информации, претходно во објект во трговски центар тој консумирал алкохол со лицето Б.И., по што дошло до вербална расправија во која Б.И. употребил нож.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarygf2n1ia79i9beF7A1WW

Петмина возачи приведени без возачка дозвола во тетовско и гостиварско

Во текот на 13 и 14 март 2026 година полицијата во тетовско и гостиварско привела повеќе возачи кои управувале возила без возачка дозвола.На 13 март на автопатот Тетово – Гостивар бил приведен Н.П. (38) од Гостивар, кој управувал товарно возило „форд“ без претходно положен возачки испит.На 14 март во Маврови Анови бил приведен А.М. (32) од селото Врапчиште, кој управувал „поло“ без возачка дозвола.Истата ноќ на регионалниот пат Тетово – Јажинце бил приведен Б.Ј. (41) од селото Прељубиште, кај кого биле измерени 1,60 промили алкохол во крвта, по што бил задржан во полициска станица поради безобѕирно управување со возило.Дополнително, на регионалниот пат Тетово – Скопје во селото Желино бил приведен Р.Н. (45) од селото Рогле, кој управувал „мерцедес“ без возачка дозвола.Во Гостивар, пак, по претходно случена сообраќајна несреќа бил приведен И.С. (60), кој управувал „голф“ без положен возачки испит.Во сите случаи возилата се одземени, а против возачите ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 2 седмици

pozar-1

Пожари на автомобили во Тетово и на автопатот кон Гостивар

Вчера во СВР Тетово биле пријавени два одвоени случаи на опожарени возила.Во 04:18 часот, А.Љ. (31) од Тетово пријавил дека ноќта меѓу 12 и 13 март на улицата „Штипска“ било опожарено паркирано возило „фолксваген туарег“ со тетовски регистарски ознаки кое го користел.Подоцна, во 08:10 часот, Џ.Ќ. (57) од Тетово пријавил дека на автопатот Тетово – Гостивар се запалило патничко возило „мерцедес“ со кое управувал.Во двата случаи увид извршила екипа на СВР Тетово.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања