Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 луѓе, велат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

„За ова говоревме минатата година во  „Афера – Провизии кои чинат животи’’ каде посочивме на низа пропусти и недоследности, но продолжената рака на СДС Коцевски, цврсто ги чуваше кривичните пријави и докази за Филипче во фиока.

— реклама —

Според сведоштвото на Кадриу, вечерта на несреќата таа била повикана да се вклучи во истрагата, а подоцна ѝ се приклучиле и претставници од обвинителство меѓу кои тогашниот ДЈО Јовевски кој дошол со двајца свои обвинители.

Улогата на ДЈО Јовевски и останатите била процесот да го држат под нивен надзор и контрола.

— реклама —

Според Кадриу, околу 30 милиони евра биле обезбедени за изградба на овие објекти. Светската банка тогаш одобрила средства за изградба на модуларни болници на територија на Македонија.

Венко Филипче бил министер кога се изработувала техничката спецификација за модуларните болници. Градбата на модуларната болница, била направена од панели рециклирани со пурпена, кои тогаш не чинеле повеќе од 5-6 евра. Додека пак, оние подобрите и поквалитетните, како на пример панели со камена волна кои не горат до 40 минути, чинеле околу 17 евра. Во превод, според Кадриу, овие модуларни болници чинеле околу 300.000 евра, сите, а биле обезбедени за оваа намена 30 милиони евра.

Во чиј џеб завршиле парите?

Дополнително за објектот во Тетово, не бил изработен соодветен елаборат за електрична енергија, што дополнително влијаело на безбедноста.

Зошто немало соодветен елаборат за електрична енергија?

Зошто не се користеле квалитетни материјали?

Зошто се искористени минимум од дозволените средства?

Филипче одбил алтернативни предлози за згрижување на ковид-пациенти во рамки на постојните болнички капацитети.

Филипче ја одбил понудата на тогашниот медицински директор, кој понудил сместување на КОВИД пациенти, на двата спрата во тетовската болница кои стоеле така празни. Филипче тоа го одбил, поради тоа што овие модуларни болници морале да бидат изградени.

Вистинските виновници за модуларната болница во Тетово мора да одговараат пред законите“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb8jf9io36b8qcjLJkpx

Филипче: Владата треба да им помогне на граѓаните со финансиски пакети

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

Филипче: Мерката за ѓубривата е задоцнета, земјоделците веќе имаат голем проблем со кризата

Македонија | пред 17 часа

media-libraryhp3nuvs3rech8aGcPgY

Филипче: За рудник во Крива Паланка да се слушне гласот на граѓаните, здравјето мора да биде на приоритет

Македонија | пред 17 часа

media-library62bnk9fqhlkmaaoDrOV

Филипче: СДСМ бара едно државјанство за сите избрани и именувани функционери и тоа веднаш

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања