Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Падна германскиот извоз на оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Според прелиминарните проценки, германските власти издале дозволи за извоз на оружје во првиот квартал од 2024 година во вкупен износ од 5,2 милијарди евра, објави денеска Министерството за економија на Германија на својата веб-страница.

— реклама —

Германскиот извоз на оружје е повеќе од двојно зголемен во споредба со првиот квартал од 2023 година, кога изнесуваше 2,4 милијарди евра.

— реклама —

Во првиот квартал од 2024 година, на Украина и беа одобрени вкупно 74 отсто од извозот на оружје, вреден 3,8 милијарди евра.

— реклама —

Во истиот период, властите во Германија одобрија извоз на оружје во Сингапур во износ од 584 милиони евра, како и 143 милиони евра за Индија, 126 милиони евра за Саудиска Арабија и 97 милиони евра за Катар.

Издадени се дозволи за 3,9 милијарди евра за само извоз на оружје, поточно тенкови, оклопни возила, воени авиони, бродови, артилерија, митралези, муниција и слично.

Издадени се лиценци за уште 1,7 милијарди евра за друга воена стока, вклучувајќи пиштоли и револвери, радио опрема, радари, експлозиви итн.

Во текот на 2023 година, Германија издаде дозволи за извоз на оружје во вкупен износ од 12,2 милијарди евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

inflacija

Аларм во Германија: Инфлацијата достигна 2,7 отсто

Свет | пред 3 часа

media-librarylqls6oq7umt651tp9cX

Германија под притисок: Дизелот поскапе за 40 центи, превозниците бараат итни мерки

Свет | пред 13 часа

media-libraryos1s0f8ek7u6dyRCPd6

Германски индустриски гигант пресече: „Овде го запираме производството, не уништува евтиниот увоз“

Свет | пред 16 часа

media-libraryls5mmn9nu0vm6Vrgw6R

(Видео) Драма во Германија: ноќен клуб изгоре до темел, спасени 750 лица

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања