Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Протест пред УЈП во Куманово, се приклучија и граѓани од Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarykt7mfr6be2jn9shRSTK

Група граѓани од Куманово, кои работеле во американски компании во базите во Ирак и Авганистан, денеска протестираа пред Управата за јавни приходи (УЈП), барајќи институциите да обезбедат проверка на доказите за платените даноци. На протестот им се приклучија и граѓани од Тетово.

Учесниците нагласија дека нивната иницијатива нема политичка заднина и не е насочена против ниту една институција или личност, туку претставува борба за правична и законска постапка. Тие апелираат за поддршка од сите граѓани, без разлика на политичка, етничка или друга припадност.

— реклама —

„Упатуваме благодарност до градоначалникот на Куманово, кој јавно се обрати пред Советот на Општината и договори средба со директорката на УЈП. Планираме уште една јавна средба во големата сала на Комитетот со присуство на сите засегнати граѓани, како и на медиумите, за директорката транспарентно да ги образложи ставовите на институцијата“, рече Зоран Наковски во име на присутните.

Граѓаните истакнаа дека доставиле и допис за средба до Управата за јавни приходи и изразија благодарност до Советот за отворената расправа. Сепак, нагласија дека биле разочарани од дел од советниците кои не го поддржале ставањето на точката на дневен ред.

— реклама —

Протестантите појаснија дека не се против плаќање даноци, туку се спротивставуваат на присилна наплата, селективно толкување на законите и неприфаќање на доставените докази. Главното барање е еднаков и фер третман за сите граѓани.

„Бараме правична законска регулатива, не смее да има двојно оданочување. Бараме еднаков третман за сите“, рече Фариз Бајрами од Тетово, најавувајќи дека и во Тетово ќе се одржат протести пред УЈП во вторник со почеток во 14 часот. Во Куманово, протестот продолжува пред општинската зграда во понеделник, исто така со почеток во 14 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ujp

Нов рок за ДДВ пријавите – УЈП апелира за навремено поднесување

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-librarynp016akpm6tieujSQb4

УЈП: Истече рокот за даноците за 2025 - платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади

Македонија | пред 2 дена

ujp

УЈП: Оданочувањето на приходите од странство не е нова мерка, туку постојна законска обврска

Македонија | пред 1 седмица

media-library3et5jij1mhms4pJ31Mn

УЈП тврди дека данокот за заработките од странство не е нов и дека мора да го наплатат

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања