Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Пецаков до СДСМ: Видоа охриѓани колку го „сакате“ Охрид, преку хаосот кој го создадовте со плажите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
pecakov-65262

Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков и порача на СДСМ да си ја бараат вината кај нив бидејќи плажите во Охрид останаа неуредени. Пецаков посочи: „Оние кои го создадоа хаосот со плажите, оние со кои имаше урбан хаос, беззаконие, самоволие и уништување на Охрид и УНЕСКО, сега тие се дрзнуваат да кажуваат за градот и туристичката сезона“.

— реклама —

„Вината да си ја барате во себе, во Министерството за транспорт и врски и во Агенцијата за просторно планирање која и по година и пол не го има изработено Планот за уредување на плажите. Локалната самоуправа не ви е виновна затоа што централната власт сè уште не ја завршила изработката на урбанистичкиот план во заштитеното подрачје на езерото.

— реклама —

Ја повикувам Кристина Крлеска-Деспотоска, претседател на ОО СДСМ Охрид, да си одбере медиум и време, да поразговараме пред целата јавност не само за плажите, туку и за начинот на раководењето на Локалната самоуправа додека ја водеше СДСМ и секако за нејзиното работење во ЈП „Градски пазар“.

— реклама —

Наместо снимени видеа без новинари и праќани до медиуми нарачани соопштенија од партиските ментори нека се одважат пред охриѓани да ја слушнат вистината од која и самите бегаат. Видоа охриѓани колку го „сакате“ Охрид и казната за тоа несакање ви ја испорачаа со катастрофален пораз на изборите!“, додава Пецаков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Настани | пред 1 ден

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

Настани | пред 1 ден

media-library4ltldth2hh88bWkHgZM

Парковите и зеленилото во Охрид секојдневно одржувани во пролетниот период

ОО | пред 2 дена

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

ОО | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања