Трамп под притисок поради Иран: нема јасна стратегија, расте незадоволството кај сојузниците
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со сериозен политички притисок поради конфликтот со Иран, откако не успеа јасно да дефинира цел и стратегија за излез од војната, оценува француската новинска агенција АФП.Според анализата, клучен проблем е погрешната проценка на капацитетите на Иран за одмазда, што доведе до продолжување и ескалација на конфликтот, само неколку недели по неговиот почеток.Дополнителен удар за администрацијата е оставката на висок американски функционер за борба против тероризмот, кој јавно изјави дека Иран не претставува непосредна закана и дека не може да го поддржи тековниот конфликт.Иако Трамп повеќепати изјави дека Иран е „десеткуван“ од американско-израелските напади, нема прогласено победа, а Техеран не покажува намера да капитулира.Во меѓувреме, растат и економските последици. Цените на нафтата се зголемуваат, додека конфликтот се шири низ регионот – од Либан до земјите од Персискиот Залив. Истовремено, дел од американските сојузници одбиваат да се вклучат во воените активности, особено во обезбедувањето на Хормушкиот теснец.Европските земји, вклучително и Германија, јасно порачаа дека конфликтот не е прашање на НАТО и дека нема да учествуваат во него, ниту ќе помогнат во воени мисии поврзани со него.Аналитичарите предупредуваат дека САД се соочуваат со дипломатски ќор-сокак, бидејќи завршувањето на војната бара согласност и од Иран и од Израел.„Во моментов нема добри опции, туку само помалку лоши“, оценуваат експертите, додавајќи дека најреален излез е преговарачка деескалација која би им овозможила на сите страни да избегнат целосен пораз.
Свет | пред 1 седмица