Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Патното и железничкото поврзување во фокус на билатералната средба меѓу заменик претседателот на Владата, Николоски и косовскиот министер за транспорт Алиу

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
nikoloski-kosovo-1

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски заедно со заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шакири, денеска остварија билатерална средба со Либурн Алиу, министерот за транспорт на Косово.

Средбата се одржа во рамки на заедничката седница меѓу владите на Македонија и Косово.

— реклама —

Во фокусот на средбата беше квалитетно поврзување меѓу двете земји со посебен акцент на патното и железничкото поврзување.

— реклама —

Заменик претседателот и министер за транспорт Николоски истакна дека Македонија е влезена во силен инвестициски циклус во изградба на модерна патна и железничка мрежа, притоа потенцира дека не се отстапува од автопатско поврзување меѓу двете земји. На средбата исто така се отвори и темата за повторно воспоставување на железничкиот сообраќај и изградба на заедничка железничка станица.

„Имаме добри билатерални односи со Косово и тоа се потврдува со денешната заедничка седница меѓу двете Влади. Косово е наш сосед, економски значаен партнер и мораме заеднички да работиме на регионалниот развој и соработка. Со министерот Алиу разговаравме за заеднички проекти како би го забрзале економскиот развој на регионот и ќе придонесеме за подобра комуникација, олеснување на транспортот и создавање на подобри услови за граѓаните и компаниите“, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

На средбата се раговараше и подобрување на условите во патниот транспорт и превозот на патници.

Министрите се согласија на интензивирање на соработката и унапредување на политиките што се однесуваат на регионалното поврзување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybmiga00cqp0f6TLTizh

Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, раст на патници и нови линии

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryt8vuk4c0pcqmaskAjEL

Модернизација во Пошта: нови пикапи и комби возила за подобра ефикасност

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Имаме најниски цени на горивата во регионот

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Дали Арбен Таравари се уште е во заложништво од скандалот со Ѓока?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања