Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВАНКОВСКА

Vankovska

Ванковска: Ѓорѓиевски ветува 72 часа за чистење на ѓубрето, како Трамп што за 24 часа ја заврши војната во Украина

За професорката Билјана Ванковска, ветувањето на кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, дека ќе го исчисти градот од ѓубрето за 72 часа е наликува на ветувањата на Трамп дека ќе ја заври војната во Украина за 24 часа.Смешното тврдење на Орце дека за 72 часа ќе го исчистел градот од смет ме потсетува на она на Трамп дека за 24 часа ќе го решел украинско-рускиот конфликт. Само Орце „помудар“, па си дал екстра време, пишува Ванковска во објава на ФБ.Шегата настрана, тезата дека она што е системски и долгорочен проблем може да го реши ЕДЕН ЧОВЕК, и тоа под услов да е од владејачка партија има БУМЕРАНГ ефект! ВМРО-ДПМНЕ е носител на власта на локално ниво со години, а ефектите се видливи не само во Скопје, туку низ цела држава. Смет, депонии, пожари, нечисти улици, запуштени урбани и рурални средини... Ова не се решава со часови, ниту со чудотворци, туку со услуги, јавни служби, систем, правни санкции, одговорност...Се надевам ниту скопјани, ниту другите нема да паѓаат на вакви пропагандни будалаштини.Ако и мислат дека имаат моќ, нека повелат веднаш, нека не чекаат октомври и изборен ден.

Скопје | пред 6 месеци

Vankovska

„Добрососедство по мерка на ЕУ: Блискоста со Србија не се дозволува“, професорката Ванковска објасни што и пречи на Европа

Иако Европската унија постојано инсистира на добрососедски односи меѓу земјите од Западен Балкан, од Македонија очекува да се дистанцира од Србија – став што, според професорката Билјана Ванковска, не само што е контрадикторен, туку и опасен по внатрешната стабилност на државата.-Прво, нѐ обвинуваат за блиски односи со нивна полноправна членка (иако не многу популарна) - Унгарија.Второ, од нас бараат “добрососедски односи” ама сакаат да се скараме со Србите, иако тие (божем) го поддржуваат и членството на Србија (и БиХ) во ЕУ.Конечно, треба да се скараме и со Русија и со Кина - а тие развиваат односи на соработка со Кина особено поради царините на Трамп. Руски енергенси купуваат “под рака” со прокси.За нас знам дека имаме власт која колку и да ја понижуваат, таа ќе им бакнува рака. Ама, ЕУ знае ли кај тера? И како мисли да го стабилизира Балканот со негова дестабилизација?Заборавив да додадам нешто за ефектите врз внатрешната стабилност на Македонија: инсистирајќи на наводно влијание на т.н. Српски свет, ЕП директно ги поткопува меѓуетничките односи. Албанската заедница едвај дочека да викне: “фатете го крадецот (Србите ни се непријатели)”. Уставен суверенитет не постои кај нас од 2018, од миксот на европски и балкански методи како што сугерираше еврокомесарот Хан.Балканскиот котел го меша Брисел. Големите европски сили нѐ третираат како парички за поткусурување“, вели таа.

Македонија | пред 8 месеци

Vankovska-1

Ванковска во Штип: Прв чекор како претседател ќе биде раскинување на Договорот за добрососедство со Бугарија

„Прв чекор како претседател ќе биде раскинување на Договорот за добрососедство со Бугарија, затоа што барањата во од таа страна веќе го надминаар тој договор како таков “ истакна Билјана Ванковска, кандидат за претседател од Левица, на денешната средба со граѓаните на Штип. На средбите Билјана Ванковска придружувана од пратеникот Борислав Крмов и членот на Президиум на Левица, Александар Симонов, разговараа со штипјани за моменталната ситуација во државава и за изборната програма на Ванковска. На граѓаните им беше поделена и програмата за кандидат за претседател на Билјана Ванковска.Ванковска истакна дека граѓаните ги препознаваат искрените намери за зачувување на националното и бараат некој да го каже тоа што тие не смеат да го кажат. „Јас ветив дека ќе ја зборувам вистината и јасно го кажувам тоа што граѓаните го чувствуваат, а не можат да го кажат“, рече Ванковска.Пратеникот и носител на листа од ИЕ5, пак, рече дека меѓу граѓаните се одлично прифатени, ја делат програмата и дека верува дека Левица го има најдобриот кандидат. „Професорката не е само најдобриот туку е единствен кандидат. Една е од ретките интелектуалци која во сите овие децении зборувала без влакна на јазикот. Таа е единствен интелектуалец која го нарушува статус квото во овие 30 години“, истакна Крмов.Посетата заврши со положување свежо цвеќе пред спомен-релјефот кај Народниот театар во очи денот од бомбардирањето на Штип

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-04-at-10.07.21

Без големи билборди, со скромна кампања, Ванковска ќе се бори за победа: На никого нема да му биде здодевно кога ќе зборувам

Нема да има големи билборди и кампањи, тоа ќе биде скромна, како што е и нашиот народ напатен - вака професорката Билјана Ванковска, кандидатка на Левица, ја претстави својата програма. Посочи дека таа ја почнува кампањата како што е предвидено со закон. Ги повика граѓаните да излезат на гласање за претседателските избори, за да гласаат за личност, без разлика што зад нив ќе стојат партии.„Јас кажав дека ќе бидам една и единствена во сите кандидати, по визијата, аргументите кои ќе ги понудам. Можеби на прв поглед слоганите ќе ви изгледаат слични, исти, збунивачки, но на крајот од кампањата мислам дека никој нема да има дилема за што се залага Ванковска со Левица. Во материјалот ќе видите дека ако треба да ја дефинирам: тоа се принципите и материјалите кои се водилка на целиот процес. Уставните норми се ригидни, сувопарни. Но личноста е таа што ја прави институцијата“, рече Ванковска.Апелот до граѓаните е да се посвети внимание на кандидатите, па вети: „чесна и интересна битка, на никого нема да му биде здодевно кога јас ќе зборувам“.„Некои личности и нанесоа голема штета на Македонија, а кампањата ја започнувам од Струмица“, додаде Ванковска.

Македонија | пред 1 година

5-3

Ванковска: Рамковниот договор создаде само картел на елити

Проф. Ванковска во емисијата ,,Само Вистина” го кажа јасниот став за укинувањето на практиката која ја дава државната моќ во рацете на картелот елити на ДУИ.,,При последната промена на Уставот, Охридскиот договор влезе и во преамбулата, што е нонсенс. Критиката на консоцијацискиот модел е дека го слабее граѓанскиот супстрат, демократскиот и од тоа создава картел на елити!Ова резултира со политика на уцени во која едната страна е секогаш “кингмејкер”. Тоа е обично ДУИ. Од тоа што го слушам, не ветува ништо добро.Секоја критика на Рамковниот договор е издржана, проверена и 20 години тестирана во пракса и резултира со уривање на државата и администрацијата.“

Македонија | пред 1 година

Vankovska-1

Ванковска: „Митот за западниот хуманизам умре во Газа“

„Нема ,добро утра' во Газа: стотици камиони и тешка машинерија влегува слободно од граничниот премин Рафа и од урнатините на палестинските домови и заедно со затрупаните тела на цивилните жртви, го градат американското пристаниште! Поголема дехуманизација на Палестинците или на кое било човечко суштество, не е забележана во историјата!Генералниот секретар на ОН очајнички повикува да запре западното лицемерие и различниот третман на Украинците и Палестинците. Во ветер…НИКОГАШ да не се заборави, НИКОГАШ да не им се прости! ЗНААТ што прават!Ако овие неколку месеци покажаа нешто - тоа е крајот на митот за западниот хуманизам и цивилизација. Човечноста умре во Газа.А вие зборувајте ми за нашите ,стратешки сојузници'! Ние сме нивни стратешки соучесници во геноцид!", пишува проф. Ванковска во својата објава.

Македонија | пред 2 години

421942319_964070635076001_5149218793722083700_n

Ванковска за Османи оти не ја викна на ифтар: Нека им е на здравје, не припаѓам јас во тоа друштво

Разбрав дека господинот Бујар Османи, актуелен министер за надворешни работи и претседателски кандидат на ДУИ, не ме поканил на вечера/ифтар заедно со останатите, каде планира да разговараат за избор на европски претседател.Мојот одговор, пред малку даден и за Слободен печат, е следниот:Прво, Османи очигледно прави свои „црни листи“ на подобни и неподобни. За Јакимовски му е јасна поентата (се наоѓа на американска црна листа), но за мене можеби знае нешто што јас не го знам...Второ, разговор за избор на ЕВРОПСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ не ме интересира бидејќи јас се кадидирам за МАКЕДОНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ. Мојата легитимација ќе ја барам од мојот народ и од никој друг (па таман да е и ЕУ).Трето, да организираш гоштевање за ифтар во време кога деца умираат од глад во Газа е во најмала рака непристојно и нечовечно. Јас оваа година мислите, мојата емпатија и меѓународна солидарност ги упатувам кон Палестина, и тешко ми е да прифатам пост и ифтари во време на геноцид. Интересно е што Османи ниту еднаш не изрази сочувство или солидарност со Палестинците. Останав јас сама со кефијата околу мене.Нека им е на здравје вечерата на тие што ќе ја прифатат. Јас не припаѓам во тоа друштво.

Македонија | пред 2 години

vankovska-696x392-1

Хајката против Левица не е нова, како што се наближуваат изборите, станува фронтална, смета Ванковска

Билјана Ванковска, претендент за да влезе во претседателската трка како претставник на Левица, смета дека е почната хајка против Левица. Според неа, станува збор за фронтална битка.„Хајката против Левица не е нова. Досега беше перфидна и најчесто манифестирана преку бојкот од медиумите и спинување. Сега, како што се наближуваат изборите, станува фронтална. Јас одамна реков дека битката ќе биде против неколку Голијати (на внатрешните тројански коњи не сметав до скоро). Но, сеедно…Секој напад плус, колку понизок и беден, толку повеќе страв во нивните редови. Страв дека некој ќе ја каже вистината во дебатите и кампањата. Некој ќе викне дека кралот е гол. Дека си страдаме од домашни сијамски близнаци и странски прислужници.Невидливата спрега на политичката моќ на божемните политички опоненти (а исклесани од ист штоф), помогната со медиуми, НВО активисти, интелектуалци, дипломати, аналитичари, па дури и политички маргиналци, а за странски центри на моќ и да не зборувам, се засилува од час до час.Тоа ми е доволен доказ дека стојам на вистинската страна на оваа валкана битка. Со народот, за народот и од народот, а не со машинерии гладни за власт и фотељи. Одиме во престапниот ден во престапната година да им згазиме на жуљ на сите исплашени од баукот на левицата кој кружи над Македонија!“, напиша Ванковска.

Македонија | пред 2 години

424613314_964070505076014_9217147475064125923_n

Ванковска собрала половина од потребните потписи, тврди Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев тврди дека за три дена, успеале да ги соберат половина од потребните потписи за претседателската кандидатура на Билјана Ванковска.„Народе - за еден викенд собравме скоро 1/2 од потребните потписи! Со оглед на тоа дека и учките од ДУИ уште немаат собрано, и покрај целата нивна машинерија и клиентела - тоа ни кажува дека нашата структура воопшто не е слаба. Вашата поддршка во процесов е суштинска! Затоа, продолжуваме со исто темпо. Нашите волонтери се на терен. Потпиши се за Ванковска и денес! Ако си на работа - потпиши се на пауза. Ако не можеш на пауза - потпиши се после работа (канцелариите на ДИК работат секој ден - од 8:00 до 20:00 часот)“, напиша Апасиев.Се очекува Државната изборна комисија да ја објави состојбата со собрани потписи за кандидати, заклучно со вчерашниот ден.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Официјално отворен претседателскиот изборен штаб: Борбата почнува сега, потпиши се за Ванковска

Во присуство на претседателот на Левица проф. д-р Димитар Апасиев, кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Билјана Ванковска и голем број членови и симпатизери официјално беше отворен претседателкиот изборен штаб.Исто така, денес и официјално започна рокот за собирање на потписи за кандидатура на проф. д-р Билјана Ванковска, кој ќе трае до 8 Март (Петок).„Поддршката за кандидатурата на проф. д-р Билјана Ванковска претставува почеток на борбата која ја започнавме. Борба со која што конечно ќе ја вратиме Македонија во рацете на народот.Потпис за кандидатурата на проф. д-р Билјана Ванковска може да дадете секој ден од 08:00 до 20:00 часот во вашата општина во подрачните канцеларии на ДИК најдоцна до 8 Март. Повеќе информации може да најдете на https://levica.mk/potpisi-vankovska/“, велат од Левица.

Македонија | пред 2 години

5-3

Ванковска за најавената оставка на Ковачевски: За предвремени избори е потребно мнозинство во парламентот, а не премиерска оставка

Професорката Билјана Ванковска на социјалните мрежи реагираше на интервјуто на премиерот Димитар Ковачевски кој изјави дека по изгласувањето на уставните измени ќе ос поднесе оставка.„Јас пак со задоцнување … Дури утрово го слушав интервјуто на Таче за Сител. Дали не знае или не’ прави будали кога вели дека по изгласувањето на уставните амандмани би си дал оставка и би оделе на избори. За предвремени избори е потребно мнозинство во парламентот, а не премиерска оставка! Тој “заборавил” дека токму поради тоа стана премиер откако ЗЗ си даде оставка, без да оди на избори.За манипулациите со Деловникот на Собранието од Џафери не ми се ни зборува - тоа е само доказ дека ние немаме уставно заснована држава. Ова е башибозук!На ова додајте го молкот околу модуларната болница, образот ѓон, а и никој не ги гони одговорните.Само да потсетам: власта се дели на законодавна, извршна и судска! Која функционира кај нас? Прашањето е реторичко“, вели Ванковска.

Коментари | пред 2 години

vankovska-696x392-1

Ванковска: Најавата за заедници на албански општини е закана за војна!

Професорката Билјана Ванковска на својот профил реагираше на денешните изјави од пратениците на албанскиот политички блок, кои од говорница кажаа дека доколку не поминат уставните измени, албанските општини сами ќе продолжат на патот кон ЕУ.„Овие се закануваат со војна! Преку најава на заедница на општини кои би барале влез во ЕУ! Зачленувањето на Македонија во ЕУ уште одамна во еден труд го споредив со приказната за Бенџамин Батон: колку поблиску, толку одење назад кон непостоење. Сите национализми создаваат “совршена бура” – со благослов на ЕУ, нејзините членки и САД.” – напиша Ванковска на својот фејсбук профил.

Коментари | пред 2 години

gruevski-vankovska

За некои работи Груевски можеби беше во право, но начинот и мотивите му беа дискутабилни, вели Ванковска

Поранешниот премиер Никола Гуевски во изминатите неколку денови го анализираше здравствениот систем во државата, факултетите, судството, образованието, по што професорката Билјана Ванковска се огласи на Фејсбук.„Го читам Груевски како ламентира над лошата судбина/рејтинг на универзитетите. Не само што останал неписмен (а со докторат од УКИМ!?!), па пишува “незнам” и “нај” одвоено од зборот и да не набројувам други правописни грешки, ај што тој како научен кадар не објавил ниту еден труд со импакт фактор, туку ми е мака што ја извртува вистината. Демек, реферира на мене кога вели дека сме барале изговор да не дебатираме во хотел (“славната сцена” пред Ал. Палас за која уште ме плукаат и едните и другите), а не кажува дека го одбија нашето барање за учество во Собраниската комисија, разговори тој имаше со Силјановска и уште неколкумина (плус од студентски пленум) во Влада и дека Иванов одби да стави суспензивно вето. Патем во собранието се соочи со ректорот и протекторот - ама ништо не разбра!Уште тврди дека пленумите биле да го уриваат него. Каква КОЛОСАЛНА грешка му беше државниот испит (импакт факторот го воведе отпосле за да ги дисциплинира професорите кои им се придружија на студентите)! Сакаше контрола над универзитетот со укинување на нашиот статус на ултимативни наставници и испитувачи.Во сиот калабалак нему му се случи ЗЗ што нема никаква врска со универзитетските работи и Шангај. Пленумот всушност престана да постои во моментот кога се појавија и инфилтрираа шарените. Јас прва излегов и побарав да се избрише моето име кога ги видов таму Фрчкоски и компанија. Знаев дека таквите уво не ги боли за наука.Но, и тогаш и сега признавам само една работа: секој професор има врвна морална и академска задача да се погледне во огледало и да си го провери си-ви-то, па после да мудрува за рејтингот на универзитетот. Ние мораме да тргнеме од себе, Не може луѓе со индекс на цитираност НУЛА на сите релевантни листи да делат совети. Не може да кукаат за низок буџет за наука луѓе кои не знаат ниту еден светски јазик, кои не излегле подалеку од Табановце, за кои БиХ и Србија се “иностранство”, кои не учествувале во ниту еден меѓународен проект или светска конференција, кои не ги знаат ниту ги цитираат…И така, пак е сезона во која Шангајската листа станува божем најважна тема во земјава во која никој не се вложува себе си во она што го работи, во која луѓе горат и никој не одговара за тоа (за жал и во тоа на извесен начин се вклучени професори).За некои работи Груевски можеби беше во право (сега критериумите се симнаа и сите се лагодни и редовни професори), но начинот и мотивите му беа дискутабилни. Мене нека не ме спомнува ни индиректно зошто може да ме најде и во web of science и во scopus и каде сака…

Коментари | пред 2 години

vankovska-osmani

Османи со сета дрскост спроведува надворешен диктат и наместо да молчи и да ги слуша пратениците, тој им наредува, вели Ванковска

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во пресрет на собраниската седница за уставните измени упати отворено писмо до пратениците во Парламентот во кое порачува дека од нивната одлука ќе зависи дали земјата ќе ги продолжи преговорите или ќе ги запре на подолг рок без гаранција за успех, по што на социјалните мрежи се огласи професорката Билјана Ванковска.„Откако ни/им црташе, сега Бујар им/ни пишува (овој пат двојазично)! Ко писмото на Тито, па и она на Грујо, сега Бујар треба да не’ просветли и диференцира кој е на вистинската страна, а кој не.Тој е министер за НАДВОРЕШНИ работи, а води внатрешна политика. Уставот е највнатрешната и најсуверената работа на една држава. Тој со сета дрскост спроведува надворешен диктат во државата која го поставила за министер и наместо да МОЛЧИ и да ги СЛУША пратениците, тој им НАРЕДУВА! Па уште дава и лични гаранции!!!А притоа лаже, бидејќи ниту Собранието ниту граѓаните расправале и гласале за влез во НАТО“, вели Ванковска.

Македонија | пред 2 години

vankovska

Ванковска за рамковниот договор: Овој ден не е за славење, каде се коските на “исчезнатите”?

Професорката Билјана Ванковска, на својот фејсбук профил напиша зошто и по толку години таа е против рамковниот договор.„Овој ден не е за славење. Овој ден е за сеќавање на сите бесмислени и веќе заборавени жртви од 2001 година.Ова е ден во кој треба да се прашаме: за што гинеа? Колкумина загинаа? Зошто воопшто им требаше насилство? Дали е насилството зад нас или можеби се трансформира во друг облик на структурно и културно насилство?И најважно од се’: каде се коските на “исчезнатите”?Утрешната колумна објаснува зошто бев и останав против Рамковниот договор“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

vankovska-osmani

И Бујар ви црта на табла дека вие, Македонците сте глупави неевропјани, кои ја загрозуваат државата, вели Ванковска

Професорката Билјана Ванковска на својот фејсбук профил ја коментира политичката сцена во албанскиот блок.„Промената на името на една улица е само симбилички чин и назнака за тоа кој каде стои на политичката сцена во албанскиот блок. Преку симболичен судир на Адем Демаќи (не со партизанската бригада туку со) Ибрахим Ругова, двете фракции на ДУИ и другите помали партии си ги утврдуваат политичките позиции и агенди. Што подлабоко, тоа подобро. Верувале или не, лидерот на УЧК е сега (симболички) на страната на Ругова, а опозиционерите сакаат да бидат УЧК наместо УЧК, т.е. поголеми радикали од Ахмети и ДУИ. Опонирајќи на корумпираните и улежени/нафатирани кадри на ДУИ, тие не нудат демократски и либерални принципи, туку нешто сосема друго. Албанските новинари и интелектуалци аплаудираат и фаќаат страни.Е сега видете на што сме како политичка заедница и кои ни се опциите. Од лошо - полошо ... Како да времето застанало, а ви зборуваат за промена на Устав, за Бугари и за ЕУ. И Бујар ви црта на табла дека вие, Македонците сте глупави неевропјани, кои ја загрозуваат државата“, напиша Ванковска.

Коментари | пред 2 години

5-3

Се додека со наши пари се слави воен бунт против државата, конфликтот можете да го сметате за незавршен, вели Ванковска

Се' додека со наши пари се слави воен бунт против државата, се амнестираат оние кои дигнале пушка против своите, не се спомнуваат „исчезнатите“, нема попис на загинатите, се сквернават споменици и спомен плочи на оние кои ја бранеле државата, а до небо се воздигнуваат триумфалистички споменици за „победата од 2001“, се' додека нема жалење, каење и извинување за злоделата - се' дотогаш конфликтот можете да го сметате за незавршен, вели Ванковска.„НИШТО НЕ Е НАУЧЕНО, најмалку пораката: never more!! Без транзициска правда, соочување со минатото, барање прошка и помирување - ни мртвите не почиваат во мир, ниту живите гледаат иднина.Уште некоја година и четврт век ќе мине, а деца пораснаа без да знаат низ што минавме и какви се општествените, политичките и правните последици. Едните свесно молчат и веднат глава, додека „победниците“ дрдорат будалштини за „мултиетничка демократија“ вдомувувајки си потесна и поширока фамилија.Пред неколку дена, на конференцијата, зборувавме дека немаме (како другите држави) попис на жртвите/учесниците од Илинден, жртвите на холокаустот од Македонија, и генерално од двете светски војни - а ние всушност немаме попис ниту на оние кои загинаа пред 22 години! Да се знае барем ЗА ШТО гинеа, КОИ гинеа, КАКО ги закопаа во заборав, како нивното спомнување станува „говор на омраза“...“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

5-3

Полицијата беше таму да ги чува политичарите од народот, таква дрскост досега не сум видела, вели Ванковска

Споделувајќи статус на членот на Левица, Борислав Крмов, кој реагираше дека прославата на Илинден намерно е уништена, професорката Билјана Ванковска обвини дека имало зголемено полициско присуство во Крушево.„ Крушевчани нека ви кажат ако не ми верувате: деновиве во Крушево имаше повеќе полиција (аскер!?) од кога било порано. Дури и третманот на нас, гостите, беше индикативен: полицијата беше таму да ги чува политичарите - од народот! Таква грубост и дрскост досега не сум видела“, напиша таа на Фејсбук.

Коментари | пред 2 години

5-3

„Поднеле оставки - на кукуво лето“, вели Ванковска за оставките на министрите на ДУИ

Професорката Билјана Ванковска, на својот Фејсбук профил го сподели своето мислење околу оставките на министрите на ДУИ.„Поднеле оставки - на кукуво лето!Притоа, центарот на нивната моќ не лежи во министерските кабинети. Тоа и на врапчињата им е јасно“, вели Ванковска

Коментари | пред 2 години

vankovska-696x392-1

Ванковска за „руските ботови“ на Ковачевски: Звучи налудничаво, ама под овој изговор можат и тенкови на улица да извадат

Професорката Билјана Ванковска реагира за посочувањето од премиерот Димитар Ковачевски на „руски ботови“ и „платени политичари“ како кочничари на промените на Уставот заради впишување и на Бугарите во него.„Огромен дел од народот им вика НЕ за уставни промени, тој ти вели: вие сте руски ботови! Звучи налудничаво, ама под овој изговор можат и тенкови на улица да извадат, јер Русија е закана за Западот, НАТО и мирот во светот.Бранко во 2004 се жалеше во Брисел дека народот му е националистички, овој напредува – народот е предавнички, а тие се праведници“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

5-3

Нашето Собрание се занимава со уставни гаранции за божемни човекови права и ги распродава коските на предците, вели Ванковска

Бугарија не губи време во присвојувањето на сѐ што е македонско. Во пресрет на 2 август во бугарскиот парламент е поднесена декларација која треба да потврди дека Илинденското, односно илинденско-преображенско востание е бугарско.Се очекува оваа декларација да биде усвоена во следните денови во прессрет на 120 години од Илинденското востание.Во образложението стои дека „Илинденско-преображенско востание е венецот на бугарското национално ослободително движење“.Во врска со ова на социјалните мрежи се огласи Билјана Ванковска.„ Среќен јубилеј, Македонци Илинденци! Нашето Собрание се занимава со уставни гаранции за божемни човекови права и ги распродава коските на предците.Корекција: СДС на вашата земја ќе носи резолуција за Илинден, ама не се откажува од уставни измени, историска комисија и слично“, напиша таа на Фејсбук.

Коментари | пред 2 години

5-3

Ванковска за обврската да се менуваат документите: Овие си пукаа себе си во нога, а нам во новчаник и во глава

Професорката Билјана Ванковска, на својот Фејсбук профил го искритикува системот за закажување за промена на личните документи.„Цело утро изгубив - ама буквално цело претпладне - на ѕвонење на бројот на МВР за закажување термин (истечена возачка дозвола) и на нивниот сајт за истата намена. На секои 10 минути до овој момент никој не одговара на телефонот (сите се зафатени), а сајтот не дава слободен термин до 28 јули (до каде што стасав). Не знам како не најдоа еден просечен информатичар кој ќе им направеше интерактивна табела со слободни и зафатени термини (авио-превозниците тоа го имаат кога бираш седиште во авион)! Овде те тера „пешки“ да одиш од термин до термин, од ден на ден, за да добиеш ист одговор: нема слободен термин!Овие си пукаа себе си во нога, а нам во новчаник и во глава со хаосот кој сами го создаваат со промената на документите. Сега ќе биде хаос со нашите од странство, а во меѓувреме ние овде нем да можеме ни лична карта или возачка да смениме во редовен термин.За она на С и да не зборувам...“, напиша Ванковска.

Коментари | пред 2 години

vankovska

(ВИДЕО) Ванковска за Ковачевски: Рацио е сооднос, ама глупиот не знае

На социјалните мрежи се појави видео во кое премиерот Ковачевски на предавање, на англиски јазик објаснува дека треба да се биде разумен, но и да се има, “му*а”.https://twitter.com/BatmanSaysT/status/1649700328080654338?s=20Професорката Билјана Ванковска на Фејсбук го коментира ова и напиша:-Во реченицата за “м*дињата” глупиот Таче од Харвард го употреби зборот ratio мислејќи дека е тоа рацио/разум. Рацио е сооднос, ама глупиот не знае. Или ако знае можеби зборувал за односот на левото и десното маде.Само некој нека ми каже дека било непристојно да се псуе (власт)! Овие се забегани простаци – такви им се и политичари и новинари и професори…Проблемот е што сме ние полоши од овци“, вели Ванковска.

Коментари | пред 2 години

5-3

Уставот ни е бетер од фустанот на Пепелашка – “Хрватскиот” модел е замајување, пратеници ќе се обезбедат “милом или силом”, вели Ванковска

Уставот ни е бетер од фустанот на Пепелашка, крпеница до крпеница, а хрватскиот модел е само замајување на јавност бидејќи “тепачката” е за пратеници, не за модели за промена на Уставот, вели професорката Билјана Ванковска во објава на Фејсбук.-“Читам расправи за најавената уставна промена и се нервирам. Ова веќе не е време за академска или стручна дебата. Помина тоа време. И фелата беше поразена – и на академски и на морален план.Прво, Уставот ни е бетер од фустанот на Пепелшака. Крпеница до крпеница. Секој минувач може да побара да се смени под принуда, и ние ќе клекнеме заради „повисоки вредности“ или ЕУ бајка. Кога еднаш ќе го направиш тоа, после ти станува навика. Затоа, не очекувам изненадувања. Ова може да биде последниот клинец во мртовечкиот ковчег на Македонија каква што ја знаевме или посакувавме.Второ, македонскиот народ (иако напишан погрешно со голема буква во Преамбулата, демек М ќе ни го отстрани пелинот) одамна не е конститутивен НАРОД. Во консоцијациски модел, државата е заедница на заедници (етнички во случајов), па така Македонците уште во 2001 капитулираа и ја споделија државноста со Албанците (третите се само привезок). Дури и ако тоа експлицитно не го пишува – механизмот на владеење е конструиран и функционира во пракса согласно барањата на консоцијацијата (power sharing). Таков е и изборниот модел. Менувањето на неговата логика би било повод за нов внатрешен бунт. Впрочем, Уставот е „заштитен“ дури од обиди за враќање кон граѓански модел со Бадинтеровото мнозинство. Затоа, тој е тврд устав, да потврд не може да биде. ќе станеме граѓанска држава (we, the people) тогаш кога тоа ќе го посака Груби со компанијата. (Али не го спомнувам како дел на старата гарда).Трето, овие што се прават итри со нудење на хрватскиот модел, што не го предложат бугарскиот? (wink) Хрватска е етнички чиста држава, по етничкото чистење на Србите (кои од 12% станаа едвај 4%) во Олуја, па додавањето на 20-тина малцинства е шарена лажга. Ете, Бугарија не признава никакви малцинства. Ама никој не го гледа тој модел. Или грчкиот, на пример…Затоа, да не се замајуваме: битката не е во концептите туку во бројката на пратеници што можат да ги „обезбедат“ (милом или силом) во наредните недели и месеци. Експертите само ќе дадат легитимитет на една срамна епизода од нашата државна историја. – вели Ванковска.

Коментари | пред 2 години

5-3

Ванковска за иницијативата за Заедница на албански општини: Ништо не е случајно, одиме кон федерализација

Професорката Билјана Ванковска се огласи на социјалните мрежи во врска со иницијативата за Заедница на албански општини.„Не знаеш кога се полоши: во влада или во опозиција?Иницијатива по излезот од Влада – „Алтернатива“ бара формирање на Заедница на албански општини во Македонија, како реципроцитет на она што меѓународната заедница го бара од Косово, да формира Заедница српски општини.Но, проблемот не е во Алтернатива, бидејќи Алијанса на Села тоа го бараше уште пред нејколку години, а Изет Меџити и сега јавно го бара тоа („ако 3 отсто Срби може да го добијат тоа на Косово, зошто 30 отсто Албанци да го немаат во Македонија“).И ништо не е случајно – консоцијацијата води кон федерализација. Тоа го напишав пред 15 години во колумна „Македонија е федерација, ама нема кој да ѝ каже““, вели Ванковска.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања