Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Парламентот изгласа закон: Возење мотоцикли до 125 см³ со Б категорија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryckfk0sgo0jp0cNc0dil

Собранието ги изгласа измените на Законот за безбедност на сообраќајот: со возачка „Б“ ќе може да се управува мотоцикл А1 (автоматик) до 125 см³ и 11 kW, ако возачот има 23 години, најмалку 5 години „Б“ и 4-часовна теоретска обука. Важи само во државата. Се воведува национален код на дозволата за усогласување со ЕУ пракси. Целта е помал метеж, поголема проточност и помали емисии, како и полесен пристап до работа и услуги во градовите.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата вчера беше изгласан од мнозинството пратеници во Собранието.

Според измените, возач со возачка дозвола од категорија „Б“ ќе може да управува мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ со моторна зафатнина до 125 см³ и сила до 11 kW, доколку ги исполнува следниве услови:

— реклама —
  • да има наполнето 23 години,

  • минимум пет години да поседува важечка возачка дозвола од категорија „Б“,

  • да поседува потврда за завршена 4-часовна теоретска обука.

Овие дозволи ќе важат само на територијата на државата. Зголемената употреба на помали моторни возила ќе помогне во намалување на сообраќајниот метеж, ќе ја зголеми проточноста на сообраќајот и ќе придонесе за заштита на животната средина преку намалување на емисиите на штетни гасови.

За усогласеност со европските стандарди, се предвидува на самата возачка дозвола да се допише национален код кој ќе овозможи управување мотоцикли од категоријата А1. Слични решенија веќе се применуваат во земјите-членки на Европската Унија, вклучувајќи Шпанија, Грција, Португалија, Франција, Австрија, Чешка, Белгија, Луксембург, Словенија и Полска.

— реклама —

На пример, во Италија, возачите со Б категорија можат да управуваат мотоцикли до 125 см³ без дополнителен возачки испит, доколку поседуваат возачка дозвола одреден временски период.

Пратеникот Пеце Милевски истакна дека новите законски измени ќе овозможат поголема достапност до работни места, услуги и други активности, особено во урбаните средини каде најчесто се јавува појавата „еден човек – едно возило“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието ја помина првата фаза за укинување на техничката влада со 67 гласови „за“

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
275715101_420339626528230_744779867548015241_n

Ќе има обид да се укине преодната техничка Влада, СДСМ алармира за „шверцерски“ закон

Македонија | пред 23 часа

media-library0b8c6746947deE9ySDv

Предлог-закон: Пратеник да може да има само македонско државјанство

Македонија | пред 1 ден

media-librarymqsd4segr0igbhf1sDO

Во Собранието презентирани извештаите на Транспортната заедница за 2025 година

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања